скопје џез фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Oct 2021 12:39:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скопје џез фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Доделување на наградата за најдобар млад македонски џез музичар на Филип Букршлиев и промоција на две ЦД изданија https://arhiva.vistina.com.mk/dodeluvanje-na-nagradata-za-najdobar-mlad-makedonski-dzez-muzichar-na-filip-bukrshliev-i-promocija-na-dve-cd-izdanija/ Fri, 22 Oct 2021 12:39:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224265

В недела (24 октомври) во 16 часот на платото пред МКЦ, во организација на Скопскиот џез фестивал ќе бидат промовирани две ЦД-а и ќе се додели наградата за најдобар македонски џез музичар.
Одбележувањето на годинешниот јубилеј на Скопскиот џез фестивал, покрај другите програмски активности, ќе биде зачинето и со промоција на две нови изданија на дискографската етикета на фестивалот – SJF Records, како и со доделување на наградата за најдобар македонски млад џез музичар. Најпрвин, во 16 часот, на платото на МКЦ, ќе бидат промовирани нашите две нови изданија: “Intertwining a Fugue” на Yordan Kostov Ensemble и “A Wave Returns to the Ocean” на Svetlost + Odron Ritual Orchestra. Дел од одличниот материјал поместен на “Intertwining a Fugue”, новиот албум на македонскиот композитор и мултиинструменталист Јордан Костов и неговиот многуброен ансамбл, ќе биде претставен вечерва во живо, во рамките на нивниот настап на годинешното јубилејно издание на Скопскиот џез фестивал (22 октомври, Национална опера и балет), додека, пак, албумот “A Wave Returns to the Ocean” на Svetlost + Odron Ritual Orchestra e, всушност, лајв документ од нивниот извонреден концерт, одржан и снимен минатата година на 39. Скопски џез фестивал.
Покрај двојната промоција на најновите ЦД-изданија на SJF Records, програмските активности за одбележување на јубилејот на Скопскиот џез фестивал го вклучуваат и доделувањето на годи(не)шната награда за најдобар млад македонски џез музичар, кое е закажано истиот ден во 17 часот.
Наградата за најдобар македонски млад џез музичар, што Скопскиот џез фестивал ја доделува веќе петта година по ред, овојпат оди во рацете на извонредно талентираниот скопски гитарист, композитор и импровизатор Филип Букршлиев. Неговото име (и презиме) може да се најде на повеќе од 20 долгосвиречки изданија. Активно твори во повеќе домашни формации: Filip Bukrshliev Trio, Taxi ConsiliumFighting WindmillsYordan Kostov Quintet/Ensemble и други. Творештвото и музицирањето на Буркшлиев се одликува со необична духовитост, раскошна фантазија и несекојдневна елоквентност, што, впрочем, соодветствува и на неговата личност. Наградата на Букршлиев ќе му биде врачена в недела, во рамките на последниот фестивалски ден, во 17 часот во МКЦ – Кино Фросина, проследено со лајв настап на неговиот квартет, велат оттаму.
]]>

Започнува јубилејното 40-то издание на „Скопскиот џез фестивал 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-pochnuva-jubilejnoto-40-to-izdanie-na-skopskiot-dzez-festival/ Wed, 20 Oct 2021 12:43:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223828

