скопје синема сити – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Jun 2023 11:03:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скопје синема сити – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Деветто издание на „Скопје синема сити“ викендов во кинотека https://arhiva.vistina.com.mk/devetto-izdanie-na-skopje-sinema-siti-vikendov-vo-kinoteka/ Thu, 15 Jun 2023 11:03:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306451

Под мотото „Приказните зад музиката“ во Кинотеката на Македонија, на 17 и 18 месецов ќе биде одржано деветтото издание на „Скопје синема сити“, фестивал посветен на музички документарни филмови. Фестивалот годинава во својата програма вклучува изложба и три документарни филмови посветени на творештвото на едни од највлијателни фигури во историјата на музиката, Леонард Коен и Френк Запа како и за нашата антологиска музичка група „Леб и сол“.
Фестивалот ќе биде отворен со групна изложба на музички фотографии насловена „5х10“. Станува збор за избор од по пет фотографии на пет истакнати македонски фотографи кој посветено повеќе од две децении фотографирале на концерти и музички фестивали. Публиката ќе има можност да види фотографии на Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл.
Како што е најавено, по изложбата следува проекцијата на види „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната“ (2002) , филм создаден за песната на Леонард Коен која од отфрлен албум во 80-тите, по чудни околности, ќе стане една од најизведуваните песни на сите времиња. Ова е приказната за животот на песната „Hallelujah“ и сите музичари кои ја изведувале, од Коен до Џеф Бакли.
Следниот ден, во недела, 18 јуни, ќе следат филмот за „Леб и сол“ насловен како „Вкусот на успехот“ и филмот за Френк Запа, „Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“.
Фестивалот кој традиционално доделува Награда за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката, годинава ќе му ја додели на Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика. Претходни лауреати во изминатите години, меѓу останатите, беа Руичи Сакамото, New Order, Ник Кејв.
Визуелното решение за деветтото издание е дело на Даница Орцева, студент на Brainster.
Фестивалот „Скопје Синема Сити“ е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и е помогнато од Општина Карпош, од Министерството за култура и од Кинотека. Извор: Мак Пресс  
]]>

Филмскиот композитор Олафур Арналдс лауреат на седмото издание на „Скопје синема сити“ https://arhiva.vistina.com.mk/filmskiot-kompozitor-olafur-arnalds-laureat-na-sedmoto-izdanie-na-skopje-sinema-siti/ Mon, 13 Sep 2021 12:31:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218944

На 18 септември 2021, во дворот на Кинотека на С. Македонија, со почеток во 19 часот ќе започне седмото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Филмот што ќе го отвори Фестивалот е уметничкиот филм „Кога ќе се родиме“ во режија на Винсент Мун, за филмскиот композитор Олафур Арналдс, којшто е воедно и „Артист во фокусот“.
Секое издание на „Скопје синема сити“ го отвора филм за одреден уметник, на кого му се посветува изданието и му се доделува Награда за животно дело за заслуги за музиката и филмот. Оваа година тоа е Исланѓанецот Олафур Арналдс, кому Фестивалот му ја испрати наградата на Исланд. За потсетување, Фестивалот ги има наградено со истата награда Дејвид Боуви (2015), Леонард Коен (2016), Руичи Сакамото (2018), Филип Глас (2019), Влатко Стефановски (2019) и New Order (2020).  Арналдс е еден од најпопуларните млади современи композитори на класична и филмска музика и зад себе има импозантен опус. Филмот е уметничко дело којшто раскажува една човечка приказна што се базира врз животот на Арналдс. Снимен на локации во Исланд летото 2020, филмот истражува теми како ритуали, односи и нашите внатрешни пејсажи преку музиката на последниот албум на Олафур „Some Kind of Peace“, која е изведена и снимена на сетот. Како и албумот, така и филмот се фокусира врз тоа како сите се движиме напред во животот – тема која е особено важна во период на изолација и исклучување од светот.
Вториот филм што ќе биде прикажан е биографскиот филм за легендарниот џез-уметник Мајлс Дејвис Birth of the Cool, во режија на Стенли Нелсон. Оваа година се навршуваат 30 години од смртта на овој уметник чие име е синоним за џез-музиката.  Мајлс е човек кој со својата музика и добар вкус неколкупати го менувал текот по којшто се движела музиката и неговите успеси, живописен живот и карактер се тема на овој двочасовен филм. Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје во соработка со Кинотека на Македонија, Гете Институтот и фондацијата Милан Младеновиќ. Визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска. Фестивалот ќе се организира во два блока, 18-19 септември и 20-21 септември. Сите проекции ќе почнуваат во 19 часот и билетите ќе можат да се набават само на касата.

