слабост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 27 Feb 2020 08:47:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png слабост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дарко – Спејко има нова девојка: Нему топ моделите му се слабост… или оваа убавица му е само за „службено“? https://arhiva.vistina.com.mk/darko-spejko-ima-nova-devojka-nemu-top-modelite-mu-se-slabost-ili-ovaa-ubavica-mu-e-samo-za-sluzbeno/ Thu, 27 Feb 2020 08:36:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136345

Неодамна Дарко - Спејко го смени изгледот. Но, не со естетска, туку со берберска корекција, па прво брадата, а потоа и долгата коса отидоа во „аут“. Нова фризура, нов имиџ, како да е нов човек... Познатиот кумановец сега изгледа сосема поинаку. Брадата полека ја врати, а новата фризура доби фризерски зафат познат како ондулација, па сега „Големиот Брат“ има виткана, кадрава или брановидна фризура, како сакате наречете ја... Спејко остана должен да открие што го натера на таква драстична промена на изгледот? Дали проблематичното одржување на долгата коса, потребата за промени од чиста здодевност или некоја женска сугестија го натераа кумановецот да смени имиџ, остана тајна. Како што остана мистерија и неговиот љубовен живот по распадот на врската со модната блогерка и модел, атрактивната струмичанка Љупка Митрова. Љубовна романса која толку беше изложена на увидот на јавноста, што можеше да се напише некоја нова, македонска верзија на „Ромео и Јулија“, ама... Спејко потоа официјално остана соло... Се слушаше се' и сешто за него, се појавуваа фотографии и од фотосесии и приватни со одредени девојки, ама офоцијално - и натаму ерген. Осамен пастув во потрага по својата нова ждребица! И токму кога помисливме дека кумановецот „стагнира“, се појави нова фотосесија и нова сомнеж. На неа Спејко со нова партнерка... Македонско девојче, добро познато на јавноста, а и нему. Убавата и слатка, а во истовреме привлечна и пожелна штипјанка, 23 - годишната Марија Јовева, македонски модел позната под уметничкото име Марис Џолин (Мaryse Jolene). https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/video-ovaa-seksi-shtipjanka-gi-budi-site-setila-nejzinoto-zeshko-video-kje-go-gledate-vo-zanes/ Сме ја гледале во реклами, модни фотографии, каталози, модни едиторијали, музички видеоспотови... Слатка и привлечна - облечена, жешка и возбудлива кога е соблечена, кадравата Марис е новата партнерка на Спејко, која заврши во неговите прегратките... Барем на модните фотографии на кои заедно рекламираат спортски парчиња облека. Но дали во погледите на обајцата има нешто повеќе од „професионален однос“ или сепак сето тоа е само работа. Спејко е добра прилика, шанса што не се пропушта ако ти се укаже, вистински магнет за девојките, а од друга страна младата штипска убавица е една од оние на кои тешко може да им се одолее. Особено што на Спејко манекенките и моделите му се „слабост“. Впрочем така се' почна и со Љупка... Спејко и Марис се знаат оддамна, уште од времето кога таа се појави во видеото „Осамнеа“ на неговиот неразделен „кумановски брат“ - Тајзи. Но, тогаш Спејко беше токму со Љупка... Сега е соло. Или можеби веќе не е? Можеби Дарко - Спејко има нова девојка? Рековме, нему топ моделите му се слабост... Или сепак, оваа убавица му е само за „службено“?      ]]>

Антониа ја сака, а друга држи за рака: Пејачот на „Либеро бенд“ потајно го гледаат туѓи очи, или има нешто скришно, „очи в очи“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-ja-saka-a-druga-drzi-za-raka-pejachot-na-libero-bend-potajno-go-gledaat-tugji-ochi-ili-ima-neshto-skrishno-ochi-v-ochi-foto/ Fri, 01 Nov 2019 09:30:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115825

