смеење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Jan 2024 12:28:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png смеење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Српскиот фолкер со својот стајлинг предизвика општ мајтап: Бунда, светкава блуза, „адидас“ панталони и сребрени чевли… за смеење до солзи (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-folker-so-svojot-stajling-predizvika-opsht-majtap-bunda-svetkava-bluza-adidas-pantaloni-i-srebrenai-chevli-za-smeene-do-solzi/ Tue, 02 Jan 2024 12:24:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333303

Легендарниот српски фолкер Бобан Здравковиќ пееше за новогодишната ноќ во Ниш, а неговиот стајлинг никого не остави рамнодушен. Поточно, сите ги насмеа до солзи! Имено, Бобан на сцената се појави во сребрена блуза со светки, црно-сребрени налик на тренерки „адидас“ панталони, сребрени чевли, а преку себе црна бунда. По настапот, неговиот стајлинг масовно се коментираше на социјалните мрежи. „2024-та не ни почна како што треба,  а веќе го имаме стајлингот на годината во режија на Бобан Здравковиќ“ - гласи еден коментар. „Што е ова по ѓаволите, плачам од смеење“, „Колку подолго го гледаш, толку посмешно ти станува“,  се само дел од коментарите. Инаку, Бобан Здравковиќ беше популарен во деведесетите, а потоа целосно се повлече од јавната сцена. Многумина се сеќаваат на неговите хитови: „Маракана“, „Ме излажа една Маја“, „Не доаѓај во мојот сон“, „Птичка“... Фото: Х/Bačka Kulen Zmija (Salami Serpente Bachkorum) Инстаграм/boban_zdravkovic_officiale
]]>

Што значи да сонувате смеење: Дали е ова одраз на вашата среќа или опомена? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-znachi-da-sonuvate-smeene-dali-e-ova-odraz-na-vashata-sreka-ili-opomena/ Fri, 27 Oct 2023 12:19:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324309

Иако смеата навистина е предизвикана од среќа и некоја весела ситуација, постојат неколку толкувања во соништата. Ако сте среќни и насмеани во вашите соништа, тоа значи дека ќе бидете успешни во сите ваши потфати и дека ќе имате многу добри придружници и пријатели. Меѓутоа, ако сте во необична ситуација и се смеете или некој друг се смее, ова е знак на разочарување и можен недостаток на хармонија во вашиот живот. Ако слушнете детска смеа, тоа е знак на радост и добро здравје. Бидете пољубезни кон вашите пријатели. Не плашете се од потсмев. Во моментов сте многу тажни, овој сон може да биде психолошка компензација и позитивен начин да се утешите. Според верувањата, ако сонувате дека сте навистина среќни и насмеани, тоа значи дека треба да погледнете околу себе за да се уверите дека ништо не занемарувате, вклучително и вашето здравје. Сонувањето за среќни, насмеани деца е секогаш добар знак. Да сонувате дека другите се смеат значи дека треба да бидете сигурни дека ќе се справите добро во иднина. Ако во сон им се смеете на другите и се исмејувате за нешто, тоа е лош знак, а се однесува на тоа дека можеби ги повредувате пријателите од себични причини. Подбивната смеа е знак на болест и лош бизнис. Извор: Попара]]>

Дара Бубамара со шупелка в уста: За свирење не е баш надарена, ама за шетање со прстите горе – долу по инструментот… е родена! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dara-bubamara-so-shupelka-v-usta-za-svirene-ne-e-bash-nadarena-ama-za-shetane-so-prstite-gore-dolu-po-instrumentot-e-rodena-video/ Wed, 08 Mar 2023 11:31:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292320

