словенија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Mar 2024 12:39:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png словенија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ФИШ создава извонредни студенти во информатички и сродни дисциплини https://arhiva.vistina.com.mk/fish-sozdava-izvonredni-studenti-vo-informatichki-i-srodni-distsiplini/ Fri, 08 Mar 2024 12:39:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341722

Приоритет за секој средношколец и студент претставува квалитетното образование и идниот просперитет. Тие се стремат да го направат правилниот чекор на ова поле и да се здобијат со врвно знаење, кое понатаму ќе ги придвижи кон достигнување на особен престиж во својата професија. Во последнава декада, Словенија се истакнува како една од најпривлечните земји за студирање на македонските студенти и надградување на професионален план. Зошто е тоа така? Постојат неколку факти кои ја откриваат тајната позади нивната визија и ја потврдуваат нивната одлука како вистински избор. Долгогодишното и прогресивно работење на Факултетот за информатички науки во Словенија (FIŠ) дава основа за генерирање извонредни студенти зад кои стојат голем број успешни и глобално препознатливи проекти и соработки. Дел од овие колаборативни проекти се карактеризираат со пребарување податоци, дигитални библиотеки, поврат на информации и слично. Со посебна репутација се здобиваат и оние кои се ко-финансирани од Европска Унија, од која факултетот и студентите уживаат исклучителна поддршка. “Адаптација на јавните истражувачки организации и Централната техничка библиотека на Универзитетот во Љубљана да работат според принципите на отворената наука” е еден пример на таков вид проекти, во кој што цел факултет е вклучен и активно работи со помош на Министерот за високо образование, наука и иновации на Европската Унија. Овој самостоен државен факултет, лоциран во Ново Место, претставува водечка институција во државата, која е посветена на првокласна едукација на своите студенти во делокругот на информатичките науки и сите сестрински дисциплини. Студиската програма на ФИШ главно е поделена на три модули: додипломски, мастер и докторски студии. Во секоја од нив е инкорпориран мултидисциплинарен пристап кој овозможува студентите да ги прошират своите хоризонти, пронаоѓајќи ги допирните точки меѓу информатиката и останати истражувачки сфери како филозофија, социологија и комуникациските вештини. Ова ја зголемува студентската перспектива и развива сет способности, давајќи им предност на студентите во денешниот свет на можности, во кој се' е поврзано и испреплетено. Студентите на ФИШ секогаш се снабдени со најнови информации од светот на технологијата преку организирање јавни дебати, работилници, предавачи и професори, теренски активности и конференции. Преку партиципација на вакви настани, студентите може да воспостават контакт со влијателни личности и професионалци и да се стекнат со потребното практично искуство. Една од најголемите технички бенефиции за студентите на овој факултет е неговото членство во Microsoft Azure програмата. Со оваа програма, студентите и персоналот може да користат лиценцирани Microsoft програми и алатки преку Аzure web порталот и да ги инсталираат на сопствените компјутери. Оваа високо-образовна установа во својот „арсенал“ има два суперкомпјутери. ФИШ има склучено партнерства со голем број истражувачки институции, универзитети и партнери од индустријата низ целиот свет. Ваквиот тип интернационална соработка обезбедува можност за академска размена на студентите, како што е програмата Еразмус, здружување за заеднички истражувачки проекти, екскурзии и отворена врата кон разновидни искуства. Особена предност на овој факултет е можноста за проследување „онлајн“ настава преку платформата „Moodle”, на која постојано се прикачуваат академските материјали и вежби. Оваа „онлајн” училница овозможува студентите побрзо да комуницираат меѓу себе, да остварат полесен пристап до професорите, претставува форум за дискусија и опција за прикачување семинарски трудови и испитни вежби преку нивниот профил. Покрај тоа што факултетите во Словенија нудат бесплатни студии за македонските студенти, ексклузивна алтернатива на овој факултет се индивидуалните курсеви кои содржат три нивоа и отворената прилика за студирање како „граѓанин”. Ова подразбира дека секоја индивидуа по желба, може да ја проследи студиската програма на Факултетот во кој било период од академската година, без статус на студент. Покрај екстензивната апаратура, на Факултетот постои и специјализирана библиотека за студентите. Оваа инфраструктура придонесува за стручноста на предавањата и истражувачките активности, зајакнувајќи го целосниот образовен систем на студентите. Во програмата на факултетот се опфатени и дополнителни социјални и студентски услуги, како кариерен центар за академско и кариерно советување, опции за практикантство и практични вежби. На овој начин, факултетот цели да создаде инклузивна средина, каде студентите може да се унапредуваат и да го достигнат својот целосен потенцијал. За секој студент, слободното време е ценет луксуз кој треба максимално да се искористи. За некого тоа значи одмор, но студентите на ФИШ ја имаат и можноста да си го исполнат времето преку социјализирање и вмрежување со своите колеги, учествувајќи во разни екстракуликуларни активности како куглање, пикник, спортување и прошетки во природа. https://www.youtube.com/watch?v=kUvr5JyQVH8 Повеќе информации може да погледнете на следниот линк.]]>

