скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Feb 2024 10:53:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пладневно матине на македонските новинари со Јурица Паѓен https://arhiva.vistina.com.mk/pladnevno-matine-so-juritsa-pagen/ Thu, 22 Feb 2024 10:52:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339758

Овој петок, 23-ти февруари 2024 во Градска кафеана Пелистер, од 11.45 до 12.45 часот Croatia Records Makedonija Ве поканува на пладневно матине со Јурица Паѓен, фронтмен на легендарниот загребски состав „Аеродром“ и некогашен повремен член на култната „Азра“ на Џони Штулиќ.

На средба со новинарите ќе бидат претставени двете актуелни изданија на Јура и „Аеродром“, објавени под етикета на Croatia Records – студискиот албум „Дневни ритуали“ и колекција хитови „Greatest Hits Collection“.

Јурица Паѓен на музичката сцена е повеќе од 50 години. Членувал во „Група 220“, „Парни ваљак“, „Азра“..., бил дел од „Севдах шатл бенд“ на Џони Штулиќ, снимил неколку соло-албуми, соработувал со многу музичари од регионот..., но главниот дел од кариерата и го посветил на групата „Аеродром“. Ги паметиме хитовите – „Фратело“, „Обична љубавна пјесма“, „Дигни ме високо“, „Стави праву ствар на право мјесто“, „Што си у каву ставила“...

Голем пријател на групата „Леб и сол“, уште од осумдесеттите, кога служел војска во Скопје, Паѓен ќе не потсети на убавите времиња во градот во кој го поминал дел од својот живот, а на 24-ти февруари во сабота ќе настапи на концертниот спектакл „Памтим само сретне дане“ во Македонска филхармонија.

]]>

Јелена Розга одржа спектакуларен концерт во Скопје: Визуелно-музички спектакл, преполна сала и публика што од прва до последна песна пее и танцува со ѕвездата https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-rozga-odrzha-spektakularen-kontsert-vo-skopje-vizuelno-muzichki-spektakl-prepolna-sala-i-publika-shto-od-prva-do-posledna-pesna-pee-i-tantsuva-so-zvezdata/ Sun, 11 Feb 2024 15:15:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338307

„Последниот пат кога бев во Скопје бев во салата „Борис Трајковски“ и си помислив ‘кога би имала јас концерт овде’... и ете желбата ми се оствари. Оваа љубов, оваа енергија што ги почувствував вечерва не можат да се опишат со зборови. Навистина им благодарам на сите затоа што го имав досега можеби еден од најемотивните концерти. Скопје благодарам, си поминав преубаво“, рече Јелена Розга по завршувањето на синоќешниот концерт во рамки на турнејата „Минут срца мог“. Пред преполната „Борис Трајковски“ Јелена ги отпеа своите најголеми хитови, како и оние од времето на групата Магазин каде членуваше на стартот од својата музичка кариера. Концертот беше во организација на Скајмјузик продукција, регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали, а публиката освен што имаше можност да ужива во гласот на Розга, одличните кореографии  за кои друштво на сцената и правеа 12 танчари предводени од словенечкиот кореограф Жига Сотлар, уживаше и во визуелниот спектакл за што придонесоа повеќе од 400. квадратни метри ЛЕД екрани, преку 300 светлосни тела, повеќе од 500 илјaди вати звук. Речиси секоја нумера имаше посебна кореографија, а секоја песна своја анимација и специјални ефекти, и тоа почнувајќи од ласери до пиротехника. Уникатна по обликот и големината беше и бината, а посебните писти што влегуваа во партерот понудија единствена можност оние во првите редови. Јелена на сцената се појави во неколку модни изданија, и тоа благодарение на модниот двоец Envy, а колку и значи концертот во Скопје и колку навистина се подготвуваше за овој настап доволно зборува фактот дека изгледаше сосема поразлично од концертите кои веќе ги одржа во регионот во склоп на турнејата „Минут срца мог“. Дека публиката уживаше и имаше можност да ја види Јелена Розга во сосема поразлично издание доволно зборуваат и коментарите по концертот, но и атмосферата во салата. Од првиот до последниот такт вистинско „музичко цунами“ и хорско пеење, кренати раце и насмеани лица, но и фактот дека и по речиси три часа ретко кој сакаше да си замине дома. Розга во Скопје дојде за да го оствари својот сон, а замина полна со емоции и љубов, но и ветување – Скопје се гледаме пак! До следната дружба во Скопје, турнејата продолжува низ регионот, а следни станици се Задар на 8-ми март и сараевска „Зетра“ на 2-ри ноември. Фото: Вангел Тануровски]]>

