сличност – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Feb 2024 09:46:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сличност – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По Карлеуша и Прија и наша Антониа: Од грло до глуждови во леопардов принт креација, како моден тренд или комшиска имитација? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-karleusha-i-prija-i-nasha-antonia-od-grlo-do-gluzhdovi-vo-leopardov-print-kreatsija-kako-moden-trend-ili-komshiska-imitatsija-foto/ Thu, 22 Feb 2024 09:45:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339687

Покрај песните и пеењето, однесувањето, изгледот, имиџиот... заедно со доброто менаџирање се пресудни за кариерата на еден естраден уметник. Особено за пејачките, кои покрај „златното грло“ би требале да поседуваат уште грст „златни нешта“ за да успеат, меѓу кои она што прво паѓа в очи е физичкиот изглед и секако стајлингот! Од фризура до обувки и се разбира гардеробата која ја носат на себе, зашто како што вели старата поговорка: „Руба краси, руба гнаси“ е особено изразена на естрадата! Таму мора да си впечатлив, уникатен, оригинален... да не изгледаш „евтино и петпарачки“, туку стајлингот да ти биде како „од милион долари“! Се разбира, секој/а не може да си  ги дозволи скапите брендови, ама затоа мора и може да си ги задржи оригиналноста и прилагоди вкусот на сопствениот физикус и комплетен изглед воопшто. Впрочем понекогаш и со поевтини модни парчиња, ако се добро вкомпонирани, може да се изгледа „холивудски“ иако на себе не носите скапи светски марки!
Сепак, многу често на естрадата се случува сакајќи да ги следат модните трендови, поедини естрадни ѕвезди случајно или намерно да бидат исто облечени во различно време и прилики!  Онаа што прва на себе ќе го исфорсира трендот е најчесто оригиналната, останатите што по неа ќе се променат во иста или слична комбинација се „бледа копија“? Или барем така сакаат да ги прикажат медиумите и обожавателите, иако можеби и не е баш така, зашто трендот е тренд и модата не е наменета само за една личност, ама сепак... Која прва ќе ја примени откако трендовски ќе се промени, таа е „модната кралица“, а останатите се само... „една од многуте по неа“! Токму една иста модна комбинација со животински леопардов принт е пример за тоа која е која на регионалната естрада кога е во прашање последната мода! Јелена Карлеуша во тој поглед важи за неприкосновена, па уште во почетокот на ноември минатата 2023-та, и овој пат беше првата која изгледаше како „дива мачка на вжештениот естраден подиум“! Од бунда од вештачко крзно со црни дамки... ...Преку длабоко деколтиран корсет и чизми до препони со истата шара, „белградската мала од скандала“ покажа дека и овој пат е уникат! Деновиве новата регионална фолк мегаѕвезда Александра Пријовиќ имаше серија концерти низ регионот. На еден од своите настапи во преполните сали во Хрватска, од грстот модни комбинации на сцената се појави во иста комбинација од леопардов принт, само малку стилски поразлична. Место корсет, деколтирано мини фустанче над колена, чизмите слични како кај колешката, а сето тоа надополнето со високи ракавици до надлактици, секако со истиот леопардов дезен! По Хрватска и Србија, дојдовме и до Македонија...  каде по Карлеуша и Прија вака „диво“ променета ја видоме и наша Антониа! Од грло до глуждови во леопардов принт креација, како следбеник на модниот тренд или само комшиска имитација? Дилемата ви ја оставаме вам, кој како сака да го толкува овој стајлинг на Антониа, но едно е сигурно, дека и нејзе истиот ништо помалку добро не и прилега! Инаку, животинските дезени се нешто во што поретко ја гледаме Гиговска, но таа покажа дека одлично изгледа и во вакво издание. И покрај тоа што е закопчана до грло, Антониа изгледа мошне атрактивно и доволно провокативно за да ја разбранува фантазијата и дополнително поттикне возбудата на својот настап на кој вака се појавила. Патем,  креација е дело на македонската дизајнерка, кумановката Ива Спасовска и нејзиното модно ателје, а во која Гиговска исто така изгледа како „дива мачка“... Леопард, гепард или јагуар - проценете сами од шарата. Она што го пее меѓудругото на сцена, носи наслов - „Хиена“! Фото: Инстаграм/karleusastar/aleksandraprijovic/antoniagigovskaa
       ]]>