Лара Иванова не е сама: Ова е момчето на македонската поп пејачка со кое е во четиригодишна љубовна врска https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-ne-e-sama-ova-e-momcheto-na-makedonskata-pop-pejachka-so-koe-e-vo-chetirigodishna-lubovna-vrska/ Fri, 09 Feb 2024 11:01:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338196

Младата пејачка Лара Иванова по макфестовската дует-песна „Бела“ со Пајак која стана не само мегахит туку и видеофеномен со над 25 милиони прегледи на Јутјуб и самата се вивна кон врвот на популарноста во друштво на најголемите македонски поп ѕвезди од помладата генерација. Зачестија радио и ТВ гостувањата, нејзиниот лик осамна насловниците на порталите, се почесто почна да дава изјави и интервјуа, рапидно порасна бројот на нејзините настапи, а потоа се појавија и нејзините нови песни... Со еден збор Лара после „Бела“  естрадно се етаблира. И додека јавноста, особено онаа во која помладата публика го наоѓа својот интерес, почна да открива и дознава многу работи за  кариерата на „распеаната балерина“, љубопитноста ја надмина професијата, па многумина, особено помлади момчиња почнаа да се интресираат и за приватноста на долгоногата поп пејачка. Оние што ја знаат одблизу и се во нејзиното најтесно опкружување многу добро знаеја дека Лара Иванова не сама кога се емотивното дружење и љубовта во прашање.  И тоа не е сама оддамна, зашто пејачката е во во четиригодишна врска иако истата не ја споменува и не сака многу јавно да ја експонира. Токму деновиве таа и нејзиното младо момче Александар Војнески прославија четири години од нивната „љубовна романса“ со фото-колаж на Инстаграм, на кој се собрани фотографиите  од најразличните заеднички моменти кои ги вљубените гулапчиња ги поминале заедно. Фотоколажот осамна на Инстаграм профилот на младиот љубовник кој на „важниот датум“ го објави на своето стори и шеговито напиша: „4 години ја трпам“! При тоа изразувајќи ја својата љубов со додаден емотикон на срце! Инаку момчето на Лара е исто така музичар, виолинист и со пејачката се во емотивна врска отприлика од нејзината 16-та година. Тој своето музичко образовние го започнал на седум годишна возраст во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Првите години од изучувањето виолина  станале клучни за тој не само да развие огромна љубов кон музицирањето, туку и понатаму да одлучи дека патот на музиката преку виолината е токму неговата идна професионална и животна определба. Тој сега е на студии по виолина при Музичката академија во Љубљана, Република Словенија. Праксата еден на друг јавно да си ги честитаат значајните датуми со колаж заеднички фотографии преку нивните Инстаграм профили, всушност не е познато која ја започнал, иако и Александар на Лара, а и таа нему  на сличен начин му го честиташе роденденот... „Роденденско момче, те сакам“ - напиша тогаш Лара која неодамна објави две нови песни. Едната со наслов „Ме сакаш кога ме немаш“ и оваа последната, дуетот со Јосиф „Сите светла“. А што се однесува до љубовта со колегата, која сега е на преточена во љубов на далечина... Белким километрите нема да бидат причина да се случи она непишано правило: „Далеку од очите - далеку од срцето“, па оваа принудна дистанца само ќе ја зацврсти нивната љубовна романса! Фото: Фејсбук и Инстаграм/aleksandarvojneskii/_lara.iv_
]]>

Maрија Петровска славеше посебен ден: Некогашната водителка на „Бекстејџ“ објави фотографии од  крштевката на синот во Словенија (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/marija-petrovska-slaveshe-poseben-den-nekogashnata-voditelka-na-bekstejdh-objavi-fotografii-od-krshtevkata-na-sinot-vo-slovenija-foto/ Mon, 14 Aug 2023 09:54:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313584

