сличности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Aug 2023 10:33:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сличности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали сличностите се привлекуваат? Откријте зошто некои луѓе веднаш се засакуваат https://arhiva.vistina.com.mk/dali-slichnostite-se-privlekuvaat-otkrijte-zoshto-nekoi-luge-vednash-se-zasakuvaat/ Fri, 25 Aug 2023 14:00:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315444

Експертите тврдат дека најверојатно нè привлекува некој што е сличен на нас, но и дека привлечноста зависи од многу други фактори. Истражувањата покажуваат дека е потребно помалку од една секунда по средбата со некого за да одлучиме колку ни се допаѓа таа личност и дали нè привлекува или не. – Кај некои луѓе привлечноста се појавува по долгогодишно пријателство. Одеднаш вашиот колега или близок пријател може да ви изгледа неверојатно привлечно – вели сексуалниот терапевт Ли Норен. – Во други случаи, сè може да оди во спротивна насока, а привлечноста кон партнерот, на пример, исчезнува и потоа исто толку неочекувано повторно се појавува неколку месеци подоцна – додала таа. Ли објасни дека има многу фактори кои влијаат на привлечноста. Тие делуваат во исто време и можеби се поважни од изгледот на една личност. Ова се факторите кои влијаат на моменталната привлечност: Близина Поголема е веројатноста да нè привлече некој кој е физички поблизок со нас, како што е некој што живее во нашето соседство или колега на работа. Сличност Исто така, поголема е веројатноста да нè привлече некој што е сличен на нас. Сепак, тоа што сме слични не гарантира долговечност на врската или колку сме среќни заедно. Физичка возбуда Кога ќе сретнеме некој што не го познаваме, тоа ги зголемува шансите да почувствуваме моментална привлечност. Ист е случајот кога сме физички возбудени, односно кога пулсот се зголемува како последица на адреналинот. Расположение Ни се допаѓаат луѓето кои прават да се чувствуваме добро. Исто така, повеќе ги сакаме другите кога се чувствуваме добро за себе. Поголема е веројатноста да не привлече некој кога сме расположени. Помал избор Кога имаме помалку потенцијални партнери за избор, ги гледаме присутните како попривлечни. – Кога се чини дека партнерот е тешко да се фати, тогаш ни станува попривлечен – вели Ли Норен. Изглед Привлечноста што ја чувствуваме може да зависи и од тоа дали другите луѓе ја сметаат таа личност за привлечна. Зависи и од тоа дали во истата просторија има други луѓе чиј физички изглед ни е привлечен. – Изгледот на личноста обично е поважен на почетокот на врската отколку подоцна – објасни терапевтката. Хормони Привлечноста што ја чувствуваме е делумно одредена од нашето сетило за мирис и хормоните. Повисоко ниво на окситоцин и допамин може да го зголеми нивото на привлечност. – Навистина има многу фактори кои влијаат на тоа дали некому ќе му бидеме привлечни или не – заклучила таа, а пренесува „Your Tango“. Извор: Попара.мк]]>

Српската и македонската „секс бомба“ од истото ријалити, споделуваат и исти навики: Знаете ли што им е заедничко на Станија и Елеонора Миљковиќ? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-i-makedonskata-seks-bomba-od-istoto-rijaliti-spodeluvaat-i-isti-naviki-znaete-li-shto-im-e-zaednichko-na-stanija-i-eleonora-milkovik-video/ Wed, 02 Aug 2023 08:00:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304606

