скопски земјотрес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 10 Jul 2023 12:40:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скопски земјотрес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Петмина графити уметници од Нинберг во Скопје за да изработат мурал по повод 60 години од скопскиот земјотрес https://arhiva.vistina.com.mk/petmina-grafiti-umetnitsi-od-ninberg-vo-skopje-za-da-izrabotat-mural-po-povod-60-godini-od-skopskiot-zemjotres/ Mon, 10 Jul 2023 12:40:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309652

Пет графити уметници од Нинберг ќе го посетат Скопје, каде преку тродневен мултимедијален настан ќе изработат мурал по повод шеесетгодишнината од скопскиот земјотрес, ќе изработат мурал, а ќе одржат и детски работилници за цртање графити, известуваат од КСП Центар Јадро. Оттаму посочуваат дека „Колект Жардин“ од Нирнберг ќе престојуваат во Скопје од 14 до 16 јули, а тродневниот настан ќе вклучува цртање на мурал во центарот на градот, работилница за графити за деца и завршна манифестација на последниот ден. „На 15 и 16 јули, уметниците ќе направат огромен мурал. Концептот на ѕидот ќе симболизира спомен за земјотресот во Скопје 1963 година. Во тоа време, во 1963 година, работници од Нирнберг дошле во Скопје за да помогнат при обновата на градот и во име на таа солидарност и денес – точно 60 години подоцна – повторно ќе дојдат уметници од Нирнберг и ќе се обидат да помогнат во редизајнирањето на градот на креативен и уметнички начин“, велат од „Јадро“. Истовремено, уметниците од Нинберг, заедно со професионални тренери од Скопје ќе одржат работилница на која  децата ќе научат за теоретската позадината на графити-културата како и практични вештини. „Вечерта ќе биде посветена на претставување на уметничките дела на учесниците на завршниот настан. Тогаш,  ќе биде одржан и   хип-хоп џем, со диџеи и локални рапери. Главната идеја на целиот проект е да се зајакне партнерство меѓу Нирнберг и Скопје и да се претстават меѓународните графити и хип-хоп културата пред широката публика“, истакнуваат од КСП Центар Јадро. Оттаму дополнуваат дека идејата за овој настан се појавила пред неколку години врз основа на долгогодишното пријателство меѓу графити уметници од Нирнберг и Скопје, но плановите биле откажани поради пандемијата.]]>

„МКЦ за Скопје“ – мултимедијален настан по повод 57 години од катастрофалниот скопски земјотрес https://arhiva.vistina.com.mk/mkc-za-skopje-multimedijalen-nastan-po-povod-57-godini-od-katastrofalniot-skopski-zemjotres/ Wed, 22 Jul 2020 12:01:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160019

