слават – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 19 Jan 2024 08:33:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png слават – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Православните верници го слават Богојавление – Водици https://arhiva.vistina.com.mk/pravoslavnite-vernitsi-go-slavat-bogojavlenie-voditsi/ Fri, 19 Jan 2024 08:33:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335452

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст. Како што изјавија за МИА од Скопската православна епархија, годинава се пријавени 157 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот што ќе се положи во реката Вардар. Одбележувањето на празникот Богојавление ќе почне во 9 часот со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ со која ќе чиноначалствува архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан. По завршување на литургијата, во 11:30 часот поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“ каде околу 11:45 часот ќе започне „Водосветот“, а неколку минути по 12 часот,  архиепископот ќе го положи крстот во реката Вардар. На чинот на осветување на водите на реката Вардар и положување на светиот крст ќе присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити. Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Извор и фото: МИА
]]>

Православните христијани во Македонија го слават Рождеството Христово – Божиќ https://arhiva.vistina.com.mk/pravoslavnite-hristijani-vo-makedonija-go-slavat-rozhdestvoto-hristovo-bozhik/ Sun, 07 Jan 2024 08:42:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334030

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија изутринава се одржуваат божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи архиерејска литургија на Св.Василиј Велики. По повод Божиќ, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди!  ]]>

Животот така сакаше: Најпознатите македонски естрадни близначки, сепак слават роденден во различен ден!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zhivotot-taka-sakashe-najpoznatite-makedonski-estradni-bliznachki-sepak-slavat-rodenden-vo-razlichen-den-foto/ Thu, 14 Dec 2023 08:15:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331008

Маријана и Росана, легендарните македонски пејачки секако се најпознатите естрадни сестри близначки. Денешниот ден  14 декември е впишан како денот кога тие се родени и дојдени на овој свет. Сто пати сме рекле и пак велиме дека на дамите не им се бројат годините, ама секако им се бројат ако не подароците, тогаш барем честитките за „денот што го чекаме цела година“! Кај двете сестри - близначки ситуацијата е малку поспецифична. Иако роденденските честитки пристихгаат од сите страни, секогаш прва и најдрага е онаа од сестрата - близначка со која во ист ден си се родила. И навидум ништо чудно, ниту невообичаено, напротив... Освен еден мал парадокс за кој судбината се погрижи или поточно животот така сакаше: Маријана и Росана иако се близначки родени во ист ден, роденден да им биде во различен ден!? И сега ако некој се чуди како е тоа можно, мора или да не е информиран која на која половина од земјина кугла живее или во основно да избегал од часови по географија! Речиси сите знаат, а за оноие што не знаат, Маријана со години живее и работи на најјужниот континент, во далечната Австралија. И по силата на природните закони и временските зони, најјужниот континент е „десет часа пред“, односно времето во Австралија е за десет часа понапред од она кај нас, во Македонија. Така, по логика на нештата, иако се сестри близначки родени во ист ден и час,  кога роденденот на Маријана таму веќе ќе и дојде и може да почне да го слави, за истото Росана овде ќе мора да почека уште најмалку десет часа! Затоа Росана како и секогаш и годинава прва се сети на својата сестра - близначка да и го честита денот што обете го чекаат цела година, но за жал физички разделени, го слават во различен ден, па и порача во Фејсбук порака: „Душо моја најмила, сестричке најпозитивна, лепото моја си поминала многу нешта во животот кој знае да биде непредвидлив, си била храбра и пожртвуваназа се' и за сите секогаш со она твое, нема проблем и со твојата насмевка... Си останала крајно позитивна, вицкаста, скромна и вредна... Мила моја среќен роденден и секогаш биди со таа насмевка, жива и здрава... Само убавини да имаш во животот... Те сака твоја Лола повеќе од себе си... како и со години наназад тебе веќе ти е е роденден, а мене утре... Близначки, а различен ден роденден“ - споделила во честитката Росана, зачинувајќи ја со голем број од емотикони во вид на срца покрај нејзината фотографија. „Натурализираната австралијанка“  Маријана не остана покуса да не возврати на честитките на нејзината сестра- близначка, па веднаш и возврати на родендендките честитки со честитка: „Мојата сестра, моето се', мојата Росанче, мојата душа, моето сонце, мое небо, мојата ѕвезда... да можев да бирам пак тебе бите избрала за сестра. Среќен ти роденден, здрава, жива и секогаш насмеана да си ми“ -  и порача од далечина преку својот Фејсбук Маријана на сестра и Росана, покажувајќи  дека двете кумановки, двете естрадни сестри-близначки иако разделени сепак се неразделни! А, има ли подобра честитка од онаа, кога сестра на на сестра си - близначка, роденденот ќе и го честита со нејзина песна... Затоа Марјана засвире и запеа, за нејзината Росана, за себе и за сите нас. Еве како звучи нејзиниот глас... Фото и видео: Facebook/Marijana Novacevska/Rosana Saric Todorovska]]>