На сите кои ја следат естрадата им е  познато дека македонската поп пејачка Антониа Гиговска и вокалот на „Либеро бенд“ Иван Јованов се заедно. Тие својата љубовна врска ја обелоденија јавно пред неколку месеци и оттогаш ниту се кријат, ниту негираат - напротив, почнаа да објавуваат заеднички фотографии и видеа од својата заедничка приватност на социјалните мрежи. И таман сите помислија дека естрадната врска е „бетонирана“, а љубовта помеѓу распеаните љубовници „цвета“, ете ти го Иван во туѓи прегратки! Антониа Гиговска ја сака, ама друга држи за рака! Ја гушка, шета, милува, прегрнува... И тоа јавно, сите да видат. Ама тоа е и целта! Што повеќе луѓе ќе слушнат и видат - тоа подобро!? И сега некој ќе помисли, што му е на пејачот, што ли му направила кутрата Антониа, што вака јавно и се одмаздува? Одговорот е - никому ништо! Зашто така треба да биде, бидејќи тоа се само кадрите од видеоспотот за новата песна на „Либеро бенд“  насловена „Ќе те сакам“, во која Иван ја сака девојката од спотот... Ама само на видео... Што би рекле „службено“! Супер, а можеби и не? Зашто тоа е само првиот дел од приказната што сите ја знаат! https://www.youtube.com/watch?v=_926TAVjnCA За таканаречената „Ноќ на вештерките“ или „Halloween“, Иван и неговите „Либеро бенд“, службено имаа настап во едно познато скопско кафуле. А таму, слубено или приватно, меѓу сите гости(нки) се најдoa  и две познати дами. Ана Николовска,  ТВ уредник и водителка која ја гледате на Алфа ТВ, во нејзината продукциска емисија посветена, на живеењето, станбениот простор, уредувањето на станот и станбениот простор - „Квадрат“ и нејзината ништо помалку згодна и сексапилна колешка, Ирена Вељановска која ја води „Урбан блок“, емисија од истата продукција. Атрактивните, згодни и убави водителки се најдоа токму во истото „гнездо“ за забава, за која таа вечер беа задолжени Иван и неговите колеги од „Либеро бенд“. Журката на ниво, забавата кулминира, песните гаѓаат во срце... Арно ама, има некој што не песните туку вокалот го погодил... И тоа изгледа со аморова стрела!? Зашто, како што вели споделениот цитат: „Слабоста на бојата на гласот, е сериозна работа...!“ Ете така... И навистина е така, зашто може толку да ги „измеша боите“, што „пеперутките од стомакот“ ќе се разлетаа на сите страни и... Ете ти „нова пролет во ноември“! Впрочем споделените фотографии од местото на „бојата на гласот“, испишани со имињата на пејачот и на една од ТВ водителките, па „обоени“ со црвени срценца  кои пулсираат, се навистина сериозна индикација за нечија „слабост“... на туѓата боја на гласот, а по се изгледа и не само на гласот! Останува енигма, дали тоа Иван го забележал или веќе оддамна го знае? Дали пејачот на „Либеро бенд“ потајно го гледаат пар туѓи очи, или има нешто скришно...? „Очи в очи“, во четири очи? Дали присуството на ТВ водителките на свирката на „Либеро бенд“ беше случајно или има нешто како во песната: „Дојдов пак, тајно моја...“? Засега дилемата останува енигма, но како и секоја љубовна мистерија кај нас, набргу ќе биде разрешена. Патем, ја спомна некој Антониа Гиговска, или допрва пејачката ќе се јави да каже, што има да каже? Ако претходно, самото не ни се каже!  ]]>

Тоа што прво ќе го забележите на фотографијата ги открива вашите најголеми слабости во љубовта https://arhiva.vistina.com.mk/toa-shto-prvo-kje-go-zabelezite-na-fotografijata-gi-otkriva-vashite-najgolemi-slabosti-vo-ljubovta/ Wed, 27 Feb 2019 14:20:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75072

Понекогаш замижуваме пред нашите слаби страни, а тоа ни предизвикува болка во срцето и душата. Упорно се вртиме во круг, губејќи ја перспективата на она што е правилно, а што погрешно. Овој брз и едноставен тест ќе ви открие каде грешите. Добро погледнете ја сликата и откријте ги вашите најголеми слабости кога станува збор за изборите кои ги правите во љубовта: Што видовте прво? Лицето на човекот Вашата најголема слабост кога се вљубувате во некого е фактот што упорно со себе си го носите емоционалниот багаж од минатото. Нормално, сите имаме емоционален товар кој го носиме со себе од претходните љубовни искуства и сосема логично е дека се плашите да не ви го скршат повторно срцето. Ова потврдува дека не се брзате да влетате во нова врска, поради стравот дека ќе доживеете дежа ву со лошото искуство од минатото. Но, мора да бидете свесни дека доколку никогаш не ризикувате, шансите да пронајдете вистинска и квалитетна љубов се намалуваат. Мора да се движите согласно темпото кое ви одговара, но понекогаш и да преземете ризик. Во потрага сте по добар и чувствителен партнер, вреден за вашата љубов, кој ќе ја сфати вашата болка од минатото, но и потребата да бидете сакани и заштитени. Птицата што држи гранка во клунот Вашата најголема слабост кога избирате партнер е тајната потреба да се грижите за некого. Вие имате вродено чувство да чувате, да негувате и да се грижите. Ништо не прави да се чувствувате толку добро како можноста да го направите вашиот партнер посреќен и да му го подобрите животот на каков било начин. Тоа е донекаде добра особина. Но, немојте да дозволите да се вљубите во некој чиј живот е целосно хаотичен и не знае во кој правец оди. Нема потреба да се посветите некому со цел да го доведете неговиот живот во ред, додека вашиот е на работ на колапс. Сирената на карпата Вие сте убедени дека секогаш ве чека некој (или нешто) подобро веднаш зад аголот. Тоа е вашата најслаба точка кога станува збор за љубовта. Идеалист сте за сè во животот, а љубовта не е никаков исклучок. Да, партнерот со кого сте во врска е прекрасен, но сигурно постои и некој подобар од него, нели? Не дозволувајте ваквите недоумици да ви го упропастат она што трпеливо сте го граделе. Тревата не е секогаш поубава и позелена кај соседот. Реално проценете ја личноста којашто сте ја одбрале и решете кога ќе ѝ ставите точка на потрагата. Бисерот во школката Вие сте премногу сконцентрирани на материјалните нешта на кои им давате предност пред љубовта кога избирате партнер. Тоа е убедливо вашата најголема слабост. Иако не сте целосно површни, тоа не значи дека не сакате скапи, фини и луксузни предмети и задоволства. Одвреме-навреме може да имате врска со некој што навистина ви се допаѓа, но доколку неговата финансиска ситуација е неповолна, никогаш нема да се појавите со него во јавност. Добро е да имате одредени стандарди и да знаете што сакате, но обидете се да не им придавате премногу значење на финансиите и материјалните нешта, бидејќи вистинската љубов може да ве одмине, само затоа што сте биле заслепени од нешто друго.
]]>