Филмови за Том Вејтс и за Брајан Ино на „Скопје синема сити“ https://arhiva.vistina.com.mk/filmovi-za-tom-vejts-i-za-brajan-ino-na-skopje-sinema-siti/ Fri, 27 Aug 2021 12:40:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217100

Филмскиот фестивал Скопје синема сити организира дводневен летен филмски настан, Chill Out, во отворениот простор на Кинотека на Македонија, на 27 и 28 август 2021. Настанот ќе се отвори со изложба на визуелниот уметник Стефан Шашков „Мешање звуци“, која е инспирирана од музиката на авангардните амбиент-музичари Брајан и Роџер Ино, Џон Хасел, Харолд Бад и Роберт Фрип.  Во продолжение, првиот ден ќе бидат прикажани документарни филмови за Брајан Ино, „Имагинарни пејсажи“ и „Џон се обидуваше да контактира со вонземјани“, како и „Приказни од искршениот џубокс“ за музичарот и поет Том Вејтс. Вториот ден ќе се прикажат филмовите „Гранд Хотел Барбес“ и „System K.“ Брајан Ино е една од најважните фигури во светот на музиката и визуелните уметности како во 20., така и во 21. век. Иновативен, експанзивен и контроверзен, Ино, во кој било момент од неговата богата кариера наидувал на топол прием и признанија поради своите идеи, емотивен интензитет и музички иновации. Сето тоа ќе биде прикажано во филмот „Имагинарни пејсажи“, заедно со изложбата на Шашков „Мешање звуци“. Настанот е организиран во соработка со Кинотека на Македонија и со Францускиот културен центар. Тој ќе биде реализиран според актуелните здравствени протоколи кои се одобрени од Министерството за здравство за организација на јавни настани на отворено. Авторка на визуелното решение е Дијана Димитриевска. Редовното 7. издание на Скопје синема сити е планирано да се отвори на 19 септември 2021.]]>

Затворање на 6-то издание на „Скопје синема сити“ со филм за Леонард Коен и блок македонски филмови https://arhiva.vistina.com.mk/zatvoranje-na-6-to-izdanie-na-skopje-sinema-siti-so-film-za-leonard-koen-i-blok-makedonski-filmovi/ Thu, 01 Oct 2020 13:40:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169536

Во Кинотека, во рамите на шестото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“, на 2 и 3 октомври ќе се организира вториот филмски викенд. На втори октомври со почеток во 19 часот, ќе бидат прикажани 4 краткометражни македонски филмови, а три од нив – „Кружниот пат на Марето“, „Кружниот пат на сенката“ и „Кружниот пат на монахот“- анимираните филмови на режисерот Жарко Иванов, зад чија музика е потпишан Оливер Јосифовски од бендот Љубојна. Претходно во 18 часот, во рамките на фестивалот ќе се одржи промоција на книгата „Во главата слушам песна“ од авторката Елизабета Баковска, која е во издание на на „Или-Или“. Премиерно ќе биде прикажан и филмот „Гребнатини на душата“ во продукција на „ВидиВака“. Во филмот се претставува брачна двојка од Холандија која ја поседува најбогатата колекција на македонска музика на светот. Тие посветуваат поголемо внимание на сочувување и собирање на македонското музичко наследство од институциите во државава. Веднаш потоа, од 20 часот, следи филмот „Модулации: Кино за увото“, којшто е всушност историја на електронската музика, од почетоците на авангардните композитори па сѐ до појавата на современите електронски форми и жанрови како техно, drum’n’bass, хаус, амбиент. Вториот викенд на „Скопје синема сити“ ќе се затвори на 3 октомври со проекција на филмот „Мериен и Леонард: Зборови за љубовта“ за Леонард Коен и неговата муза Мериен Илен, која инспирирала многу од неговите песни. Филмот ја прикажува нивната бурна врска и животни патишта од почетокот на островот Хидра сѐ до нејзиниот крај. Фестивалот е организиран во согласност со здравствените протоколи, а карти за проекциите можат да се набават на касата на Кинотеката.]]>