Анастасија и Гудељ славеа годишнина од љубовта, па фудбалерот и приреди романтично изненадување, а таа се стопи од емоции: „Среќна годишнина Бубо“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-i-gudel-slavea-godishnina-od-lubovta-pa-fudbalerot-i-priredi-romantichno-iznenaduvane-a-taa-se-stopi-od-emotsii-srekna-godishnina-bubo-foto/ Fri, 31 Mar 2023 11:30:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296113

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ ја прославија првата годишнина од својата љубов, па оваа убава пригода парот ја објави на социјалните мрежи. Немања решил да ја изненади својата поубава половина и ја израдува со голем букет цвеќе со порака: „Среќна 1 година Бубо“, покрај која имаше преслатка кутија со овошје и чоколади. Заедно со нивната заедничка фотографија, на која очигледно се расположени седат во ресторан, Анастасија му возврати емотивни зборови на својот сакан и го пофали подарокот што го добила. „Среќна прва годишнина моја среќо“. Сакам што ме сакаш“ – напиша пејачката украсувајќи го постот со емотикони од срца и знакот за бесконечност. Бројните фанови, колеги и пријатели им честитаа и им посакаа да ја слават нивната љубов уште многу години. Наследничката на Цеца ужива во љубовта со своето момче фудбалер, во кој вели пронашла се' што отсекогаш сакала, а дека нивната љубов успешно се спротивставувала на сите предизвици, па дури и на наводните семејни конфликти за кои медиумите шпекулирале, доказ се нивните чести фотографии на кои блескаат од среќа. Иако парот не сака да ја рекламира својата приватност во медиумите, нивните објави сугерираат дека се на добар пат да стапнат на лудиот камен во блиска иднина!? Фото: Инстаграм принтскрин/nemanjagudelј/raznatovicanastasija]]>

Ана Ивановиќ подготвена два пати да го слави Божиќ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-ivanovikj-podgotvena-dva-pati-da-go-slavi-bozikj-foto/ Thu, 24 Dec 2020 12:36:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182578

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, германскиот екс фудбалер на Баерн и Манчестер Јунајтед, Бастијан Швајнштајгер украсија елка во нивниот дом пред која позираа подготвени за божиќните и новогодишните празници. Славната двојка со нетрпение го чека Божиќ, кој го слави двапати годишно во семејната куќа.
Овој пат беа фотографирани покрај украсената новогодишна елка во нивниот дом, елегантно облечени. Поранешната тенисерка за таа пригода избрала свечен црн фустан, со голем шлиц што ја открива нејзината совршена линија.
Под оваа фотографија, Ана напишала: „Ние веќе ја украсивме нашата елка. Кој друг е подготвен за Божиќ?“
Фото: Инстаграм принтскрин/anaivanovic

Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ вака се подготвуваа вчера да слават Младенци (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-prijovikj-i-filip-zivoinovikj-vaka-se-podgotvuvaa-vchera-da-slavat-mladenci-foto/ Sat, 23 Mar 2019 10:25:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78974

Вчера нововенчаните брачни двојки на денот на доаѓањето на пролетта 22 март, го славеа празникот Младенци. Обичаите налагаат невестата да стане рано наутро и да меси 40 колачиња, кои се нарекуваат Младенчиња, за нивниот брачен живот да им биде долг, среќен и сладок, а православната црква и нејзините верници ги одбележуваат 40-те Свети маченици. Овој празник кај народот е познат како Младенци, бидејќи страдалниците биле млади момчиња.
Сите нововенчани брачни двојки во последните 12 месеци го прославуваат овој празник. Меѓу нив и многу познати личности од естрадата кои во изминатата годинавлегле во брак, а такви се и Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ. Тие како што е познато, се венчаа на 21 јуни 2018 година во црквата Св. Василиј  Острошки.
Бидејќи Александра неодамна се породи, младата брачна двојка реши да го прослави овој празник во кругот на семејството. Биолошката мајка на Филип, Зорица и мајката на Александра, Борка се преселиле кај младиот пар за да помагаат околу новородениот внук. Новопечениот татко често оди во блиската продавница каде што набавува сè што им треба, додека Александра сѐ уште не излегла да го напушти својот дом. Ама така беше се до вчера...
Сепак, тие за Малденци беа фотографирани како излегуваат од дома. Исто така, на сликите може да се види мајката на Филип, Зорица, која во раката носеше свечена кошула.
Несомнено е дека овој прекрасен ден  семејствата Живоиновиќ и Пријовиќ се подготвуваа да го прослават без многу помпа, со најблискјите во кругот на семејството во здравје и радост со малиот Александар, кој на сите им донесе голема радост. Фото: Е-сток/Мирко Родиќ]]>