Од денеска, 20-ти до 24 октомври во Македонската национална опера и балет и Кино Фросина ќе се одржи 40-тото издание на Скопје џез фестивал. На фестивалот ќе настапат 11 изведувачи од Македонија, Европа, Куба и САД.
Фестивалот вечер ќе го отвори супер-херојот на скандинавската џез сцена Матс Густафсон со свој специјален соло рецитал на саксофони. Од САД ни доаѓа квартетот на новата голема ѕвезда на џезот, басистката Линда Меј Хан О, како и култната музичарка, поетеса, активистка и ем-си Мур Мадер, во придружба на легендарниот перкусионист од „Арт Ансамбл оф Чикаго“ Дуду Којате и Матс Густафсон. Од Данска, САД и Шпанија ни гостува квартетот на извонредниот гитарист Јакоб Бро, од Португалија многубројниот Лисабонскиот андерграунд музички ансамбл Л.У.М.Е., од Грција триото на исклучителната џез-пијанистка Тања Џанули, а од Австрија експлозивните Шејк Сту, информираат организаторите на настанот.
Како дел од јубилејното издание на Скопскиот џез фестивал е и специјалниот проект „Ну Мјузик 4“ посветен на џез-легендата Дон Чери, со Кристер Ботен, Горан Кајфеш, Матс Густафсон и Окај Темиз, како и настапот на проширениот ансамбл на нашиот композитор и мултиинструменталист Јордан Костов. Фестивалот ќе го заокружи концертот на славниот кубански пијанист Роберто Фонсека и неговото трио. Придружната програма на фестивалот оваа година опфаќа изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал под наслов „Complicate Simply!”, потоа премиерно прикажување на две значајни документарни филмски остварувања: „Aretha Franklin: Amazing Grace“ и „Blue Note: Beyond the Notes”, како и настап на најпознатиот албански џез состав во моментов – AJS Quartet. Во рамките на фестивалот, организаторите информираат дека ќе бидат промовирани две нови ЦД-изданија на SJF Records – најновите албумски објави на Јордан Костов ансамбл и Светлост + одрон ритуал оркестра, а ќе биде доделена и веќе традиционалната Награда за најдобар млад џез-музичар во 2021 година. Фестивалот се организира со почитување на сите актуелни протоколи и безбедносни мерки пропишани за одржување на културни настани во затворен простор.]]>

Вечерва на Скопje џез фестивал: Американска вечер со Марк Рибо и Стив Колмен https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-na-skopje-dzez-festival-amerikanska-vecher-so-mark-ribo-i-stiv-kolmen/ Sat, 21 Oct 2017 08:33:46 +0000 http://vistina.mk/?p=891

На Скопскиот џез-фестивал вечерва ќе има  концерти на  две значајни имиња од САД:  Марк Рибо со проектот „Јанг Филаделфијанс“ и Стив Колмен со легендарните „Фајв елементс“. Американскиот саксофонист Колмен го опишуваат како „неуморен човек кој постојано учи, студира и набљудува“. Тој е еден од основачите на таканареченото M-Bace движење, во чија рана фаза беа вклучени и Грег Озби и Касандра Вилсон.
M-Bace Collective беше организација на црнечки музичари која имаше за цел обединување на сите форми на црнечката музика во една целина. Колмен водеше повеќе групи и интензивно снимаше. Во тоа време неговата музика наликуваше на органска синтеза помеѓу пост-бопот и фанкот, иако размислувањата на Стив веќе беа многу пошироки. Тој започна да создава концептуални линкови до сите комплексни системи: нумеролошки, астролошки, митско-религиозни. И покрај комплексноста и асиметричноста, ритмите во музиката на Колмен беа циркуларни и особено комплексно полуметрични кои го сочувуваа танцовиот карактер на популарниот фанк, најави фестивалот.
Со својата долготрајна група „Five Elements“ Стив Колмен издаде повеќе албуми, како што се легендарните „Rhytm people“, „Black Science“, „The Thao of Mad Phat“, а од поновиот период „Functional Arrhythmias“. Гитаристот Марк Рибо, пак, кој ќе настапи во вториот дел од концертната вечер, се етаблирал како великан на гитарата, преку децениската работа како придружен музичар на Том Вејтс, Дајана Крол, Елвис Костело, Ти-Боун Барнет, Каетано Велозо, Роберт Плант, Ален Гинзберг, Арто Линзи, Дејвид Силвијан… Скопје џез 2 – Во тек на 35-годишната кариера Марк објави над 20 албуми под сопствено име, истражувајќи сѐ, од Алберт Ајлер со групата „Spiritual Unity“ па до кубанската музика на Арсенио Родригез со две одлично примени изданија под името „Marc Ribot Y Los Cubanos Postizos“, соопшти Скопски џез-фестивал, додавајќи дека „Јанг Филаделфијанс“ (The Young Philadelphians) е последната смела авантура на Марк Рибо. Во полноќниот термин во Дансинг салата на МКЦ ќе настапи Антони Џозеф, поет, писател, музичар и предавач. Роден е на Тринидад, а живее во Велика Британија. Спојува соул, фанк и карипски мелодии. Негов последен албум е „Caribbean Roots”, објавен во 2016 година, кој според криитката е  „бескомпромисно враќање кон корените“. 