Скопските шепоти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Apr 2021 12:24:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Скопските шепоти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Театарот во креативните индустрии 2021: Скопските шепоти, крици и драматизирања!   https://arhiva.vistina.com.mk/teatarot-vo-kreativnite-industrii-2021-skopskite-shepoti-krici-i-dramatiziranja/ Mon, 26 Apr 2021 12:24:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200536

  Отворен повик за изработка, објава и промоција на 6 современи драмски текстови на млади автори, млади драмски автори на возраст од 18 до 29 години (полнолетни, со своја сметка во банка). Повикот е наменет за сите млади и креативни луѓе кои сакаат да пишуваат и создаваат;  кои ја сакаат уметноста - книжевноста,  театарот,  музиката, ликовните уметности,  филмот, телевизијата, радиото, новите медиумите,  Интернетот, науката  ... впрочем се’ што ги опкружува, инспирира, образува, преокупира  и поттикнува. Повикот е наменет за млади авторки и автори кои создаваат и имаат потреба нивните дела да бидат објавени и инсценирани; невработени или самовработени автори/авторки; авторки/автори во подем со професионално искуство или без професионално  искуство вон студиите; студенти од ФДУ Скопје, Прима Скопје; студенти од сите државни и приватни универзитети акредитирани во Р.С. Македонија кои се активни и во уметничките области; наши студенти кои студираат на уметнички и драмски академии надвор од Македонија. Неколку воведни зборови: Кога учествуваме на разни регионални – балкански и екс југословенски програми за размена на искуствата во современата театарска, драмска и сценска продукција и афирмирањето на истата, честопати се соочуваме со реакции од страна на нашите екс југословенски колеги кои велат и споделуваат забелешки дека во последните 40 години тие знаат само за Горан Стефановски и Дејан Дуковски, како за најдобрите и очигледно единствените драмски автори од Македонија. Ваквата состојба на нештата укажува на неприродност во континуитетот на развојот на драмското пишување кај нас, за немањето однос кон појавата, развојот, следењето, афирмирањето на новите генерации драмски автори-драматурзи; како и ретката можност  новите драмски автори – нивните дела да бидат сценски поставени. Очигледно е дека вината за невидливиот континуитет на современата драма во Македонија, ја делиме неколку(мина) фактори - образовните институции, театрите и  режисерите, културната политика.  За среќа ваквата состојба почнува пополека,  но надежно да се поместува и менува. Овој  отворен повик наменет е за млади автори/ драмски автори кои ќе можат да ги аплицираат своите најдобри дела на слободна тема (или наменски создадени дела додека трае овој отворен повик). Со овој повик очекуваме  да се стимулира и видливоста и креативната изразност на девојките, младите феминистки, активни во обидите на заживување на разни формати во современиот независен и национален театар кај нас (феминистички театар, женска драма, еколошка драма, зелена драматургија ... отворени сме за сите нови сценски термини). Зошто примарност за слободна тема? Бидејќи сите сме заглавени во духот на времето и ги манифестираме идеите и темите на ова современо време со сите свои предности и недостатоци. Критичката мисла, перцепција и креативност на младиот човек овозможува свеж пристап, поинакви интерпретации и структурирања, театарски формати и драмски експерименти. Младите се дел од битот на градот, селото,  местото во кое живееме и делуваме – тие се новите урбани или неурбани генерации кои ги создаваат и генерираат новите идеи во развојот на креативните индустрии кај нас - наменски, спонтано, неизбежно – инспиративно, оптимистички или песимистички; преку јазикот на драмата – комична или трагична, хибридна-контрадикторна. Очекуваме пријава на искрено и без самоцензура, напишани драмски текстови; квалитетни и директни  - експериментални, хибридни-химерни, инвентивни; современо или класично а цврсто структурирани драмски форми; драмски текстови на разни индивидуални и колективни жанрови и теми – од трагедии, траги комедии, комедии-сатири-фарси-кабареа и бурлески до новодобни мистерии, драмски памфлети, деконструкции и нови наративно до концептуално-содржински конструкции за раѓањето, животот, егзистенцијата, меѓучовечките односи, смртта и задгробниот живот на славата. Нашиот стручен тим ќе направи избор од 6 највпечатливи современи драмски текстови, ќе ги објави во формат на електронска книга со пропратна локална и меѓународна дигитална промоција, ќе обезбеди авторски примероци  за авторите, ќе исплати скромен хонорар за селектираните автори преку авторска агенција, ќе ги препорача на програмските тимови во театрите и фестивалите за сценски уметности во Македонија. Целта е ВИДЛИВОСТ И ШАНСА ЗА МЛАДИТЕ АВТОРИ! Новите генерации на драмски автори. Драги автори ова се условите, насоките  за вашето пријавување: -          Треба да бидеш  полнолетен/полнолетна - да не си помлад/а од 18 години и да не си постар/а  од 29 години (правило на покровителот). -          Да имаш лична карта и своја сметка во банка (во пријавата прати ни скенирана или фотографирана копија од лична карта). -          Прати ни своја кратка биографија со промотивна фотографија на македонски јазик и/или англиски јазик (Во ворд...*). -          Прати ни минимум еден авторски драмски текст или максимум три авторски драмски текстови (драмските текстови може да се напишани во периодот од 2010 г. до 2021 г. (да не се објавени во друга книга/е-книга) или да се новосоздадени во периодот на овој отворен повик). -          Темите, жанровите  и стиловите за драмските текстови се слободни. Јазик: Драмските текстови треба да се напишани на македонски и / или англиски јазик. Формат:  Ворд документ; големина на фонт 11 или 12; стил на фонт:  Тајмс њу роман – кирилица за македонски/латиница за англиски, Калибри – кирилица за македонски/латиница за англиски или Ариел – кирилица за македонски/латиница за англиски јазик. (*оваа техничка насока важи и за вашите кратки професионални  биографии). Контакт – имејл: (на следниов имејл испрати го својот/испрати ги своите драмски текстови со назнака – Пријава на отворен повик за драмски текстови):   [email protected]]]>