слаткаристика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Dec 2023 08:45:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png слаткаристика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот рапер заврши со ќотек и модро око? Слаткар навистина претепан, па најави детали како ја заработил големата модринка или само „глуми маркетиншко лудило“ пред Нова Година? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-raper-zavrshi-so-kotek-i-modro-oko-slatkar-navistina-pretepan-pa-najavi-detali-kako-ja-zarabotil-golemata-modrinka-ili-samo-glumi-marketinshko-ludilo-pred-nova-godina-video/ Wed, 27 Dec 2023 08:12:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332552

Марко Маринковиќ кого јавноста, особено онаа естрадната многу повеќе го знае под уметничкиот прекар Слаткар(истика), вчера се појави на својот Инстаграм профил со модро око! Раперот најприн објави фотографија на која се сликал со голема модринка под левото око, а во описот на фотографијата напишал: „Паметните луѓе простуваат... Ама јас сум глупав во последно време“! Засега никому не му е јасно кој вака го „нашминкал“ Слаткар,  но оние што умеат да читаат меѓу редови, од неговата порака веднаш сфаќаат дека раперот нема да седи мирен додека не го возврати ударот. Кога и како, со која тактика, знае  само желниот за одмазда, Слаткаристика! Она што сака да биде познато срамежливо го најави во второто, овој пат видеообраќање, во кое Марко Маринковиќ појаснил дека вака го „унередил“ некој, со кој очигледно добро се познава. Што е причината не кажа, ама затоа најави дека денес, среда 27 декември после 14.00 часот ќе ги соопшти деталите. Во меѓувреме во споделеното видео само кусо објаснил што се случило: „Ме нападнаа едни к*њи, еден ку*тон што глуми Дон... Самата истрага уште е во тек, ама мислам дека утре (за денес) после 13 или 14 часот ќе можам сите детали да ги изнесам“ - сподели раперот, иако во неговата веродостојност многумина „со искуство“ веднаш се посомневаа, тврдејќи дека Слаткаристика одбрал добра тактика да „глуми маркетиншко лудило“ пред Нова Година, како најава со кревање џева за нешто што допрва на музички план од него следува! „Ѓаволот лежи во деталите“ - велат, а упатените тврдат оти деталите кај Слаткаристика укажуваат дека има модринка на окото без видлив подлив и испукани капилари!!? Па сега вие видете дали раперот навистина бил претепан или само сака да ве насамари, да ја лапнете јадицата и да загризете на неговата „евтина приказна“ од улицата? Впрочем, да почекама до рано попладне и да видиме дали навистина Слаткар некој со тупаница го „нашминка“ или се' е само (не)вешт трик и „уметничка шминка“?
Фото и видео: Инстаграм/slatkaristika.official]]>

Му дадоа да каже нешто за ДНК, а тој им се „изнаруга“ со потсмев: Слаткар само сакаше да се „пошегува“ со Панчо и Андреј или сепак во секоја шега има и половина вистина? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mu-dadoa-da-kaze-neshto-za-dnk-a-toj-im-se-iznaruga-so-potsmev-slatkar-samo-sakashe-da-se-posheguva-so-pancho-i-andrej-ili-sepak-vo-sekoja-shega-ima-i-polovina-vistina-video/ Wed, 16 Nov 2022 08:41:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275971