Водителот Огњен Амиџиќ во своето култно „Амиџи шоу“ и беше домаќин на популарната пејачка Дара Бубамара, која ја натера да ги  покаже своите музички способности. Овој пат свиречки. Имено, атрактивната русокоса покрај пеачките квалитети и добриот глас наводно има талент и за свирење поедини музички инструменти, па реши да ги покаже своите инструментални вештини. Дара Бубамара ја зеде шупелката и во живо во емисијата и демонстрираше како (не) се „свири“, со што ги насмеа до солзи сите во студиото. Особено што откако ја стави шупелката в уста, сите бргу сфатија дека Дара за свирење и не е баш надарена, ама затоа за шетање со прстите горе - долу по инструментот... е родена! По ова видео Дара брзо стана тема на шеги на социјалните мрежи, а видеото стана вирално и изобилува со хумористични описи. Сепак, смееле не смееле,  факт е дека Дара  Бубамара целосно урива рекорди со новиот хит „Кока Рока“, а околу новата песна се крена огромна прашина, откако нејзината поранешна пријателка Јелена Карлеуша го објави текстот на песната на својот Инстаграм профил. На прашањето дали е во кавга со некого, популарната пејачка одговори во свој стил. „Тие е караат со мене, мислам пејачките. Не знам зошто, веројатно е недостиг од албуми, маркетинг, песни, љубов, сопрузи, постојано трпам напади. Потоа некои објавуваат песни во ист ден со мене и плаќаат прегледи од Бангладеш (се смее).Не дека се злобни, глупави се како К... Публиката е многу паметна, секој може да види дали нешто се плаќа или не.Жал ми е што се толку злобни, зашто моето добро го победува злото“ - рекла Дара.
Фото: Инстаграм принтскрин/srbija_showbizz

Талентираниот кумановец ќе ве „пукне од смеење“: Како би звучеле македонските политичари и познатите личности кога би биле фудбалски коментатори!? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/talentiraniot-kumanovec-kje-ve-pukne-od-smeenje-kako-bi-zvuchele-makedonskite-politichari-i-poznatite-lichnosti-koga-bi-bile-fudbalski-komentatori-video/ Thu, 31 Mar 2022 07:06:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244906

Жарко Јовановиќ е талентиран 26-годишен кумановец кој можете да го видите во некоја од улогите во претсатавите на кумановскиот театар каде што игра и глуми. Сепак, со неговите видеа на социјалните мрежи можете да се насмеете до солзи, особено од оние кои се инспирирани од дневнополитичките настани во земјава, која, како што вели самиот, постојано нуди нов материјал за „циркуз“... Пардон, за комедија. Инспирацијата на младиот актер не му нефдостига, а дарбата и талентот се оние нешта што го прават посебен,  уникатен, неодоливо хуморен и забавен... Жарко почнал да настапува најпрвин по кумановските кафулиња пред една година, каде потоа станал редовен дел од забавата и репертоарот на поедини локали. Самиот е свесен дека  дека за поширока афирмација покрај социјалните мрежи и Јутјуб каналот, медиумите дефинитивно можат да бидат од голема помош. „Добриот маркетинг би помогнал затоа што денеска медиумите се буквално сè. Ако те нема таму, како да не си во игра“ - смета младиот комичар, но сепак  работата и само работата, е она што го детерминира патот до  успехот во денешно време, вели Жарко. Тој веќе има дузина видеа поставени на неговиот Јутјуб-канал наречен „Ајде да зажмуримо“, за чија изработка му помагаат Мартин Славољубовски (камера, тон и монтажа) и Елена Клековска (анимација). Еден од неговите хумористични видео -перформанси кој по фудбалските достигнувања на ммакедоската репрезентација стана актуелен, е оној во кој кумановскиот зактер и забавувач покажува како би звучеле македонските политичари и познатите личности кога би биле фудбалски коментатори, ќе ве пукне од смеа и ќе ви го разубави денот. Погледнете во продолжение наместо од говорницата или сцената како би звучеле од коментаторското столче: Циц, Грујо, Милчин, генерал Стојанче, Заев, Иванов, Васко Ефтов, Кили, Мето Јовановски... Душата треба да се радува, ама и слатко да се смее! ]]>

Миљана Кулиќ мисли дека „пее како царица“, а всушност „се дере ко’ магарица“: На нејзиниот обид за пеење, јавноста умира од смеење (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/miljana-kulikj-misli-deka-pee-kako-carica-a-vsushnost-se-dere-ko-magarica-na-nejziniot-obid-za-peenje-javnosta-umira-od-smeenje-video/ Thu, 24 Feb 2022 10:39:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240521

