скара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Jan 2024 08:41:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Андријана Петрушовска го скара жирито на „Гранд“: За едни врескаше како да се кара додека пее, беше надвор од интонација и фалшираше, за други блескаше и беше никогаш подобра“ https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-petrushovska-go-skara-zhirito-na-grand-za-edni-vreskashe-kako-da-se-kara-dodeka-pee-beshe-nadvor-od-intonatsija-i-falshirashe-za-drugi-bleskashe-i-beshe-nikogash-podobra/ Wed, 24 Jan 2024 08:36:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335958

Македонската учесничка во “Ѕвездите на Гранд“, атрактивната Андријана Петрушовска со својот настап во последното издание ги скара членовите на жирито на најпознатото регионално музичко шоу. Имено, по нејзиниот настап изби жестока полемика, каде најмногу во клинч влегоа нејзиниот минатогодишен ментор Ѓорѓе Давид и овој сегашниот, Александар Милиќ Мили. Андријана инаку се најде во дуел со Вања Јовановиќ која доаѓа од тимот на Снежана Ѓуришиќ, а конечниот резултат гласеше 4:3 за нашата кандидатка. Но нејзиниот настап не помина без кавга и радикално поделени мислења меѓу членовите на жирито. Така на пример, Марија Шерифовиќ овој пат не беше воодушевена со изборот на песните на атрактивната Македонка, а нејзиниот настап го оцени како просечен, истакнувајќи дека во претходниот круг била далеку подобра: „Песната 'Море од пелин' е мојата омилена баладна, но ти викаше. Ниту ја доживеав ниту почувствував, ништо не се случи. Викаш како да се караш, правиш чуда.И втората песна не ти легна, имаше фалшеви.Тоа се причините зошто не гласав вечерва“ - изјави Марија за Андријана, а Цеца Ражнатовиќ го сподели со неа своето мислење. „Беше надвор од интонација, но од друга страна ми блескаше“ - додаде таа. Ана Бекута пак,  ја пофали Андријана: „Се гледа колку ја познаваш оваа работа. Те слушав на една прослава, пееше се', од Силвана до Нирвана. Браво Андријана! Мојот глас секогаш ќе го имаш“ - и порача Бекута. Вики Миљковиќ откако го преиспита своето мислење и го спореди со она на колегите, само кусо порача: „Мене Андријана ми беше никогаш подобра. Ти имаш став, појава си“ - и рече Вики! Последниот збор го имаа менторите, кои за малку што не се фатија за врат, откако Мили тврдеше дека дури под негова закрила Андријана пропеала онака како што треба! На тоа жестоко реагираше Ѓорѓе Давид, кој демантирајќи го колегата, тврдејќи дека Петрушовска токму најдобрите настапи ги имала кога била кај него во тимот, потсетувајќи ги сите на нејзиниот настап во полуфиналето, кога ги пееше песните на Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша, кога како што рече,  со својот стајлинг и интерпретација тогаш ги надминала сите. “Тоа беше врвот на врвовите и не верувам дека некој ќе го достигне со неа“ - рече Ѓорѓе, по што Мили се најде повикан.Страстите во студиото се разбрануваа, но „клинчот“ го спречи Шерифовиќ:„Саша прекини ги овие глупости“ - му рече Марија на крајот. Настапот на Андрија погледнете го на 59.00 минута од видеото... ]]>

Кога Џеј Ло прави скара во дворот по секси долна облека, комшиите и Твитер колабираат… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-dzej-lo-pravi-skara-vo-dvorot-po-seksi-dolna-obleka-komshiite-i-tviter-kolabiraat-foto/ Mon, 01 May 2023 08:00:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61768

Латино дивата Џенифер Лопез го доведе до колапс Твитер со жешката еротска фотосесија.
Имено, Џеј Ло, сликана само во секси долна облека од црна тантела,  покажува како таа умее  да пече скара во дворот, веројатно само за фотосесија.  Комшиите се разбира, наредени на оградата учат скараџиски занает, ама и... собираат инспирација.... за по дома!
Таа не ја крие својата среќа во нејзиниот професионален и приватен живот, а најмногу тоа дека ужива во бракот со колегата Бен Афлек.
]]>

Првомајска скара: Неколку совети како кременадлите, вешалиците, плескавиците, ќебапите, колбасите… да ви бидат сочни, а не тврди или изгорени! https://arhiva.vistina.com.mk/prvomajska-skara-nekolku-soveti-kako-kremenadlite-veshalicite-pleskavicite-kjebapite-kolbasite-da-vi-bidat-sochni-a-ne-tvrdi-ili-izgoreni/ Sat, 01 May 2021 10:07:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201092

