Slow Food салон 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 28 Oct 2022 12:10:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Slow Food салон 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Slow Food салон 2022: „Храната е идентитет“ https://arhiva.vistina.com.mk/slow-food-salon-2022-hranata-e-identitet/ Fri, 28 Oct 2022 09:30:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272674

Оваа сабота (29 октомври) ќе се случува второто издание на Slow Food салон 2022, што го има слоганот „Храната е идентитет“ и ќе се случува во Limak Skopje Luxury Hotel од 12 до 20 часот. Над 40 изложувачи од целата Македонија ќе ги презентираат своите гурмански адути- сирења, кашкавали, џемови, слатка, домашни сокови, зимници, масла, тартуфи, мед, чоколадо и намази, сувомеснати производи, вина, пива, ракии..., „homemade“ традиционални гурманлуци и деликатеси, се со цел да се потсетиме на потеклото, поврзаноста и мултифункционалноста на храната. Производителите, чуварите на биодиверзитетот ќе понудат добра енергија и уште подобра храна што ќе ја препознаете по „изворниот“ мирис и вкус. „Поради нашата иднина вниманието е насочено кон производителите, консументите, носителите на одлуки за важноста на локалната храна во нашето општество“ - вели Николче Николовски, претседател на Национален одбор на Слоу Фуд Македонија. „Освен тоа, традицијата, знаењето и вештините пренесувани од генерација на генерација денес ни ги овозможуваат најдобрите вкусови на трпезата. Нашата традиционална храна е дел од нашиот идентитет, исто како и јазикот, музиката, обичаите“. Се гледаме во сабота, на второто издание на Slow Food салон 2022. Шестиот кат од Limak Skopje Luxury Hotel е подготвен да ги угости сите посетители и хедонисти.]]>