смоквица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 24 Apr 2018 12:18:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png смоквица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На свадбата во „тунелот“ на „невестата – делница“, труби се слушаа од Демир Капија до Смоквица! https://arhiva.vistina.com.mk/na-svadbata-vo-tunelot-na-nevestata-delnica-trubi-se-slushaa-od-demir-kapija-do-smokvica/ Tue, 24 Apr 2018 10:23:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=22901

„По друм одам мајче, за друм прашам, која пат води мајче до Демир Капија...?“ Слушнав ќе имало свадба голема, по шест годишна врска, врската Демир Капија - Смоквица е воспоставена,  па  ќе ја даваат ( во употреба) невестата - делница!  А таа нова, дотерана со најмодерна сигнализација, со по две ленти во два правци, со тазе измазнет асфалт по цела должина, и што е најаважно, се ' уште невозена... Никој не ја поминал...  Ни по прв пат!
Ама за да ја „дадат во употреба“, најпрвин сватовите требаа да и минат низ тунелот... Море низ двата. И оној што и врви од горе, и оној што врви од доле... Чисто за да и ги проверат. Да не останало нешто што не треба!
Откако проверија дека се е ко што треба, свадбената поворка тргна. Како што е редот, блех музиката напред, по неа сватовите. И нашите и оние дојдените од странство. Највесели сватовите под чија надлежност е невестата-делница... Нашиот што ја одржува делницата и оној од другата страна, од  јужните комшии од „Долна Македонија“, што ја правеше. Не за џабе е слоганот: „Подобро поврзани“! Лепат пари, сваќите мешаат чочек, тунелот ечи, сигнализацијата функционира... беспрекорно!
Откако и го проверија „затворениот дел“ на невестата-делница и се уверија дека истата нема темно минато, сватовите се упатија на местото на свршувачката.
ЕУ за тебе - сватовите се' за себе... си приграбија. Овие нашиве, сегашни сватови на делницата ни камче ниту платиле, ниту  ставиле... Ако делницата ја правеа, растеа, како млада невеста ја китеа оние - бившите сватови, овие сегашниве си се накитија со туѓото перје! Како невестата да е нивно дете, а не посвоено... Пардон, наследено! https://www.youtube.com/watch?time_continue=81&v=GWNgva6krqU Добро, може за работа не се баш кадарни, ама затоа за џумбуш се први! За малтер мешање може не се, ама за мешање чочек, испадна дека ептен ги бива! Градоначалникот на престолнината, ионака познат бекрија, прати и автобус на два ката за да ги вози нивните сваќи и сватови, а сваќите пак, главни на орото. Играат, пеајат, се кршат...
Стројни моми до две ора вијат... од „Невестинско“ до „Пајтушко“!  На свадбата во „тунелот“ на „невестата - делница“,  труби се слушаа од Демир Капија до Смоквица! https://www.youtube.com/watch?time_continue=9&v=Py3kyNaWmes Од бившите сватови што ја создадоа и пораснаа „невестата - делница“... никого не поканија! Да не им ја украдат славата! Зашто на туѓа слава - најдобро се живее!
И што е најтрагично, не го поканија ни кумот... Оној, нивниот! А не да го бива за „играње“! Опасен „играч“!
   ]]>

Додека Заев со музика го пушташе новиот автопат, неговата кумашинка Љупка Митрова и без трубачи го блокираше патот за Валандово! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-zaev-so-muzika-go-pushtashe-noviot-avtopat-negovata-kumashinka-ljupka-mitrova-i-bez-trubachi-go-blokirashe-patot-za-valandovo-foto/ Tue, 24 Apr 2018 08:27:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=22852

Додека владеачката елита на СДС на чело со премиерот Заев китејќи се со туѓите перја со блех музика го пушташе новиот автопат Демир Капија - Смоквица, сообраќаен застој се случуваше на едно друго место, во непосредна близина.
Имено, неговата кумашинка, модната блогерка Љупка Митрова киниса на пат... веројатно преку Валандово и Валандовско Брдо за родната Струмица! Арно ама, згодната кумашинка по пат почувствува потреба да застане... Неее, не е тоа што мислите!
Струмичката убавица почувствува потреба да направи нова фотосесија во природа, па го запре автомобилот и излезе да се прошета и да позира среде стариот пат за Валандово!
Облечена во тесно припиен црн комбенизон со длабоко деколте и црни чизми до коленици со високи потпетици, сексапилната Љупка тргна да чекори среде афалтното џаде, кое само што не почна да се топи, што од врелото сонце, што од жешкиот призор.
Нога пред нога, чекот по чекор, а на секој чекор по една нова фотографија... во нова поза! А кога Љупка среде пат позира и сообраќајот се стопира! И подобро... Зашто наместо во патот, во сообраќајните знаци и означената регулатива, возачите опиени гледаа во нејзината задна перспектива.
Па иако може да се претекнува, зашто  линијата е испрекината, сите стојат во колона, зашто никој не сака убавата глетка да му биде прекината.
Се додека кумашинката не се паркира на лединката,  каде престанува претекнувањето, ама не и гледањето... на нејзината природна убавина пред следната кривина!    ]]>