Четири филма на зимското издание на „Скопје синема сити“ https://arhiva.vistina.com.mk/chetiri-filma-na-zimskoto-izdanie-na-skopje-sinema-siti/ Sat, 01 Feb 2020 10:44:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=132207

На 5 и 6 февруари со почеток од 7 часот во киното на Кинотека на Македонија ќе се организира зимското издание на фестивалот Скопје Синема Сити односно „Загревање“. За време на овој дводневен филмски настан ќе бидат прикажани четири филма почнувајќи со филмот за реномираниот филмски композитор Филип Глас, „Гледајќи го Глас“. Во декември 2019 година фестивалот му ја врачи наградата за животно дело на Глас за достигнувања во музиката и филмот и по тој повод настанот ќе го прикаже овој филм за Глас во режија на Ерик Дармон. На 31 јануари 2020 тој ќе наполни 83 години и е се уште активен и како композитор и како изведувач. Тој е еден од четирите основоположници на „минимализмот“ правец во класичната музика кој во ‘60-те и ‘70-те направил револуција во класичната музика. Зад него е огромен опус кој се состои од голем број симфониски дела, филмска музика, опери, музика за театар, дела за соло инструменти, хорска музика, итн. Истата вечер ќе биде прикажан филмот на Фолкер Шанер за даб реге легендата Ли Скреч Пери: „Визијата за рајот на Ли Скреч Пери.“ На 6 февруари ќе бидат прикажани филмовите „Queen: Приказната зад Боемската рапсодија“ и „Постигни или умри: Приказната за пијанистот Ланг Ланг“.]]>

„Скопје синема сити“ – филмски фестивал за музички документарни филмови https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-sinema-siti-filmski-festival-za-muzichki-dokumentarni-filmovi/ Thu, 29 Aug 2019 11:59:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104290

Со изложбата „Патешествие“ на концертни и промотивни постери и плакати на Влатко Стефановски, в понеделник  (2 септември)  од 20 часот во Музеј на град Скопје ќе почне петтиот филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Петдневната филмска програма ќе се реализира во Кинотеката од 3 до 7 септември. Изложбата „Патешествие“ која му претходи на фестивалот претставува приказ на кариерата на Влатко Стефановски, прикажана преку бројни концертни плакати од најразлични периоди од неговата кариера. Организаторот наведува дека со оваа изложба се прикажува друг аспект од кариерата на Влатко, односно неговиот богат концертен опус со годините. Познатиот гитарист изјави дека Фестивалот на документарен музички филм му изгледал како интересна можност да сподели со јавноста дел од неговата стрпливо собирана и чувана архива на плакати, од негови концерти и изданија. – Се разбира, колекцијата е далекоу поголема од она што ќе биде изложено и покажано, ама верувам дека и ова ќе предизвика интерес кај оние кои се подобро запознати со мојата работа. Вистинско шаренило од неколку децении музичка историја, фотографии, различни стилови и правци во графичкиот дизајн, големина, квалитет на хартија и сведоштво за некои други времиња,  изјави Стефановски. Во фокусот на годинашниот фестивал „Скопје синема сити“ се документарни филмови каде „главна улога“ има гитарата и луѓето кои ги посветиле своите животи на овој инструмент. Фестивалот ќе биде отворен со „Кит Ричардс: Под влијание“, кој е филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат срцето и душата на  „Ролинг стоунси“. Ведаш по проекцијата, соло-настап ќе има Влатко Стефановски. Секоја вечер од филмскиот фестивал е поделен на жанрови. Третата вечер е блуз вечер и е посветена на двајца великани на блузот, Роберт Џонсон и Ерик Клептон. Меѓу овие два филма свој настап ќе има блуз дуото „In the Mood”. Четвртата вечер е посветена на поекспериментални правци во музиката. Во соработка со „Гете институтот“ ќе биде прикажан филмот „Романтични војници: Краутрок прв дел“. Краутрок е називот за група култни бендови од Германија популарни во 19‘70-тите години: Can, Neu! Фауст, Крафверк. Вториот филм истата вечер – „Изгубената жица“ е портрет на авангардниот џез-гитарист Марк Рибо и неговите бендови и проекти како дел од даунтаун сцената во Њујорк. Петтата вечер е посветена на фолк музиката, овојпат од Португалија, со „Мадредеуш“ и трагичната фигура Ник Дрејк. Завршната вечер е посветена на класичните рок-бендови У2 и Квин  односно се посветени на некои од нивните најголеми достигнувања: албумот „Joshua Tree” на У2 и „Приказната за Боемската рапсодија“.]]>