Станија Добројевиќ важи за најпознатата српска старлета. Секс бомба која од нигде - никаде со појавата на релните шоуа и социјалните мрежи стана мегапопуларна убавица без конкретна професија или што би рекле старлета. Македонската убавица Елеонора Миљковиќ  популарноста ја стекна на сличен начин како и Станија... Со учество во реалното шоу „Задруга“, а потоа преку социјалните мрежи. Обете расни убавици со раскошни атрибути дар од мајката природа, но и кај обете „надградени и фризирани“ со помош на „нејзиното величество“ - естетската хирургија доведени до перфекција. Уште во „Задруга“ во 2019 година и Станија и Елеонора не се срамеа како од мајка родени, да влезат во туш кабината и „пиштол голи“ да се тушираат пред вклучените камери на релното шоу, кое ги пренесе сите нивни телесни убавини. Подоцна Станија влегуваше и излегуваше од него, а Нора се заљуби и никогаш не се врати во ниту едно ријалити... Ама затоа и обете станаа „кралици на социјалните мрежи“ откако инфлуенсерството им стана уносна професија... Барем на Станија, а веројатно и Елеонора пристојно печали од она што на својот и не само на својот Инстаграм ќе го сподели... Станија суплементи, обложувалници козметички препарати и разна друга козметика, а Нора најчесто секси костими за капење и еротска долна облека. Впрочем и таа како и Станија има таква естетика што нема мод ен бренд од тој тип што нема план да ги види во моделите од нивниот најнов асортиман. Патем, двете не срамат да се соблечата и сликаат топлес... Најчесто по дома, која среде спална соба, која на домашниот балкон, ама сепак културно, со  мерка, за да не го нарушат востановениот бонтон... Како доказ дека културата на однесувањето може да се гради и со голи гради! Со други зборови и Станија и Нора се силиконски ријалити убавици со инфлуенсерски навики, хобија или професии сеедно, од кои може доволно добро или барем пристојно да се заработи. Освен тоа, обете се љубители на домашните миленици, на кои постојано друштво им прават нивните кученца... На Станија францускиот булдог Пабло со кого како што самата вели, посебна мала љубов дели... ... На Елеонора бишонот Болт, без кого не може додека ужива во било која прилика. И додека на сончевиот ден се релаксира во домашниот отворен базен... ... И како невеста на свадбата, кога ги дели најсвечените моменти на светот... ... А бога ми и оние - најинтимните во креветот! Но, ако мислите дека тука завршуваат сличностите на двете расни убавици, се лажете, зашто една случајна споредба покажува дека тие две имаат и уште понекоја заедничка навика. Имено Станија деновиве промовирајќи се себе си, својата женственост или некакви парчиња облека со своите Инстаграм следбеници сподели и необична навика - да се слика гола одоздола... Што би рекле од жабја перспектива, ама во огледалото послано наземи, а старлетата клеканата во проѕирни гаќички... За нова „експлозија“ од машки воздишки, „влажни погледи“, колективна желба и лавина од копнежи! Впрочем, возбудата да биде пуштена на најсилно, кај Станије е некако нормално!
Но, ако мислите дека српската старлета е пионер во ваквото позирање, сте се излажале... Токму нашата ријалити убавица Елеонора уште лани пред Станија ја направи истата работа,  се фотографираше во огледало сликана одоздола. Кадарот ништо помалку впечатлив и возбудлив - напротив... Македонската инфлуенсерка толку заводливо ниша со колковите и ја лула својата карлица, што ве фаќа  вртоглавица... Се разбира, ако подолго гледате таму каде што погледите ви се најмногу фокусирани... во најновите бикини!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Eros (@eros.underwear)

Така што Станија или Елеонора - изборот е ваш, иако навиките им се слични... Зависи од вкусот, а за него не се дискутира, зашто некои работи се премногу лични! Фото: Инстаграм принтскрин/eros.underwear/__elle.m__/stanijadobrojevic    ]]>

„Немам време и сум многу нервозна личност“, актерката Сека Саблиќ никогаш поискрена за нејзините лоши особини: „Изгледам страшно“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nemam-vreme-i-sum-mnogu-nervozna-lichnost-akterkata-seka-sablikj-nikogash-poiskrena-za-nejzinite-loshi-osobini-izgledam-strashno-foto/ Fri, 14 Oct 2022 11:13:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271374

Актерката во новиот филм „Комедија на три ката“ глуми осветољубива соседка и иако речиси целата актерска екипа веќе ја видела оваа продукција, таа малку подоцна ги сумираше своите впечатоци. Јелисавета Сека Саблиќ годинава го прослави својот 80-ти роденден, не размислува за пензија, но како што вели секогаш е искрена кон себе, а би рекле можеби и малку сурова. Легендарната актерка вели дека е задоволна од улогата на сосетката Живка во споменатата комедија и дека секогаш си наоѓа нешто што не е во ред со себе. - Го прочитав сценариото и гледам дали ќе можам,тоа никогаш не се знае. Дали ќе можам да се извлечам од некои мои клишеа, да направам нешто ново и да продолжам понатаму. Не очекував да бидат толку многу, изгледам ужасно, но задоволна сум. Не сакав да се гледам себеси кога бев помлада, но сега се прифаќам и ги гледам сите мои грешки. Секогаш ми се чини дека требаше  појако - рекла актерката и додала дали наоѓа време да пие кафе со соседите. - Не. Немам време и сум многу нервозна личност. Сите ги сакам, препознавам, разбирам и ценам, но мојот живот се состои од моето семејство, работата која сè  уште ја работам и се одморам бидејќи навистина сум старa - искрена е Сека која признава дека има сличности меѓу неа и хероината од филмот: - Има во тој однос кон синот. Мајката секогаш останува мајка. Ме привлече многу, ме инспирираше и ми беше провокативно да направам нешто. Сакав да одграм по одлучно. Можам да подвикнам, но потешко удирам со партал како Живка. Јас сум пристојна домаќинка. Фото:/ПринтскринК.Камонов/Ата Имаџес]]>