Аудиовизуелен концертен спектакл: Јелена Розга оваа сабота во Скопје доаѓа во рамките на турнејата „Минут срца мог“ https://arhiva.vistina.com.mk/audiovizuelen-kontserten-spektakl-jelena-rozga-ovaa-sabota-vo-skopje-doaga-vo-ramkite-na-turnejata-minut-srtsa-mog/ Thu, 08 Feb 2024 09:10:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338021

Остана уште малку до најавениот најголем аудиовизуелен концертен спектакл месецов – концертот на хрватската поп пејачка Јелена Розга, која во Скопје доаѓа во рамки на турнејата „Минут срца мог“. Како што веќе и најавивме, организаторот Скајмјузик продукција, регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали, најавува вистински спектакл, а во Скопје веќе се пристигнати и подготвени повеќе од 400 квадратни метри ЛЕД екрани, преку 300 светлосни тела и повеќе од 500 илјaди вати звук, што ќе овозможат неверојатно уживање за сите музички сладокусци. Почетокот на саботниот концерт (на 10 февруари) е закажан во 20:00 часот, а вратите на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 18:00 часот. Она што треба да го знаат сите кои веќе имаат обезбедено место во салата, а со цел полесно доаѓање до локацијата за која е купена влезница, е дека соодветно ќе бидат означени и обележани сите позиции. Оние другите, пак, кои се уште не го набавиле својот билет, а сакаат да го сторат тоа да побрзаат бидејќи е останат уште ограничен број влезници. Истите може да се купат преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари. Постои уште една опција да се дојде до билет, а која важи за оние од другите градови ширум земјата, односно за фановите од Струмица, Радовиш и Штип. Благодарение на Евентум и ТА Нова травел, а поради големиот интерес, превозот од овие градови до Скопје и назад заедно со влезница за партерот чини 1700 денари. Дека Розга ќе ја видите во сосема поразлично издание и дека ќе уживате во вистински спектакл доволно зборува тоа што за речиси секоја нумера има посебна кореографија, а секоја песна има своја анимација и специјални ефекти, и тоа почнувајќи од ласери до пиротехника. Бината е уникатна и по обликот и по големината, а посебните писти што влегуваат во партерот нудат уникатна можност оние за оние кои ќе бидат во првите редови. Јелена Розга на сцената во „Борис Трајковски“, во сабота на 10 февруари, ќе ги отпее своите најголеми хитови, но и песните кои го одбележаа времето кога беше дел од групата Магазин, каде и ја започна кариерата. Затоа подгответе се за вистинско музичко цунами, многу емоции и еден несекојдневен настан што дефинитивно ќе ви разгали сетилата. Фото: liveproduction]]>

Саботно концертно цунами: Јелена Розга во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/sabotno-kontsertno-tsunami-jelena-rozga-vo-skopje/ Fri, 02 Feb 2024 10:11:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337438