Овие две познати „Онли фанс“ Македонки имаат најспецифични секси задници: Теодора Мартиновска одзади е најнадарена, а Дијана најтетовирана? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-dve-poznati-onli-fans-makedonki-imaat-najspetsifichni-seksi-zadnitsi-teodora-martinovska-odzadi-e-najnadarena-a-dijana-najtetovirana-foto-video/ Wed, 21 Feb 2024 10:27:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339488

Јавните фаци отсекогаш привлекувале големо внимание, разбирливо, затоа што се познати и во одредени периоди  повеќе или помалку популарни, па покрај нивната кариера, приватниот  живот отескогаш најмногу „ја скокотка“ јавноста. Но покрај приватноста, она што може веднаш да се види со голо око е и физичкиот изглед, особено кога се работи за позатите дами, за чии атрибути „се лепат влажните машки ( и не само машки) погледи“, а изгледот ги бранува сетилата, ја стартува возбудата, ја поттикнува фантазијата... Особено ако се работи за убавици кои зрачат со својата телесна дарба и сексапил, нема кој не би посакал „доброволно да падне“ на нивната фатална привлечност. Така е секаде во светот, така е и кај нас. Но, сте се запрашале ли од мноштвото македонски естрадни дами, од морето на сите тие манекенки, пејачки, актерки, водителки, старлети... кои се оние убавици кои кои имаат нешто специфично во своите пропорции? Нешто толку очигледно, видливо или поразлично од сите останати, иако некој ќе рече дека и овде се работи за различни вкусови!? Можеби, две  познати македонски дами маат неколку очигледно видливи заеднички телесни карактеристики, а сепак се посебни во едно нешто: Нивните големи, овално-извајани секси задници, како дар од Бога кај овие македонски убавици! Теодора Мартиновска стана позната како првата Македонка која отвори своја „Онли фанс“ страница. Стружанката со ангелски лик и сајз -плус димензии на поедини телесни атрибути на своите разголени секси фотографии, клипови и фотосесии фасцинира со своите  телесни чудесии. Но она што на оваа секси дама доминира е секако нејзината голема овална задница, на која може да и позавидат и убавици од типот на Ники Минаж, Коко Ти или семејството Кардашијанови. Или што би рекле Изтеа, (како што и е на Инстаграм „он лајн прекарот“) односно Теодора Мартиновска одзади е најнадарена! А дека нејзиниот главниот телесен адут не само што „на прв поглед пали“, туку Теодора знае и умее како обилно да го користи за своите „Онли фанс“ цели.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Teodora martinoska (@itsteapriv)

Мешањето и тверкањето е дел од возбудувањето на нејзината „ворасна клиентела“ на споменатата страница, па затоа струшката убавица тоа толку добро го усовршила, како за во учебници и книги.
@teodoramartinoska #xyzbca #foryoupage #fyp ♬ Benjamins Deli - JRitt
Ја гледате со возбуда и уживате дур не ви потечат лиги! Се разбира од „умешноста на изведбата“ на Изтеа... И вам и на неа! Дијана Оу Џи е естрадна фаца од поновото време, иако телесно во многу што слична на Теодора. Во градбата од Бога надарена и однапред и одзади, со бујни гради и во ликот убавица со речиси исто толку гигантска задница. Она што дополнително ги спојува е тоа што и македонската (т)раперка икако стружанката има своја „Онли фанс“ страница, која обилно ја ползува и како што вели, од се' што работи, од неа најдобро заработува. Затоа и постојано ја освежува со разголени фотографии и клипчиња на кои Дијана ја споделува сета своја телесна убавина со нејзината возрасна „Онли фанс“ клиентела. Но, она што ја прави специфична се нејзините тетоважи. Не дека некои други македонски јавни дами ги немаат, но пејачката е позната по то што ги има токму на она што и е еден од главните еротски адути. Така што ако  Теодора одзади е најнадарена,  Дијана таму е најтетовирана? Симболиката на тетоважите - само нејзе и е позната, ама затоа во нејзината уметност на „еротската позадина“ можат да уживаат многумина... Се разбира, само визуелно во она што е видливо и секако по некој одбран поединец, во... нешто многу „поопипливо“! Фото: Инстаграм/itstteaa/itztteaa/@itsteapriv/iamdijana.og  