Пред големиот концерт закажан за 3-ти декември 2022 во арената „Борис Трајковски“ во Скопје,  членовите на ар-ен-би дуото ДНК  како дел од својата рекламна кампања за големиот настан проследен со јубилеј - 20 години постоење, споделија снимено видео во кое голем дел познати лица од македонската естрада кажаа што мислат за нив, преку одговорот на  прашањето: „Што прво ви паѓа на памет кога ќе се спомне ДНК?“ Познати спортисти, ТВ водители, музичари, пејачки и пејачи од Македонија и регионот преку своите одговори им испратија своевидна честитка за јубилејот и поддршка за работата и претстоечкиот концерт, а сето тоа спакувано во специјална видео-порака. Видеото полно со  честитки за јубилејот  и дузина желби за многу среќа и успеси, од сите и тоа секој на свој начин. Сите освен еден... Имено, меѓу сите ѕвезди во видеопораката и тој, Марко Маринковиќ попознат како Слаткаристика.  Ионака познат по својот „мрсен“ вокабулар полн со „сочни пцости“ Слаткар и овој пат сакал да остане свој дури и во честитката, арно ама... По се' изгледа се надминал себе си во „дозата сарказам во хуморот“, кој  речиси никој, освен тој самиот не го сфатил онака како што го замислил! Имено, на некогашниот рапер од Ново Лисиче, музички „лут ривал“ на ДНК, по се изгледа овој пат ривалитетот му надвладеал над желбата за добри намери. Или барем тоа така изгледа и звучи во неговата „игнорантска“ видео - честитка до ДНК!?  Па, наместо од срце кажани убави зборови или барем протоколарни комплименти, излезе дека Слаткар им се „изнаруга“ со потсмев на Панчо  Андреј. „Као Македонец традиционалиста, за мојата 'као конкуренција', мислам се' најлошо. Значи, не можам да ги смислам. Прво што ми текнуе е на оние ДНК анализи од оние крими-џими филмои. Иначееее... на друго ништо не ми текнува“ - порачал М.М. во видеото. Дали Слаткар само сакаше да се „пошегува“ со Панчо и Андреј, па тоа испадна како што испадна, а јавноста „погрешно“ го протолкува или сепак во секоја шега има и половина вистина, проценете самите? Каква и да ви е Вам проценката, а на Слаткар намерата, сепак некако останува впечатокот дека... Таму каде што има чад има и оган!? Особено ако се знае дека не така оддамна, Слаткар и Панчо и не беа баш во најпријателски односи, иако подоцна обајцата како да ја „спуштија топката“ и ги „закопаа воените секири“. Дали некое „жарче конкурентска нетрпеливост“ сепак остана да тлее или тоа баш така и не е, туку случајно, несакајќи се поклопија некои нешта во „честитката“ на Слаткаристика пред големата концертна фешта на ДНК - за јавноста останува недомица? А за Андреј и Панчо...? Зависи! Кој како ги поима нештата!      ]]>

Слаткар извади нова песна, а жена му Сања „му го плесна“ в лице: „Бога ми и ти си безобразен“! https://arhiva.vistina.com.mk/slatkar-izvadi-nova-pesna-a-zena-mu-sanja-mu-go-plesna-v-lice-boga-mi-i-ti-si-bezobrazen/ Tue, 01 Feb 2022 09:36:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237014

Марко Маринковиќ попознат како Слаткаристика, има нова песна. Музички ништо поразлична од она што и досега го туркал како свој стил, стиховно исто така, со една мала разлика... Овој пат „вулгарноста во лириката“ кај Слаткар е прилично експлицитна. Не дека и порано не знаел да поттури по некој безобразен збор или фраза во своите стихови, ама овој пат по се' изгледа Слаткар ја претера. Уште самиот наслов - „Безобразна си ти“ наговестува какви стихови можете да очекувате уште на прво слушање.  Колку и да сакал „уметнички да ја долови атмосфератата“ употребувајќи уличен жаргон, кога некому „не му чуе“ за тебе и твоите емоции и чувства кон него, уличниот жаргон на  „поетот“  овој пат звучи прилично „уличарски“! Вулгарно и непримерено за песна и изведувач кој го слушаат помладите генерации е да употребува експлицитни зборови во кои се споменуваат женски гениталии... Колку целта и да била намерно „безобразно да звучи“, „поетот“ морал да води сметка за границите на пристојноста во изразувањето на емоциите. Не дека „децата“ не знаат, ама не е во ред од ниту еден аспект така да се „стимулираат“! Конечно, кога сопствената жена  ќе те искритикува на социјалните мрежи, па јавно „ќе ти го плесне“ в лице: „Бога ми и ти си безобразен“, мораш да сфатиш дека си „поразен“, оти си ја претерал... Освена ако не си до таа мерка вообразен и самобендисан, ниедна критика да не те допира, па навистина „баш те боли за вас, за сите нас...“! Велат било диктатура кога „поетот“ во својот слободен поетски израз треба да поодлежи на цензура, што е точно... Но, кога тој онака сочно во својата песна експлицитно се расфрла со гениталии и вулгарности, неговите стиховни баналности наместо поетски романтизам, добиваат карактеристика на бестиален примитивизам,  попознат како шунд! Фото: Инстаграм принтскрин/sanjanikolic/You Tube/Slatkaristika - Bezobrazna si ti]]>

