скопски маратон 2019 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 04 May 2019 13:47:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скопски маратон 2019 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова се победниците на Скопскиот маратон https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-pobednicite-na-skopskiot-maraton/ Sat, 04 May 2019 13:47:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85949

Чалаче Тируне (Етиопија) е победникот на 15. јубилен „Визер скопски маратон“. Тој истрча со време од 2:15.37 часа, а зад него завршија Вилфред Корир од Кенија и неговиот сонародник Гатаје Гелав. Најдобропласиран Македонец беше Александар Кираџиев, кој заврши на шестото место. Во женска конкуренција Јунис Мухири (Кенија) со време 2:33.38 часа постави рекорд на маратонот, додека на второтои третото место завршија нејзините сонароднички Јулитер Тануи и Наоми Лимамуреи. Дарио Ивановски е победник на полумаратонот со време 1.21.31 пред Србинот Кристијан Стошиќ и Милош Ранчиќ од Македонија. Кај дамите Унгарката Зита Качер беше најбрза, 1.22.53, пред Миљана Ристиќ од Македонија, односно Емилија Тодоровска – Елиас од Шведска. На трката на 5.000 метри во машка конкуренција на подиумот се најдоа, Леонид Вандевски, кој прв ја заврши трката пред Павле Јовановски односно, Пепи Аникијев. Во женска конкуренција, победничка на трката беше Марија Стоќановска, на второто место заврши Ања Еклер, додека Ирма Хајдари беше трета. На годинашниот „Визер скопски маратон“ имаше рекордна бројка од 12.500 учесници, од кои поголемиот дел во трката на 5 километри.
]]>

Скопје блокирано,12.500 лица од 58 држави трчаат на „Виз Ер скопскиот маратон“ https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-blokirano-12-500-lica-od-58-drzavi-trchaat-na-viz-er-skopskiot-maraton/ Sat, 04 May 2019 08:00:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85903

Околу 12.500 натпреварувачи од 58 држави ќе учествуваат на 15. јубилеен Виз Ер Скопски маратон што се одржува денес низ улиците во нашиот главен град. Учесниците ќе се напреваруваат во четири трки: маратон, полумаратон, штафетна трка и трка на пет километри. Оваа година на најкратката трка пријавени се 9.500 учесници од кои повеќето од половината се жени. И оваа година ќе има елитни натпреварувачи од Етипопија и Кенија, а се очекуваат и нови рекорди на патеката. За трката е направена мобилна апликација на која ќе можат да се следат натпреварувачите, кој на која позиција се наоѓа во моментот. Пренос на трката ќе врши Македонската телевизија. – Наградниот фонд изнесува 18.000 евра, а најдобрите во маратонот кои ќе успејат да го освојат бонус критериумот во време, ќе можат да освојат максимум 5.000 евра. Предвиден е и посебен награден фонд и за домашните маратонци бидејќи сакаме да ги мотивираме, изјави директорот на маратонот Кире Синадиновски.   Универзитетската Клиника за хематологија соопшти дека за време на одржување на Виз Ер скопскиот маратон на со почеток во 8 часот, на штандот бр. 20 на Клиниката може да се запишат во Националниот дарителски регистар на коскена срцевина. На штандот ќе бидат ангажирани стручни тимови од Клиниката и Институтот за имунологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, кои стојат на располагање да го објаснат процесот на зачленување во регистарот. Ќе бидат обезбедени услови за дарување на една епрувета крв-5 милилитри кои се доволни за да се направи ХЛА типизација. – Со овој гест ќе станете дел од глобалното семејство кое брои над 30 милиони доброволни дарители на коскена срцевина во светот, посочуваат од Клиниката. Потсетуваат дека е во тек национална кампања „Биди срцевина, биди херој“, што ја спроведува Клиниката во соработка со Институтот за имунологија и хумана гентика, а со поддршка од Министерството за здравство. Целта на кампањата, како што се наведува, е подигнување на свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и засилување на можноста преку запишување во националниот дарителски регистар, секој да може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина. Од Клиниката апелираат сите учесници на маратонот да ја покажат својата хумана и солидарна страна и да се впишат во регистарот. Околу 50 учесници кои трчаа на Скопско ноќно трчање на 5, 21 и 42 километри, пак ќе трчаат и на Скопскииот маратон како поддршка на лицата со ретки болести за кои не постои терапија. Весна Алексовска од Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, појасни дека од 8.000 ретки болести во светот, само за пет проценти постои некаква терапија која ќе им го подобри квалитетот на живот. Автобусите на ЈСП ќе се движат по посебен сообраќаен режим за денешниот маратон. Од 8 до 10 часот автобуските линии 25 и 59 А нема да сообраќаат поради одржување на Скопскиот маратон, а дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на возење.]]>