Познатите Македонки се пуштија во потрага на своите двојнички: Овој пат Анастасија Деа и Александра Јанева се гледаат во ликот на овие светски ѕвезди (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-makedonki-se-pushtija-vo-potraga-na-svoite-dvojnichki-ovoj-pat-anastasija-dea-i-aleksandra-janeva-se-gledaat-vo-likot-na-ovie-svetski-zvezdi-foto/ Fri, 22 Dec 2023 09:31:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332056

Кога на социјалните мрежи ќе се постави одреден предизвик, тогаш инстантно станува тренд кој повеќето сакаат да го пробаат. Еден таков беше со објавувањето на фотографии од детството, потоа такви од пред 10 години, апликации како би изгледале постари и сл... Сега, пред крајот на годината на профилите од социјалните мрежи кружи нов тренд на Инстаграм, односно пронаоѓање двојници низ познатите. Па така, нашите познати Македонки не останаа имуни да бидат дел од ова и да покажат или да се пофалат со кои светски убавици некогаш им кажале дека физички потсетуваат една на друга. Прва која почна беше Миа Костова за која многупати досега ја споредувале со Наташа Беквалац, па и со Тамара Тодевска, а таа сега додаде дека споредба имало и со ликот на легендарната Мерилин Монро и пејачката Гвен Стафани.
Сега своите сличности со познатите за кои и рекле дека потсетува беше и новинарката и водителка Анастасија Деа Илиевска која смета или сметаат дека е има физичка сличност со актерките Џенифер Лопез, Блејк Лајвли и Шерон Стоун. Да си поласка или само да покаже дека и спомнале дека личи на некоја позната дама, беше и струмичанката Александра Јанева.
Пејачката смета дека е легитимно да ја објави славната четворка дами на кои таа наликува, а тоа се: Џанифер Лопез, Цеца Ражнатовиќ, Ева Лонгорија и Адел. Дали и Вие гледаде сличност како што велат тие? Oд горе наведеното излезе дека и Деа и Александра се пронајдоа во ликот на Џеј Ло, па оттука и дека двете си личат, а дали е тоа така останува се’ на индивидуалната перцепција. фото: Instagram printscreen/ anastasiia_dea/ miandrija/ aleksandrajanevaofficial]]>

„Не биди лицемерна“: Бритни Спирс и Селена Гомез повторно во „војна“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-bidi-litsemerna-britni-spirs-i-selena-gomez-povtorno-vo-vojna-foto/ Mon, 30 Oct 2023 13:05:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324543

По завршувањето на мемоарите „The Woman in Me“, Бритни Спирс се посвети на пишување песни. „Напишав песна!!! Пејачката возбудено сподели на Инстаграм клип од нејзиниот спот „Overprotected“ од 2001 година. Иако не откри многу, навести дека новата песна се вика „Hate You to Like Me”. Објаснила и дека не се кара со никого. Но, фановите брзо ја забележаа сличноста помеѓу овој потенцијален наслов на песната и хитот на Селена Гомез „Lose You to Love Me“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Maria River Red (@britneyspears)

