слепо црево – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 08 May 2023 12:05:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png слепо црево – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Воспаление на слепо црево: Ова се симптомите поради кои треба веднаш да се јавите на лекар https://arhiva.vistina.com.mk/vospalenie-na-slepo-tsrevo-ova-se-simptomite-poradi-koi-treba-vednash-da-se-javite-na-lekar/ Mon, 08 May 2023 12:05:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301054

Слепото црево е дел од дебелото црево кое се наоѓа во долниот десен дел на стомакот (абдоменот). Додека сме деца, слепото црево претставува активен дел од имунолошкиот систем кој му помага на телото во борбата против разните болести. Како што старееме, слепото црево престанува да ја има таа функција, а други делови од телото продолжуваат да помагаат во борбата против инфекциите, пренесува „Johns Hopkins Medicine“. Меѓутоа, слепото црево може да се инфицира и тогаш доаѓа до воспаленија, а ако не се лекува на време може да пукне и да предизвика сериозни компликации, понекогаш дури и опасни по живот. Пукањето на слепото црево во повеќето случаи се случува до 72 часа откако ќе се јават првите симптоми. Поради тоа воспалението на слепо црево бара итна медицинска интервенција за да се спречат кобни последици. Што предизвикува воспаление на слепо црево? Воспалението на слепо црево се случува кога неговата внатрешност е блокирана. Воспаление можат да предизвикаат разни инфекции како вируси, бактерии или паразити во дигестивниот тракт. Исто така, понекогаш може да се појави воспаление кога слепото црево е блокирано со столица. Како да препознаете воспаление на слепо црево? Симптомите на воспаление на слепо црево варираат од личност до личност, но најчесто се јавуваат болки во стомакот. Како што објаснуваат докторите, болките во главно започнуваат во подрачјето околу папокот и преминуваат на долната десна страна на стомакот. Како што поминува времето, болките во повеќето случаи се влошуваат, а особено се силни кога лицето се движи, диши длабоко, го допира подрачјето на слепото црево и кашла или кива. Останатите вообичаени симптоми вклучуваат: - мачнина и повраќање - губење на апетитот - покачена телесна температура - потешкотии со празнење на цревата (констипација) - дијареја - надуеност извор:точка.ком.мк]]>

Од хируршка сала речиси директно на сцена: Поце го отпеа најдобриот концерт со „Меморија“ само неколку дена по извршената операција (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-hirurshka-sala-rechisi-direktno-na-scena-poce-go-otpea-najdobriot-koncert-so-memorija-samo-nekolku-dena-po-izvrshenata-operacija-foto/ Mon, 13 Jun 2022 07:55:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253884

Животот отсекогаш пишувал романи, во кои се содржани настани кои понекогаш ја испишуваат историјата. Во случајов на групата „Меморија“, музичката, а за некого од нив и човечката. Долго најавуваниот спектакл навистина тоа и беше. Иако наместо под отворено небо, заради временските неприлики, овој пат под „ѕвезденото небо“ направено од мобилните на публиката и светлосните ефекти во А1 арената - „Борис Трајковски“, каде бендот ја истури сета своја енергија, публиката возврати со невиден фидбек, за заедно да се сплотат музиката и радоста, пркоста и националната гордост, љубовта и емоциите, песната и душата... како никогаш досега! Забележливо беше дека членовите на бендот покрај беспрекорната музичка уиграност и знаење, заедно „дишеа“ како еден организам, од кој секој посебно го одработуваше својот свиречки дел, но и несебично даваша дел од себе, од својата сопствена енергија и харизма, кои ја споделуваа со публиката. Како и во секој бенд пејачот е оној, во кого се вперени сите очи, од чие грло излегува песната, стиховите, оној кој ги нивелира чувставата, ја владее емоцијата, нешто што му доаѓа како јаготка на шлагот од тортата. Не е спорно, а и општо е познато дека еден од двата вокали на „Меморија“, Апостол  Икономов е одличен пејач, врвен вокал, но таа вечер Поце се надмина себе си. Не само заради извонредно испеаниот концерт без ниту еден фалш, или заради сувереното владеење на сцената, на која со неподнослива леснотија на неговиот милозучен, а моќен глас ги изведуваше нумерите... Туку и заради нешто друго, што освен членовите на бендот, уште само малкумина го знеа. Имено, за време на подготовките и музичките проби, само неколку дена пред концертот на пејачот на „Меморија“ враќајќи се навечер дома му се слошило. Според зборовите на самиот Поце, почувствувал тегоби во стомакот, а веднаш потоа и слабост. Во прв момент помислил дека се работи за замор, а и заради тоа што дента слабо јадел, па дури после пробата седнале на пообемен оброк, па претпоставил дека можеби народски речено, се работи за „прејадување“. Но, откако пејачот стигнал дома, тегобите станувале се потешки, слабоста се' поголема, а болката се' посилна и неминовно било да замине на лекар. Набргу воспоставената дијаноза - акутно воспаление на слепото црево, кое мора под итно хируршки да се отстрани. Со еден збор, неминовна е операција. Реакцијата на Поце во прв момент била: „Никако! За неколку дена имаме голем концерт! Нема шанси заради мене да се откаже после сите овие најави и подготовки“! Но, како здравјето е пред се', а животот разбирливо нема цена, Поце морал под итно да „легне под нож“! Хируршкиот зафат за среќа бил успешен и минал без дополнителни компликации, но мирувањето било лекарска препорака која мора да се почитува. Но, предизвикот е толку голем, влогот уште повеќе, а желбата немерлива, така што вокалот на „Меморија“ Апостол Поце Икономов речиси од хируршка сала, директно се качи на сцената, покажувајќи дека „уметникот и не мора секогаш да биде сосема здрав, за да биде 100% уметник“, откако маестрално го отпеа најдобриот концерт со „Меморија“ само неколку дена по извршената операција. И тоа со се' уште свежа рана на отечениот стомак и неизвадени конци, кои заради природата на работата, напорот при пеењето и сценските движења, се заканувала опасност во еден момент и да пукнат. За среќа, кај пејачот и здравствено се' мина како што треба, а поп-рок ѕвездата од „Меморија“, надвор од сцената всушност беше многу повеќе од тоа... Поце беше „тивкиот херој“ на вечерта! Фото: Чапља/Приватна архива]]>

Ана Кокиќ проговори за животната драма: Минути одлучува… итно да не ме оперираа, другиот ден немаше да се разбудам! https://arhiva.vistina.com.mk/ana-kokikj-progovori-za-zivotnata-drama-minuti-odluchuva-itno-da-ne-me-operiraa-drugiot-den-nemashe-da-se-razbudam/ Tue, 21 Jan 2020 08:39:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130059

Ана Кокиќ отворено проговори за големата животна драма што и се случи,  кога нејзиното слепо црево и пукнало во стомакот и морала веднаш да биде подложена на итна операција со која лекарите и го спасиле животот. Поточно, и било речено дека ако не ја оперирале, следниот ден таа веројатно немало да се разбуди. „Слепото црево пукна во мојот стомак и буквално се работеше за минути кои одлучуваа за мојот живот. медицинскиот персонал веднаш ме подготви за  влез во операционата сала, а хирурзите  ми рекоа дека ако не ме оперирале веднаш, немаше да се разбудам следниот ден“ - рече Ана потсетувајќи се на минутите кои ја делеа од смртта.]]>