славе келешовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Apr 2022 09:07:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png славе келешовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дарко Илиевски славеше роденден, а легендарнниот ДЈ прв јавно му го честиташе: „Зете мили зете, да ти е среќен, најсреќен…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-ilievski-slaveshe-rodenden-a-legendarnniot-dj-prv-javno-mu-go-chestitashe-zete-mili-zete-da-ti-e-srekjen-najsrekjen-foto/ Tue, 19 Apr 2022 09:00:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246872

Едниот стружанец, некогаш најдобриот ДЈ во Македонија, еден од пионерите во својата дејност, подоцна промотер  на најпознатите тогаш ЈУ музички ѕвезди и нивните настапи низ Македонија... Другиот скопско дете, беше млада македонска поп, поточно ар-ен-би  ѕвезда,  имаше хитови, снимаше спотови, девојчињата лудваа по него, беше многу познат и популарен! Првиот уште пред повеќе од 30 години замина од родната грутка преку „големата бара“ во потрага по посреќна иднина... Вториот години подоцна ќе се вљуби и ќе ја засака ќерката на првиот, која потоа ќе му стане и сопруга и мајка на нивното дете, а заедно ќе се песелат кај нејзините родители или поточно тој кај „бабата и дедото“ во Америка! Така ДЈ Славе Келешовски македонската диџејска легенда и Дарко Илиевски македонската музичка поп ѕвезда сетанаа едно семејство... Или „едно тело“ као што вели песната на Даре,  со различни организми кои очигледно одлично функционираат. Впрочем нивните релации се повеќе од вообичаен однос на зет и дедо! И заради природата на работата со која се занимавале и заради состојбата на духот и поимањето на животот! Затоа и вечно младиот ДЈ Славе и ионака младиот Даре се како „први другари“! Најдобар доказ роденденот на Дарко и роденденската честитка на Славе! Споделената заедничка фотографија со која дедото му го честита „денот што го чекаме цела година“ на својот зет, на која седнати кој на пивце, кој на узо или мастика, што ли ќе да е, уживаат и наздравуваат како двајца најдобри пријатели! А кога сме веќе кај роденденските честитки, тие пристигнаа во изобилство... Најмногу од најблиските и најмилите. Синчето Матео наговестувајќи уште сега дека ќе го наследи  тато Даре, му ја отпа на студиски микрофон „Нappy birthday“... Внукот од сестра на славеникот му подготвил роденденска торта и  свеќички со бројка, колку што полни години вујче, па ги дувна за него... А сестрата на своето „мало едно и единствено братче кое многу и недостасува“ исто така му испрати најубава роденденска Инстаграм честитка на Даре, полна со љубов, емоции и заеднички спомени. Роденденската честитка  од саканата е малку поинаква... Многу полична, поинтимна, а и тој тип љубов не се изразува само со зборови, па затоа разбирливо и не е ни за на слики, ни за во јавност! Како и да е, нека му е среќен... Најсреќен! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Slavé Kelesovski/ilievskidarko        ]]>

Пејачот Дарко Илиевски го покажа синчето, па го откри неговото полно име, ама и името на идниот претседател на САД (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachot-darko-ilievski-go-pokaza-sincheto-pa-go-otkri-negovoto-polno-ime-ama-i-imeto-na-idniot-pretsedatel-na-sad-foto/ Wed, 23 Oct 2019 08:54:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114068

Некогашниот македонски поп-пејач Дарко Илиевски со сопругата Ивана со која се венчаа во октомври 2016 година се пресели да живее на Флорида во САД. Логично, зашто Дарко му стана зет на легендарниот ДЈ Славе Келешоски, стружанецот познат како пионер во диџејството во Македонија и некогашна СФРЈ, кој со години претходно живееше во САД,  а сега на релација: Америка - Македонија. Три години подоцна, на почетокот на месец октомври 2019 Дарко и Ивана за прв пат станаа родители, откако таа се породи и на свет донесе здраво машко дете. Дарко и Ивана првата фотографија на бебето ја споделија уште непосредно по неговото раѓање, но на неа лицето на новороденчето беше прекриено со „смајли емотикон“. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/se-porodi-soprugata-na-makedonskiot-pejach-darko-ilievski-stana-tatko-za-prvpat-foto/ Откако малку пркна и се прилагоди на новата животна средина, семејството реши да го покаже во јавноста малечкиот кој доби интересно име... Новородениот внук прв го покажа дедо Славе, кој се фотографираше и со него и со останатие внуци, горд на своето највредно семејно богатство. Веднаш потоа и среќниот татко Дарко, на својот Инстаграм профил сподели фотографија од синчето и табла покрај него на која го обзнани неговото полно име. Или поточно, две имиња покрај едно презиме: Матео Ное Илиевски! Но, пејачот во описот на фотографијата има интересна најава за своето прво чедо. Имено, Дарко Илиевски претставувајќи го малиот Матео Ноа Илиевски, тврди дека всушност ни го претставува еден од идните претседатели на САД! „Чул те Господ“ - што би рекле бабите, ама пак, зошто да не? Кога можеше Обама или Словенка во моментов да биде прва дама, зошто не би можел и еден Македонец млад, да биде иден претседател на САД?  ]]>