скандау – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 31 May 2019 09:29:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скандау – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Слаткаристика и бугарското дуо Скандау им фалат – „Динеро“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-slatkaristika-i-bugarskoto-duo-skandau-im-falat-dinero-video/ Fri, 31 May 2019 09:29:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90683

Марко Маринковиќ алиас Слаткаристика има нова песна и одново сороботка со други изведувачи. Овој пат одново во прашање се бугарски иведувачи, па во знак на нашиот „договор за добрососедство и културна соработка“ со источниот сосед, бугарското ар ен би дуо „Скандау“ (Л'чеслав Евтимов и Јонислав Јотов) и Слаткар(истика) заеднички се согласија дека им фалат - „Динеро“, како што носи наслов новата песна на која Бугарите гостуваат.
Музички - ништо епохално, во стариот познат манир на „Слаткар“ кој на себесвојствен начин во своите луцидни стихови ја опишува македонската реалност на обичниот човек.
Автор на музиката е самиот тој, во пишувањето на телкстот партиципирале и членовите на бугарското дуо,  додека аранжманот, миксот и мастерингот  ги направил Иван Јованов - Ивајо.
Симпатичното видео го изработила екипата на „God Eye Production“, кадрите од камерата и постпродукцијата ги потпишува Гордан Божиновски, а во спотот како модел се појавува и сексапилната Албанка, Калтрина Криезиу - Балаш, професорка по музика и шминкер.
Како звучи и изгледа македонско-бугарската соработка на Слаткаристика и „Скандау“, проследете подолу: https://www.youtube.com/watch?v=BStyStrD8IU  ]]>