Поранешната водителкa и новинарка на естрадниот ТВ  магазин „Бекстејџ“ – Марија Петровска, неодамна во Словенија заедно со сопругот, словенецот Михаел Сказа направија крштевка на синот. Популарната Маца која годинава за првпат стана мајка и роди здраво машко дете, сега како што е редот направи и интимна церемонија судејќи по фотографиите од социјалните мрежи. Вљубениот пар се фотографирал во црковните одаи  заедно  доживувајќи ја најголемата животна радост  на светото место. На 31 март 2023 тие се остварија како родители за прв пат, а по неколку дена откако мајката и новороденчето си дојдоа дома, дури тогаш јавно ја обзнанија радосната вест. Овој пат, Маца сподели фотографии од крштевката ставајќи го покрај фотографијата датумот од убавиот настан.
Таа сподели и дел од интимните моменти од прославата која беше организирана во хотел Тиса Хочко Похорје па, покрај фотографиите напиша дека денот навистина бил посебен:
Нека му е среќна крштевката и вечно името. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марија Петровска]]>

Како во Холивуд: Сашко Коцев и Јелена Јованова совршена двојка, на црвен килим и на филмско платно (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-vo-holivud-sashko-kotsev-i-jelena-jovanova-sovrshena-dvojka-na-tsrven-kilim-i-na-filmsko-platno-foto-video/ Tue, 07 Feb 2023 08:00:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287629

Во Љубљана, Словенија во киното Синеплекс се распосла црвен килим за премиерата на словенечката комедија „Nekaj Sladkega“ или во превод „ „Нешто слатко“. Главни ѕвезди беа нашите актери Сашко Коцев и Јелена Јованова кои беа двојка на филмското платно, како и на црвениот клим. Двајцата се појавија во елегантно издание, тој со црн костум, а таа во елегантнни пантлнони и црн корсет со прерамки.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Sasko Kocev (@saskokocev_official)

Режисер на филмот се телевизиската ѕвезда Тин Водопивец. Коцев е копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич работеше и на сценариото. Јованова е сопродуцент од Хрватска. Станува збор за филм за човековата прва и последна шанса во животот. Неговиот лик е светски познат маркетер од Македонија, Аце, кој треба да стигне на еден настан во Словенија, но никако да стигне. Јованова ја глуми Каја, Хрватка која кратко време живее и работи во Љубљана. Сашко во ова филмско остварување има и улога на копродуцент и како косценарист. Инаку, во филмот се појавува и македонскиот актер Александар Микиќ. фото:Инстаграм принтскрин/Јутјуб]]>

Кога работата станува повеќе од професија, а дружењето прераснува во нешто најсвето: „Добредојде во нашето големо Бекстејџ семејство“ https://arhiva.vistina.com.mk/koga-rabotata-stanuva-povekje-od-profesija-a-druzenjeto-prerasnuva-vo-neshto-najsveto-dobredojde-vo-nasheto-golemo-bekstejdz-semejstvo/ Tue, 27 Dec 2022 08:50:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281673

