скоје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Jul 2021 14:33:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скоје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-odbelezuva-58-godini-od-katastrofalniot-zemjotres/ Mon, 26 Jul 2021 14:33:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212664

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

И оваа година поради корона пандемијата одбележувањето ќе биде според строгите мерки протоколи. Традиционално, во 10 часот, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе. Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиологија ја организира традиционалната крводарителска акција. Акцијата ќе почне во 9 часот и ќе трае до 17 часот, во Дневниот центар за дарување крв во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. По повод годишнината од земјотресот, традиционално, и Град Скопје и јавните културни установи ќе организираат многубројни настани. Во Музејот на Град Скопје во 19 часот ќе се одржи поетско читање на Организацијата на жени на Град Скопје, а во 20 часот ќе се отвори изложбата „Колаж на еден разурнат град“. Во 9 часот ќе се организира „Скопска аванТУРА“ – Детска едукативна прошетка низ минатото на Скопје, а почетната точка ќе биде Феудална кула кај Домот на АРМ. Во 19 часот ќе се одржи и свеченото пуштање во употреба на новиот кеј „13 Ноември“, на кое ќе присуствува градоначалникот Шилегов. Ќе има и настап на Градски дувачки оркестар и изложба на отворено „Сигналитика на централното подрачје на Скопје“. Во Национална опера и балет во 20:30 часот, како дел од 42-то издание на „Скопско лето“, ќе се одржи балетската претстава „Сви марш на плес“ (Balkan Dance Project). Ќе учествуваат танчери од земјава, од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија. Кореограф е Игор Киров, драматург е Горан Головко, музиката е на „Бјело Дугме“, а светло мајстор е Амир Ахиќ. Балетскиот ансамбл го сочинуваат: Бранко Митровиќ, Јакша Филиповац, Лука Живковиќ, Енди Шротер, Емир Фејзлиќ, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Зулејха Кецо и Ана Кузмановиќ. Програмата за одбележување на 26 јули ќе биде заокружена со централниот настан во 21 часот во Градскиот парк, каде што ќе се одржи концерт на Филхармонија и „Архангел“, насловен „Филхармонија и Архангел за Скопје“. Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две локации за легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови,… Локациите се потпорниот ѕид на улицата „Војвода Васил Чакаларов“ („Адолф Циборовски“) по „Реплек“, како и ѕидовите од двете страни на булевар „Гоце Делчев“ под поранешна Стоковна куќа „Мост“, денес Универзитет на Југоисточна Европа. Легалните ѕидови ќе бидат означени со табли со кои се потврдува слободата и безбедноста за нивно користење за креативен израз од страна на уличните уметници. Легалните ѕидови ќе бидат назначени и слободни за користење денеска, на Денот на солидарноста како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје. Акцијата за цртање графити се организираше викендов, во соработка со Младинскиот културен центар. Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Од трагедијата на Скопје целиот свет беше вознемирен и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност. Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигнуваат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје. На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје. Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 до 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место. И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат. Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред 58 години, на 26 јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата со епицентар на плоштадот „Македонија“.
]]>

На Јосиф му е важна само… -„Уште ноќва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/133834/ Wed, 12 Feb 2020 11:31:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133834

По пауза од скоро половина година, пејачот Јосиф од „Урбан Рекордс“ се враќа со нова песна и спот. Последен негов проект беше соработката со „Два бона“ за летниот хит “Колку ти треба”, а познат е и по соработката со популарниот српски артист Михајло Веуровиќ- VOYAGE  во песната „Трапстарз“. Дваесет и две годишниот Јосиф Ристовски кој свири на пијано, а приватно студира архитектура на „Американ Колеџ“, го промовираше спотот за песната “Само уште ноќва”. Трап нумера на која како автор на музиката и текстот се потпишува самиот Јосиф, во продукција на „Saintlucabeats“, миксот и мастерот се стандардно на Ивајо, додека пак спотот го изработи Томислав Живковиќ. Јосиф во него се појавува со две згодни девојки, моделите Ангела Грамосли и Бојана Секуловска. Видеото се снимаше на повеќе локации, од скопските улици до станови со девојки. Спотот претставува своевиден биланс од скопскиот ноќен живот на едно младо момче, полн со адреналин  и со девојка која е бесчувствителна и незнае ни каде тера, ниту што сака... “Само уште ноќва, дека утре нема да те знам, покажи што знаеш”- пее Јосиф во видеото кое можете да го проследите во продолжение: ]]>

Дарко Јефремов – македонскиот камионџијата од САД дојде во Скопје: Но, не по Сергеј и Зоки-Фаци, туку за да направи нешто што ја фасцинираше јавноста (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-jefremov-makedonskiot-kamiondzijata-od-sad-dojde-vo-skopje-no-ne-po-sergej-i-zoki-faci-tuku-za-da-napravi-neshto-shto-ja-fascinirashe-javnosta-video/ Mon, 31 Dec 2018 08:11:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65531

Дарко Јефремов,  преку ноќ стана познат со своето „Камионџија шоу“.  Македонскиот камионџија од Чикаго – САД, по пародииите на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија и ТВ водителот Зоки - Фаци, стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Повеќето го фалеа, некои го критикуваа, ЛГБТ борците за права и еднаквост го напаѓаа... ама анонимниот шоумен од камионџиската кабина стана интерконтинентална атракција меѓу следбениците на Инстаграм.
И кога оние на кои не им се допаѓаше неговиот тип на хумор и стил на изразување тврдеа дека се работи за обичен „фолирант“, кој само сака да го привлече вниманието на себе за да биде познат и интересен, Дарко деновиве ги дементаираше со еден потег кој ја фасцинираше јавноста.
Имено, „чикашкиот вербален револвераш“ се појави среде Скопје!? И тоа не било како, туку како Дедо Мраз, но не од Коњари, туку од Илинојс! Дарко го наполни својот автомобил со новогодишни пакетчиња, се промени во дедомразовски костим, со себе ги понесе понежната половина маскирана во еленчето Рудолф и својот пес Бено и тргна со полна торба да дели  подароци по скопските улици!
Сакајќи да им ја врати насмевката на децата кои не можат да си приуштат новогодишно пакетче, хуманиот македонски Дедо Мраз од Илинојс им ги делеше на сиромашните дечиња.
Особено на оние кои скитаат и питаат по скопските булевари и раскрсници, камениот мост на Вардар, ГТЦ..., а најчесто се деца од Ромската популација!
Својата девиза дека: „Секој некого може да направи среќен“, Дарко  ја демонстрираше на дело!
Потег со кој покажа колку малку треба за луѓето, особено децата,  барем за миг да ги направиме среќни и да им ги стоплиме срцата!
Дарко Јефремов, македонскиот комичар од зад камионџискиот волан се покажа како џин со хумано срце... големо колку неговата Сканија!