скапоцен прстен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 07 Aug 2020 12:22:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скапоцен прстен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александра Накова славеше роденден: Честитки од две интересни дами и скапоцен подарок од таинствена личност (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-nakova-slaveshe-rodenden-chestitki-od-dve-interesni-dami-i-skapocen-podarok-od-tainstvena-lichnost-foto/ Thu, 06 Aug 2020 08:45:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162056

Млада, убава, згодна, сексапилна, провокативна, пожелна… за многумина  - неодолива. Сето ова може со право да и се припише на една од најубавите наши модели и жени воопшто во Македонија, атрактивната гевгеличанка Александра Накова. Се сликаше гола, меѓудругото и за „Плејбој“, се вљубуваше, мажеше, разведуваше, роди, ја следеа афери, скандали, како оној последниот неодамна со Ковид- 19 и наводното апсење на базен во Гевгелија... Но, Накова на сето тоа успеева да му одолее, да го надмине, преброди и одново да плива како „сирена во мирните води“ на животот... Онаков, каков што самата си го зацртала да го живее. Деновиве Александра славеше роденден. Времето и околностите не се погодени за „масовки“, па сепак, убавицата не пропушти да си го одбележи денот на своето раѓање. Честитки пристигнаа од сите страни и лично и на социјалните мрежи. Другарки, пријателки, пријатели, другари, додворувачи, актуелни или потенцијални љубовници... Секој на свој начин се потрудил да и го честите ХХ-от роденден. На дамите не им се бројат годините, ама затоа им се бројат честитките, а токму две интересни, ништо помалку атрактивни, провокативни, и контроверзни убавици кои меѓу сите останати и се познати на пошироката јавност и упатија роденденски честитки на Накова - секоја на свој начин. Нејзината „сестра од друга мајка“ како што често знае да ја нарече, познатата трендсетерка и бивша ТВ водителка Мелита Ракичевиќ со заедничка летна фотографија од пред некоја година од грчките плажи и упати топла роденденска порака на својата “друга јас“: „Среќа е што те имам во животот... Имај среќен роденден и секогаш биди убава, своја и нескротлива“ - и напиша Мелита на другарка и Накова во роденденската честитка на Инстаграм! Втората, која на јавноста и е позната како контроверзната и конфликтна убавица со „сомнително“ минато e старлетата Тара Симов, инаку  учесничка во последната сезона на регионалното реално шоу „Задруга 3“. Нејзината роденденска  порака, како и самата таа - провокативна „до балчак“. Честитката до Накова повеќе од "сочна": „Среќен роденден љубооооооов! Wow... I love You So Much“ - напишала Тара Симов на заедничката фотографија од старите добри времиња! Дека се работи за голема - е јасно, ама каков „тип“ на љубов Тара на Накова и спакува...? Само тие две си знаат! Како што само славеничката знае од кого и е прстенот со голем скапоцен камен на левата рака, кој не го симнува?! И дали е само роденденски подарок од таинствена личност или можеби тоа значи дека некој наскоро, одново ќе стапне на „лудиот камен“? Љубовта е чудна  состојба, иако е велат, минлива... Впрочем, само дијамантите се вечни...  А и најдобри „другарки“ на девојките!]]>