скопје фешн фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 07 Mar 2022 09:54:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скопје фешн фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На „Скопскиот моден фестивал“ модна ревија со мировни пораки: Идејата добра, реализацијата… со фелер! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-skopskiot-moden-festival-modna-revija-so-mirovni-poraki-idejata-dobra-realizacijata-so-feler-foto/ Mon, 07 Mar 2022 09:42:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241907

На една од модните ревиии кои се одржаа викендов во рамките на модната манифестација „Skopje Fashion Festival“, манекенките кои ги носеа креациите од македонската модна дизајнерка Сара Реџиќ, носеа и листови на кои беа испишани антивоени пораки. Идејата навидум добра, но реализацијата...  со фелер! Имено, манекенките држеа  бели листови на кои имаше испишано пораки за мир и поддршка за Украина по инвазијата и воените операции од страна на Русија на нејзина територија. Пораките мировни, хумани, за мир љубов, слобода, со испишани пораки и нацртани симболи за итен престанок на војната и воспоставување МИР. Или на англиски - PEACE! Арно ама, мода е едно, а писменост нешто сосема друго. Така, некој што ги пишувал мировните пораки „ги измешал брзините“, а со тоа и поимите, па МИРот на модната ревија почна да се дели на ПАРЧЕ! Имено на еден од испишаните листови во рацете на една од манекенките наместо МИР, пишуваше ПАРЧЕ! Или поточно, наместо PEACE (мир), некој напишал  PIECE (парче)! До душа „парчето“ навистина добро... Облека секако, како и сите останати модни парчиња на креаторката, а и идеjата на една јавна манифестација да се споделат мировни пораки за запирање на војната во Украина или каде таа и да била. Тоа што некој случајно или  “толку му сече“, па „се правел на Енглез“, е друга работа. Така мирот стана парче, што е далеку од исто, иако можеби исто звучи: ПИС...! Исто е, ама не е исто! Намерата добра, ама изведбата - неписмена! Фото: Инстаграм принтскрин/slobodenpecat/skopjefashionfestival/ЕПА, Ѓеорги Личовски]]>