Влатко Стефановски и Кит Ричардс за отворањето на филмскиот фестивал „Скопје синема сити“ https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-i-kit-richards-za-otvoranjeto-na-filmskiot-festival-skopje-sinema-siti/ Mon, 19 Aug 2019 12:19:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102902

Во периодот 2 – 7 септември, на локации како Музеј на Град Скопје и Кинотека на Северна Македонија ќе се организира 5.-то издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити. Петото издание на фестивалот ќе се состои од филмови со теми поврзани со гитарата како инструмент. За време на 5 дена, ќе се прикажат 10 филмови кои на уникатен начин ги прикажуваат авторите и нивните животи во однос на својот инструмент. Затоа и филмовите ќе бидат и жанровски шарени: блуз, рок, џез, авант-рок, поп, фадо. Филмскиот дел од Фестивалот ќе го отвори документарниот филм за Кит Ричардс „Под влијание“, којшто зборува за неговата љубов кон музиката, гитарата, Ролинг Стоунси и ги следи неговите сеќавања од средбите со неговите идоли.
Во музичко-изложбениот дел, во фокус ќе биде изложбата на Влатко Стефановски во Музеј на Град Скопје, која е насловена како „Патешествие“. Се работи за изложба на концертни и промотивни плакати од личната колекција и архива на Стефановски. Со изложбата се прикажува неговото патешествие од самите почетоци со ,,Леб и сол”, па до ден-денес, преку бројните солистички концерти и проекти. Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт од Скопје, а визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска. Изложбата „Патешествие“ ќе се отвори на 2 септември во Музеј на Град Скопје, а проекциите на филмовите ќе се организираат во Кинотека на С. Македонија почнувајќи од 3 септември. Изложбата и филмскиот дел се помогнати од Министерството за култура, Кинотека на С. Македонија, Музеј на Град Скопје, Гете институт.]]>

Вечерва почнува летното издание на „Скопје синема сити“ https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-pochnuva-letnoto-izdanie-na-skopje-sinema-siti/ Wed, 06 Jun 2018 11:53:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=30978

Од 6 – 10 јуни во Кинотека на Македонија ќе се одржи летното издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити. За време на петте фестивалски денови ќе бидат прикажани 15 филмови од најразлични продукции и кои во себе ќе обединуваат повеќе под-теми иако музиката го зазема централното место. Во изминатите години Фестивалот им оддаде почит на Дејвид Боуви, на Леонард Коен и на Крафтверк, а оваа година Скопје Синема Сити ќе му оддаде почит на големиот јапонски филмски композитор Руичи Сакамото, преку прикажување на филмот „Coda“ во режија на Стивен Номура Шибле. Филмот се прикажа премиерно на филмскиот фестивал во Венеција во 2017, а се прикажа и на Берлинале во февруари оваа година.
Фестивалот ќе биде отворен со  „Кода“ во режија на Стивен Номура Шибле. Има и претфестивалска програма, односно ќе се отвори изложба на џез фотографии на реномираната џез фотографка Татјана Ранташа со фотографии на истакнати македонски џез уметници од различни генерации насловена како„Македонска џезтетика – Ранташа Татјана, фотографии“. Паралелно со нејзината изложба свој настап ќе има и Гоце Стевковски Квинтет. Бидејќи централно место има музиката оваа изложба кореспондира со селекцијата на џез филмови и од домашна и од странска продукција кои се на програмата. На програмата се застапени филмови за познатата музичка куќа „Blue Note Records: Приказна за современиот џез“, „Сан Ра: Братот од другата планета“, „Бил Еванс: Сеќавање на едно време“ заедно со кратки филмови од продукцијата Види Вака за Зоран Маџиров  и Драган Ѓаконовски Шпато. Покрај посветата на Сакамото, вториот ден фестивалот ќе му оддаде почит и на најпознатиот композитор на денешницата, Филип Глас со прикажување на филмовите „Филип Глас: Гледајќи го Глас“ и култниот уметнички филм „Којанискатси“. На 08.06 ќе бидат прикажани посебен осврт на артисти кои го носат белегот на необични, авангардни и шарени. Покрај веќе спомнатиот Сан Ра, ќе се прикаже филмот „Лунарна Орбита“ за познатиот електронски состав The Orb, за да после нив следи Визијата за рајот на Ли Скреч Пери. На 09.06. Ќе бидат прикажани филмовите за Бил Еванс, кој е еден од најпознатите џез пијанисти на сите времиња и „Буена Виста Соушал Клаб, Адиос“, за кубанскиот феномен.Покрај овие филмови ќе се прикажат и два филма на македонскиот режисер Јoрдан Дуков за македонските состави „Љубојна“ и „Conquering Lion“ инаку дел од Телма докубенд серијалот.За завршниот ден ќе бидат прикажани филмовите „Студиото Ханса крај ѕидот 1976-90“ и „Кобејн: Монтажа на еден пекол“.  ]]>

