slow food – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Sep 2023 06:57:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png slow food – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Овој викенд во Бра, Италија, ќе се одржи „Cheese 2023“ – Меѓународниот фестивал посветен на сирењето https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-vikend-vo-bra-italija-ke-se-odrzhi-cheese-2023-megunarodniot-festival-posveten-na-sireneto/ Fri, 15 Sep 2023 06:57:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318121

„Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи.., организиран од мрежата на Слоу Фуд, ќе се случува овој викенд во Бра (Италија) од 15-ти до 18-ти септември годинава. Во организација на Slow Food International и Citta di Bra, со поддршка на Regione Piemonte, овогодишната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе ги собере сите мајстори за сирење, сточари, производители и експерти од целиот свет кои се среќаваат за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат, но настанот е отворен и за сите љубители на сирење: се најавуваат конференции, дегустации и работилници или вкупно 122 настани. Ова е „Cheese“ надвор од границите. Фестивал во Бра, сирење на почесна позиција Мајсторите за сирење, сточарите, производителите и експертите од целиот свет се среќаваат во Бра, Италија, на фестивалот „Cheese“, за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои сите се соочуваме, почнувајќи од климатската криза. Традицијата е воспоставена: по 23 години и 11 изданија, „Cheese“ секоја втора година, се фокусира на сирењата, а овој четиридневен настан е суштински важен за целата планета. Организаторот е Slow Food International , градот Бра со подршка на регионот Пиемонте. На меѓународниот пазар ќе бидат присутни изложувачи од 14 земји. Нашата земја на Фестивалот за сирење во Бра ќе биде претставена како ризница на гастрономски и културни традиции, како и крстопат на народи, религии и култури. Република Македонија, чие присуство е финансирано од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, ќе ги пречека посетителите со интересна програма на дегустации и активности. Елена Каровска Гошевска, програмски координатор во Слоу Фуд Македонија ќе учествува на конференцијата, Септември: време на сезонско селење на стоката. Македонија исто така ќе биде во центарот на работилницата за вкус Сезонско селење на стоката во Македонија на 17 септември а преку оваа работилница, низ кулинарското наследство на Македонија ќе се откријат боите на соживотот меѓу планините и езерата, преку производите на Президиуми, од соленото „парче млеко“ (со планинските сирења од Маврово Река) до слаткото од диви смокви и буковска пиперка, не заборавајќи ги, се разбира, типичните пијалоци во земјата. Вкус на уникатното кулинарско наследство на Македонија и осознавање преку храна, ќе биде преку работилницата за вкус „Сезонското селење на стоката во Македонија“. Станува збор за вековна традиција и нејзиното богато наследство на сирење, проткаено со историја и култура.]]>

Промоција на здрава храна од локални производители на првиот „Слоу фуд салон“ https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-zdrava-hrana-od-lokalni-proizvoditeli-na-prviot-slou-fud-salon/ Mon, 14 Oct 2019 11:35:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112468

Под мотото „Храната е движење“ на 18 и 19 октомври во хотел „Александар палас“, Скопје ќе се одржи првиот „Слоу фуд салон“. Храната е енергија која секојдневно му е потребна на нашето тело. Таа е уживање на трпезата, култура што ги зближува луѓето. Во ерата на глобалната трговија храната е брутално сведена на ниво на стока за економска размена и е моќно оружје во рацете на големите индустрии. Системот на храната денес станува значајно еколошко прашање за дискусија и акција. Храната е генератор на одржливиот развој на регионите и проверен извор на благосостојбата на производителите. Храната поттикнува промени во свеста кај консументите. Целта на настанот е да ги промовира малите производители на висококвалитетни производи кои треба да ја валоризираат вредноста преку своето знаење и труд. Истовремено да ги едуцира консументите да избираат квалитетна храна и да ја поддржуваат локалната економија и заштитата на животната средина.  Преку настанот сите заедно да дадеме поттик за креирање на позитивна клима за опстојување и развој на малите производства и збогатување на понудата на производи на пазарот. Повеќе од 100 производители ќе ги изложат своите автентични и висококвалитетни производи и ќе ги раскажат своите приказни на посетителите кои ќе имаат можност да се информираат, едуцираат и дегустираат од прва рака. Производителите ќе се презентираат поделени во неколку секции: традиционална и органска храна, мали винарии, занаетчиски производители на пиво и даватели на туристички услуги. Салонот ќе понуди вкусови кои Слоу Фуд Македонија ги заштитува, поддржува и промовира повеќе од 10 години преку својата мрежа. Слоу Фуд обединува членови, активисти, производители, експерти, готвачи, новинари околу филозофијата „Добра, чиста и правична храна, за сите!“ Салонот ќе биде отворен за јавноста во петок 18 октомври од 14-20 часот и сабота 19 октомври 12-20 часот.]]>