Учесничката во реалити шоуто „Задруга“ Миљана Кулиќ посака да заплови во пејачките води, иако самата изјави дека не е пејачка, ама сепак реши да си проба. Миљана на својот канал на Јутјуб сподели дека влегла во студио за да направи „кавер“ на една позната песна, а снимката набрзо стана вирална на социјалните мрежи, од која на половината од оние штоја слушнале кожата им се ежи, додека другата половина умира од смеење од нејзиниот (анти)„талент“ за пеење! Додека  Милјана гласно пее,  менторот по пеење и кажува дека звучи како Сунѓерот Боб. Тогаш Кулиќка се обидува го подобри впечатокот, па кога испеа уште една строфа и самата на момент ќе помисли дека „пее како царица“, а всушност ријалити учесничката „се дере ко' магарица“! На нејзиниот обид за пеење јавноста умира од смеење. Погледнете го видеото и изберете: Ќе затворите уши за да не ви се расипе слухот или ќе умирате од смеење, за да ви се разведри духот? Фото и видео: Принтскрин /Youtube /Миљана Кулиќ]]>

Квалитетот на вашата врска лежи во едно прашање https://arhiva.vistina.com.mk/kvalitetot-na-vashata-vrska-lezi-vo-edno-prashanje/ Mon, 15 Feb 2021 13:40:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189704

Ако некогаш сакате да знаете колку е добра вашата врска со партнерот или со партнерката, поставете си го себе прашањето: Колку често се смеете заедно? Според некои истражувања, двојките што често се смеат заедно имаат поквалитетна врска. Истражувачите правеле истражување врз 71 двојка, а тие притоа раскажувале како се сретнале првпат. Научниците броеле колку пати двојките се смеат заедно. Оние двојки што се смееле заедно имале и подобар квалитет на врската, дефиниран со чувство на блискост и поддршка. Смеата исто така покажа и некои родови разлики. Од 1.400 насмевки што истражувачите ги снимиле, 62 отсто дошле од жените. Но машката насмевка е позаразна, што предизвикало нивните партнерки да се смеат заедно со нив. И тоа возвраќање имало посебно влијание врз мажите. Сепак, овој пример од 71 двојка е премногу мал за да се донесат општи заклучоци, но некои претходни истражувања поддржуваат вакви резултати. Ова истражување објавува дека сеќавањата на убавите настани имаат благотворно влијание врз врската и дека смејата игра главна улога во тоа. Двојките што се сеќаваат на времето кога заедно се смееле за нешто ги оценувале нивните врски со повисока оцена. Научниците веруваат дека моментот кога двојките често се смејат заедно е потенцијален начин врската да биде похармонична и посилна во целост. извор:скопјеинфо.мк]]>

Цеца внукот ја доведе до солзи: Пејачката не можеше да престане да се смее (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ceca-vnukot-ja-dovede-do-solzi-pejachkata-ne-mozeshe-da-prestane-da-se-smee-foto/ Fri, 04 Dec 2020 09:24:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179520

Светлана Цеца Ражнатовиќ го поминува секој слободен момент со својот внук Жељко и ужива во тоа, а на социјалните мрежи, особено на Инстаграм често им покажува на своите следбеници што прават и како се забавуваат и чуваат. Овој пат, Цеца го фотографираше малиот Жељко како ручка. Малечкиот јаде спанаќ, појаснила пејачката. Кога јас јадам, јадат и очињата, јаде и носето, устата... Запчиња немам... Зашто Попај морнарот сум јаааас!“ - се пошегувала со својот внук Цеца, која кога видела колку е измачкан и извалкан од храната по целото лице, не можела да престане слатко да се смее.  Веднаш следела лавина од позитивни коментари, имајќи предвид дека многумина, како баба Цеца, ова ги насмеа, но и ги допре, потсетувајќи ги на некои нивни слични ситуации со најсаканите и најмилите.]]>

Милица Тодоровиќ си најде откачена занимација во карантинот: Пејачката му ги офарба веѓите на татко и за да личел на Кеба, ама… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/milica-todorovikj-si-najde-otkachena-zanimacija-vo-karantinot-pejachkata-mu-gi-ofarba-vegjite-na-tatko-i-za-da-lichel-na-keba-ama-foto/ Wed, 22 Apr 2020 10:33:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146009