„МКЦ за Скопје“ е насловен мултимедијалниот настан кој в недела, 26 јули, ќе го организира Младинскиот културен центар за одбележување 57 години од скопскиот катастрофален земјотрес. Настанот ќе се одржи во паркот на МКЦ по соодветен протокол и почитување на мерките за заштита. Бројот на посетители ќе биде ограничен, влезот е бесплатен, но со билети кои може да се набават преку bileti.mkc.mk. „МКЦ за Скопје“ на 26 јули ќе почне вечерта во 19.30 часот со изложба „Култните градби во Скопје“ – избор на фотографии од проектот „101 најзначајни градби во Скопје“. Изложбата ги претставува култните градби во градот Скопје, надополнета е и со видеопроекција. Автори на фотографиите се Горан Јакимовски, Горан Георгиевски, Владимир Арсовски. Селектор е архитект Ѓоко Радовановиќ, а монтажата на видеото за изложбата е на Митко Арнаудов. Од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Скопје: изгубените чевли на градот“ од Иван Шопов, која содржи осумдесетина микрораскази/куси записи посветени на „невидливиот“ дел на градот Скопје. – Текстовите, т.н. антиразгледници, се создавани во периодот 2016-2020, а поттикот за нивно пишување во голема мера е промената на архитектонскиот лик што градот ја доживеа изминативе години. Во неа средишно место заземаат приказните за малите луѓе и феномените кои се маргинални, сето она што никако не би можело да се најде во историските учебници и на разгледниците. Поривот за таквиот третман на градот доаѓа токму од бруталноста со која се интервенираше врз неговата „голема слика“ и „голема приказна“. …, соопшти МКЦ за книгата на Иван Шопов. За неа ќе зборува Владимир Јанковски, а раскази ќе чита Ѓоко Здравески. Мултимедијалниот настан во сеќавање на земјотресот од 1963-та ќе продолжи во 21 часот со учество на „Импров група“ и нивната претстава „Импров настап“ – заснована на игри за импровизација, адаптирани да се играаат пред публика. Како што најавува МКЦ, „Импров настап“ е комична, непосредна, но комплексно структурирана театарска претстава, обврзана да критикува, демистифицира и образува, оградувајќи се од вулгарност и прост подбив. Во неа играат: Мартин Манев, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски и Наталија Теодосиева, а водител на настапот е Андреј Цветановски. Од 22 часот во рамки на „МКЦ за Скопје“ е музичката програма и концерт на бендот „Перија“ – во кој членуваат Филис, Кате и Леа кои изведуваат музика на уд, перкусии, тамбура и кемане. По нив ќе настапи „21 век“ – бенд на Васко Атанасоски, Раде Јорданоски и Дени Крстев кои истражуваат експресивна палета на влијанија – од постпанк до македонска традиционална музика, и бендот „Ен2три“ кој за оваа пригода ќе настапи со перформнсот „5:17“.
„МКЦ за Скопје“ е настан кој нè потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на интензивноста, обединетоста и хуманоста на луѓето, соопшти Младинскиот културен центар.
]]>

„Зборува Скопје“ 1963-2018 https://arhiva.vistina.com.mk/zboruva-skopje/ Fri, 20 Jul 2018 13:46:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=39265

