скопје танцов театар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Apr 2021 13:18:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скопје танцов театар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Скопје танцов театар одбележува 10 години постоење https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-tancov-teatar-odbelezuva-10-godini-postoenje/ Wed, 07 Apr 2021 13:18:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198075

Скопје танцов театар (СТТ) денеска одбележува 10 години од првата претстава „Меѓусвет“, во кореографија на Рисима Рисимкин. Со оваа претстава и официјално започна со работа првата официјална компанија за современ танц кај нас. Во чест на јубилејот, в петок од 20 часот онлајн ќе се прикаже претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“. Премиерата на претставата беше лани на Охридско лето.
Во своето 10-годишно постоење, Скопје танцовиот театар успеа да оформи извонреден танчарски кадар, во соработка со Скопје танцовата академија, а од 2017 и со Универзитетот ‘Гоце Делчев’ во Штип. Компанијата во континуитет активно работи на создавање, промоција и презентација на современата танцова уметност кај нас, како и на нејзин пласман на светската танцова сцена, вели Рисимкин.
Досега во продукција на СТТ се остварени претставите „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, „Идентитети“, „Дома“, „Луцидниот Јос“, „Меѓусвет“, „Орландо“, „Д.О.Л.“ и „Егзистирање“, како и повеќе кратки кореографии. Во неговиот репертоар се изведуваат и дела на светски познати кореографи. Компанијата ги лансираше и младите кореографи Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Матеа Киселичка, Дора Кокољ, Валентино Апостоловски, Александра Петрушевска, Андријана Андреева и други.
Како круна на своето десетгодишно постоење, Скопје танцовиот театар има покана годинава да гостува во Националниот театар Шајо во Париз, еден од најдобрите и најпрестижни светски театри за современ танц, додава Рисимкин.
 ]]>