слушам кај шумат шумите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 23 Nov 2021 13:14:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png слушам кај шумат шумите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промовирана првата фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“ https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-prvata-folk-slikovnica-za-deca-slusham-kaj-shumat-shumite/ Tue, 23 Nov 2021 13:14:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228492

Центарот за зачувување и развој на македонската фолк музика, фолклорното творештво, едукација и иновации за деца, ја промовираше првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“ .  Првата фолк сликовница е реализирана од проектот „Музички фолк сликовници за деца“, што го спроведува „Фолконика“. На онлајн промоција, за проектот и сликовницата зборуваа, Душко Георгиевски, претседател на „Фолконика“ и истакнат естраден уметник и Бајса Арифовска, музички педагог, музички соработник, инструменталист. Сликовницата е уникатна со својот концепт, зошто за прв пат се прави ваква илустрација на македонска народна песна, каква што е „Слушам кај шумат шумите“, која е избор за првиот наслов на фолк сликовницата, направен според анализата на музичкиот соработник, исполнувајќи ги целите, да биде прифатлива и со текст и тема за децата. Целта е да се даде придонес кон зачувување на македонското фолклорно творештво и тоа да им се понуди на децата во една форма, која ќе биде прифатлива за нив. Сликовницата на своите страници го содржи текстот на песната и нотни записи за истата, распоредени според строфите на страниците. За поголемо естетско доживување на песната и содржината, младата академска сликарка Маја Димитрова направи уникатни илустрации, автентични на текстот од строфите, со кои се заокружува целата приказна на песната, за да допре до децата од најмалата возраст. Ликовното и графичко уредување го направи Елена Димитрова.  Проектот произлезе од заложбите за негувањето на народното музичко творештво, како национално и културно богатство и наш национален идентитет, што треба да се прави уште кај најмладата популација, уште од најмала возраст, со што ќе се запознава со својот идентитет преку музиката, која особено за оваа возраст е најприфатлива и може да остане врежана во меморијата, што ќе биде добра основа за градење на националното чувство и припадноста на македонскиот културен идентитет. Водени од ваквите состојби, сметаме дека треба итно да сториме нешто што ќе започне да влијае на промена на ваквата состојба. Едукацијата е најсоодветниот начин да се влијае на промените, но тоа да биде со добро осмислени, нови и интересни форми, со илустрирани ликови од народните песни, за да допрат до дететода го предизвикаат да ги погледне, анализира со љубопитност, да му предизвика интерес, а не одбивност кон народната песна. Вака претставени темите и ликовите од народните песни, ќе придонесат и кон запознавање на детето со народната носија, убавините на Македонија, етно елементи, фолклорни мотиви, значајни историски ликови, опеани во песните, како наш историски белег. Со тоа, ќе може да се влијае на најмладите на возраст од кога можат да ја сфатат и восприемаат убавата македонска песна, а тоа е од најмлада возраст од само неколку години, до школска возраст, за да   може кај нив да остави неизбришиви траги и да вроди љубов и чувство на национална припадност и љубов кон народната убава песна која содржи вистински родољубиви и уметнички вредности создадени од македонскиот народен творец.  Сликовницата ќе биде презентирана и дистрибуирана пред детската популација, во предучилишна и училишна возраст, градинките, воспитно- училишните установи, училиштата, специјализираните едукативни центри, библиотеките итн. „Фолконика“ во наредниот период ќе реализира онлајн промоции на  сликовницата и во дијаспората. Проектот продолжува со подготовка на новите музички фолк сликовници. 
 
]]>

Стадионот гореше: 2 илјади грла ја пееја „Слушам кај шумат шумите“ на дербито меѓу Вардар и Пелистер (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stadionot-goreshe-2-iljadi-grla-ja-peeja-slusham-kaj-shumat-shumite-na-derbito-megju-vardar-i-pelister-video/ Mon, 20 Nov 2017 09:05:20 +0000 http://vistina.mk/?p=4120

„Честитки 30 години Комити! 70 години Вардар!“ со овие зборови близнаците од „Некст Тајм“ и со изведбата на „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“, ја подигнаа атмосферата на фудбалскиот дерби натпревар  меѓу Вардар и Пелистер. Стадионот „Филип Втори“ ечеше од песна и позитивна енергија, а Некст Тајм покажаа и докажаа дека направија македонска преработка со која се гордее секој Македонец. „Комитите“, го славеа 30-тиот роденден и испишаа јубилејна историја, а она што се случуваше таму ќе ве наежи преку видео, а не пак таму, во живо – мерак за душа и срце. Погледнете: https://www.youtube.com/watch?v=PCNiUkMw8OQ  ]]>

