сметки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Feb 2022 07:43:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сметки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна – Бејби прими „електро-шок“: Таа го рекламираше, а ЕВН ја шокираше со енормно високи сметки за струја! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-primi-elektro-shok-taa-go-reklamirashe-a-evn-ja-shokirashe-so-enormno-visoki-smetki-za-struja-video/ Wed, 09 Feb 2022 07:37:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238219

Сигурно се сеќавате кога пред неколку години автомобилот на Весна Бејби Петрушевска среде Скопје се најде во водите на Вардар, а ЕВН потоа ја искористи таа случка со актерката да сними реклама за онлајн плаќање на нивните сметки за струја. Тогаш Бејби одново влезе во реката под Камениот мост, само опремена со нуркачка опрема божем барајќи да ги извади сметките од потонатиот автомобил за да ги плати, всушност рекламирајќи ја кампањата на ЕВН за онлајн плаќање. Ни ЕВН ни Бејби тогаш не обзнанија колку едните ги чинеше рекламата, а колку другата страна заработи за нуркањето  по  фактури во Вардар среде Скопје.
Арно ама, кармата е кучка, а „гладните за пари рекетари на неолиберализмот“ се немилосрдни, па фактурата сега ни стигна на сите нам, ама и на неа, и тоа баеги голема. Весна - Бејби доживеа „електро-шок“ кога ги доби последните сметки за струја, па по непреспаната ноќ, уште рано изутрината како и многумина јавно се пожали на социјалните мрежи, од што тоа „кожата и се ежи“. “Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14.000 денари, другата 18.000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките друг пат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН од таму. Стварно се ненормални... Рекетари“ - им порача Bејби во видеопораката на „неуземјените струјаџии“  претходно прашувајќи ги:  „ЕВН онлајн, како сте?  Цо паите? Ние арни и во благо растројство. Убаи сметките!“
После ова пред Бејби, ЕВН само спомни ја, таа веднаш добива „електро - инсомнија“! Фото: Инстаграм принтскрин/evn_ag/vesnapetrushevska]]>

Пејачката има пари за скапи одмори, а нема за сметки за комуналии: Маја Шупут не плаќа струја и вода, па и се заканија со извршител (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-ima-pari-za-skapi-odmori-a-nema-za-smetki-za-komunalii-maja-shuput-ne-plakja-struja-i-voda-pa-i-se-zakanija-so-izvrshitel-foto/ Fri, 10 Sep 2021 11:05:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218718

Хрватската пејачка Маја Шупут повторно не ги платила сметките за комунални услуги, поради што нејзиното име се појави на огласната табла на Општинскиот граѓански суд во Загреб. Инаку, ова не е прв пат да и се случи ова, бидејќи истото и се случи и двапати во последните шест месеци. Првиот пат се работеше за сметка за одржување на зградата во која живее пејачката, а сумата изнесуваше околу 70 евра. „Ова се приватни работи за кои не можам да коментирам. Сигурно го платила долгот“ - изјави тогаш за хрватските медиуми менаџерката на пејачката Катарина Колар. Во тоа време се шпекулираше дека Маја заборавила да ги плати сметките за режија бидејќи била зафатена со подготовки за венчавката, но и за одморот во Грција. Вториот пат се зборуваше за долг за вода во износ од 120 евра. Третиот долг е повторно за вода, во износ од околу 50 евра за периодот од март до јуни 2020 година. Во прилог на новата е и постарата сметка за вода во вредност од околу 70 евра, која е зголемена за трошоците за камати и судски такси. Сите три пати на Маја и беше кажано дека извршителите ќе тропнат на нејзината врата, но тоа сепак до сега не се случило, но... за се' има прв пат!]]>

На познатиот македонски камионџија и инстаграмџија Дарко Влогс ЕВН и БЕГ му се најдоа: Сметките за потпала, ефектот – за машала, а доброто гравче, надалеку се слуша… и чувствува! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-poznatiot-makedonski-kamiondzija-i-instagramdzija-darko-vlogs-evn-i-beg-mu-se-najdoa-smetkite-za-potpala-efektot-za-mashala-a-dobroto-gravche-nadaleku-se-slusha-i-chuvstvuva-foto/ Tue, 01 Jun 2021 08:07:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204946