Празнувањето на 1. и 2. Мај не може да се замисли без скара. Оние што се на велигденски пост, денеска ќе го прослават Денот на трудот со посна трпеза, но повеќето сепак, веќе денес или утре можат да си приредат месна гозба. Ова се најдобрите совети од професионалните готвачи! Загревање на скарата Скарата, апсолутно, мора да биде добро загреана пред да го дојде во допир со првото парче месо. Ако не го направите тоа, месото нерамномерно и долго ќе се пече. Лицето од вашето друштво кое е задолжено за месото сака да се занимава со тоа, но не со часови! Чистење на скарата Веднаш штом скарата ќе се загрее, мора да ја исчистите. Изгорените парчиња храна не се опасни само за здравјето, бидејќи којзнае од кога стојат на скарата, туку може лошо да влијаат и на месото кое денеска ќе го печете. Сѐ што останало на скарата, е штетно и за вашето здравје и за самата скара. Ќе се залепи за вашето месо и вие ќе изедете изгорено парче, или ќе го направи токму спротивното – ќе се залепи за месото така што нема да можете да го одлепите, што значи дека највкусните, карамелизирани парчиња од денешното месо ќе останат на скарата. Подмачкување на скарата Никогаш директно не подмачкувајте ја скарата со масло или со сланина. Ова многумина го прават, а тоа е голема грешка. Кога ќе го направите тоа, маснотијата поради врелината само ќе се лизне од решетката и ќе капе надолу, каде што ќе почне да создава чад. Премачкајте ги парчињата месо со масло или со сланина, а не самата скара. Скарата има две „зони“ Ако сте на излет, каде што, секако, не можете да користите електрична скара, туку онаа со јаглен, во тој случај, распоредете го јагленот така што, од едната страна да имате директна топлина, а од другата страна малку послаба. Секое месо не е наменето за печење на висока температура, поради што професионалните мајстори за скара постојано го преместуваат јагленот за да имаат потопла и постудена зона. Печете го месото на потоплата зона за да се карамелизира, а потоа префрлете го на постудената зона, за да го довршите печењето. На постудената зона, можете да ги печете и пилешкото, потенките ражничи или зеленчукот за да не изгорат. Не го боцкајте месото со вилушка Никогаш немојте месото на скара да го боцкате со вилушка, како ниту кога го пржите месото во тава. Плескавиците, ќебапите и колбасите се веќе запечени однадвор така што на месото му направиле коричка, ако премногу го боцкате вилушката, сите сокови ќе истечат и ќе добиете суво и тврдо месо. Месото мора да се одмори Секое парче месо мора да помине најмалку пет минути во покриено тенџере или сад пред да заврши на чинијата. Кога печете месо, соковите ќе се концентрираат во неговиот центар. Ако веднаш го исечете или гризнете, соковите ќе истечат. Одморањето на месото овозможува природните сокови да се вратат во сите делови од вашиот омилен специјалитет. ]]>

Ана Кораќ зајде од бес: Го изнесе кучето во луксузен ресторан, па нарача бифтек за себе, бело месо на жар за песот, сервирани на иста маса (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-korakj-zajde-od-bes-go-iznese-kucheto-vo-luksuzen-restoran-pa-naracha-biftek-za-sebe-belo-meso-na-zar-za-pesot-servirani-na-ista-masa-foto/ Thu, 29 Apr 2021 10:23:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200989

Старлетата Ана Кораќ во последно време живее раскалашено до максимум. Откако неодамна направи гала роденденска забава за својот миленик Стикер, сииликонската убавица сега отиде чекор подалеку, па го однесе песот во ексклузивен ресторан на ручек. Имено, Ана на својот Инстаграм објави видео од ресторанот каде ручаше. Исто така, беше подготвен оброк и за нејзиното милениче кое седеше со неа на масата. Ана си нарача бифтек за себе, додека за Стикер одбра бело месо на скара. Призор кој ги зовре социјалните мрежи, зашто додека многумина едвај врзуваат крај со крај од немаштијата која ги погоди заради економската криза предизвикана од корона пандемијата, кај српските стралети и кралски живеат и кучињата за разлика од дечињата на просечниот граѓанин. Фото: Инстаграм принтскрин/ana_korac]]>

Кај беа и што „кркаа“ познатите македонски фаци за 1-ви Мај: Од скара на балкон и прасе на ражен во двор, до јагоди, пршута и печеница на викендица… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaj-bea-i-shto-krkaa-poznatite-makedonski-faci-za-1-vi-maj-od-skara-na-balkon-i-prase-na-razen-vo-dvor-do-jagodi-prshuta-i-pechenica-na-vikendica-foto/ Sat, 02 May 2020 08:18:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147536

