слушалки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Jan 2021 11:51:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png слушалки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што ќе се случи со вашето тело ако носите слушалки премногу долго? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-kje-se-sluchi-so-vasheto-telo-ako-nosite-slushalki-premnogu-dolgo/ Tue, 05 Jan 2021 13:45:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184096

Лекарите имаат правило 60-60 за безбедно користење слушалки, што значи дека 60% волумен на секои 60 минути слушање е безопасно. Кога ќе го прекршите ова правило, може да почувствувате вртоглавица, гадење, па дури и да имате нарушување на спиењето. Ова се само неколку ефекти што слушалките може да ги имаат врз вашето тело ако ги користите премногу долго и премногу често. Секој уред може да се претвори во оружје, ако не се користи мудро, па прочитајте што може да ви се случи ако користите слушалки премногу често. Може да добиете главоболка Луѓето кои премногу долго носат слушалки ја изложуваат главата на притисок што по природа не треба да се случува. Како резултат на тоа, вашиот скалп и внатрешното уво се компресираат и може да добиете главоболка. Исто така, носењето слушалки може да ја влоши мигрената ако сте склони кон неа. Може да имате оштетен слух Според науката, повеќето луѓе на 30-годишна возраст треба да можат да слушнат звук од 17 килохерци, што значи дека може да слушнат комарец што се приближува. Но, сè повеќе млади луѓе не можат да слушаат на ова ниво на таа возраст. Луѓето се раѓаат со 15 000 слушни клетки, но штом изгубите една, таа не може да се замени. Научниците го поврзуваат проблемот со губењето на клетките со честата употреба на слушалки. Може да ви се затнат ушите со восок Затнувањето со восок се јавува затоа што слушалките го спречуваат восокот природно да излегува од ушните канали. Поради тоа, вашите уши може да се блокираат, што може да доведе до инфекција на увото. Покрај тоа, слушалките дејствуваат како памучни тампони и може да го туркаат восокот подлабоко во ушниот канал, што може да резултира со болка во ушите и вртоглавица. Може да развиете вртоглавица Вртоглавицата е чувство на вртење и губење рамнотежа, илузија на движење што не постои. Често е придружено со гадење и зашеметеност. Тоа се случува кога ушите ви се затнати од слушалки за изолација на бучавата. Дополнителен фактор што може да предизвика чувство на вртење е слушањето музика со највисок тон. Додека ги ставате овие мали предмети во ушите, го стимулирате нервот на внатрешното уво и создавате неприроден притисок внатре во него. Може да почнете да слушате непостоечки звуци, дури и во целосна тишина Ако претерате со носењето слушалки, може да развиете вознемирувачко чувство на тинитус. Може да почнете да слушате ѕвонење, зуење, шушкање или шумење во ушите, дури и кога сте во целосна тишина. За оваа појава нема лек, но може да се спречи лесно со намалување на употребата на слушалки и намалување на јачината на звукот. Може да имате проблеми со кожата и акни Според медицинските експерти, оние кои често носат големи слушалки над ушите, особено кога работат и се потат, им дозволуваат на илјадници бактерии да се размножуваат. Ова може да доведе до појава на акни и инфекции на кожата. Исто така, ако користите чепчиња за уши, прекумерното масло од внатрешноста на увото може да започне да се насобира создавајќи идеална подлога за бактериите што може да предизвикаат мозолчиња во ушите. извор: кафепауза]]>

Ако секој ден користите слушалки- ова мора да го знаете https://arhiva.vistina.com.mk/ako-sekoj-den-koristite-slushalki-ova-mora-da-go-znaete/ Wed, 29 May 2019 11:25:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90270

