смени име – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Nov 2021 07:36:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png смени име – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По аферата со владините тендери на Жарко Димитриоски, неговата емисија го менува името: Падна предлог како да се вика „Еден на еден“ и еве кој е новиот кум на името (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-aferata-so-vladinite-tenderi-na-zarko-dimitrievski-negovata-emisija-go-menuva-imeto-padna-predlog-kako-da-se-vika-eden-na-eden-i-eve-koj-e-noviot-kum-na-imeto-foto/ Tue, 19 Oct 2021 09:35:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223494

Откако медиумите објавија дека фирмата “Еден на еден“ на ТВ водителот Жарко Димитриоски само годинава добила  на 9 тендери од различни институции околу 18 милиони денари или 300.000 евра, лавината реакци не запира. Порталите не престанаа да пишуваат за неверојатните суми кои владините институции и компании кои му дале тендери на Димитроски, меѓу кои   и Генералниот секретаријат на владата кој го води кумашинот на премиерот Мухамед Зекири, Државна Лотарија и Министерство за финансии, но и Управата за јавни приходи. Меѓу добиените тендери на неговата фирма има и такви со наслов „Набавка на услуги за двонасочна комуникација” - напиша порталот Експрес. Откако тендер сумите беа обелоденети,  социјалните мрежи се усвитија и не престанаа да горат, а народот насмеаниот водител  „да не го вади од уста“. Твитерџиите, фесјбукџиите и инстаграмџиите исто така... Меѓу сите оние што фрлаат „дрвја и камења“ по „Жаре - „бизнисменот“ осамнаа и некои  довитливи постови или споделени хумористични „сечени, лепени, монтирани“ фотографии, иако вистината немонтирана и сурово реална. По џебот на народот, секако! Најпознатиот македонски камионџија ем истаграмџија, Дарко - Влогс исто така го „зеде водителот под свое“, па  сликовито кажа и прикажа се' во една слика и три збора. Емисијата на ТВ водителот Жаре Димитриоски го менува името. Ток шоуто повеќе нема да се вика „Еден на еден“... Сега има дебела причина за тоа. Камионџијата е новиот кум на името. Ја искористи банер рекламата на водителот за му го прекрсти шоуто. „Еден на еден“ сега прераснува во „Тендер на Тендер“... Дефинитивно пологично, а и поискрено звучи, иако е само Инстаграм шега на Дарко - Влогс, на сметка на водителот... И тоа  во четири очи, без тендер! Тендерите претходно завршија... на истата сметка! Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs/edennaeden    ]]>