Пејачката Милица Тодоровиќ  никогаш не уживала толку многу со своето семејство пред да започне корона пандемијата, а нејзината забава дома ја прават урнебесна сестра и, нејзиниот татко Милан и мајката Јасмина. Откако во една од претходните вечери за време на полицискиот час ја качи мајка и ја качи во автомобилот па ја возеше низ дворот, од влезната врата на домот до влезната капија во авлијата и назад, сега Милица реши да најде нова откачена занимација во домот. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/milica-todorovikj-objavi-hit-snimka-kako-vozi-za-vreme-na-policiskiot-chas-lugje-bre-ne-mozam-vekje-vaka/ Имено, пејачката реши да му ги нацрта веѓите на својот татко и откакотоа го стори, сите слатко ги изнасмеја. „Па, вакви веѓи има Кеба“ - коментираше сестрата на Милица, а пејачката веднаш излезе со идеја како да го реши проблемот со претерано тенките веѓи на татко и, секако, сето тоа  проследено со добра забава. „Морам да го прашам Кебица каде му ги правеле веѓите и да те испратам таму“ - му рече Тодоровиќ на нејзиниот татко, кој и возврати дека сега ќе му смеат на работа. „Што имаа да ти смеат?“- не и беше јасно на Милица, се' додека брзо не сфати дека не го направила тоа добро. „Сум ти направила женствен облик и форма... Почекај една минута да ги задебелам“ - се обиде да се извади пејачката, а потоа татко и Милан, откако ја виде „корекцијата“ рече дека сега изгледа како Бранислав Лечиќ.  ]]>

Спикерка ги прекина вестите поради неконтролирано смеење (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/spikerka-gi-prekina-vestite-poradi-nekontrolirano-smeenje-video/ Thu, 13 Feb 2020 13:29:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134097

Спикерката на една локална телевизија на Камчатка, Александра Новикова, направила грешка при читањето на вестите по што следело неконтролирано смеење. За среќа, вестите не биле емитувани во живо, а видето со нејзината реакција кое било дополнително објавено станало вистински хит, но истото изнервирало и одредени гледачи. Таа погрешно ја прочитала веста за зголемување на трошоците за социјална заштита, велејќи дека примачите ќе добијат дополнителни 500 рубљи за „меѓународни патувања”. Во оригиналниот извештај за зголемување на додатоците за инвалиди и воени ветерани пишувало дека бил предвидени 500 рубљи за патување на пациентите до центрите за лекување. Токму зборот „меѓународни” наместо „градски” предизвикал неконтролирано смеење кај водителката. извор: Курир.мк]]>

Смеењето е начин на живот https://arhiva.vistina.com.mk/smeenjeto-e-nachin-na-zivot/ Mon, 18 Nov 2019 13:45:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116626

Секој човек се смее на различен начин: гласно и заразно, тивко и симпатично, иритантно и нервозно... Еве што говори насмевката за личноста која се смее: Гласната насмевка, пропратена со високи тонови, е одлика на забавните и дружељубиви луѓе. Таквата насмевка е заразна, што значи дека доколку се смееш вака, сигурно си омилена личност во друштвото. Личностите кои ја потиснуваат својата насмевка добро ги контролираат своите чувства. Имаат добра смисла за хумор, но не мора да се крие тоа, бидејќи е лошо за себе и за начинот на кој ќе бидат прифатени од останатите. Нервозната насмевка кај некои е слична на плачот на бебињата, а често претставува начин на кој сакаат да прикријат некоја непријатна ситуација. Смешкањето е знак на срамежливост, но и ова може да биде многу заразно и симпатично. Нема живот ако нема смеа. Зарем може да помине еден ден без смеење? - Не… Тоа е светлата и позитивната страна на животот.Секогаш гледајте ја позитивната страна на животот, смејте се секогаш кога ќе имате шанса. Не го сфаќајте животот и луѓето премногу сериозно и дајте си шанса да бидете среќни секој ден.]]>