Новата заедничка песна на бугарската пејачка Гери Никол и нашиот Слаткаристика претрпе тотално фијаско: Бугарите ја прогласија за евтин турбо фолк! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/novata-zaednichka-pesna-na-bugarskata-pejachka-geri-nikol-i-nashiot-slatkaristika-pretrpe-totalno-fijasko-bugarite-ja-proglasija-za-evtin-turbo-folk-foto/ Thu, 22 Oct 2020 10:53:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172672

Долго очекуваната заедничка нова песна на бугарската поп ѕвезда Гери-Никол и нашиот Слаткаристика не и го донесе очекуваниот успех на пејачката, дури и го навлече гневот на нејзините обожаватели, кои ја категоризираа како евтин турбо фолк, а бугарските медиуми ја окаректеризираа како тотално фијаско. Фановите дури и ја опишаа како имитатор на еден од најзапазените изведувачи во фолк жанрот - Емануела. „Гледај ме“ има изразен турбофолк звук, што е забележливо уште од почетокот на песната. Текстовите исто така потсетуваат на поп-фолк-хитовите на Анелија и Емилија, со кои беше споредена и Гери-Никол. „Моќен народњак, батка“,  „Паметам колку потенцијал имаше до пред 5 години... А сега како да ја слушам Анелија“, „Очекував нешто многу повеќе! Текстот е типичен народњак , како да слушам нешто на Емануела“... - гласат само дел од коментарите на разочараните обожаватели, цитирани од веб-страницата show.bg. Што се однесува до видеото на Гери-Никол, таа долго време се потпира на она што го прават нејзините колешки  од турбофолкот. Имено, голи гради и задник, провокативни кадри и оскудна облека - пишува бугарскиот портал „HotNews.bg“,  карактеризирајќи го заедничката песна и видеото на Гери-Никол и Слаткаристика, (кого патем, не го ни споменуваат во написот), како целосно промашен проект!]]>

Слаткаристика и бугарската пејачка Гери Никол заедно во – „Гледај ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/slatkaristika-i-bugarskata-pejachka-geri-nikol-zaedno-vo-gledaj-me-video/ Wed, 21 Oct 2020 13:13:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172545

Марко Маринковиќ, алијас Слаткаристика продолжува со својата хиперпродукција. Штанцањето нови песни очигледно му оди од рака со леснотија, па Слаткар продолжува со домашните и  интернационални  дуети со повеќе или помалку познати изведувачи... Од „негови деца“ како Таско или „2 Бона“ до српско-грчко-бугарски музички соработки за добрососедство, малку поголема популарност за тезги по Софија, Варна или Банско... и заработка на некое левче, денарче или евро повеќе. Што од настапи по плоштади и клубови, што од спонзорај. Како и да е, во овие „шугави времиња“  Слаткар сепак има нова песна и тоа заедно со бугарската пејачка Гери Никол. Атрактивната убавица која на нивната сцена се  појави во франшизата од бугарската верзија на познатото музичко талент шоу “Х-Фактор“ во 2014 година, каде беше дел од тогашнта женска тинајџерска атракција, групата „Sweet 16“, каде „под свое“ ќе ја  земе познатиот бугарски рапер Криско. Останатото е помалку или повеќе познато, откако Гери ќе започне успешна соло кариера. Слаткаристика токму во дует со неа или поточно со заедничка песна насловена „Гледај ме“ ја продолжува својата соработка со бугарските музички артисти. Кој кому му гостува на песната е друго прашање, зашто Слаткар се појавува едвај само во првата минута од песната и видеото. Но како и да е, тоа што го нуди македонско-бугарското дуо изведувачи, стилски не е далеку од рамките на веќе познатото, веќе слушнато и видено од обајцата.  И музички и визуелно. Комплот од „рам-пара-рам“ битови, скокотливи стихови, провокативни кадри, до душа со умерена голотија и претерано интегриран маркетинг... „Електронската цигара“ и обајцата ја пушат. Апла реклама, ама спонзорските пари се повеќе од слатки, зашто во корона пандемијата и дефицитот на настапи,  само тие и останаа... Музиката е заеднички потпишана од Гери Никол и Слаткаристика,  текстот го пишувале Анастасија Мавродиева и Росен Димитров, надополнети со стиховите на Гери и Марко. Режисери на видеото  се Георги Салпаров и Симеон Михалков, додека аранжманот, миксот и мастерот, вообичаено ги изработил Иван Јованов - Ивајо. Како сето тоа звучи и изгледа спакувано во „Гледај ме“ можете да го проследите од видеото во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=JH2LXtaSuro&fbclid=IwAR3og-wN5u8bK88Fzr7SCeGfyfVlzUzdG5vysm1gkKXLcrrZUpS2ZmXse4U]]>

