слатки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Sep 2022 10:31:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png слатки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Романтично изненадување: Далила Драгојевиќ се пофали со скапоцен подарок од новиот дечко (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/romantichno-iznenaduvanje-dalila-dragojevikj-se-pofali-so-skapocen-podarok-od-noviot-dechko-foto/ Thu, 22 Sep 2022 10:31:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268218

Поранешната учесничка на „Задруга“, Далила Драгојевиќ отпатува од Хамбург за Белград, каде ја чекаше романтично изненадување од новото момче. Имено, Далила веќе еден месец ужива во љубовта со Лука Николиќ, кој ја изненади за одбележување на врската.
Лука се потруди да ја израдува својата сакана, па го одврза кесето и покажа колку е галантен. Далила љубовникот ја израдувал со скап цветен аранжман составен од црвени рози и омилените слатки на задругарите, а главниот подарок е најновиот скап телефон чија цена е над 1.500 евра. Инаку, Лука пред Далила беше во врска со цимерките од реалното шоу - Мина Врбашки и Маја Маринковиќ, со кои беше и нејзиното поранешно момче Филип Цар. Фото:Принтскрин/Инстаграм/dalila_dragojevic_official
]]>

Дознајте ја тајната на нејзиниот совршен изглед: Еве што јаде популарната водителка Сања Станковиќ https://arhiva.vistina.com.mk/doznajte-ja-tajnata-na-nejziniot-sovrshen-izgled-eve-shto-jade-popularnata-voditelka-sanja-stankovikj/ Fri, 06 May 2022 11:37:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249085

Водителката и поранешна ријалити учесничка Сања Станковиќ  се откажала од брзата храна и почнала редовно да тренира.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Sanja Stankovic (@mrs_s.happy)

„Се здебелив, главата ми стана како топка, па решив да се средам! Обожувам ролати, колбаси и пекарска храна, но престанав да ги јадам. Немам време да готвам затоа што сум зафатена со шоуто, па сега правам нарачки за храна од кафеана што подготвува здрави оброци. Почнав и да тренирам. Ослабев седум килограми за кратко време,“ - вели Сања за „Хит“ и открива како изгледа нејзиното мени откако ја избегнува пекарата: „Не јадам многу, а се трудам во исхраната да имам што повеќе зеленчук и што помалку месо. Навечер јадам салати, понекогаш лосос или стек. Заедно со оброкот задолжително испијте сок од цеден портокал или витамински микс од зеленчук и овошје.“ Покрај тоа што се откажала од брзата храна, старлетата престанала да пие газирани сокови и алкохол. Сепак, таа обожува слатки: „Ги избегнувам газираните пијалоци и слатките сокови. Понекогаш пијам чаша вино на ручек, или кога излегувам. Не сум љубител на алкохол, па не ми е проблем да го избегнувам, но не можам без слатки! Да можев да се откажам од чоколадо и торта, ќе имав плочки на стомакот! Ако јадам нешто слатко, тогаш следниот ден тренирам два часа за да ги согорам калориите што ќе ги изедам.“ Поранешната учесничка на најпознатото ријалити шоу  „Задруга“ ги советува оние кои сакаат да ослабат да јадат почесто и помали оброци. „Тоа го забрзува метаболизмот и нема премногу осцилации во тежината. Исто така, важно е да се земе едно овошје помеѓу оброците. Најмногу јадам јаболка и круши. Со правилна исхрана, тренинг и пешачење многу полесно се топат масните наслаги.“
 
Фото: Принтскрин/Инстаграм/mrs_s.happy]]>

Близначките Марија и Магдалена разочарани од власта, пред две години си заминаа од Македонија, а сега производите на македонските „сестри – спартанки“ се атракција во Германија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bliznachkite-marija-i-magdalena-pred-dve-godini-razocharani-od-vlasta-si-zamnaa-od-makedonija-a-sega-proizvodite-na-makedonskite-sestri-spartanki-se-atrakcija-vo-germanija-foto/ Sat, 23 Jan 2021 08:14:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157342

