сликовница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Dec 2023 11:19:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сликовница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промоција на сликовницата „Највисокиот врв“ од Илина Арсова https://arhiva.vistina.com.mk/promotsija-na-slikovnitsata-najvisokiot-vrv-od-ilina-arsova/ Tue, 12 Dec 2023 11:19:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330781

Промоција на сликовницата „Највисокиот врв“ од Илина Арсова со илустрации на Иванка НиБа. Промотори: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, Виолета Танчева-Златева 17 декември, 11:00 часот, Laboratorium kafe - адреса: Бул. Св. Климент Охридски 68 (веднаш до Европски Универзитет)
Си беше еднаш едно девојче, навидум како сите други. Храбро, упорно и силно девојче. Си беше еднаш едно девојче со голем сон. Нејзината истрајност и верба во себе ја водеа по патеката за да го оствари својот сон. А тоа ја направи похрабра, поупорна и посилна. Нејзиниот сон стана реалност.
Да се живее сонот на јаве, онака како што сме си замислиле некогаш, значи вистински да се живее и да се ужива во животот. Прегрнати со верба, проникнати со истрајност и предводени од копнежот, ги освојуваме врвовите кон кои нè води срцето. Желбите стануваат реалност, копнежот – бакнеж, ликот – сјаен, а животот – прегратка.
Проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска во рецензијата за оваа сликовница ќе напише:
„Книгата-сликовница „Највисокиот врв“ од Илина Арсова како дел од едицијата„Светулка 2“ е пишувана со желба да покаже, но и да докаже, како некогашниот детски сон може да стане стварност. „Највисокиот врв“ е исповед за личната самодоверба на која треба да се работи со денешните деца. Па, така убавата вистинита приказна на познатата планинарка и освојувачка на највисоките светски планински врвови може да стане животна приказна на секое дете, страста на Илина може да се поистовети со страста на кое било дете, но и страста, желбата на Илина да се освои највисокиот врв, може да рабуди некоја заспиена/потисната страст/желба кај некое дете. И пред сѐ, сонот на Илина сака да каже дека сечиј сон е остварлив. Но и да покаже дека секој може и секој треба да ја раскаже својата приказна. И истата да ја сподели, па и нека не е (рас)кажана или напишана од писател/ка, туку од планинар/ка, како што е и таа самата. А возбудата заради освојувањето на највисокиот врв е суптилно проследена со разиграните илустрации на Иванка Ниба.“
Психологот и семеен системски советник Тина Чачоровска преку оваа сликовница потсетува:
„Илина со својата сликовница „Највисокиот врв“ ја буди љубовта кон природата, ги учи децата дека секое си има своја ѕвезда, секое од нив има свој сон и дека сосема е природно тој да се разликува од сонот на другите деца. Сликовницата вели: “Поддржувајте ги своите деца, бидете во чекор со нив и нивните цели, постојано бодрете ги и никогаш немојте да ги обесхрабрувате.“ Пораката е јасна и треба да стигне како до секое дете така и до секој родител.“ Чест ќе ни биде Вие и Вашите дечиња да присуствувате на една весела промоција на книга, каде ќе се потсетиме за сите убави нешта кои не опкружуваат и ќе збориме силата, истрајноста и упорноста кои ни помагаат во остварувањето на соништата.
Недела, 17 декември во кафетерија Laboratorium. Веднаш до Европски Универзитет.
]]>

На 8. јуни: Промоција на второто издание на култната сликовница „Бушава азбука“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-8-juni-promocija-na-vtoroto-izdanie-na-kultnata-slikovnica-bushava-azbuka/ Fri, 03 Jun 2022 12:43:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253063

Првото реиздание на култната книга за деца „Бушава азбука“ ќе биде промовирано во среда, 8 јуни, со почеток во 19 часот во Култ парк во Скопје. Уникатната сликовница од авторот Горан Стефановски и илустраторот Душан Петричиќ со која растеа генерации учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција прв пат излезе од печат пред 35 години, веднаш по создавањето на истоимената култна ТВ-серија за деца. Второто издание на „Бушавита азбука“ е во рамки на едицијата за деца и млади на издавачката куќа „Чудна шума“. На настанот промотор ќе биде книжевната критичарка и теоретичарка Александра Јуруковска, модератор ќе биде Билјана Црвенковска, а делови од книгата ќе чита актерката Тина Трпкоска. Горан Стефановски во литературата дебитира пред триесетина години со ТВ- играта „Клинч“ (1974). Оттогаш па сè до денес се пројавува како плоден и атрактивен автор, главно во драмската уметност, врзувајќи и го своето и националното име за престижни и високи домашни и интернационални награди и признанија. Во орбитата на сеопштиот интерес се пробива со драмата „Диво месо“. Стефановски е изведуван на сите македонски сцени. Почина на 27 ноември 2018 година.  ]]>