Слаткар работи турбо: На Сања Николиќ „и направи“ бебе, а знаете ли што и направи на Сузана Гавазова? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/slatkar-raboti-turbo-na-sanja-nikolikj-i-napravi-bebe-a-znaete-li-shto-i-napravi-na-suzana-gavazova-foto-video/ Sat, 10 Oct 2020 07:07:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130699

Неодамна Марко Маринковиќ - Слаткаристика и неговата поубава половина Сања Николиќ, објавија на Инстаграм дека го добиле својот прв наследник. Сања и „Слаткар“ за прв пат станаа родители, откако таа на свет го донесе малиот кој го доби името Моша. „Ќе почестам, ама нема да правам 'свадба'... Мекици? Тоа е жива глупост. Најшкарт инвестирани пари. Овде само нешто се слави. Треба да се работи, а не само да се слави“ - рече  тогаш Марко во изјавата за ТВ магазинот „Бекстејџ“, ама откако синчето се роди, не потврди дали имало или не „мекици собиранка“!? Слаткаристика додаде дека за него најважен медиум иако тоа во класична смисла на зборот и не е, бил Јутјуб. „Ние не сме јутјубери, ама сепак, да не беше каналот, сите ние немаше да бидеме тоа што сме денес. Милиони прегледи? Да, имам над милион прегледи, ама тие не значат и милиони во вистинскиот живот“ - раскажа Марко пред камерата во „ТВ магазинот од зад сцената“. Малку подоцна,  на социјалните се појави интересна фотографија која побуди голема љубопитност. Неа ја објави фолк ѕвездата Сузана Гавазова на своите Инстаграми приказни, а на фотографијата фолкерката е сликана заедно токму со „Слаткар“, додека во описот стои: „Се готви нешто со најдобриот и единствениот Слаткар!“ Слаткар на Сања Николиќ „и направи бебе“, мекици за бебето вети дека нема да прави, а што тоа (ќе) и направи на Сузана Гавазова? Требаше да дознаеме наскоро, арно ама...! Во меѓувреме, се случи корона пандемијата и „лончињата се измешаа“, па од ветеното изненадување, се' уште не видовме ништо. Или можеби среќниот татко сега има помалку време за творење, а многу повеќе обврски за „дворење“ на својот наследник и неговата госпожа мама? Како и да е, Марко и остана должник... на Гавазова, а, таа на публиката, која уште го чека нивното „неисполнето“ ветување!  ]]>

„2бона“ и Слаткаристика одново заедно во „Главо луда“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/2bona-i-slatkaristika-odnovo-zaedno-vo-glavo-luda-video/ Thu, 03 Sep 2020 12:59:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165717

Македонската хип-хоп, треп и РНБ група „2бона“ заедно со нивниот несуден ментор Марко Маринковиќ - Слаткаристика пред неколку дена ја издадоа песната „Главо луда“ за музичката продукција „Two louder“. На почетокот на песната, членовите на популарниот бенд, Марио Јелиќ - Кун и Антонио Стојановски - Тонито, вметнаа еден дел од песната „Главо луда“, изведена во оригинал од легендарниот Здравко Чолиќ. Менаџментот „Трипл М“ од Швајцарија, кои под своја закрила ги имаат едни од најпознатите рап и фолк-пејачи, претходно побараа дозвола од авторот на некогашниот хит на Чола од седумдесеттите години за да користат дел од  стиховите за нивниот проект. Автор на песната е Душко Трифуновиќ, кој за жал почина пред неколку години. Неговите авторски права ги наследи неговиот роднина, кој има право да ги продава, подарува и прави што сака со неговите песни. Откако му била испратена е-пошта со барање за дозвола, тој го одобрил користењето на правата. „Тоа е вистина. Во песната се пеее и споменува делот „Главо  луда“, кој звучи многу моќно. Ги добивме сите права да го користиме, се надеваме дека песната ќе и се допадне на публиката. Имајќи предвид дека песната е објавена само пред некој ден, ние сме многу задоволни од бројот на прегледи на Јутјуб, како и од пофалбите што ги добиваме од ден на ден, од минута во минута“ - рекоа Марио и Антонио. Слушнете како звучи новата песна на скопските трап/хип-хопери кои заедно со Слаткаристика се автори на музиката и стиховите, додека видеото за „Главо луда“ го реализирал Дарко Манасиевски - Желе: https://www.youtube.com/watch?v=3MaG1Us5Npo&feature=emb_logo]]>