Старите не попусто постојано велат: Деца, чувајте ги сметките, еден ден да не ви затребаат... Оти што знаеш, во оваа „луда“ држава, сешто може да ти се случи. Поучен од ова „свето правило“, познатиот македонски камионџија и уште попознат инстаграмџија Дарко Влогс, кој работи во САД, но во моментов е дома во Македонија, си ги сочувал фактурите за стуја, парно и останатите давачки, па дојде денот кога поуката од старите и тоа како му се најде. И тоа практично... Имено, Дарко и пајташите решија дел од времето да минат во природа, покрај Тиквешккото езеро.  Камион е камион, ама во езеро да влеташ, та било тоа и вештачко, а тоа да не е со глисер, па макар тој наликувал на малку посилен чамец,  исто како да не си „натурализиран Американец“. Нејсе, откако направија неколку круга, ја разбрануваа водата за поарно да работи хидроцентралата и ги исплашија рибите, риби не фатија... Арно ама, затоа досетливиот Дарко имаше алтернативна идеја. Гравче за ручек, сварено на отворено, во бакарно котле на оган во дворот на викендицата каде што отседнаа. А за гравче покрај мастраф и котле, ти треба и оган, ама и нешто за потпалување... Во викендица весници не се чуваат, а и се помалку се печатат и купуваат. Тоалетната хартија - дефицитарна, па греота да се троши и кога ќе видиш - не видиш, од хартија за потпала единственото што ти преостанува се сметките... За струја, вода, парно, телефон... што се нашло. Патем, уште ако се високи, а си морал да ги платиш, можеш да споиш и корисно и убаво... на душата. Со нив да го потпалиш огнот, а ЕВН, БЕГ и останатите... нека „горат во пеколот“! Нашиот камионџија, ем инстаграмџија, така реши и да направи.  На Дарко Влогс, ЕВН и БЕГ му се најдоа... Сметките за потпала, ефектот - за машала! Ниту градот што падна тој ден на Тиквешко не успеа да му ги „помати сметките“ и да му го расипе гравчето. Камионџијата добро знае дека во секоја манџа вкусот го дава запршката, само треба да внимаваш од која страна ќе ја фатиш дршката... на жешкото тавче со мастрафот, се разбира! А после тоа...  Доброто гравче, надалеку се слуша... и чувствува! А, чувството - единствено: Полн стомак и празна околина околу тебе... Во баеги широк радиус! Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs]]>

Српските пејачки останаа без работа па кренаа глас, а најгласни Гога Секулиќ и Мина Костиќ: „Најдобро е да ни ги простат сметките, да не плаќаме струја, вода, станарина…“ https://arhiva.vistina.com.mk/srpskite-pejachki-ostanaa-bez-rabota-pa-krenaa-glas-a-najglasni-goga-sekulikj-i-mina-kostkj-najdobro-e-da-ni-se-prostat-smetkite-da-ne-plakjame-struja-voda-stanarina/ Fri, 26 Feb 2021 09:03:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191559

Гога Секулиќ, како и многу нејзини колеги, се најде во незавидна финансиска состојба поради пандемијата на коронавирусот, бидејќи се спречена да имаат настапи. „Најдобро е додека не почнеме да работиме да ни ги суспендираат или простат сметките, да не плаќаме струја, вода или станарина, па кога ќе започнеме со работа тогаш  да продолжиме“ - рече Гога во емисијата „Ексклузив“. Да потсетиме, многу колеги и колешки на Гога Секулиќ признаа и дека се соочуваат со финансиски проблеми, а за тоа јавно проговори и пејачката Мина Костиќ. „Кога не работам и немам приход, а морам да ги плаќам сметките, не можам да не сум загрижена. Само станарината ме чини 7.000 динари. Немам од каде да ги плаќам сметките. Ова е прв пат во мојот живот да останам без пари. Како независен уметник, добив помош од државата за три месеци, но, луѓе, што се 90.000 динари?! - изјави претходно пејачката и додаде: „Имам некој приход од Јутјуб, па некако сè покривам со тие пари. Имам и малку пари од претходно што заштедив од настапите, па некако рационално го распределувам и го трошам сето тоа. На мојата ќерка и мене не ни треба многу за храна, но сметките ме отепаа“ - додаде таа. Фото: Инстаграм принтскрин/sekulicgoga/minakostic_official]]>