Не тајна дека тие се цели 15 години во етерот, а при тоа станаа и останаа најгледаниот, најпопуларниот и најдобриот естраден ТВ магазин во Македонија. Се разбира во прашање е „Бекстејџ“  низ чиј тим за оваа деценија и пол минале низа од познати личности, од кои некои почнале како тотални анонимуси за токму преку „печењето на ТВ занаетот“  денес да станат профилирани ТВ лица и познати јавни фаци. Манекени и манекенки, топ модели, музичари, водителки, новинарки и новинари, сниматели, монтажери, продуценти… Со текот на годините поставите се менуваа , но „Бекстејџ“ остана…! Сепак, како што секогаш најмногу се памети првиот бакнеж, првата љубов, првиот секс… така и првата постава на „магазинот од зад сцената“ е оној со кој започна историјата. Ударната игла, огледана во новинарско-водителската екипа - женска. Тандемот Марија Петровска – Јулија Цветковска беа моторот на тимот кој од првиот ден го влечеше на патот кон успехот.  Обете со веќе доволно ТВ новинарско искуство, едната во тетовската ТВ „Кисс“, другата во „А1 ТВ“. Но како што се' има свој почеток има и свој крај и нивниот професионален ангажман во „ТВ магазинот од зад сцената“ еден ден мораше да заврши... Но, не и нивното дружење од деновите на заедничката работа, која со текот на годините станува повеќе од професија, а дружењето прераснува во нешто најсвето... Иако километри ги делат, зашто Марија со години живее и работи во Словенија, а Јулија однеодамна е дел од маркетинг тимот на една голема странска компанија во Скопје, никогаш не престанаа да бидат блиски. Словенците деновиве го славеа католичкиот Божиќ, па Марија како добра домаќинка го уреди и украси домот во славеничка атмосфера. Впрочем, сега имаше мотив или поточно два повеќе. Како што веќе први објавивме некогашната новинарка и ТВ водителка е бремена и за прв пат во новата 2023 година ќе се оствари како мајка. Затоа и Дедо Мраз не е единствениот кој ќе пристигне во градот... До душа тој на крајот на годинава, а некој друг на почетокот на идната! Новогодишната елка и подароците под не се тука, но има нешто што е поважно од нив. Или како што самата Марија објавила под споделените фотографии на својот Инстаграм: „Не е важно што има под елката, туку кој е околу неа“. А околу неа оние кои работата ги запозна и зближи, а дружењето и пријателството ги претвори во... своевидно семејтво! Некогашните колешки одново заедно зашто Јулија Цветковска во друштво на Александар Блажевски и дојде на гости на Марија Петровска. А кога се оди на гости кај драгите и блиски пријатели и другари, се носат подароци, а во ваква прилика ем новогодишни, ем посебни... Зашто блажената состојба на домаќинката напредува, па штом наскоро ќе стане мајка, семејството ќе се прошири за уште еден член. Она  нејзиното, дома, ама и оноа големото „Бекстејџ“ семејство на кое по редот на нештата новиот член (ќе) му припаѓа. На истото она медиумско семејство кое неговата мајка пред 15 години заедно со нејзините гости го основа... И тоа се' уште трае. Како што трае и големото пријателство, полно со длабока, искрена и неизмерна љубов со некогашните колеги, со кои станаа речиси... семејство. Затоа... „Добредојде во нашето големо Бекстејџ семејство“, малечок! Фото: Инстаграм принтскрин/ Backstage/marija_petrovska]]>

„National Geographic“: Една земја од поранешна Југославија се најде меѓу 25-те дестинации кои треба да ги посетите во 2023 година https://arhiva.vistina.com.mk/national-geographic-edna-zemja-od-poraneshna-jugoslavija-se-najde-megju-25-te-destinacii-koi-treba-da-gi-posetite-vo-2023-godina/ Wed, 30 Nov 2022 14:51:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278059

Американското списание „National Geographic“ објави листа од 25 дестинации кои треба да ги посетите во 2023 година, па можеби ќе најдете инспирација за наредното патување токму во овој текст. Никогаш не е премногу рано да се почне со планирање на големо патување наредната година. Комплетната листа на „National Geographic“ е поделена во пет категории, а ние се надеваме дека 2023 година без оглед на големата инфлација и глобалната криза сепак ќе биде добра година за патувања и само ќе продолжи растот којшто е забележан во тековната година. Листата е поделена во пет категории, а на неа се најде и една земја од поранешна Југославија. Култура – места каде владее историјата 1. Аписки пат (Италија) 2. Пусан (Јужна Кореја) 3. Пештерите Лонгмен (Кина) 4. Египет 5. Чарлстон (Јужна Каролина)
 
View this post on Instagram
 
A post shared by priscilla corti (@prisciinwonderland)

Природа – истражување на дивината, прекрасните предели 1. Шкотска 2. Боцвана 3. Словенија 4. Национален парк Биг Бенд (Тексас) 5. Азорските острови
„National Geographic“ ја опишува Словенија како долгогодишен лидер во одржлив туризам којашто има прекрасни велосипедски патеки, но и каде што може да уживате во посета на лозја, места каде се прави и препродава сирење и други производи.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Slovenia (@slovenia)

Авантура – адреналински екскурзии на отворено 1. Нов Зеланд 2. Choquequirao, Перу 3. Јута 4. Австриски Алпи 5. Национален парк Revillagigedo, Мексико
Заедница – дестинации на еко и одржлив туризам 1. Додеканез, Грција 2. Милвоки, Висконсин 3. Алберта, Канада 4. Лаос 5. Гана
Семејство – инспиративни места за сите возрасти 1. Тринидад и Тобаго 2. Железница Сан Франциско, Калифорнија 3. Колумбија 4. Манчестер, Велика Британија 5. Швајцарија
Извор: Точка.мк]]>

