смена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 22 Jun 2021 12:05:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png смена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонија добива нов селектор: Милевски на местото на Ангеловски? https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-dobiva-nov-selektor-milevski-na-mestoto-na-angelovski/ Tue, 22 Jun 2021 12:05:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207898

Благоја Милевски најверојатно ќе биде новиот селектор на машката фудбалска А репрезентација откако Игор Ангеловски најави дека се повлекува од селекторската позиција по историскиот настап на Македонија на Европското првенство. Извесно е дека Милевски, кој репрезентацијата до 21 година ја предводеше на Европското првенство во Полска во 2017 година, ќе биде решението на Фудбалската федерација на Македонија. -Мојата соработка заврши со федерацијата, им се заблагодарувам на сите за соработката. Мислам дека по ЕУРО кога ќе се намалат емоциите, ќе дадам генерална оценка, беше огромно задоволство да се води Македонија на ЕУРО, изјави Ангеловски по поразот од Холандија. Од репрезентативниот дрес вчера се збогуваа капитенот Горан Пандев, Иван Тричковски и Крсте Велковски.]]>