Српската пејачка во очај: Не така оддамна беше голема фолк ѕвезда, а сега не може да си ги плати ниту сметките за струја, вода, телефон… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-pejachka-vo-ochaj-ne-taka-oddamna-beshe-golema-folk-dzvezda-a-sega-ne-moze-da-si-gi-plati-nitu-smetkite-za-struja-voda-telefon-foto/ Thu, 11 Feb 2021 09:34:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189228

Откако одекна како бомба во српските таблоиди веста дека доскорешната фолк ѕвезда Мина Костиќ нема пари ни да си ги плати сметките за струја и телефон, пејачката раскажа што и се случува: 
„Отпрвин бев шокирана. Го однесов кучето на ветеринар и тогаш некој ми се јави, а јас му реков дека телефонот ми беше долго исклучен и дека не ги следам настаните. Боже мој, на сите им се случило да им го исклучат телефонот. Следниот ден платив и тогаш се крена врева околу тоа. Јас сум во моментов толку мизерна, што речиси немам од што да живеам! Фала му на Бога, нешто заштедив и го имам најосновното што ми треба за живот“ - објасни Мина.
Мина добила помош од државата во износ од 90.000 динари, а неодамна рече дека тоа и е доволно да ги покрие само основните трошоци, додека пред тоа не можеше ниту да ги плаќа сметките.
„Кога не работам и немам приход, а морам да ги плаќам сметките, не можам да го правам тоа.  Немам каде да ги плаќам сметките. Ова ми се случува за прв пат во животот, да останам без пари. Како независен уметник, добив помош од државата за три месеци, но, луѓе, што се 90.000 динари?“ - рече неодамна пејачката, пренесуваат српските медиуми.
]]>

На Владо Георгиев фирмата му е затворена повеќе од 100 дена, а сметките блокирани https://arhiva.vistina.com.mk/na-vlado-georgiev-firmata-mu-e-zatvorena-povekje-od-100-dena-a-smetkite-blokirani/ Wed, 03 Feb 2021 08:20:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187943

Владо Георгиев се најде во неволја поради неплатени обврски кон доверителите, кои изнесуваат 1.508.522 динари, поради што сметките на неговата компанија „ВГ Арт Студио“ наводно биле блокирани 139 дена. Компанијата на познатиот кантавтор, според „Курир.рс“, најголем дел од овие пари им должи на другите компании со кои соработува, а бидејќи не можеле да соберат пари од Георгиев, морале да покренат тужба против него.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Vlado Georgiev Barba (@vladogeorgiev)

Како резултат, сметките на „Арт студио ВГ“ со банките беа блокирани на 17 септември минатата година. Оваа состојба со компанијата на пејачот трае со години. На веб-страницата на Народната банка се наведува дека „ВГ Арт Студио“ е блокирано 14 пати од 2016 година, а најмногу во текот на 2017 година - шест пати, односно 140 дена. Во тоа време, Георгиев им должел на доверителите 186 442 динари, пренесува споменатиот медиум. Владо ја регистрираше својата компанија во 2002 година за производство на кинематографски дела, аудио-визуелни производи и телевизиски програми. Доживеа пораст во 2010 година, кога Владо започна да соработува со државата, односно да се занимава со осветлување на новоизградените мостови. Еден од проектите на кои работеше Георгиев во тоа време беше осветлувањето на мостот кај Бечка, од кој заработи 10,5 милиони динари, а тоа е наведено во деловните книги. Интересно е што тој на Твитер негираше дека ја добил споменатата работа за осветлување на патот на тендерот, но тој бил одбиен од поранешниот министер за инфраструктура Милутин Мркоњиќ.
 
