славенички концерт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 18 May 2018 09:31:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png славенички концерт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Славенички концерт: По две децении „Нокаут“ и „Авалон“ се враќаат во „Кале“ https://arhiva.vistina.com.mk/slevenichki-koncert-po-dve-decenii-nokaut-i-avalon-se-vrakjaat-na-istotot-mesto/ Fri, 18 May 2018 09:16:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27822

Славеничкиот концерт на некогашните ексклузивци на „Авалон продукција“ – групата „Нокаут“ ќе се одржи на 27 октомври во СРЦ „Кале“, на истото она место каде што популарниот бенд го одржа својот прв голем концерт,  во организација на оваа продуцентска куќа. Како што велат од „Нокаут“, повод за концертот е и промоцијата на нивниот нов, четврти по ред студиски албум, кој го најавија и со одличната соработка со Игор Џамбазов за темата „Што бараш ти во мојата песна“ која можете да ја слушнете во рубриката „Промотер“ на нашиот портал Вистина.мк.
„Во 1998 година, СРЦ Кале беше местото на кое заедно со Авалон Продукција собравме армија фанови на нашиот прв концерт. Оваа година, на 27 октомври, Нокаут и Авалон се враќаат на истото место, од истата причина - голем концерт! Честа е огромна. Освен двата значајни јубилеи - 25 години Авалон и 20 години од првиот концерт на Нокаут, повод за концертот е и промоцијата на нашиот нов, четврти по ред албум.
Оваа песна, со наслов "Што бараш ти во моја песна", снимена заедно со маестро Игор Џамбазов нека биде тизер за она што ве очекува. Повеќе информации за влезниците ќе објавиме на 21 мај. Нокаут и Авалон, заедно одиме понатаму“ - пишуваат Нокаут во својата Фејсбук објава.
]]>