Сабота 10 февруари е датумот и денот резервиран за најголемиот аудиовизуелен настан во месецот на љубовта и виното – концертот на најголемата музичка ѕвезда во регионот Јелена Розга. Организаторот Скајмјузик продукција, регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали, најавува вистински спектакл, а во нивната лабораторија веќе се подготвени повеќе од 400 квадратни метри ЛЕД екрани, преку 300 светлосни тела и повеќе од 500 илјaди вати звук, што деновиве треба да пристигнат во Скопје. Концертот е во склоп на турнејата „Минут срца мог“ на Розга во чии рамки веќе имаше неколку спектакуларни гостувања во регионот. Дека хрватската поп ѕвезда ќе ја видите во сосема поразлично издание и дека ќе уживате во вистински спектакл доволно зборува тоа што за речиси секоја нумера има посебна кореографија, потоа секоја песна има своја анимација и специјални ефекти, и тоа почнувајќи од ласери до пиротехника. Бината е уникатна и по обликот и по големината, а посебните писти што влегуваат во партерот нудат уникатна можност оние за оние кои ќе бидат во првите редови. Јелена Розга, миленичката на сите генерации на сцената во „Борис Трајковски“, во сабота, ќе ги отпее своите најголеми хитови, но и песните кои го одбележаа времето кога беше дел од групата Магазин, каде и ја започна кариерата. Затоа подгответе се за вистинско музичко цунами, многу емоции и еден несекојдневен настан што дефинитивно ќе ви разгали сетилата. Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари. Постои уште една опција да се дојде до билет, а која важи за оние од другите градови ширум земјата, односно за фановите од Струмица, Радовиш и Штип. Благодарение на Евентум и ТА Нова травел, а поради големиот интерес, превозот од овие градови до Скопје и назад заедно со влезница за партерот чини 1700 денари. Фото: liveproduction]]>

Одбројувањето до концертот на Јелена Розга во Скопје започна: „Едвај чекам да дојдам во таа за мене посебна сабота“ https://arhiva.vistina.com.mk/odbrojuvaneto-do-kontsertot-na-jelena-rozga-vo-skopje-zapochna-edvaj-chekam-da-dojdam-vo-taa-posebna-sabota/ Wed, 31 Jan 2024 12:30:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336977

Одбројувањето до најголемиот и најубавиот аудиовизуелен музички спектакл во месецот на виното и љубовта може да почне - затоа закружете го 10 февруари - датумот кога домашната публика ќе ужива во концертниот спектакл на една од најголемите музички ѕвезди во регионот Јелена Розга.
По неколкуте спектакуларни концерти во регионот, Скајмјузик со гордост го најавува настанот кој во рамки на турнејата „Минут срца мог“ќе се случи во арената „Борис Трајковски“! Јелена Розга, кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, на сцената во Скопје ќе ги донесе најголемите хитови од соло кариерата како што се нумерите „Бижутерија“, „Окус ментола “, „Нирвана“, „Соло играчица“ и неизбежниот „Цунами“, но и оние што од времето кога членуваше и беше дел од групата Магазин, во која и ја започна кариерата. Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудиовизуелна продукција потпишана од Скајмјузик продукција - регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали. Од Скајмјузик најавуваат дека со претстојното шоу ќе постават нови стандарди и уште еднаш ќе ги поместат границите на забавната индустрија. Спектакуларните аудиовизуелни ефекти, совршениот звук и најсовремената продукција ќе го комплетираат настапот на Јелена. Во портфолиото на Скајмјузик стојат запишани низа настани во соседството и регионот, како Белградскиот пиво фест, Music week, Music Awards Ceremony, Саборот на трубачи во Гуча... Тука не завршува оваа повеќе од успешна приказна, годинава се задолжени за комплетна организација на двата белградски концерти на Рамштајн, како и за техничката продукција на концертот на Ед Ширан...  
Едвај чекам да дојдам во Скопје, да застанам пред македонската публика бидејќи знам како изгледа секој мој настап кога пеам низ Македонија. Навистина се радувам на мојот концерт во февруари и во таа голема сала, која ми е сон одамнавели Јелена, не криејќи го задоволството што на публиката ќе ѝ приреди неверојатно уживање на кое долго работела. Концертот во Скопје што се одржува во рамки на турнејата „Минут срца мог“ следува по одличните настапи во Загреб, Белград и Нови Сад.   -Не можам да ви опишам колку се радувам и колку, заедно со мојот тим, едвај ја чекам таа посебна сабота! Скопје се гледаме наскоро! Ве сакам!, вели Розга, која деновиве интензивно работи на подготовките за најавениот спектакл и постојано е на релација Хрватска – Словенија, каде има проби со танчарите.   Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари. Постои уште една опција да се дојде до билет, а која важи за оние од другите градови ширум земјата, односно за фановите од Струмица, Радовиш и Штип. Благодарение на Евентум и ТА Нова травел, а поради големиот интерес, превозот од овие градови до Скопје и назад заедно со влезница за партерот чини 1700 денари.]]>

