скии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Dec 2021 08:21:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Викторија Лоба се качи на скии: Македонската пејачка во декември ужива во зимските лудории (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-loba-se-kachi-na-skii-makedonskata-pejachka-vo-dekemvri-uziva-vo-zimskite-ludorii-foto/ Wed, 22 Dec 2021 08:21:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232138

Иако календарски веќе е зима и владеат ниски температури, надвор се уште немаме снежна покривка или барем не на пониските места. Оние кои се љубители на зимата и снегот, ја подготвија зимската опрема, куферите и заминаа некаде на зимување. А бидејќи скијањето како спорт не е за секого, само оние најхрабрите се качија на скии и се впуштија во зимските игри и предности кои ги носи ова годишно време. Македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба месец декември секоја година го резервира за да замине некаде на одмор и да ужива во зимските лудории. Така беше и овојпат кога Лоба ги зема скиите и замина да ужива во скијањето.Таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави неколку фотографии и покажа како ужива. Имено, таа објави фотографија на која е качена на скии и се впушти во скијањето на Копаоник. Викторија објави и „Инстаграм стори“ и покажа како изгледаат нејзините зимски утра односно покажа каков поглед има. И да врне и да вее и бура да коси, тоа за Лоба ништо не е, таа знае како да ужива и на ниски температури. фото: принтскрин/инстаграм/викторија лоба]]>

Сите на плажа само тој во ски центар: Мики Црнокрак ги полни батериите во Дубаи (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/site-na-plaza-samo-toj-vo-ski-centar-miki-crnokrak-gi-polni-bateriite-vo-dubai-foto/ Mon, 31 May 2021 07:07:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204764

Иако календарски се уште не е лето, летната сезона и летните одмори за некои започна. Некои од познатите го искористија слободното и топло време за да заминат некаде на плажа, па така досега имавме прилика некои од познатите дами да ги видиме во бикини. Некои се одлучија за домашен терен, а некои одбраа дестинација надвор од Македонија. Меѓутоа,  сопственикот на модното студио Црнокрак, Мики Црнокрак својот одмор го користи за да ужива во Дубаи- дестинација каде што летуваат повеќето уметници од српската естрада. Имено, тој во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели како го поминува времето. Додека многумина ги полнат батериите на плажа, Мики Црнокрак ужива на снег. Според објавените фотографии на „Стори“, Мики својата посета во Дубаи ја искористи и за да посети ски центар и да поужива во снегот. Инаку, познато е дека Црнокрак е љубител на скијањето, па така традиционално секоја година е редовен скијач во некој ски центар.]]>

„Ај Кју“ во Маврово: Марија на скии, Бојан на сноуборд на снегот, ама на суво… Ја батали „даската“ па се фати за „амбалажата“… за мајчино млеко! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aj-kju-vo-mavrovo-marija-na-skii-bojan-na-snoubord-na-snegot-ama-na-suvo-ja-batali-daskata-pa-se-fati-za-ambalazata-za-majchino-mleko-foto/ Tue, 19 Jan 2021 07:54:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67259

Зимата и снегот и покрај студот и сите непогодниости, носат и еден куп зимски радости, како за децата така и за возрасните. Особено ако си на планина, во некој зимски ски центар, дома или надвор од Македонија, сеедно... на ваквиот предизвик не се имуни ниту познатитите. Меѓу останатите и нашите евровизиски претставници, Марија и Бојан од дуото „Ај Кју“ беа на планина. На скијање и бордање... во Маврово!
Марија се качи на скиите, се фати за штеките, па се пофали со новата опрема. Бојан е модерен „фраер“, па не скија туку борда... Логично двојката направи и неколку заеднички „колегијални“ фотографии од авантурата на снегот, па ги сподели на социјалните мрежи, што денес е исто така ултра модерно. Си бил некаде, а да не те дознаат сите... Исто како да не си бил нигде!
Арно ама од сите авантури на снегот, највпечатлива на фотографиите е „авантурата на суво“. Имено, во паузата помеѓу две скијања и бордања, двојката „музички колеги“ седна малку да се одмори, згрее и да ја обнови енергијата...
И додека Марија и Бојан чекаа персоналот во рестореанот да им го донесе менито, Бојан не чекаше многу, па откако претходно ја пушти „даската“, се фати за за „амбалажата“... за мајчино млеко!
Така овековечениот  „колегијален момент“ осамна постиран на Инстаграм... кај обајцата! Остана само нејасно: Дали тоа Бојан сакаше да провери  има ли алтернативни решенија доколку не му се допадне  менито, или проверуваше дали е се во ред со „аирбегот“ на Марија, во случај пејачката да падне од скиите на снегот? Што и да е во прашање, едно е сепак сигурно: „колегата“ не остана „со празни раце“!
]]>

