сливите родија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 19 Oct 2017 13:30:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сливите родија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Балканската легенда сними нова песна и „домаќински“ спот: На Здравко Чолиќ „Сливите му родија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-zdravko-cholikj-slivite-mu-rodija-video/ Thu, 19 Oct 2017 10:40:07 +0000 http://vistina.mk/?p=521

Вчера, среда, 18 октомври,  точно напладне беше промовирано видеото за новиот сингл на балканската ѕвезда Здравко Чолиќ. Станува збор за темата насловена „Шљиве су родиле“, чии музика и текст ги потпишува Златан Фазлиќ, а аранжманот го направија Никша Братош и Дејан Петровиќ, додека видеото е во режија на Александар Керекеш – Кеки, кој работеше и на неколку од претходните екранизации на Чола.

„Шљиве су родиле“ воедно е и најава за петнаесеттиот албум во кариерата на Чола, а за оваа песна тој за првпат соработуваше со Дејан Петровиќ, кој се појавува во две улоги: како гостин со својот оркестар и како коаранжер на нумерата. SCH_8884-C „Додека го работевме демото, Никша рече дека во песната добро би се вклопиле трубачи и тоа за мене беше како сигнал за Деки, кој е најдобар трубач на овие простори, заедно со неговиот светски бенд. Тој ја прифати поканата и смисли делови кои за мене се рокенрол. Рефренот е двојка, за некого е противпожарна , а за некој наш рокенрол“, изјави Чолиќ. Кеки, Здравко и екипа од повеќе од 50 соработници, по тридневното снимање, не можеа да ја сокријат воодушевеноста од прекрасниот амбиент во кој пресстојувале. Без посебна драматургија, спотот беше снимен на еден војводински салаш на кој живеат дваесетина девојки. Дрвото на кое растат јаболки, круши, дуњи, процвета, па почна да раѓа богатство од сливи. Тогаш бликнува среќа, сè оживува, а девојките со радост им се посветуваат на домаќинските работи. SEG_9613-C-CROP (1) „Ова не може да се нарече снимање, повеќе станува збор за чист хедонизам за сите нас… уживање кое ќе го паметиме многу долго. Желбата беше да ги потсетиме постарите генерации, а новите да ги запознаеме со сликата од времињата кои го обележаа нашето детство. Да прикажеме романтика од животот на нашите баби. Географски не се ограничувавме, сакавме сè да изгледа интернационално. Затоа костимите ги набавивме директно од минхенскиот ’Октоберфест’, а реквизитите од музејот за автомобили од Америка. Само убавите девојки се од тука, домашни“,раскажува режисерот Кеки. Веруваме дека ова бајковито и емотивно враќање во времето ќе задржи насмевка на лицата и ќе побуди уште поголема љубопитност до декември, кога се очекува да излезе долгоочекуваниот албум на Здравко Чолиќ. Песната е снимана во студиото „RSL“ во Ново Место, студиото „NB“ во Загреб и во студиото на Дејан Петровиќ, „DPBB“.]]>