скопски маратон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Oct 2021 11:44:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скопски маратон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И тимот на фармацевтски гигант Галеника трчаше низ Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/i-timot-na-farmacevtski-gigant-galenika-trchashe-niz-skopje/ Wed, 06 Oct 2021 11:44:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222012

Со тимот на Галеника, учесници на 17 издание на Скопскиот маратон трчавме и разговаравме за здравствените придобивките од трчањето и маратоните. Стартот за здрава и енергична заедница се рекреативните спортови, а можноста да има услови граѓаните да ги почувствуваат придобивките од рекреативното спортување, се впрочем придобивки за целата заедница. Врвот на едно вакво рекреативно спортување, викендов, се случи во Скопје. Со над 6000 тркачи учесници во најголемото случување, по 17 – пат се, одржа Скопскиот маратон и годинава во трките се приклучи и тимот на , српскиот фармацевтски гигант Галеника. Под слоганот „Посветени на луѓето, верни на здравјето“ на маратонот учествуваа вработените од македонското претставништво, гости од дирекцијата во Србија и нивни пријатели.
„Нашиот главен бизнис е да одговориме на потребите на заедницата од аспект да ја одржиме нејзината добросостојба. Физичката активност е еден од стожерите за здрава заедница, односно здрав граѓанин, а трчањето е една од најпопуларните рекреативни спортови. Сепак, тука сме како тим, преку кој градиме и социјални врски кои помагаат да се зајакне и нашиот тим на вработени, но и да бидеме дел од една активна заедница која ужива во рекреација е и среќна заедница. Впрочем и заедницата преку физичката активност на поединците полесно ги гледа резултатите или придобивките од рекреативното спортување, како што се менталната, емотивната и социјалната благосостојба“, вели Даниел Јаневски, генерален директор во Галеника, Северна Македонија.
Придобивките од рекреативното спортување се многу, како за заедницата, така и за индивидуалецот, кој пред се има здравствени придобивки. Посебно за трчањето може да се сложиме дека последните 10-тина години е еден од најактуелните рекреации во Скопје. Се трча на Кеј, на Водно, се посетува секоја локација каде има услови за трчање. А оние кои еднаш ќе почнат, ги набројуваат сличните здравствени бенефити: поцврсти мускули, подобра кардиоваскуларна кондиција, поцврсти коски бидејќи е вежба во која секој носи тежина (сопствената), согорува повеќе калории од она што ќе го изеде и се разбира, помага да се одржи здрава тежина. Сите овие придобивки се рефлектираат врз една среќна и здрава индивидуа, со поголема самопочит и самодоверба. Расте и чувството за креативност, а уривајќи ги личните рекорди расте и чувството за достигнување. Покрај забавата, личноста чувствува и поголемо задоволство и намалување на стресот. Трчањето маратон, исто така, создава упорност, истрајност и волја за успех и фокус да се стигне до целта. Има и една друга страна на рекреативните спортови, а тоа е дека позитивно влијаат врз животната средина. Особено трчањето, затоа што целата заедница мора да придонесе да креира физички услови за спортување. Затоа, не губете ниту една минута. Направете нешто ЗАБАВНО, искористете ги можностите за рекреативно трчање, затоа што и придобивките се бесконечни!]]>

Еве кој популарен лик од серијата „Преспав“ не „го преспа“, туку го истрча „Скопскиот маратон“! https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koj-popularen-lik-od-serijata-prespav-ne-go-prespa-tuku-go-istrcha-skopskiot-maraton/ Mon, 07 May 2018 07:03:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=25250

Скопскиот маратон дефинитивно станува една од поубавите работи што му се случуваат на Скопје. Со тек на годините тој станува една од најзначајните манифестации, едно од главните пбележја на македонската метропола, кое ги обединува сите: и мажи и жени, и наши и странци и млади и стари и познати и непознати... Убаво е кога човек ќе води маса од луѓе како трчаат низ улиците на главниот град, при тоа неоптоварени дали ќе победат, дали ќе освојат медал, дали ќе ја завршат трката...
Уште поубаво е кога меѓу илјадниците ќе забележите познати лица... И особено популарни во моментов. Од естрадата годинава речиси и да ги немаше... ако го исклучиме Петар Георгиевски -  Камиказа од групата „Меморија“, кој покрај тоа што е актер по вокација и музичар по хоби, е со години наназад  активен „маратонец“, кој последниве години трча на најпознатите европски и светски маратонски трки во големите градови низ светот.
Сепак едно лице, еден, на сите нам добро познат и многу популарен лик,  „им го обели образот“ на познатите, особено на оние од неговата фела - актерите.  Речиси сите македонски познати фаци „го преспаа“ Скопскиот маратон, но не и тој. Популарниот македонски актер Игор Ангелов покажа дека не знае само да глуми, туку и дека е и тоа како спортски активен.
Така, Коста од „Преспав“ како вистинско мажиште и без да го бодрат Ула и Јелена, откако стратуваше, успеа да стигне на целта со завидно време!
Но тоа не ниту случајно ниту туку така, од небо паднато... Зашто некои работи и да сакаш не можат да се одглумат, ако не си добро подготвен за нив.
А, на Игор ова не му е ниту прв пат ниту непознато, зашто како голем љубител на природата ја користи секоја можност и слободно време да ги минине токму во рекреација.
Планинарењето, возењето велосипед или трчањето се начин на живот... кој тој го живее!
Така што „Скопскиот маратон“ за него беше... „мачкина кашлица“!]]>