Без овие квалитети, нема добра врска https://arhiva.vistina.com.mk/bez-ovie-kvaliteti-nema-dobra-vrska/ Mon, 12 Sep 2022 13:00:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266447

Многу луѓе си ја измачуваат главата со прашања за тоа како да знаат дали партнерот е „оној вистинскиот“, кои квалитети треба да ги бара во врската или како да натера некој да го сака повеќе? Според психолозите, романтичната привлечност е многу непредвидлив и нијансиран дел од животот. Додека некои чувствуваат дека на почетокот или „кликнуваат“ или не, други сметаат дека тоа може да се случи со текот на времето Едно е сигурно, не можеме да натераме некој да не сака, а ниту нас никој може. Експертите веруваат дека три фактори се важни за да се разбуди хемијата меѓу луѓето и за двајцата, во модерна смисла, „да кликнат“. Сличен на сличен се радува Експертите за врски се согласуваат во едно – спротивностите не се привлекуваат, ниту физичката привлечност меѓу двајца луѓе гарантира квалитетна врска. Постои точка во врската каде што можеби вредностите и преференциите на партнерите се разминуваат, што ја прави врската неодржлива. Најидеално сценарио е сличностите да ги поврзуваат и да споделуваат слични вредности и интереси кои се преклопуваат, но можеби се разликуваат во некои нијанси. Можеби едниот тип е посмирен, другиот поимпулсивен или еден од партнерите е екстровертен, а другиот не. Општо кажано, едниот го носи она што другиот не го носи. Се разбира, ова се научни генерализации и некои односи работат против сите можни правила дефинирани од науката. Ова може да го разберете ако некој изјави дека врската во која се наоѓа „само функционира и нема објаснување за тоа“. А можеби и не е потребно. Посветеноста гради добри односи Не се потребни студии или истражувања за да се објасни важноста на довербата и посветеноста за да се изгради и одржи здрава романтична врска. Сепак, едно истражување го докажа тоа со анализа на податоците на 11.000 анкетирани парови, откривајќи дека посветеноста во врската е всушност еден од најважните фактори за таа да успее. На научниците им било тешко да предвидат дали врската е среќна или не од мноштвото податоци пред нив. Довербата во врската, ценењето, блискоста, конфликтите и комуникацијата не се ништо помалку важни од предвидувањето дали парот е во посакувана врска или не, пишува „Psychology today“. Љубовта очигледно е загатка и за науката. Блискоста меѓу партнерите е многу важна Можеби некои мислат дека хемијата и блискоста меѓу партнерите не се важни за здрава врска, но тоа значи дека се неинформирани. Сексуалното задоволство и компатибилност во оваа смисла е третиот важен фактор кај паровите. Хемијата меѓу партнерите е неопходна за да функционираат, а тоа е она што ја разликува романтичната врска од другите како пријателството. Науката не може да ви помогне да најдете партнер, но со некои основни критериуми ќе дефинира дали тој/таа е вистинскиот. Доколку овие три важни предуслови се присутни во врската, голема е веројатноста да „кликнете“. извор:popara.mk]]>

Тошиќ ја заведуваше, а Карлеуша ја копира Сораја? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/toshikj-ja-zaveduvashe-a-karleusha-ja-kopira-soraja-foto/ Mon, 13 May 2019 08:53:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87441

Откако одекна како бомба веста дека Сораја Вучелиќ тајно се гледала  со Душко Тошиќ, кој и подарил нараквица во вредност од 60.000 евра, неговата се' уште законска сопруга Јелена Карлеуша како да почна да се угледува на старлетата.
Српската „скандал малечка“ секојдневно објавува фотографии на социјалните мрежи каде што повеќе од јасно се гледаа дека заинтересирано ги следи животот и работата на поранешната учесничка во "Големиот брат". Во прилог на тоа, сведочи и последната објаваа на Јелена Карлеуша.
Пејачката споделила фотографија како седната на креветот позира во деколтиран фустан во кој до израз доаѓаат нејзините бујни гради. И ништо не би било чудно доколку наводната, поранешна љубовница на нејзиниот сопруг, неколку дена пред тоа не сподели фотографија на ист начин, дури и во истиот фустан, но со различна боја. Единствената разлика е што Сораја не го врзува  околу вратот.
Следбениците забележаа уште некои сличности.
„Леле, Карлеуша ја симнала Сораја. Мал нос, изразени јаболчници, сини коси очи, мала глава, големи гради, полни усни... сето тоа е заштитен знак на Сораја“ - се само некои од коментарите.]]>