Владо имаше сличен деловен успех до крајот на 2013 година. После тоа, тој заработуваше сè помалку пари, па во 2016 година, „ВГ Арт студио“ заврши со приход од само 445 000 динари. Следната година, 2017 година, беше забележан деловен дефицит од 219 000 динари, а на крајот на 2018 година падот беше уште подрастичен. Само минатата година, тој успеа да се опорави, па тогаш заработил 1.225.000 динари. Владо не одговорил на повиците на „Блиц.рс“во врска со оваа состојба.]]>

Весна-Бејби се соочи самата со себе: Им влезе без да се соблече, а излезе без да им плати (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-se-soochi-so-samata-sebe-im-vleze-bez-da-se-sobleche-a-izleze-bez-da-im-plati-foto/ Sat, 02 Mar 2019 07:23:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75523

Таа една од најпопуларните македонски актерки, воедно и радио и ТВ водителки... напиша и еден вид сопствена автобиографија, ја знаат како голем хуманист, борец за човековите права, љубител на животните и борец за нивните права... Со еден збор, Весна Бејби Петрушевска е мултипрактик! Една од ретките жени која стои исправено пред сите предизвици! Таа има секогаш нешто да ви каже. Ќе ве насмее, ќе ве расплаче, ќе ве испрати со љубов...
И кај неа се' е некако превртено, а сепак на свое место. Кога дозна дека не може да има деца, реши да ги има и сега ги има и тоа не едно, туку две, разведена е, а сепак е во брак и тоа цели 25 години... Се прашувате како тоа? Епа, така! Таа на 13 март 2019 гослави својот брачен јубилеј: 25 години во брак... со МНТ!  А и вие можете да бидете во друштво со неа барем една вечер иако можеби лично не ја познавате. Едноставно, појдете на премиерата на нејзината нова  претстава “Влези не се соблакај” на истиот тој 13-ти март во МНТ и поминете си незаборавна вечер со неа.
Ах , да, ние да се вратиме на она... превртеното, кај Бејби! Ако добро паметите и автомобилот и беше превртен, и заврши среде  Скопје во водите на Вардар. Потоа и сметките за струја Бејби тргна да ги плаќа нуркајќи по нив во џипот... Се' додека не ја предупредија дека може и поинаку. И Бејби реши да им влезе... И тоа без да се соблече! А уште пред самиот влез се соочи со... самата себе! Па реши да се фотографира: Селфи е, ама не е... а нели кај неа е се поразлично, па и селфито. Селфи ала...  Me, Myself anad I“. Нема појако, отколку кога ќе се сликаш самиот со себе, наместо самиот себе си! А тие „сиротите“,  мислеа дека сметка ќе им плати. Како не бе...
Така им е кога решија да им ги простат сметките на старите должници. Па, џабе ли оној пат Бејби нуркаше во Вардар по фактурите за струја?  ]]>

Нејзе ЕВН и испорача поинаква фактура: Весна-Бејби одново во Вардар… да ги расчисти сметките! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nejze-evn-i-isporacha-poinakva-faktura-vesna-bejbi-odnovo-vo-vardar-da-gi-raschisti-smetkite-foto/ Thu, 07 Jun 2018 07:50:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31170

Весна Бејби Петрушевска среде Скопје, кај Камениот мост, повторно во водите на Вардар. До душа минатиот пат, во вардар беше нејзиниот автомобил без неа, за разлика од сега, кога таа заплива во надојдената река без автомобил. Ама затоа овој пат Бејби добро се подготви, за никој и ништо да не може да ја изненади...
Никој освен ЕВН, па Бејби одново мораше да се нурне во Вардар за да ги расчисти сметките со „австриските струјаџии“. Само што тие на македонската актерка и водителка овој пат и испорачаа една поинаква фактура...
Па Бејби својот неодамнешен хендикеп го претвори во предност, односно несреќата ја наплати наместо од осигурителното од ЕВН. Со тоа што за реализацијата на довитливата идеја навистина ги заслужи сите почести... за сите пари!
Погледнете ја рекламата и ќе видите зошто:

A post shared by Vesna Petrusevska (@bejbimama) on