скуша – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Jun 2022 12:00:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скуша – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Оваа риба е убедливо најздрава: Содржи 2 пати повеќе омега-3 масни киселини од лососот и изобилува со витамини и минерали https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-riba-e-ubedlivo-najzdrava-sodrzi-2-pati-povekje-omega-3-masni-kiselini-od-lososot-i-izobiluva-so-vitamini-i-minerali/ Wed, 08 Jun 2022 12:00:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253514

Веќе сите добро знаеме колку консумирањето риба е здраво. Рибата изобилува со протеини и здрави масни киселини и како таква претставува извор на здравје. А на самиот врв неприкосновено се наоѓа скушата. Зошто скушата е толку посебна? Овој вид риба содржи голем процент на омега-3 масни киселини, дури 2 пати повеќе од лососот и поради тоа е одлична за регулирање на крвниот притисок. Богата е и со селен кој заедно со протеините создава антиоксиданти и го зајакнува имунитетот. Скушата посебно им се препорачува на трудниците поради фосфорот и магнезиумот. Она што особено ја издвојува како намирница за совршено избалансиран оброк е фактот дека во 100 грама има само 205 калории. Од тие 18 отсто се масти и 14 отсто се протеини. Содржи повеќе и од 10 отсто од препорачаната дневна количина на калциум и е богата со антиоксиданти и витамините А и Б. Скушата е одличен извор на нијацин, добар извор на тиамин, Б12 и рибофлавин, како и пантотенска киселина и колин. Калциумот и витаминот Д кои се наоѓаат во скушата се многу важни за зајакнување на коските. Бета-каротенот и витаминот Е помагаат во спречување на оксидативното оштетување на клетките, а витамините од групата Б се важни за нормално функционирање на нервниот систем при што нивниот недостаток може да резултира со депресија, умор и слаб имунолошки систем. Откриено е дека во рибата и морските плодови се наоѓа само 9 отсто од вкупната количина на полихлорирани бифенили (PCB) и диоксини присутни во храната, а околу 90 отсто во останатата исхрана како што се месото, зеленчукот и млекото. Студијата исто така покажала дека консумирањето на 200 гр. риба неделно го намалува ризикот од смрт предизвикана од било која болест за 17 отсто и за 36 отсто го намалува ризикот од смрт предизвикана од срцеви болести. извор:точка.ком.мк]]>

Однадвор крцкава, одвнатре мека – готова за 10 минути: Брза скуша во маринада https://arhiva.vistina.com.mk/odnadvor-krckava-odvnatre-meka-gotova-za-10-minuti-brza-skusha-vo-marinada/ Thu, 22 Apr 2021 13:00:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200159

За ова посно јадење не ви треба многу труд, а вкусот е загарантиран. Состојки: - 2 скуши - компир - оцет - масло - кромид - сол - сув магдонос - сок од 1 лимон - 2-3 чешниња лук Подготовка: Маринадата подгответе ја така што сокот од лимон ќе го измешате со лукот и малку магдонос, а потоа ставете ја во фрижидер. Компир-салатата направете ја така што ќе го излупите компирот и ќе го пресечете на коцки, а потоа ќе додадете главица кромид која претходно сте ја пресекле. Ставете малку сол, бибер, масло, оцет и магдонос. И неа ставете ја да се лади. Исчистете ја рибата и отстранете ѝ ја главата. Потоа добро измијте ја и посолете. Оставете ја да отстои 10 минути. Рибата ставете ја во брашно. Во тавче ставете масло и загрејте го. Мора да биде топло за рибата да не се залепи, а потоа додете ја неа во тавчето. Пржете на умерена температура. Пред крајот уште малку потпечете, така што ќе ја зголемите температурата. Потпечете по вкус. Кога рибата ќе биде готова извадете ја и ставете ја во садот во кој сакате да послужите. Рибата послужете ја со компир-салатата и маринадата. извор:точка.ком.мк]]>