- Дали повторно ја засенува Селена? напиша еден корисник на Твитер. -  Бритни Спирс не може да ужива во своите мемоари и сите пофалби што ги добива... Мораше да најде начин некако да ја внесе и Селена“, напишал друг корисник. Спирс претходно беше обвинета дека ја критикувала Селена во октомври 2022 година поради говорот на Селена во 2016 година во кој таа им кажа на младите девојки дека не сака да ги гледа нивните тела на Инстаграм. Во тоа време, Спирс се чинеше дека алудираше на музичкото видео на Селена од 2020 година „Ice Cream“ со Blackpink. „Тие велат: „Ова не е нешто што би го направила“, но овие жени имаат буџет од четири милиони долари и снимаат видео како цицаат и лижат домашен сладолед“, напиша Бритни тогаш. „Следниот пат кога ќе видам некој со голем буџет како лиже  и држи праведни говори како ги срами другите жени затоа што ги изложиле нивните тела, ќе кажам  да не бидат лицемерни, продолжи Бритни. Набргу потоа објави уште една објава во која објасни дека нејзиниот пост „нема никаква врска со никого конкретно“. Од друга страна, сега некои не веруваат дека совпаѓањето на насловите на нивните песни има врска со тоа. „Само затоа што Бритни Спирс објави текст кој имитира песна на Селена Гомез не значи дека се работи за Селена“, напиша еден корисник. Мемоарите на Спирс во моментов се број 1 најпродавана книга на Амазон и дава увид во минатите односи на Спирс со Џастин Тимберлејк и Кевин Федерлајн. Фото: Принтскрин/Getty images/Профимедиа]]>

Милица Тодоровиќ ги покажа сестрата и братот, а сличноста помеѓу нив е очигледна (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/militsa-todorovik-gi-pokazha-sestrata-i-bratot-a-slichnosta-pomegu-niv-e-ochigledna-foto/ Thu, 15 Jun 2023 07:34:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306348

Милица Тодоровиќ не крие колку е приврзана за семејството, а малкумина знаат дека пејачката има две сестри Јована и Анѓела, како и брат Владан. Нејзината сестра Јована е мажена, а и нејзиниот зет одреден период бил нејзин менаџер. Сепак, се шпекулираше дека меѓу нив имало несогласувања, но пејачката никогаш не сакала да ги коментира семејните односи. Милица често објавува фотографии од нејзините сестри на Инстаграм, нагласувајќи дека е горда што ги има, а нејзините обожаватели истакнуваат дека е очигледна сличноста меѓу неа и сестрите. Тодоровиќ порасна во големо и хармонично семејство, а во едно интервју откри дека и таа посакува да има свое семејство. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милица Тодоровиќ/Антонио Ахел/Ата Имаџес]]>

Единствената сестра на Цецa Ражнатовиќ е Лидија Оцокољиќ но, еве што се случи во меѓувреме (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/edinstvenata-sestra-na-ceca-raznatovikj-e-lidija-ocokoljikj-no-eve-shto-se-sluchi-vo-megjuvreme-foto/ Fri, 23 Sep 2022 11:20:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268447

Познато е дека Цеца Ражнатовиќ е најпознатата пејачка дива и дека на повеќето им е пример. Она што е сигурно е фактот дека таа и понатаму е убава и строго се грижи за својот физички изглед. Редовната нега и вежби направија фолкерката да изгледа младешки, а сето тоа благодарение на стручњаците на кои им е верна со години. Неприкосновена убавица е и нејзината сестра Лидија Оцокољиќ, која за разлика од Цеца негува малку поинаков имиџ - русокоса е и води нешто потивок и мирен живот. Освен семејството, со кое Цеца соработува перфектно, има и колеги кои многу ја ценат и почитуваат нејзината работа, но се чини дека некои колеги тоа го прават и премногу. Познатата фолкерка Јана, за која многумина велат дека е голема колешка и пријателка, пред неколку дена објави фотографија на која нереално потсетува на Ражнатовиќ. Црната коса, шминка и усни ја истакнаа убавината по која Цеца е позната со години, а поради оваа сличност многумина се пошегуваа и велеа дека Јана е сестрата која Цеца долго време ја криела од јавноста. Сличноста е неверојатна, ќе се согласите, но засега единствената сестра и најголемата љубов и поддршка на Цеца е споменатата Лидија. Фото:Принтскрин/Инстаграм/janavip/Цеца Ражнатовиќ]]>