Летно издание на „Скопје синема сити“ https://arhiva.vistina.com.mk/letno-izdanie-na-skopje-sinema-siti/ Mon, 28 May 2018 12:44:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29223

Од 6 до 10 јуни во Кинотека на Македонија ќе се одржи летното издание на фестивалот Скопје синема сити.  Фестивалот ќе биде отворен со филмот за јапонскиот композитор Руичи Сакамото „Кода“во режија на Стивен Номура Шибле. Филмот се прикажа премиерно на филмскиот фестивал во Венеција во 2017, а се прикажа и на Берлинале во февруари годинава. Севкупно ќе се прикажат 15 филмови за овие 5 фестивалски денови. Фестивалот има и претфестивалска програма, односно ќе се отвори изложба на џез-фотографии на реномираната џез-фотографка Татјана Ранташа со фотографии на истакнати македонски џез-уметници од различни генерации насловена како„Македонска џестетика – Ранташа Татјана, фотографии“ (Macedonian Jazzthetics – Rantasha Tatjana, photography“). Паралелно со нејзината изложба свој настап ќе има и Гоце Стевковски Квинтет. Бидејќи централно место има музиката, оваа изложба кореспондира со селекцијата на џез-филмови и од домашна и од странска продукција кои се на програмата. На програмата се застапени филмови за познатата музичка куќа Blue Note Records: Приказна за современиот џез, „Сан Ра: Братот од другата планета“, „Бил Еванс: Сеќавање на едно време“ заедно со кратки филмови од продукцијата „Види вака“ за Зоран Маџиров и Драган Ѓаконовски Шпато. Покрај посветата на Сакамото, вториот ден фестивалот ќе му оддаде почит и на најпознатиот композитор на денешницата, Филип Глас, со прикажување на филмовите „Филип Глас: Гледајќи го Глас“ и култниот уметнички филм „Којанискатси“. На 8 јуни ќе бид прикажан посебен осврт на артисти кои го носат белегот на необични, авангардни и шарени. Покрај веќе спомнатиот Сан Ра, ќе се прикаже филмот „Лунарна орбита“ за познатиот електронски состав The Orb, за по нив да следи „Визијата за рајот“ на Ли Скреч Пери. На 9 јуни ќе бидат прикажани филмовите за Бил Еванс, кој е еден од најпознатите џез-пијанисти на сите времиња и „Буена Виста соушал клаб, Адиос“, за кубанскиот феномен.Покрај овие филмови, ќе се прикажат и два филма на македонскиот режисер Јoрдан Дуков за македонските состави „Љубојна“ и Conquering Lion, инаку дел од Телма докубенд серијалот.За завршниот ден ќе бидат прикажани филмовите „Студиото Ханса крај ѕидот 1976-90“ и „Кобејн: Монтажа на еден пекол“. Сета програма на фестивалот ќе се случува во Кинотека на Македонија, а продажбата на картите ќе се случува на билетарницата на Кинотека на Македонија и онлајн на МКтикетс. Ќе има три видаа билети, поединечни по филм, дневни и блок-билети. Тие ќе бидат по цена од 150 и 100 денари зависно од проекција, дневните се по 250 денари, а блок-билетото 850 денари. Фестивалот е организиран со поддршка од страна на Агенцијата за филм, а одделни компоненти се поддржани и од Министерството за култура на Република Македонија.]]>