скоје пее – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Aug 2019 13:15:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скоје пее – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Скопје пее“ – прв меѓународен хорски фестивал https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-pee-prv-megjunaroden-horski-festival/ Mon, 26 Aug 2019 13:15:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103904

Од 29-ти до 31-ви август, во организација на Град Скопје и ЈУ „Универзална сала“, градот ќе биде домаќин на првото издание на хорскиот меѓународен фестивал  „Скопје пее“ („Skopje Sings”). Десет хорови од земјата и странство, со своите изведби на добро познатите класични дела, но и џез, рок и современите композиции, на себе својствен начин, ќе ги спојат музиката, одморот, пријателството и забавата. Свеченото отворање на фестивалот е закажано за в четврток (29.8.) во 21:00 на Школка во Градски Парк, каде скопјани и сите останати добронамерници и љубители на музиката и културата ќе имаат можност бидат дел од градскиот музички хепенинг наречен  „Скопје пее“ („Skopje Sings”).
За в петок (30.8.), фестивалот програмски ќе се вклучи во културните лета на општините Карпош и Аеродром. На Културното Лето „Карпош 2019“ на плоштадот „Делфина“ во Влае ќе настапат Машкиот хор од Пловдив, ХМД „Кочо Рацин“ – Скопје, Женскиот хор „Аурин“ од Кецкемет, Унгарија, ГМХ „Вардар“ – Скопје и Академскиот Женски Хор на Студентскиот Културен Центар во Ниш. Како дел од „Back to School Week“ во Општина Аеродром, во паркот на езерата со почеток во 20:30 часот ќе настапат Женскиот хор Менада од Тетово, хорот „Хаџи Зека“ од Пеќ, Пензионерскиот хор „Серенада“ од Скопје, хорот „Славјанско Единство“ од Горна Ораховција, Р. Бугарија и хорот „Елегија“ од Општина Центар – Скопје. Фестивалот  „Скопје пее“ („Skopje Sings”) е првиот меѓународен фестивал на хорови и хорска музика кој се одржува во Скопје и идејата на фестивалот е да ја донесе музиката поблиску до граѓаните и да ја претстави хорската музика типична за концертните сали на некарактеристичен начин, на улиците и плоштадите на Градот Скопје. За последниот ден од фестивалот (сабота; 31.8), од 20:30 часот, со настап на хоровите во објектот на Македонската филхармонија и официјално ќе се затвори првото издание на  „Скопје пее“ („Skopje Sings”).]]>