Марија Петровска е бремена: Некогашната новинарка и водителка на „Бекстејџ“ за прв пат ќе стане мајка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-petrovska-e-bremena-nekogashnata-novinarka-i-voditelka-na-bekstejdz-za-prv-pat-kje-stane-majka-foto/ Fri, 11 Nov 2022 11:08:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275415

Деновиве најгледаниот и најпопуларен естраден ТВ магазин – „Бекстејџ“ со гламурозна прослава го одбележа своето 15-годишно постоење. Низ тимот кој ги создава и презентира естрадните „приказни од зад сцената“, за неговата деценија и пол постоење минале многу постави.   Една од оние која најмногу се памети е секако онаа првата, која го кршеше мразот и пробиваше патото кон успехот на „магазинот од зад сцената“ кој треа цела деценија и пол. Во неа една половина од ударниот новинарско-репортерски и водителски тандем беше Марија Петровска. Таа за жал на прославата не се појави од многу оправдани причини, зашто некогаш многу популарната Маца веќе со години не живее во Македонија. Но, затоа она што се појави како фотографија која осамна на нејзиниот Инстаграм покажа нешто што израдува многумина кои ја познаваат. Зашто некогашната „Бекстејџ“ новинарка и водителка објави фотографија кој покажува дека е бремена. Марија споделила фотографија на која е во женско друштво, а на истата иако е во црно долг фустан, убаво се гледа баеги нараснатото трудничко стомаче на македонската убавица со словенечка адреса на живеење. Имено, Марија сега живее во Словенија, на релација Марибор-Цеље и се занимава со маркетинг, адвертајзинг и ПР. Љубовта и животните околности ја однесоа во некогашна најсеверна ЈУ република, каде живее со својот избраник, Михаел Сказа. По неколку години заедничко живеење, Маца обзнани дека е бремена. Според фотографиите, некаде е во фаза на нешто повеќе од половина од бременоста, но полот на бебето, ниту пак потенцијалното име се уште не го соопштила. Не барем јавно, освен, можеби на потесниот семеен круг и најблиските роднини. Во Македонија не доаѓа пречесто, иако татковината не ја заборавила. Посетите најчесто се или за божиќните празници или на лето, кога ги посетува родното Тетово и семејството, но не ги заборава ниту старите другари и најблиските пријатели. Особено не оние, со кои со години соработуваше во екипата на „ТВ магазинот од зад сцената“, како и Македонскиот радиски фестивал „МАРС“ на кој Маца беше во неколку наврати водителка, па дури и специјално доаѓаше од Словенија за како главен домаќин на вечерта, да застане на сцената. Како и во најдобрите денови, кога шармантната тетовка беше дамата која ги газеше и плочниците на македонските кафулиња и подиумите на ноќните клубови и ледината на најголемите музички фестивали како „Зигет“ во Будимпешта или калдрмата на Петроварадинската тврдина на „Егзит“ во Нови Сад и црвениот ќилим на Манаки“ во Битола или оној на  „Филмскиот фестивал“ во Кан... Едноставно Маца секојдневно ја имаше насекаде, а најмногу на ТВ екраните во секое ново издание на „Бекстејџ“, само од различна локација, случка, настан, концерт, манифестација, фестивал...  и со различни соговорници. Сега Маца е пред нов животен предизвик да стане мајка, да се оствари себеси за прв пат како родител... Како круна во животот исполнет со успешна професионална кариера! Зашто да си познат, популарен, славен, да те има секој ден на телевизија, сите да те познаваат, навистина годи... Но, да си родител, особено мајка и тоа за прв пат, е единственото чувство, кое ништо не може да го замени! Впрочем, не попусто се вели: „Една е мајка“! Фото: Инстаграм принтскрин/marija_petrovska  ]]>

Спејко и Хрисанта споделија љубов во природа: Реприза на минатото? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/spejko-i-hrisanta-spodelija-ljubov-vo-priroda-repriza-na-minatoto-foto/ Tue, 05 Jul 2022 09:24:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257081