„Зборува Скопје“ во четири дена ќе ја обедини ликовна, театарска, филмската и мултимедијална уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата. Музејот на град Скопје, Графити галеријата во ГТЦ, КИЦ, Музејот на современата уметност, платото пред МКЦ, ќе бидат местата кои во овие четири дена за скопјани ќе понудат интересни настани кои ќе можат да се погледнат само во рамките на оваа манифестација. Со дваесетина културни настани на неколку локации, Град Скопје ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Со особено задоволство почетокот на манифестацијата на 23 јули, понеделник, ќе го одбележиме со враќањето на буквите од пораката на Јосип Броз Тито на источната страна на Музејот на град Скопје. Граѓаните овој настан ќе можат да го проследат од 20 часот во Музејот. „Тивка реконструкција на земјотресот“, перформанс на Билјана Радиноска и „Сонува Скопје“, краткометражен филмски колаж на Дина Дума, се дела на нашите млади уметници што ќе бидат дел од централниот настан на 25 јули што ќе се одржи во Графити галеријата на ГТЦ. Програма: 22.07.2018 СКОПЈЕ НА НАШИТЕ ДЛАНКИ 1963-2018 Опис: Отварање на работен камп Почеток: 20:00 ч. Локација: Студентски дом “Стив Наумов” Организатор: Здружение за волонтерско работно и едукативно ангажирање АКЦИЈАШИ   23.07.2018 СОЛИДАРНОСТА СЕ ВРАЌА ДОМА Опис: Враќање на буквите од изјавата на Јосип Броз Тито во 63та на источната страна на Музејот на град Скопје Почеток: 20:00 ч. Локација: Музеј на град Скопје Организатор: град Скопје   СКОПЈЕ НА НАШИТЕ ДЛАНКИ 1963-2018 Опис: Работен камп Почеток: 23-28.07.2018 Локација: општина Гази Баба Организатор: Здружение за волонтерско работно и едукативно ангажирање АКЦИЈАШИ   24.07.2018 РУТА НА СОЛИДАРНОСТА Опис: Панорамско разгледување на Скопје со фокус на случувањата поврзани со катастрофалниот земјотрес 1963 Почеток: 11:00 ч. и 17:00 ч. Локација: парк на Мајка Тереза (платото пред зградата на ЕВН) Организатор: ЈСП Турс ЈСП Скопје и град Скопје   25.07.2018, среда ЗБОРУВА СКОПЈЕ - ГЛАВЕН НАСТАН Скопје сонува Опис: Краткометражен филмски колаж на Дина Дума Почеток: 20:30 ч Тивка реконструкција на земјотресот Опис: Перформанс на Билјана Радиноска Почеток: 21:00 ч Разговор со смисла Опис: Музичка програма - Концерт на Mammoth & Yashem, Концерт на Тодор Караколев, Импров сесија со музичари од новата скопска сцена Почеток: 22:00 ч Организатор: град Скопје Локација: Графити галерија ГТЦ (автобуската постојката во ГТЦ)   26.07.2018, четврток РАЗБУДИ СЕ СКОПЈЕ Опис: Аудио акција (на 5 различни локации низ градот која треба да ги потсети граѓаните на точното време на трагедијата која го задеси скопје на 26 јули 1963) Почеток: 5:17 ч. Локација: Град Скопје (Музеј на Современа, Музеј на град Скопје, ГТЦ, Влае, автомобил низ Партизанска) Организатор: Група Урбани уметнички Акции / Центар за современи уметности   Положување на цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотересот во 1963 Почеток: 10:00 ч. Локација: Градски гробишта Бутел Организатор: Град Скопје   МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ Крводарителска акција Почеток: 09:00 - 17:00 Организатор: Црвен крст на град Скопје и Музеј на град Скопје Локација: Музеј на град Скопје ЗА СКОПЈЕ КОЕ ГО САКАМ Опси: Поетско читање Почеток: 18:00 ч. Организатор: Огранизација на жени на Град Скопје и Музеј на град Скопје Локација: Музеј на град Скопје Од БРАТСТВО И ЕДИНСТВО ‘63 до СКОПЈЕ ‘63 Опис: Изложба Почеток: 20:00 ч. Организатор: Музеј на град Скопје Локација: Музеј на град Скопје Скопскиот земјотрес низ филмовите од архивот на Кинотеката (Скопје, 26. 7. 1963 / реж. Кочо Недков/1963/13,29’; Ехото на мојот град/ реж. Бранко Михајловски/1963/9,06’; Катастрофа, страдања, надежи/ реж. Славко Јаневски/1963/20,24’; Културно богатство во урнатини/ реж. Димитрие Османли/1963/11,18’; Темели на солидарноста/реж. Трајче Попов/1966/13,29’) Времетраење: 67’’ Почеток: 21:00 ч. Организатор: Кинотека на Македонија и Музеј на град Скопје Локација: Музеј на град Скопје   Грчката колекција во Музејот на современата уметност Опис: Изложба Почеток: 12:00 ч. Локација: Музеј на современа уметност Организатор: Музеј на современа уметност, Скопје МКЦ ЗА СКОПЈЕ Restart Опис: Изложба на старата и младата генерација на македонски уметници Почеток: 20:00 Локација: Галерија Досие Скопје Опис: Филмска програма Епизоди 1 - 10 Почеток: 15:30 Локација: кино Фросина & Плато МКЦ Ayuune Sule (Гана), Александар Велики (Македонија), Hornsman Coyote (Србија), Natty Fiyah SS (Македонија) + промоција на нов видео спот на Sethstat & Мирко Попов Опис: Музичка програма Почеток: 22:30 Локација: Плато МКЦ Организатор: ЈУ Младински Културен Центар]]>