Слушалките денеска ги користат речиси сите генерации. Каде и да се свртите, дали во автобус, пошта или на улица, ќе видите некој со овој мал уред во ушите. Меѓутоа, без разлика колку се забавни и дискретни, со нив треба да бидете претпазливи. Дури и некои истражувања покажуваат дека оние што користат слушалки имаат 40 проценти повеќе бактерии од оние кои не ги користат. –”Тие се сами по себе нехигиенски, па долготраен притисок на кожата на ушниот канал, кој е нежен и тенок, може да предизвика воспалителни процеси кои обично се многу болни и непријатни”, истакнува д-р Александар Вујовиќ, специјалист за оториноларингологија. Затоа треба да ги чистите секоја вечер. Јачината на звукот се мери во децибели и таквото назначување не е на листата на денешните емитери на звук, па ако не го слушате соговорникот кои ви се обраќа додека слушате некоја содржина со помош на слушалките, можете да сметате дека звукот е силен и не е добар за вашето уво. ”Секој звук што го слушате во тишина или во секојдневното опкружување, а кој не доаѓа од надвор, веќе е производ на вашето уво, а има форма на тапани, шуштење, ѕвонење, е показател дека вашето уво страда. Се разбира, овие симптоми можат да се појават од голем број други причини, а не само поради слушалките”, истакнува д-р Вујовиќ и додавајќи дека во практика спорадично се јавуваат млади пациенти со оштетување на слухот кој е предизвикан од силен звук. Ако овој тренд продолжи, оториноларинголозите ќе имаат полни раце работа, но, како што вели д-р Вујовиќ, без многу можности да помогнат бидејќи оштетување на слухот со силен звук прави непоправливи оштетувања. Така да, за да не ги замените слушалките со слушни апарати ставете малку прст на копчето волумен во минус. извор: Курир.мк]]>

Научниците согласни: Безжичните слушалки можат да предизвикаат рак https://arhiva.vistina.com.mk/nauchnicite-soglasni-bezzichnite-slushalki-mozat-da-predizvikaat-rak/ Wed, 13 Mar 2019 14:15:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77424

Опасно за здравјето се смета се што користи електромагнетска енергија на бранови од различен тип. "Bluetooth" функционира на еден облик кој вклучува радиобранови со ниска сила.
Светската здравствена организација и ОН објавиле петиција во која тврдат дека популарните слушалки на "Apple" - "Airpods", носат ризик од развој на карцином. Петецијата ја потпишале 250 научници. Предупредуваат дека многу уреди зрачат со радиоактивно зрачење, какво што се користи за WiFi, мобилни податоци и Bluetooth. Посебно загрижуваат "AirPod" слушалките бидејќи се ставаат длабоко во ушните канали и така чувствителното подрачје на увото се изложува на зрачење кое се смета за поврзано со развој на карцином.
Во некои случаи дури и нивото на зрачење кое се смета за канцерогено е значително пониско од најмногу дозволените федерални и меѓународни насоки. Минатата година Apple продал 28 милиони пара безжични слушалки. Само една година претходно продале 16 милиони пара. Во подготовката е нов дизајн на кој дополнително ќе се поработи на озвучувањето. "AirPods" слушалките безжично се спојуваат со телефон преку "Bluetooth", популарната комуникациска технологија.
Во основа, опасно за здравјето се смета се што користи електромагнетска енергија на бранови од различен тип. "Bluetooth" функционира на еден облик кој вклучува радиобранови со ниска сила. Очигледна и најчеста опасност од радиобрановите е таа дека, при високи нивоа, може да создадат топлина и да предизвикаат изгореници. Научниците уште работат на резултатите од долгорочната изложеност на таквите бранови. Кога на тој облик на зрачење ќе се изложат животните, им се оштетува репродуктивниот и невролошки состав, односно генетскиот материјал. Таков вид на енергија е доволно силна да ги протресе атомите кои ги сочинуваат клетките, но не е доволно силна да им ја промени структурата. Тоа значи дека радиобрановите се помалку опасни од високите нивоа на зрачење како рентген или ултразвук.
Минатата година научниците од Националниот институт за здравје дополнително докажале дека мобилното зрачење предизвикува некој вид на карцином. Сега е бараат зголемено внимание при користењето на сите видови технологија кои се базираат на радиобранови, а посебно се загрижени за зрачењето на "Bluetooth" уредите и нивното влијание на ушните празнини и мозокот. Меѓународната агенција за истражување на ракот утврдила дека зрачењето на електромагнетското поле може да е канцерогено, а ризик е и "WiFi". Светската здравствена организација осмислила насоки за електромагнетски фреквенции и количините на кои уредите смеат да ги изложат корисниците. Сепак, авторите на новата петиција велат дека научниците откриле дека дури и ниските дози на EMF се канцерогени, а се поврзани со рак на мозокот. Зрачењето на мобилните дополнително, тврдат во истото истражување, може да предизвика настанување на тумор на нервите кои ги спојуваат увото и мозокот.
Потребни се уште многу истражувања за да се објаснат точните ризици поврзани со секој вид на зрачење, но научниците кои ја потпишале петицијата веруваат дека начинот на кој моментално ги користиме тие уреди опасно го занемарува безбедниот аспект и за тоа како одговорни ги посочуваат произведувачите. "Различни агенции поставуваат стандарди за безбедност кои не ја заштитиле јавноста, а посебно децата кои се посебно ранливи во однос на резултатите на EMF. Ако не преземат некои чекори, СЗО не ја исполнила својата улога на меѓународна здравствена организација", напишале во петицијата. извор:точка.мк
]]>