Први Мај... Ден на трудот, ден на работникот, симбол на борбата за неговите права за подобри работни услови, помала експлоатација, помало работни време, поголема плата... И секако, наследената оставштина од социјализмот, 1-ви Мај да биде ден за пикник, за излез во природа, скара, пијалок, дружба, песна, па и по малку рекреација и спортување... Зависно од тоа, „кој(а) по што спорт е?“ Познатите македонски личности или барем голем дел од нив, не останаа имуни на овие што наследени, што новостекнати навики. Скара, печење, мезе, салати, пијачки... „се вртеа“, мезеа, јадеа и пијеа на различни локации. Од балкони и тераси, преку постaвeни маси во домашниот двор или на викендичка, до некоја анонимна пољана или пак ним добро позната ледина. Ниту короната, карантинот и полицискиот час не ги спречи познатите фаци да покажат какви се' првомајски „јунаци“ има меѓу нив, кога се скарата и пикникот во прашање. Познатата македонска ТВ водителка и пејачка Бојана Скендеровски е тазе мајка по втор пат, па очигледно таа и нејзиниот сопруг Васко, не сакаа да ризикуваат и решија празникот на трудот заедно со дечињата да го минат дома. „Кој рече дека оваа година нема да имаме скара?“ - праша сопственикот на "Скендеровски продукција", па ја монтираше електричната скара на терасата од својот стан во подножјето на Водно. На планина речиси и да се лоцирани, погледот кон падините на Водно и крстот е тој, а и месото ставено „натенане“ да се пече. Во меѓувреме за амбиентот да биде баш празничен, се потруди домаќинката со песна, додека домаќинот ја вртеше скарата... „Блазе тебе ѕвездо моја, си го имаш него...“ или така некако веќе одеа стиховите на песната од Наум Петрески, која ечеше на распеаниот и разигран првомајски балкон под Водно, на семејството Скендеровски. Скара се вртеше и кај Жарко Димитриовски, ама во дворот. Водителот на ток шоуто „1 на 1“ првомајски реши да спои две во едно: убавото и корисното, „кркањето“ и снимањето, пикник и емисија, која истата ја снимаше додека ги вртеше плескавиците на електричната скара, во очекување на двајца познати гости... Кои - ќе видите во „1 на 1“! На домашната скара и тоа првомајска, карантинска, не можеа да и одолеат ниту мисиците и манекенките... Плус со кромитче, па и салатичка...  за мерак!  Убавата штипјанка Ивана Ина Димитрова, модната писта и подиумот ги замени со празничен ручек во дворот. Калориите не се проблем, брзо се топат, ако имаш соодветен начин за нивна елиминација, а Ивана оддамна покажа дека знае како тоа се прави. „Честит 1 Мај пролетери“ - напишал на својот Фејсбук профил пејачот Филип Јордановски, иако е далеку од пролетер, зашто покрај пеењето, главна професија му е банкарството, а тој е еден од директорите на скопската централа на бугарската „Капитал банка“. Арно ама, „пролетерската традиција“ од социјализмот, очигледно  и понатаму достојно си ја почитува, па Филип заедно со семејството и другарите за 1. Мај реши да излезе на ледина... Пикник и скара во природа, за оваа традиционална празнична пригода. Чашката ракиичка и насмевките се задолжителни... како и скарата со плескавици, наместо заштитни маски и ракавици. Тие никако не одат во пакет со првомајското хедонистичко задоволство. Имуна на првомајска скара на отворено не остана ниту Миа Костова. Нејзината локација, една куќа/викендичка со преубав двор во околината на Скопје и се разбира весело друштво и полна трпеза. До душа, повеќе вегетаријански или само така ни се чини... Очигледно, скарата допрва се подготвувала да се распали... Впрочем, денот е долг, а тек ноќта... Најдалеку од „месната естрадна елита“ се чини отиде водителката и позната ДЈ-ка, Вера „Генерал“ Јанковиќ. Кај Вера нема далавера, има да се јаде додека се може, па и згора на тоа... ДЈ Јанковиќ има српско презиме, а каква тоа српска крв тече во тебе, ако не си спремил прасе? И тоа не во фурна, туку на ражен, во двор! Да се врти како плоча, првите комшии да видат, а цело маало да го почувствува мирисот на крцкавата кожичка на тазе печеното прасенце! А, ДЈ Вера дотерана и спремна по сите прописи... Со заштитна маска на лице и електричен ражен, со првомајска парола: „Двор ни е, прасе ни е...!“  Алал да ви е! Е сега, не се сите по скарата и печењето... Има некои што за празникот на трудот му ја збришаа надвор од дома, на својата или на викендичка кај пријател(к)ите, а наместо скара или прасе, своите хедонистички апетити ги задоволија со многу поегзотично мени. Писателката и стенд ап комичарка Ивана Наскова, 1.Мај го дочека карантински дислоцирана. Во викендичка во Маврово, во женско друштво и малку подиетална празнична трпеза. Дека не им фали даска, покажа масата на која даската со сувомесно мезе, кашкавал, сирење и други месно-млечни производи беше сервирана заедно со по некоја чаша бело винце. А овошјето со ваквото мени оди под задолжително. Впрочем, линијата треба да се задржи и додека целата нација е во изолација, зарем не? Слично на неа, на иста локација - Маврово, само во различна викендичка , но со речиси иста гастрономска поставка, 1.Мај го помина и водителката на „Живот со стил“. И Елена Стефановска се почести со даска, бело вино и јагоди, сервирани надвор на масата во дворот со поглед на езеро, а внатре... Внатре, десерт - шумско овошје со јаткасти плодови или така наречена витаминска „секси - салата“. Здрава за телото, уште поздрава за либидото...   Впрочем, фотопозата сама зборува, за тоа како се согорува акумулираниот вишок калории, дома или на „туѓи“ територии! И за крај на оваа наша мини првомајска прошетка, една вистинска работничка закуска. Популарниот охридски радио и ТВ водител Жанко „Зш“ Голабоски, е познат љубител на природата, планината и планинарските авантури, па затоа и овој Први Мај не пропушти да се здаде во потрага по нова возбуда. Доследен на работничката идеја, со срп и чекан и развиорено црвено пролетерско знаме, Жанко денот на трудот како и лани, кога на Магаро го прослави со бурек, годинава на Требенишко езеро го одбележа со закуска од житарки! Да живее празникот на трудот!        ]]>