Сестрата на Драгана Мирковиќ ретко се појавува во јавноста, таа и е десна рака, а само погледнете колку личат (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sestrata-na-dragana-mirkovikj-retko-se-pojavuva-vo-javnosta-taa-i-e-desna-raka-a-samo-poglednete-kolku-lichat-foto/ Fri, 02 Sep 2022 09:45:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265242

Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ може да се пофали со успешна повеќедецениска кариера, но и хармоничен семеен живот со сопругот Тони и наследниците Марко и Мануела, но малкумина знаат дека пејачката има и сестра, која покрај сопругот и наследниците, е нејзината најголема поддршка. Душица Крумов ретко се појавува во јавноста, а нејзините фотографии откриваат дека многу личи на својата позната сестра. Душица може да се пофали со совршена убавина, а за Драгана е многу приврзана иако живеат стотици километри една од друга. Инаку, Душица е вработена во телевизијата на Драгана, каде што и е доверена целата работа кога пејачката и нејзиниот сопруг Тони не се присутни. Да потсетиме, пејачката изгради бајковит живот со сопругот и децата во Австрија, а во неколку наврати потенцираше колку и е важно семејството и колку и значи нивната поддршка. Фото:Принтскрин/Фејзбук/Душица Крумов/ТВ Пинк]]>

Преобразба на македонската мисица и пејачка: Дали е Карлеуша или нашата Кристина Димитриевска? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/preobrazba-na-makedonskata-misica-i-pejachka-dali-e-karleusha-ili-nashata-kristina-dimitrievska-foto/ Wed, 01 Jun 2022 08:23:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252630

Терндовите кога е во прашање жанската убавина се нешто кое кога ќе се наметне преминува во строг конформизам меѓу припадничките од понежниот пол. Па така, сигурно многупати сте помислиле колку девојки и жени потсетуваат една на друга откако стана редовна пракса речиси секоја втора да има хијалуроски филери во усните или народски кажано пополнети или зголемени усни, коригиран нос, јаболчници... Овој тренд е задолжителен кај оние што се занимаваат со јавна професија, така што сите наликуваат една на друга кога ќе направат и слична фризура, боја на коса, шминка...
 
View this post on Instagram
 
A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Со една од своите понови преобразби кои ги прави доста често, нашата мисица и надежна пејачка Кристина Димитриевска, неодоливо потретува на поп-дивата Јелена Карлеуша на нешто помлади години. На прв поглед ќе се запрашаш дали е Јелена или Кристина? Иако по возраст имаат доста разлика, моќта на шминката и корективната естетика го прават своето. Од фотографиите знаеме која е која, но дека сите потсетуваат една на друга е неспорен факт. Што мислите?]]>

5 причини зошто партнерите во бракот и долгите врски почнуваат да си личат https://arhiva.vistina.com.mk/5-prichini-zoshto-partnerite-vo-brakot-i-dolgite-vrski-pochnuvaat-da-si-lichat/ Wed, 25 May 2022 12:43:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251886