Ако Тамара Михајловска во изборниот спот им ја плесна суровата реалност в лице, па збеснаа, Слаткар вистината им ја плесна во песна: Во „Распукала Шар Планина“ го опеа егзодусот на македонската младина (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ako-tamara-mihajlovska-vo-izborniot-spot-im-ja-plesna-surovata-realnost-v-lice-pa-zbesnaa-slatkar-vistinata-im-ja-plesna-vo-pesna-vo-raspukala-shar-planina-go-opea-egzodusot-na-makedonskata-mladina-vi/ Thu, 02 Jul 2020 07:53:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156688

Фамозниот видеоспот од изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во кој е содржана суровата вистина за заминувањето на младите од Македонија во еден правец,  социјал-демократите ги соочи со поразителната вистина од нивното владеење, па цунамито безмилосни напади, невкусни коментари, сурови лични навреди, дрски омаловажувања, тргна… Кави не зборови од богатиот арсенал на приземниот вокабулар на политичките неистомисленици ќе се урне врз плеќите на протагонистите во изборниот рекламен видеоспот, во кој најголемиот број од „отровните пикантерии“ беа фокусирани на главниот лик – младата девојка која разочарана од „безнадежноста и животот во земја на дното“, сака да ја напушта својата татковина… засекогаш! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tamara-mihajlovska-devojkata-od-izbornata-reklama-za-koja-se-krena-golema-galama-spotot-gi-pogodi-a-reakciite-se-nivna-nemokj-da-se-odbranat-od-svojot-neuspeh-za-seto-toa-shto-vetile-za-mladite-a-nish/ Откако Тамара Михајловска им ја плесна суровата вистина в лице, политичките неистомисленици преку нивните платени мегафони во „невладините режимски“ медиуми и послушните полтрони - дежурни лајачи на социјалните мрежи се обидоа да ја распнат. И опозиционата партија и нивната документарно-уметничка реторика во инкриминираното изборно видео, но најмногу младата девојка која така сликовито и реално си ја одигра својата улога, што соочувајќи ги со дното на кое го доведоа младиот човек во земјава, власта и оние околу неа ги фрли во очај. Лавина злоба, сексизам и национализам и реки омраза потекоа на социјалните мрежи, обидувајќи се да ги извртат тезите за да ја минимизираат сопствената мизерија во која ја доведоа токму онаа најработноспособната, најкреативната, најинвентивната, најпрогресивната... категорија на граѓани во Македонија - младите. Откако се потрошија расфрлајќи се со гнасотии и „легнаа на брашното“, следува нова шлаканица на истата тема. Овој пат од човек кој не е политичар, не е член на партија, не е кандидат на ниту една листа освен на онаа која ја составува народот, а на неа гласаат неговите обожаватели и конзументи на неговите песни - музичката Топ листа. И тој и тие се токму од онаа истата категорија која  власта ја испрати да си купи билет за пат во еден правец... За излез од Македонија. Токму тој, Марко Маринковиќ попознат како Слаткаристика, во својата најнова песна „Распукала Шар Планина“ го опеа егзодусот на македонската младина! Низ стихови што параат душа, им ја стави пред нос македонската слика и прилика за злосторот што им го направија на младите ќерки и синови на оваа земја. Уплашени, понижени, изгубени во бесперпективност, со можност за само еден избор - правец било каде, само не овде... НЕ дома, каде што се најпотребни, НЕ на родното огниште каде што се најсакани, Не на своето каде што најмногу припаѓаат... Туку, некаде надвор по белиот свет, каде пристојно ќе живеат, но својата родна грутка никогаш нема да ја прежалат! И ако младата политичка активистка Тамара Михајловска во изборниот спот им ја плесна суровата реалност в лице, па збеснаа, Слаткар вистината им ја плесна во песна. Користејќи го мотивот од старата македонска народна песна „Распукала Шар Планина“ го опеа егзодусот на македонската младина. Присилена да мигрира од политичко-економски мотиви, од нефункционирањето на системот, обезличеноста, изопаченоста, полтронството, неправдата, корупцијата, криминалот, неморалот, урнатите вредности... и останатите гадости во кои Македонија се дави! И бидејќи власта и оние што ја преферираат и поддржуваат, вистината ги погаѓа и толку многу ги боли, што од неа дури и кожата им се ежи,  дали сега и Слаткар како и Тамара ќе се обидат да го распнат на социјалните мрежи? https://www.youtube.com/watch?v=UMQ9wjbF2wg&feature=youtu.be&fbclid=IwAR2CSQn9oFLb5A3tDnjxBcEe68zDbGcmSgo68S8OJ4Ui1_WewZNzgOs-RIM&app=desktop        ]]>