Некои пејачки паѓаат на машки шарм, харизма, финансиска моќ… Знаете ли на што падна фолкерката Сања – „Барбика“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekoi-pejachki-pagjaat-na-mashki-sharm-harizma-finansiska-mokj-znaete-li-na-shto-padna-folkerkata-sanja-barbika-foto/ Tue, 19 Jan 2021 07:48:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133364

За пејачките од естрадата кружат разни гласини. Особено за фолкерките и нивниот љубове и интимен живот, па додека ги гледаат при нивните настапи по кафеаните, рестораните, локалите... подзагреаните гости погодуват, се нагодуваат, па дури и облози паѓаат кој ќе погоди „на што паѓа“ пејачката... Или подобро речено, на колку? Македонските фолкерки не се имуни на ваквите ситуации, иако рака на срце, јавно многу малку се знае за нивниот приватен живот, а уште помалку која на што паѓа? Веројатно како и сите други жени, згодните и сексапилни естрадни убавици паѓаат на машкиот шарм, привлечност, харизма, култура, џентлменски однос, финансиска моќ... или што би рекле, не се имуни и на полниот џеб! Арно ама, сексапилната струмичанка Сања „Барби“ Цинцева дефинитивно падна на нешто друго! Имено, атрактивната фолкерка најпрвин замина на планина, во Банско... Да дише чист воздух, да се релаксира и да ужива во белите спортови... Барби се опреми, па се качи на скии и тргна да се пушта во спуст по падината. И не стигна ни до половина, а веќе се најде испружена на белата покривка... Барби падна на снегот, па бргу сфати дека скиањето и не е така забавно, ако не го владеш  така добро како пеењето. Затоа пејачка реши да смени и локација и тактика, ама не и навика... Па Банско и Бугарија, бргу ги замени со Пехчево и Македонија... Можеби пехчевско Негрево нема ски терени како Банско, ама затоа има исто толку снег, чист воздух и убава природа за прошетки по снежните планински патеки.  Барби тргна да пешачи се' додека не се умори, па овој пат по своја волја реши да си „чучне“ на снегот! А, Бога ми и да си легне... во добро друштво, се разбира. Облечена во поинаков аутфит од оној за скијање, во хеланки, чизми и крзнена бунда, овде не и се закануваше опасност да падне и да се повреди... Освен, ако случајно не налетаат ловџиите, па така променета во крзнената бунда да ја помешаат со некоја волчица или лисица... Што е исто така невозможно зашто ловната сезона на крупен дивеч  заврши! Така што од паѓање, останува можноста Барби само да падне во нечии прегратки... А за такво нешто, престојот на планина не е неопходен услов! Фото: Инстаграм принтскрин]]>

Ужива во зимските лудории: Ристе Ристески е фраер и кога ќе се качи на скии (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/uziva-vo-zimskite-ludorii-riste-risteski-e-fraer-i-koga-kje-se-kachi-na-skii-foto/ Tue, 18 Feb 2020 08:17:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134625

Надвор се уште календарски е зима, па иако нема снег и не владеат зимски температури, јавните личности го користат периодот за се одморат на некој ски центар. Така, некои заминаа во нашите преубави предели, односно Маврово, Попова Шапка, а некои заминаа во соседна Бугарија или Србија. Македонскиот пејач Ристе Ристески пред повеќе од една година се пресели во Белград каде што живее во изнајмен стан, но се посвети на музичката кариера. Меѓутоа, кога нема обврски тој сака да дојде во родниот крај односно Охрид особено за летниот период каде ги полни батериите. Сега, за време на зимските одмори, Ристе наместо Охрид ја смени локацијата, па одбра еден од најубавите места за опуштање и релаксирање. Имено, тој деновиве батериите ги полни на Копаоник, па се качи на скии и се впушти во зимските авантури. Се надеваме дека и покрај ладното време, пејачот ќе успее да се одмори од секојдневието и ќе се врати полн со енергија за новите ангажмани и активности. За потсетување, Ристе е единствениот Македонец кој победи во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.]]>