сквер јадран – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Dec 2017 12:12:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сквер јадран – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во скопски Центар дочек за Нова година сепак ќе има: Тамара, Некст тајм и Ај Кју на „Сквер Јадран“, Арнаудова, Бени, Ориѓански… извисија? https://arhiva.vistina.com.mk/vo-skopski-centar-dochek-za-nova-godina-sepak-kje-ima-tamara-nekst-tajm-i-aj-kju-na-skver-jadran-arnaudova-beni-origjanski-izvisija/ Wed, 13 Dec 2017 12:12:25 +0000 http://vistina.mk/?p=6526

Откако Град Скопје реши да ја откаже централната новогодишна прослава и парите да ги донира во хуманитарни цели, прослава сепак ќе се одржи, но во организација на Општина Центар, пишува во вчерашната ин формација порталот Репортер.
Наводно, на  31 декември на веќе традиционалната локација за новогодишни прослави на центарци, „Сквер Јадран“ (близу плоштадот „Македонија“, во правец кон Соборниот храм), сепак ќе биде организирана новогодишна прослава на која ќе домонираат македонските изведувачи. Тамара, Ај Кју и Некст Тајм, се некои од имињата за кои се шпекулира дека ќе настапат за дочекот на највеселата ноќ, а во комбинација била и една легендарна музичка група од поранешните ју-простори.
Интересно е што во досегашните планови на центарци, иако се’ уште ништо јавно не е соопштено и потврдено, не се наоѓаат имињата на неколку ударни музички перјаници на власта како што се Кристина Арнаудова, Бени и „Нон Стоп“, Златко Ориѓански... на кои, како политички активни годиниве наназад, местото на „државните тезги“ речиси им е постојано „загарантирано“?!
Тргнувајќи во потрага по информации од јавен карактер, ги побаравме надлежните во Општина Центар за подетални информации. Одговорот беше потврден. „Да, новогодишен дочек во скопски Центар на „Сквер Јадран“ ќе има, но за деталите ќе морате да го прашате градоначалникот Саша Богдановиќ, кој деновиве ќе излезе со своја прес конференција“ - беше одговорот од општина Центар! Град Скопје пак пред еден месец излезе со соопштение дека нема да организираат пречек на Нова година и дека парите наменети за прославата ќе се донираат во хуманитарни цели. Градот сè уште не е накитен, а највено е дека елката на плоштадот ќе биде поставена на 15 декември!
]]>