Јелена Розга на 10-ти февруари со голем концерт во Арената „Борис Трајковски“ https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-rozga-na-10-ti-fevruari-so-golem-kontsert-vo-arenata-boris-trajkovski/ Wed, 17 Jan 2024 08:47:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335196

Балканската музичка ѕвезда Јелена Розга има спектакл во најава. Концертот е во склоп на турнејата „Минут срца мог“, а Розга во Скопје доаѓа по одличните музички спектакли во Белград, Загреб и Нови Сад. Концертот е во организација на Скајмјузик, а целиот спектакл ќе биде заокружен со нивната врвна аудио-визуелна продукција. „Уште од сега имам трема, позитивна. Само да можете да замислите како ќе биде во последните десетина дена, па пет..., а како ли ќе биде тоа утро на денот на концертот... Утрата на денот кога имам концерт ми се најтешки. Ама сѐ се тоа слатки маки, живеам за публиката, за настапите и навистина со нетрпение очекувам да застанам пред македонската пулика и да го оставам срцето затоа што не постои настап овде кој не бил посебен“, рече Розга, која оваа турнеја ја подготвуваше долго со оглед на тоа дека меѓудругото има и 15 прилично комплицирани кореографии и неколку преслекувања на сцената. „За оваа турнеја се подготвував со месеци и навистина сето ова што го направивме бара голема психичкофизичка подготовка. Имавме и имаме многу проби со танчарите заради кои, со оглед на тоа дека се од Словенија, постојано патувам во Љубљана и вежбаме со часови, но морам да ви признаам не ми е воопшто тешко затоа што ова го сакам, ова сум јас и многу ми е важно да нема грешки. Кога тргнавме да се подготвуваме реков - ‘Во ред, ќе работиме, но не смее да има грешки, не смее да има ниту погрешен тон’“, вели Јелена. Што се однесува до музичкиот дел, како што на прес-конференцијата истакна Александра Тимковска, ПР на настанот, на репертоарот ќе бидат ставени сите најголеми хитови од соло кариерата на Јелена, но и оние од почетоците и времето кога беше дел од групата Магазин. „Ваква Јелена немате видено, концертот изгледа светски и буквално совршено спакувана е секоја секунда од настанот кој трае речиси три часа“, рече Тимковска и додаде дека влезниците се пуштени во продажба преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места. Билетите се продаваат по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари. Концертот во склоп на турнејата „Минут срца мог“ е во организација на Скајмјузик продукција и ќе се случи на 10 февруари во арената „Борис Трајковски“! фото:Приватна архива]]>

Додека беше активна и мегапопуларна пејачка за Ноне кружеа еден куп вицеви, а сега таа стана единица мерка за градоначалнички потсмев (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-beshe-aktivna-i-megapopularna-pejachka-za-none-kruzhea-eden-kup-vitsevi-a-sega-taa-stana-edinitsa-merka-za-gradonachalnichki-potsmev-foto/ Wed, 20 Dec 2023 09:20:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331719