Две сродни души,  еден во друг „зацопани до уши“…  Барем така изгледаат Дарко-Спејко и неговата веќе и не толку нова девојка Хрисанта. Уште една најнова потврда дека кумановецот и пробиштипјанката се во серизона љубов,  доказ се најновите фото-парчиња на двете вљубени гулапчиња. Повеќе од очигледно е дека русокосата убавица не се двои од своето „медиумски познато момче“ со кое очигледно ја „затераа врската“, а зошто и не би, ако „љубовта им цути“?! Вљубената двојка како доказ сподели нови фотографии, овој пат од уште едно ново заедничко патување, во познатиот туристички бисер - Блед во Словенија. Службено или приватно, или можеби Спејко и Хрисанта споиле „убаво и корисно“ - сеедно... Убавините на езерото и прекраснаото опкружување обајцата ги искористија за малку уживање и релаксација во природа. Впрочем љубовта таму и најдобро се споделува. И додека долгоногата убавици клекната на колена во леопардови бикини ги сончаше своите раскошни телесни облини во поза на менкенка, нејзиниот љубовник  ужива до неа, ама во сенка. Имено, додека Хрисанта го лови секој сончев зрак на себе за со помош на планинското сонце да го затемни својот тен, Спејко на поинаков начин го искористи сончевиот ден. Убавицата во полн сјај, со фул шминка на себе и модерни очила за сонце заносно позира, “големиот брат“  ги сонча само ножните прсти додека ја фотографира! Целата оваа љубовна идила потсетува на едно друго не така одамнешно време, кога  шармантниот кумановец беше во „голема љубов“ со неговата Инстаграм-колешка,  инфлуенсерка и модна блогерка, струмичкиот модел Љупка Митрова која како и сегашната девојка, од Спејко беше неразделна. Сепак  „љубовната идила“ колку и да изгледаше идеално, заврши неславно. Дали тоа значи дека она: „24/7 заедно“  ја убива љубовта или во прашање беа други работи, никој од нив потоа не проговори?! Ако е она првото, белким „големиот брат“ од Куманово ја научил лекцијата, па нема да ја повтори грешката, иако мора да признаете дека присуството на сексапилната пробиштипјанка  во било чија близина е само по себе повеќе од возбуда, па Спејко меѓу останатото ризикува со „реприза на минатото“?! Можеби затоа Спејко тешко и одолева, особено ако е на ред практична примена на содржината од последната книга, која сексапилната Хрисанта неодамна самата обзнани дека ја (про)читала!? Фото: Инстаграм принтскрин/hrisantam/spejko

Калиопи ќе одржи концерти во Србија и Словенија https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-kje-odrzi-koncerti-vo-srbija-i-slovenija/ Mon, 30 May 2022 12:36:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252424

Македонската поп-дива Калиопи Букле е една од ретките македонски изведувачи кои често настапуваат на просторите на поранешна Југославија,  каде ги полнат салите и плоштадите. Таа изминативе години одржа десетици солистички концерти и е чест гостин и на манифестации во Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора итн. Летната сезона на концерти, Калиопи ја почнува во Врдник на Фрушка Гора во Србија. Таа на 3-ти јуни настапува на првото издание на фестивалот „Villa“ на кој ќе се соберат некои од најважните европски хероини на уметностa. Фестивалот е дел од програмата за Нови Сад – Европска престолнина на културата. Следниот потврден настап е во Словенија. Каде таа на 28-ми јули, на фестивалот „Арсана“ во словенечкиот град Птуј ќе има заеднички концерт со музичарот Един Карамазов, кој важи за еден од најдобрите изведувачи на жичани инструменти.]]>

Кристи Петров дебитира со „две во едно“ – „Проблем“ и „Име“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristi-petrov-debitira-so-dve-vo-edno-problem-i-ime-video/ Mon, 25 Oct 2021 12:47:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224494

Кристијан Кристи Петров е младо момче, трапер од Радовиш по потекло, чие место на живеење е Словенија. Нов артист на македонската сцена кој само што почнува да го завзема своето место под естрадното и клубско небо, покажувајќи што знае, умее и може... И  тоа со две песни во едно, одеднаш, насловени „Проблем“ и „Име“. За текстот бил задолжен Тракер, веке познат на македонската сцена, миксот и мастерот ги потпишува исто така веќе проверениот Иван Јованов - Ивајо. Се работи за две песни споени во едно што е актуелно во моментов.„Го избрав тимот на Urban Records. За видеото е доволно да само да го погледнат... Инаку следната недела снимам нов freestyle во студио кај Тракер кој може да го очекувате следниот период.  Како што веќе кажав, само што почнувам да покажувам и да се докажувам, ова е само старт“ - вели младиот Кристи. Во очекување на многу новитети и  освежување од него на македонската сцена, уживајте во неговото дебитантско „две во едно“ - „Проблем“ и „Име“ визуелизирани од Гордан Божиновски, Били Д, Илија Павлов и Никола Наумовски. ]]>