Марија и Магдалена Гаврилови - сестрите близначки од Кочани, пред неколку години беа многу популарни на социјалните мрежи. По студиите на право, се вработиле во Министерството за внатрешни работи на Македонија (МВР) во македонската престолнина, но јавноста многу повеќе овие две млади, убави, згодни и атрактивни девојки ги познаваше по нивните спортски активности и подвизи. Покрај работата вредно и посветено се трудат да изгледаат атлетски и секси, а набргу пошироката јавност дознава дека близначките не го практикуваат спортот само рекреативно, туку имаат и натпреварувачки мотиви, за што Вистина.ком.мк пишуваше уште пред повеќе од две години. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/bliznachkite-marija-i-magdalena-se-makedonskite-spartanki-seksi-do-bolka-izdrzlivi-do-koska-do-posleden-zdiv-foto/ Но, со доаѓањето на СДСМ и владата на Заев на власт, работите драстично се менуваат. Разочарани од меѓучовечките односи и целокупната мизерија во Македонија, сестрите си даваат отказ, ги пакуваат куферите и како и десетици илјади други млади луѓе, заминуваат од државата, за среќата да ја побараат некаде надвор од татковината, по белиот свет. Следната дестинација на храбрите близначки ќе биде Германија, каде речиси две години живеат. Но, почетокот во новата средина воопшто не бил ниту лесен, ниту едноставен. Сестрите морале да почнат буквално од нула, од самиот почеток... Од учење на германскиот јазик, до снаоѓање за гола егзистенција, за живот... Сепак, македонските „сестри - спартанки“ не би биле тоа што се, да не се навикнати на макотрпна работа, издржливост, трпеливост, жилава борба со предизвиците... И спортските и оние што ги носи животот! Една случајна средба со она, по што денес ги препознава цела Германија, при нивното враќање пред 3 години од Виена од  една од нивите „Спартан трки“, ќе им ја предодреди судбината кога е  сега актуелниот бизнис во прашање. Имено, сестрите тогаш за прв пат пробале “Baumstrizel”, едн вид слатко задоволство што се’ уште не постои  кај нас, кое тие подоцна сами ќе го наречат „Твистид твинс“ ( “Тwisted Twins”), колач. Љубовта на прв залак, станува нешто, што послатко немале пробано претходно и оттука се раѓа идејата за целата приказна, која подоцна, кога ќе им биде најпотребно, по заминувањето од Македонија, почнува да функционира. Талентирани и креативни девојки го започнуваат својот сладок бизнис во германскиот град Визбаден, кој станува вистинска атракција и одлично се развива. Нивната продавницата за слатки задоволства го добива името “Тwisted Twins”, а во неа  можат да се најдат еден куп прекрасни слатки нешта, на кои тешко дека некој би можел да им одолее и да остане рамнодушен. Се' што таму се нуди не може да се опише со зборови и долови со фотографии. Мора да се проба, зашто се нудат толку многу различни комбинации: Солени со сирење и сланина, исто како и слатки со цимет, кокос, лешник кои можат да бидат наполнети со нутела, мармалад или сладолед... Едноставно муштериите се изненадени и презадоволни, а за македонските близначки дознаваат и германските медиуми, каде осамнуваат написи за нивната “Тwisted Twins” магија. Марија и Магдалена ја сменија земјата на живеење, професијата, но фитнесот и вежбањето се нешто од кое никогаш не се откажуваат...
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ✺ ℳåℛıjå GåṿŗıĿọṿa ✺ (@gavrilova_marija) on

Како и патувањето на различни дестинации и запознавање на нови земји, места, народи и култури. За враќање во Македонија сега за сега не размислуваат. Но, никогаш не се знае... Како што непланирано заминале,така може еден ден непланирано и да се вратат. „Може да планирате, но често плановите одат во друга насока, па затоа ова прашање ќе го оставиме иднината сама да го одговори“ - порачуваат македонски спартанки од продавницата слатко-солена магија -  „Тwisted Twins” .
 
View this post on Instagram
 
⚔• Wir haben jetzt offiziell eröffnet •⚔

A post shared by Twisted Twins (@twisted.twins2020) on

Фото: Инстаграм принтскрин]]>