Луѓето кои долго време се во брак или во емотивни врски почнуваат да си личат еден на друг, особено кога станува збор за некои психолошки карактеристики, покажаа многу истражувања на оваа тема. Ова, како што тврдат психолозите, не е големо чудо, бидејќи со текот на времето, од луѓето со кои сме блиски, несвесно стекнуваме некои особини или почнуваме да ги имитираме. Насока во психологијата – бихејвиоризмот тврди дека секојдневниот контакт ги става луѓето во ситуација да ги имитираат гестовите и изразите на лицето едни на други на несвесно ниво. Тоа се случува и во пријателствата, но многу почесто во емотивните врски, а особено се гледа кај паровите кои се хармонични и кои често имаат дури и некои слични физички карактеристики. 1. Имаат заедничко искуство Некои психолози наведуваат дека една од причините поради која паровите кои се во брак или долги врски почнуваат да личат еден на друг е тоа што ги доживеале истите искуства кои оставиле ист белег на нивните лица. Според нив, тие личат еден на друг поради заедничките емоции како смеа, тага и моменти кои формираат линии на нивните лица. 2. Адаптација кон партнерот Луѓето кои се во долга врска или брак се прилагодуваат еден на друг кога се во прашање желбите, желбите и навиките. Како што поминува времето, тие почнуваат несвесно да го имитираат стилот на другиот. Различните ситуации низ кои поминуваат двајца заедно, доведуваат до формирање на нивниот карактер, но и мускулите на лицето, што најдобро се гледа на насмеано или намуртено лице. Со текот на годините, ова остава впечаток дека тие личат еден на друг. 3. Избор по генетска сличност Некои психолози се склони да веруваат дека жените и мажите избираат партнери кои се генетски слични на нив. Оваа сличност не е случајна. Истовремено, тоа се поврзува и со тврдењето на Фројд дека „луѓето ги привлекуваат луѓе кои изгледаат како еден од нивните родители“. Психолозите тврдат дека најчесто избираме партнери кои личат на нашите родители од спротивниот пол, жени кои личат на нивните татковци и мажи жени кои личат на нивните мајки, но често и на сестри. 4. Влијание од животната средина Многу луѓе избираат партнери од нивната околина, што значи дека е голема веројатноста да се занимаваат со слични активности. Многу луѓе во партнерот бараат истомисленик и некој кој го има нивниот академски статус. Ако го вклучиме и ова во причините, јасно е дека тоа влијае и на сличноста меѓу партнерите. 5. Каква енергија зрачиме, привлекуваме такви партнери Во повеќето случаи, нашиот избор на партнер е слика на нашите мисли. Често се случува луѓето кои долго време се во пар да се надополнуваат, па изгледа како мислата да завршила со другиот. Тоа е сосема природно во долготрајните врски и бракови, особено ако се компатибилни. извор:попара.мк]]>

Игор уште во војска сфатил дека е копија на татко му, маестро Александар Џамбазов: „ЈНА, стражарот на капија, ‘брат ми’, сексот и песот“… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-ushte-vo-vojska-sfatil-deka-e-kopija-na-tatko-mu-maestro-aleksandar-dzambazov-jna-strazarot-na-kapija-brat-mi-seksot-i-pesot-foto/ Tue, 28 Sep 2021 07:38:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220806

Природно и нормално е децата да личат на своите родители. Во ред, не мора баш да се сто отсто „плукнати“ на нив, ама сепак... Барем малку... Колку да не ти го спомнуваат комшијата! Во случајот на Игор Џамбазов е евидентно дека нема дилеми. Дефинитивно, тој колку повеќе старее, а татко му, маестро Александар Џамбазов станува се' повозрасен , се' повеќе си личат. Или подобро кажано, стануваат речиси идентични... Како постар и помал брат! Е токму тука лежи приказната која Игор ја раскажал на својот Инстаграм, дека многу личи на татко му всушност сфатил уште мнооооогууу оддамна... Пред цели 40 години, уште како тинејџер или поточно како војник во тогашната ЈНА. Имено, служејќи и на тогашната татковина како вистински маж, еден ден дежурниот го повикал и му кажал дека некој му дошол на посета. Кога Игор прашал кој, тргнала забуната, односно разврската со поента во која го вмешале и братот и песот и сексот и...  Впрочем еве ја приказната: „1981 бев во војска. У Београду. Кога прв пат ми кажаа дека ми дошла посета 'из Македоније', прашав 'кој'? А дежурниот на капијата ми рече: 'Како ко, па дошо ти брат'! Бидејќи од сигурни извори знаев дека имам сестра, а не брат, бев сигурен дека е некоја грешка. И кога конечно стигнав до капијата, го видов татко ми Џамбаз. Во фармерки, тексас јакна и очила 'ленонки'. А дежурниот ми вика: 'Брат ти је закон. А како личите, је.о вас пас'. И денес сфаќам да је био у праву... П.С. Пас нас још није је.о, ама ние се повеќе си личиме...“ - раскажува Џамбазов за тоа дека физичката сличност со татко му Александар ниту е случајна ниту е „од вчера“! Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov/@stefan.rajhl]]>