скопско лето 2020 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Jul 2020 12:03:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скопско лето 2020 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Скопско лето: Претстава „Не ми го чепкај пивото“ во Куршумли Ан https://arhiva.vistina.com.mk/skopsko-leto-pretstava-ne-mi-go-chepkaj-pivoto-vo-kurshumli-an/ Thu, 23 Jul 2020 12:03:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160245

Во рамките на „Скопско лето 2020“, на 27.07.2020 (понеделник) во просторот на „Куршумли Ан“ со почеток во 20:30 часот ќе со одигра премиерата на претставата „Не ми го чепкај пивото“. Тоа е претстава за тројца патници кои во недостиг на вистинска љубов бараат љубов што не е вистинска. Еротика. Љубовни интереси. Соголување. Пиштол. Секс. Дрога. Пари. Власт. Моќ. Страст. Лага.  Од се' по нешто во нешто што е измрдано и не вреди, но постои и ќе го видиме. Претставата „Нe  ми го чепкај пивото!“ е авторски текст на актерите и режисерот инспириран по текст на Армуш Бериша Бели. Оваа театарска комедија е можност за љубителите на уметноста и театарот (низ многу смеа и позитивни вибрации) да ја согледаат сликата за луѓето во “градот”. Инспирацијата актерите ја црпат од секојдневието кое го живеат, сведочат и од себе го вадат тоа што го сакаат за ликовите. Сите ликови носат своја комплексност за илузиите и стравовите на ова време. Станува збор за современа тематика за која денес слободно може да кажеме дека е модерна. Режисер е Ѓорѓи Ризески, а актери кои ги играат улогите во претставата се: Јулија - Надица Петрова, Срѓан - Давид Илиќ и Слободан - Бобан Алексоски. Кореограф и сценски движења- Ирена Лозинска, асистент режија- Тамара Стојаноска, сценограф- Мартин Манев, дизајн на плакат- Александра Таушанов и Владимир Димковиќ, камера и монтажа на видео- Доан Доѓан. Претставата е во продукција на  театарот „Златен елец“ Скопје. ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПУБЛИКАТА: Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжитело ќе биде почитувањето на препорачаните мерки: - носење заштитни маски, - мерење телесна температура - одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето, - дезинфекција, - влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по ептен симболична, фестивалска цена. Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.]]>

Стартува „Скопско лето 2020“ со ограничен број посетители и со пропишани мерки за заштита https://arhiva.vistina.com.mk/startuva-skopsko-leto-2020-so-ogranichen-broj-posetiteli-i-so-propishani-merki-za-zashtita/ Mon, 06 Jul 2020 10:14:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157250

Со концертот „Скопје во три бои“ вечерва, понеделник, 06 јули 2020 година од 20.30 часот во Сули Ан ќе биде отоврен 41-от фестивал „Скопско лето 2020“, кој традиционално почнува на 21 јуни. Поради пандемијата, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје (ДКУС) ќе ја организира летната манифестација во македонската престолнина, согласно со протоколите за организација на јавни настани донесени од владата. Бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки: носење заштитни маски, мерење телесна температура, одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето и дезинфекција, а влезот на публиката во ќе почне половина час пред настанот. -Согласно протоколите и заради регулирање и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари. Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupipartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар, соопшти ДКУС.  На вечерашниот концерт  „Скопје во три бои“  во Сули ан ќе настапат: Душко Георгиевски – вокален изведувач и флејта, Ратко Даутовски – ударни инструменти, Емил Адамски – кавал и акустичен бас, Бајса Арифовска – пијано, тамбура, виолина, кларинет и Благоја Алачки – гитара. Организаторот соопшти дека музичката програма ги сплотува македонската, ромската и турската популација во нашето поднебје како убав спој на три музички култури во едно и дека ќе ги разбие стереотипите за поделеност. -Кога се мисли на мултиетничката заедница, во прв план се мисли на начинот на кој говорат тие, што носат во себе секој од својата прататковина, како културно и духовно наследство, начин на кој живеат и како придонесуваат во градот или општеството во кое егзистираат. Народниот уметник Македонец ја пее песната на неговиот пријател Ром. Ромот, пак, соживеан со Македонецот го игра неговото право оро, пее и говори на македонски. Турскиот музички мелос, пак, го има и се слуша со вистинско уживање. Така се создаваат овие три бои, со кои се обојува оваа убава слика на еден соживот, културна размена и социјализација, како вредности кои треба да се негуваат, наведуваат од ДКУС. Утревечер (7 јули) од 20.30 во Сули ан јубилеен концерт ќе има Пламенка Трајковска квинтет. На 8 јули од 20.30 часот концерт ќе одржи триото Ад Либитум“ во Музејот на македонската борба; на 9 јули  онлајн ќе биде промовирана книгата „…Kao ti i ja…/…Како ти и јас…/… Like You And Me…“ – љубовно-патописна поема инспирирана од младоста на Никола Тесла на авторот Тони Манџуковски-Манџук. Промоцијата ќе се одржи со видеопроекција во „Тесла-бар“ од 20.20 часот. В петок (10 јули) од  21 часот во Сули ан на програмата на 41. „Скопско лето“ е  монодрамата „Дневникот на лудиот“ од Гогољ во изведба на Бобан Алексоски и во продукција на Театар „Златен Елец“.
]]>