Марко го виде Моша: Слаткар направи сефте средба и прва фотографија со новородениот син (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marko-go-vide-mosha-slatkar-napravi-sefte-sredba-i-prva-fotografija-so-novorodeniot-sin-foto/ Fri, 17 Apr 2020 05:45:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145413

Како што веќе објавививме, македонскиот рапер Марко Маринковиќ – Слаткаристика и неговата сопруга, некогашната манекенка, мисица, модел и ТВ водителка Сања Николиќ пред неколку дена, поточно, на 15. април 2020 година за прв  пат станаа родители. Прво – па машко, односно син, кој  како што соопшти и самиот рапер на својот „Фејсбук“ профил,  доби мошне необично име – Моша. „Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте“ - напиша тогаш Слаткар на неговиот Фејсбук профил во описот на фотографија од нивната свадба, каде ја бакнува невестата Сања во чело. И додека мирно изминуваат првите часови и денови од животот на нивната принова, дојде време за прва средба меѓу таткото и синот. Марко го виде Моша, но не само што го виде, туку и за прв пат го зема в раце, па среќниот татко на нивната сефте средба ја направи и првата заедничка фотографија со новородениот син, под која само кусо го напиша неговото име. За потеклото на необичното име на малечкиот, јавноста веќе почна да плете приказни, па едни велет дека бебето името го добило по славниот фудбалски херој од кралска Југославија и филмот „Монтевидео“ - Моша Марјановиќ, други го споменуват Моша Пијаде, додека трети велат дека името е семејно наследство... Како и да е, едно е сигурно: Слаткар очигледно не можел да ги сокрие ниту возбудата, ниту емоциите при првата средба со својот наследник, но и со својата сопруга по нејзиното породување. Уште еден доказ дека тоа е така, е фотографијата на тукушто породената Сања од креветот во породилиштето, која Слаткар ја споделил на своите Инстаграм приказни па напишал: „Љубавино моја... Те сакам, премногу те сакам“ - ставајќи и емотикони покрај изјавата полна со изливи на љубов!]]>

Се породи Сања Николиќ: Слаткар стана татко, синот веќе доби необично име – Моша! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-porodi-sanja-nikolikj-slatkar-stana-tatko-sinot-vekje-dobi-ime-mosha-foto/ Thu, 16 Apr 2020 05:22:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145178

Сања Николиќ и нејзиниот сопруг Марко Маринковиќ – Слаткаристика вчера, 15. април 2020 година го добија своето прво чедо. Прво - па машко... син! Како што соопшти раперот на својот „Фејсбук“ профил, нивото прво дете  доби и мошне необично име - Моша.

„Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте“ - напиша Слаткар на неговиот Фејсбук профил во описот на фотографија од нивната свадба, каде ја бакнува небвестата Сања во чело.

  https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/taa-go-gali-trudnichkiot-stomak-a-toj-snima-slatkar-ne-moze-da-odolee-da-ne-ja-pokaze-bremenata-sopruga-foto/ Слаткар неодамна откри дека не планира да  прави мекици по повод раѓањето на своето дете, затоа што смета дека тоа се попусто фрлени пари. Сања Николиќ пак, беше позната манекенка, мисица и модел. Се појавуваше и во неколку видеоспотови на познати македонски пејачи, но сепак најголемата слава ја доживеа како ТВ водителка на музичкото талент шоу - бугарскиот „Идол“ во кој покрај бугарските, учество земаа и македонски таленти, од кои некои подоцна станаа познати пејачи како Александар Тарабунов - Тара, Дарко Илиевски, Бојан Стојков... Пред да му биде девојка, подоцна и сопруга на Марко Маринковиќ-Слаткаристика, а сега и мајка на нивното прво дете, Сања исто така имаше врски со неколку познати пејачи и музичари во Македонија, меѓу кои и пејачот Адријан Гаџа и тапанарот на „Браво бенд“, Дејан Младеновски.    ]]>