Дали сте знаеле дека слушалките можат да ја оштетат вашата коса? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-ste-znaele-deka-slushalkite-mozat-da-ja-oshtetat-vashata-kosa/ Mon, 08 Oct 2018 14:26:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51892

На здравјето и изгледот на косата, влијаат многу фактори.
Освен што е важно кои препарати ги користите и колку често ја третирате со загреани апарати за стилизирање на коса, постојат и разни секојдневни фактори, кои можат да влијаат на нејзиниот квалитет.
Како што пренесува „Seventeen“, големите слушалки за уши, можат значајно да влијаат на оштетување на косата. Имено, предимензионалните слушалки за уши, создаваат триење, кое се случува кога одите, бидејќи слушалките со секој чекор ја притискаат вашата глава и коса, која поради тоа се крши и станува сува, истакнува познатиот фризер, Кастило. За тоа да не се случува, Кастило советува, пред да ги ставите слушалките, добро исчешлајте ја косата и врзете ја во што е можно поцврст реп, за слушалките да имаат најмало влијание на неа. Сепак, како идеално решение, Кастило препорачува мали слушалки, кои се ставаат во ушите, па така ќе можете намира да слушате музика, без да размислувате за косата.

(ВИДЕО) Кога ќе го видите ова нема повторно да ви текне секој ден да ставате слушалки на ушите! https://arhiva.vistina.com.mk/video-koga-kje-go-vidite-ova-nema-povtorno-da-vi-tekne-sekoj-den-da-stavate-slushalki-na-ushite/ Thu, 08 Feb 2018 10:02:40 +0000 http://vistina.mk/?p=12113

Докторите откриваат неверојатни последици од честото носење на слушалки во ушите. Во новата епизода на емисијата "Докторите" се зборуваше за црнките. Тоа не е ништо ново, ниту пак алармантно, но во овој случај станува збор за црнки на место каде што никогаш не би помислиле дека ќе се појават.
Односно, докторите наговестуваат дека сосема е нормално и постои голема можност да се појават црнки во ушите, со оглед на тоа дека надворешниот дел од ушите кој е видлив има многу лојни жлезди, какви што имаме на носот или брадата.
Секако, веројатноста дека ќе Ви се појават црнки на носот или брадата е поголема, но постои голема можност дека тие можат да ги нападнат и Вашите уши. Особено, тоа може да се случи доколку често носите слушалки во ушите или доколку не ги одржувате редовно.
Покрај тоа, докторите предуредуваат дека доколку забележите ваква појава, случајот не смеете да го решавате сами, туку да се обратите кај дерматолог. Во спротивно, тие црнки би можеле да го затнат и ушниот канал.

Како да одбегнете вакво сценарио?

Пред сè, редовно чистете ги ушите. Чепкалките за уши нема да ви помогнат во тоа, бидејќи само повеќе ја турката нечистотијата. Исто така, редовно чистете ги и Вашите слушалки и намалете ја нивната употреба. извор:точка.мк