Некаде од средината на првите години на новиот милениум, од 2004-та, па се до нејзиното прекинување активно да се занимава со музиката и естрадата и заминувањето да работи на прекуокеанските крузери, Нона Неделковска или само Ноне, како што ја познаваа беше мегапопуларна пејачка и тоа не само во Македонија. „Џепната венера“ како што го доби својот прекар испеа дузина хитови, сними неколку албуми, и учествуваше на сите можни фестивали во и надвор од Македонија, каде на некои дутри и победи како оној радискиот во Зеница или фестивалот во Нови Пазар. Претходно дотурка до самото финале на тогаш најпопуларниот регионален музички натпревар Идол на кој учествуваа пејачки таленти од Србија, Црна Гора и Македонија и за влакно не победи, но подоцна направи единствено таа голема кариера за разлика од сите други учесници. Заради своите телесни пропорции, исклучително малата височина, но и ангелскиот лик и бејби-фесјс физикус и бујно надарента предница, малата велешка убавица токму и го доби прекарот „џепна венера“, која зрачи со својата убавина и плени со својот специфичен сексапил. Арно ама, како минуваа годините и децениите, Ноне од најпопуларната пејачка стана најшетаната велешанка откако го пропатува светот и ги посети сите негови континенти преку седум мориња и океани, работејќи на прекуокеанските крузери. Секоја популарност носи и свои ризици, па еден од нив беше плеадата што тенденциозни, што добронамерни вицеви на нејзина сметка кои се измислуваа, а почнаа да се шират и по социјалните мрежи кои тогаш беа во самиот зачеток. Тогаш актуелни беа мирцот, блоговите, Мај спејс, Скајпот, СМС пораките... и на нив меѓудругото размената на вицеви за Ноне. Како потсетување еве самои некои од нив: Ноне кога спие се покрива со салфетка. Каква кола вози Ноне? На навивање. Каква точкаби изведувала Ноне во циркус? Ќе оди врз пинг-понг топче. Кај се шета Ноне навечер? Под кревет! Што прави Ноне на тениско игралиште? Игра одбојка. Само Ноне може да влезе во куќата на Jerry. Професорот: Ноне ти реков станеш да одговараш! Ноне: Станата сум професоре! Ноне на плажа лежи под чадорче за коктели. Која е најмалата единица за големина? 1-но Ноне! Што е следен чекор после нанотехнологија? Нонетехнологија! Како ја пее Ноне песната за елката? – Елко, елко спушти се уште две – три педи, за да може Ноне, дарови да реди! Деновиве пред Нова Година актуелно скопското сивило, задоцнетото, оскудно и сиромашно китењето на македонската престолнина во чиј фокус е никогаш полошиот изглед на она што божем треба да претставуваат украсите и особено  новогодишната елка на плоштадот на Скопје. Наместо градска гордост и украс на престолнината, елката стана предмет за потсмев не само на скопјани и цела Македонија, туку и на целиот регион, па и светот. Насловите по регионалните медиуми трагикомични, фотографиите по социјалните мрежи за мајтап, а кога сме веќе кај елката, Ноне стана одново актуелна. Како што своевремено кружеа еден куп вицеви за неа, сега Ноне стана единица мерка за градоначалнички потсмев! И срам на „градската мајка“ кој треба сите ние да го тргаме! Имено, на социјалните мрежи почнаа да кружат монтирани фотографии со скопската елка и некогашната македонска пејачка една до друга. Како асоцијација на прашањето: „Колкава е скопската елка?“  Епа, еве... волкава! Фото: Социјални мрежи/ Инстаграм/nona.nedelkovska]]>

Ацо Пејовиќ на концерт во Скопје: Подгответе се за шоу и незаборавна музичка вечер https://arhiva.vistina.com.mk/atso-pejovik-na-kontsert-vo-skopje-podgotvete-se-za-shou-i-nezaboravna-muzichka-vecher/ Mon, 18 Dec 2023 12:36:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331854

Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Ацо Пејовиќ којшто е закажан за 23-ти декември, односно оваа сабота во арената ,,Борис Трајковски’’, а истиот е пред распродавање, информираат организаторите. Откако влезниците беа пуштени во продажба, интересот на јавноста беше голем, исто како и за претходните концерти на Ацо Пејовиќ. Така што, на три дена до стартот на концертот, останати се уште мал број на влезници, а истите можете да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Југотон и Розе Веро 2. Организаторите велат дека  имаат изненадување за фановите. Ацо Пејовиќ ветува дека на своите фанови со овој предновогодишен концерт ќе им приреди една незаборавна музичка вечер. Не ја пропуштајте највозбудливата вечер со Ацо Пејовиќ и подгответе се за шоу!    ]]>

Утревечер во СЦ „Јане Сандански“: Теа Таировиќ на една концертна ноќ во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/utrevecher-vo-sts-jane-sandanski-tea-tairovik-na-edna-kontsertna-nok-vo-skopje/ Fri, 15 Dec 2023 11:19:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331274

