Слоу Фуд гостилници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Sep 2021 08:35:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Слоу Фуд гостилници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Слоу Фуд гостилници“: Промовиран првиот водич на слоу фуд Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/slou-fud-gostilnici-promoviran-prviot-vodich-na-slou-fud-makedonija/ Mon, 27 Sep 2021 08:35:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220641

Вчера во кафе книжарницата „Литература“ беше промовиран првиот водич на Слоу фуд Македонија, прирарчник за добра и автентична храна во интересни гурмански објекти кај нас насловен како „Слоу Фуд гостилници“. Зошто „Слоу фуд гостилници“? Затоа што ја пресликуваат традицијата и ги применуваат принципите на современата кујна, го почитуваат старото што го сервираат во новото, правејќи вкусна симбиоза од минатото и иднината. Водичот го претставува гурманското богатство на 17 интересни гостилници во нашата земја, што ја промовираат регионалнaта кујна, локалните вкусови и нашиот гастрономски идентитет. Предложените места, ресторани, гостилници, деликатесни продавници за вино.., ја потврдуваат тезата дека кај нас во Македонија поради сонцето, гостопримството, амбиентот и пред се, вкусната храна, навистина добро се јаде. Како ќе препознаете Слоу Фуд гостилница? Знак на распознавање е црвеното полжавче што се наоѓа на вратите на локалите а тоа потврдува дека потеклото на храната е локално, високо квалитетно и произведено од малите фармери и занаетчии. Полжавчето ќе ви биде патоказ кон местата каде добро се јаде и пие, дека токму таму има мени- репрезент на локалната кујна што обезбедува одличен квалитет и фер цени во менито. На овој проект работеше цел тим на стручни соработници на Слоу фуд Македонија а автор на текстовите е Валентина Вања Тодоровска.]]>