Ги замолкнаа „дежурните критичари“: Четири девојчиња ја пеат „Слушам кај шумат шумите“ на Некст Тајм (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gi-zamolknaa-dezurnite-kritichari-chetiri-devojchinja-ja-peat-slusham-kaj-shumat-shumite-na-nekst-tajm-video/ Sun, 22 Oct 2017 08:06:52 +0000 http://vistina.mk/?p=970

 Веќе е добро познато дека со секоја преработка се продолжува животниот век на една песна, а кога станува збор за народните песни, изведбите од помлади изведувачи уште повеќе ја доближуваат оваа музика до најмладите генерации.
Доказ за тоа е и ова слатко видео објавено од „Некст Тајм“, во кое четири преслатки девојчиња  патувајќи во автомобил ја пеат „Слушам кај шумат шумите“, чија преработка од браќата Филиповски неодамна  воодушеви огромен дел од македонската публика, иако имаше и такви, кои „на нож“ ја дочекаа кавер верзијата на близнаците.
„Една од главните причини зошто се обработуваат овие стари народни изворни песни“, напишаа браќата, споделувајќи го видеото од веселата дружина, со што им ја „затворија устата на дежурните критичари“. Како изгледаа и звучи  сето ова можете да погледнете во видеото подолу. ]]>

„Некст тајм“ ја промовираа „Слушам кај шумат шумите“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekst-tajm-ja-promoviraa-slusham-kaj-shumat-shumite-video/ Wed, 18 Oct 2017 12:46:49 +0000 http://vistina.mk//?p=418

Завчеравечер, вторник, 10 октомври, во 20 часот, Драмскиот театар во Скопје беше претесен да ги прими роднините, пријателите, другарите, новинарите… на близнаците Мартин и Стефан  од братското дуо „Некст тајм“ кои по цели две и пол години  од фантастичната преработка на „Ја излези Ѓурѓо“ го промовираа видеото за својата нова песна, која е исто така преработка  познатата македонска изворна песна со патриотска содржина, легендарната  „Слушам кај шумат шумите“.
За овој проект браќата соработуваа со композиторот Николче Мицевски, кој го се погрижи за аранжманот на нивната верзија, додекаа миксот е на Дејан Момировски.Тие заедно со Некст Тајм на песната и дале ново руво, нова аудио естетика, во која на импресивен начин се испреплетуваат старото и современото, оригиналот и неговата модерна надградба, преточувајќи ја македонската изворна песна  во она што во денешниот музички израз се нарекува етно или „world music“.  Одличното видео кое ја следи приказната од стиховите на песната, пак, го изработи екипата на продукцијата „Мелем“, под режисерската палка на Огнен Шапковски, а директор на фотографија е Кристијан Теодоров. Главната улога ја има познатата актерка Ана Стојановска, а покрај неа се појавуваат и малиот Бранко Калеников, Борис Јосифовски, Васко Гегоски, самиот режисер Огнен и, секако, браќата од Некст Тајм, Мартин и Стефан Филиповски. Во промоцијата на видеото за „Слушам кај шумат шумите“  чиј старт од сму ним познати причини доцнеше цели 45-50 минути, во улога на домаќин – наратор присутните ги воведе ТВ водителката Ирена Спироска, која потсетувајќи на историјатот на Некст Тајм, ги покани браќата на на сцената. „Со гордост ви го претставуваме нашето најново видео. Веруваме дека Македонија ќе е повторно горда“ – рекоа Мартин и Стефан – најавувајќи го спотот. Пред неговата премиерна проекција, беше прикажан кусиот документарец за тоа како се работеше видеото, во кој  говореа протагонистите кои го изработеа истиот, аранажерот Николче Мицевски  како и самите Стефан и Мартин. Откако беше емитуван спотот, френетичниот аплауз и овациите во салата на Драмскиот театар не стивнуваа со минути… Очигледно „Шумите… се логично продолжение на  новиот почеток, на фазата на сериозна зрелост на браќата, на една успешна приказна започната со „Ѓурѓа…“, која се надеваме дека ќе трае! Откако во анплагд издание уште еднаш ги отсвиреа и отпејаа обете песни, Мартин и Стефан најавија дека нивната кариера понатаму ќе се движи токму во овој правец,  откривајќи дека сакаат да снимат и цел албум со вакви преработки на македонски изворни песни. Потоа следуваше коктел во фоајето на Драмски и дружење со присутните.