Долгоочекуваниот предновогодишен спектакл е на самиот праг! Утре е денот кога цела Македонија ќе се собере на едно место само за да доживее незаборавна вечер заедно со едната и единствена Теа Таировиќ. Време е за концертот кој го привлече вниманието на широката јавност и предизвика голема заинтересираност и возбуда. Како што велат организаторите, сензационалниот настан е скоро целосно распродаден што воопшто не е зачудувачки, а поради големиот интерес пуштени во продажба биле и влезници за помошните трибини и делот од галеријата. Неодоливата балканска ѕвезда Теа Таировиќ со нетрпение чека да настапи пред македонската публика, ќе дојде со тим од 40 луѓе, а заедно со својата танчерска екипа и специјалниот гостин, мегапопуларниот Војаж, подготвени се да направат незаборавно лудило. Искористете ја можноста, бидете дел од концертот на годината, утре во 20 часот во салата Јане Сандански, Теа ве очекува!]]>

Марко Николиќ доаѓа на промоција во Скопје на која ќе покаже и како звучи кога пее во живо: „Дојди да те сакам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marko-nikolik-doaga-na-promotsija-vo-skopje-na-koja-ke-pokazhe-i-kako-zvuchi-koga-pee-vo-zhivo-dojdi-da-te-sakam-video/ Sat, 25 Nov 2023 10:50:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328592

Марко Николиќ доаѓа во Скопје за утре, недела 26 ноември 2023 год. на домашната публика, со жив настап да и го претстави својот последен студиски материјал насловен „Доѓи да те волим“. Името на Марко Николиќ во 20 години долгата професионална музичка кариера се сретнува како автор на музика, текстови и аранжмани за хитови во светот и на поп и на народната музика. „Доѓи да те волим“ е музички проект со 10 песни полни со љубов, романтика и нежни ноти, а кај нас тој, како што ни кажа, ќе го промовира бидејќи за Македонија го врзуваат прекрасни спомени од детството. „Македонија, нејзината историја, богатото културно наследство и музиката исклучително ги ценам и почитувам од мали нозе. Кога бев мал доаѓавме на Охридското езеро, а во нашиот дом на прославите мама и тато често пееја македонски песни. Не можам да не го споменам ниту Тоше Проески, кој, според мене, беше и остана најдобриот пејач на овие простори, ни рече Марко во неодамнешниот разговор. Марко, инаку е доминантен автор на овој музички проект, а меѓу имињата со кои соработувал се и Марина Туцаковиќ, Саша Милошевиќ – Маре, Билјана Спасиќ и Нада Бучевиќ. „Долго работев на овој материјал и навистина едвај чекам да го чуе публиката и да ги видам реакциите. Сум настапувал насекаде, но ете во Македонија доаѓам прв пат и навистина едвај ја чекам недела и мојот промо-настап во Трибека“, вели Марко, чија промоција е закажана за утревечер во „Трибека“ со почеток во 19:30 часот. Неговата музичка кариера почнува уште во детството кога во дуетот Мармаја заедно со сестра му Маја Николиќ (позната пејачка и честа гостинка на нашите фестивали) настапувал по бројни детски фестивали и освоил многу награди ширум цела поранешна Југославија. Завршил музичко училиште во Ниш, каде е и роден, а во 1997 година ги започнува студиите во Грац, каде дипломирал на отсекот Џез и соло пеење. Од тогаш активно компонира и пишува текстови за некои од најголемите музички имиња во соседството како Драгана Мирковиќ, Дејан Матиќ, Бобан Рајовиќ, сестра му Маја, а неговата музика потпишува и бројни ТВ-спотови и документарни филмови. Особено е горд на музиката за документарецот за кралското семејство и дворецот Вадуз во Лихтенштајн. Во 2002 година се сели во Виена каде и денес заедно со сопругата Ана Бучевиќ, познат мотивационен говорник, и семејството живее и твори. Првата песна од албумот која беше пуштена во етерот е „Чаробан дан“, слушнете ја: ]]>