Рада Манојловиќ и Харис заради коронавирусот раскинаа: Карантинот сите ги зближува, нив жестоко ги скара! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/rada-manojlovikj-i-haris-zaradi-koronavirusot-raskinaa-karantinot-site-gi-zblizuva-niv-zestoko-gi-skara-foto/ Sat, 28 Mar 2020 09:53:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141957

Над врската на Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ повторно се надвија темни облаци. Како што открива изворот за „Стар“,  естрадно-љубовната двојка првично се согласила да се изолира заедно во еден заеднички стан во Белград, но „курцшлусот“ избил кога пејачот попуштил под притисок на неговите родители и решил да се врати во Босна и Херцеговина. Рада, наводно тоа не сакала да го прифати и не ја поднела добро неговата одлука, па паднала жестока расправија во која таа се му „плеснала“ в лице,  дека и таа се грижи за нејзиниот татко и сестра, па сепак решила да останае со него, како што бил првичниот договор. Бидејќи Харис решил да оди во неговиот дом, гневната Рада во лутина му рекла дека слободно може повеќе да не се вратаќа, по што тие, според изворот, повеќе не се слушнале. „Сега Берковиќ и пишува секој ден, но таа не му одговара на пораките и нема намера да попушти. Како ќе заврши сето ова меѓу нив - не се знае? Можеби сепак ќе се зажелат еден за друг, па  Манојловиќ сепак ќе попушти, а можеби и навистина е сега крај“- заклучил изворот. Фото: рајко Ристиќ/РАС Србија]]>

Маестро Џорлев вака се потсети на татко му, човекот кој го научи на најважните нешта во животот, па покажа што е живот… меѓудругото (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/maestro-dzorlev-vaka-se-potseti-na-tatko-mu-chovekot-koj-go-nauchi-na-najvaznite-neshta-vo-zivotot-pa-pokaza-shto-e-zivot-megjudrugoto-foto/ Mon, 06 Aug 2018 08:15:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41595

„Татко мој, ти благодарам што ми го покажа патот на чесноста, човечноста, семејната вредност, како се сака и негува Македонската музика, да работам уште од раното детство и да се докажувам со дела... Знам дека ме гледаш некаде од горе и се гордееш како што јас се гордеам со тебе...“ - со овие зборови и ретро фотографија еден од најпознатите македонски музичари, уметници, автор и репродуктивец, виолинистот Зоран Џорлев се потсети на неговиот татко, легендата на македонската  новосоздадена фолк песна, покојниот Наско Џорлев.
Уште од дете со виолината, заедно со татко му како дел од семејниот оркестар, Зоран Џорлев повеќе од успешно ја продлжува традицијата на семејството, негувајќи ја подеднакво како класиката, така и  македонската музика воопшто... Од забавната до изворниот фолклор, никогаш не заборавајќи го оној кој е најзаслужен за она што Зоран е денес. А дека „крвта не е вода и крушата под круша паѓа“, најдобар доказ се наследниците на едно од најпознатите македонски музички семејства: На Зоран и оној на сестра му Софче.
На една од последните постирани „морски“ фотографии до душа, музиката падна во „сенка на скарата“ на младите братучеди, освен, ако не се пеело додека се вртеле плескавиците, вешалиците, кременадлите или нешто морско... Што ли веќе било на менито на Џорлеви! Оти, покрај песната: „Е ова е живот“... меѓудругото!

Српски политичари се скараа заради Сандра Африка https://arhiva.vistina.com.mk/srpski-politichari-se-skaraa-zaradi-sandra-afrika/ Wed, 11 Jul 2018 08:43:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37420

Одлуката на локалната власт во српската општина Андријевица да ја ангажира естрадната уметница Сандра Продановиќ, попозната како Сандра Африка, за да ги забавува граѓаните на 17 јули, за време на прославата на Денот на општината Андријевица, предизвика бура од негодување и ја крена на нозе  опозицијата.
Наводно, планирано е  околу пет илјади евра да се потрошат за настапот на Сандра Африка, што најмногу ја изиритирало опозицијата во Андријевица, која тврди дека ова е скандал зашто власта неодговорно ги троши парите на граѓаните, за шунд настан со кој само ќе  ги понижи, омаловажи и исмее  традиционалните, историските придобивки и културните вредности на тој крај и Србија воопшто.
Власта пак има свое гледање на работите. В.Д. директорот на Центарот за култура  Марко Вукиќ, тврди дека во целата приказна нема ништо спорно и контроверзно, туку само опозицијата злобно сака да го исполитизира случајот, пишуваат „Вечерње Новости“.]]>

Голо торзо и престилка: Дејан Манасков како секси готвач на скара! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/golo-torzo-i-prestilka-dejan-manaskov-kako-seksi-gotvach-na-skara-foto/ Wed, 04 Jul 2018 07:07:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35966

Македонскиот ракометар Дејан Манасков најчесто имаме прилика да го видиме во дресот со кој ги брани боите на репрезентацијата. Дејан заедно со неговите колеги и ракометари  кога играат за  репрезентација, секогаш прават се што можат за да се покажат во најдобро светло. Мансаков најчесто може да го видиме како игра ракомет, го остава своето срце на терен и го дава најдоброто кога е потребно.
фото:гол.мк Овој пат, Дејан пред неговите следбиници на социјалните мрежи се покажа во сосема друго светло, па наместо во дрес, Манасков покажа како изгледа кога готви. Репрезентативното крило  на „Инстаграм стори“ сподели фотографија, на која во фармерки со престилака преку голото торзо Шеф Дејан покажа дека покрај тоа што умее да дава голови, одлично умее и да готви... Или поточно, да пече скара.
фото:инстаграм]]>

Зошто никако не смеете скарата да ја подмачкувате со масло? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-nikako-ne-smeete-skarata-da-ja-podmachkuvate-so-maslo/ Mon, 30 Apr 2018 10:56:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24112

Вообичаено „правило“ меѓу скараџиите е пред да се стави месото, истата да се подмачка додека е топла. Ако и вие ова го правите, тоа е погрешно иако голем број интернет страни и книги за готвење го предлагаат ова. Сепак, една книга за готвачи која е повеќе пати наградувана, нуди друг совет. Авторот на книгата напишал дека подмачкувањето на скарата не е добра идеја. Според неговата книга, доколку користите масло, истото ќе испари и ќе се претвори во карбонат веднаш бидејќи ќе ја достигне температурата. Јаглеродот и димот немаат убав вкус и ова ќе влијае на вкусот кој ќе го има вашата храна. Покрај ова карбонатот на скара создава уште еден слој кој го отежнува чистењето. Друго решение е на месото да додате малку мајонез кој е самиот по себе мрсен, но не се тргнува толку лесно и на изненадување на многумина и дава добар вкус на храната. Идеален е за задржување на зачините на месото. Посебно добро оди со риба и пилешко. Можеби не сте љубител на мајонез и одржувате здрав живот, но само внимателно. Се е во ред ако сте умерени.]]>