скај мјузик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 28 Feb 2024 13:31:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png скај мјузик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лепа Брена и Здравко Чолиќ заедно ја затвораат ски-сезоната на Копаоник https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-brena-i-zdravko-cholik-zaedno-ja-zatvoraat-ski-sezonata-na-kopaonik/ Wed, 28 Feb 2024 07:29:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340525

-Премиум спектакл на омилената зимска дестинација Копаоник Music Week става точка на зимската сезона во незаборавен стил! На 15 и 16 март, Event салата на хотелот Гранд Копаоник ќе стане епицентар на невиден сценски и музички спектакл, обележан со настапот на двете најголеми балкански ѕвезди - Лепа Брена и Здравко Чолиќ! Скајмјузик, синоним за врвна забава, ветува врвно искуство за избраните посетители, со внимателно режирани концерти на две музички легенди. Лепа Брена и Чола за прв пат се собраа под покровителство на еден фестивал, давајќи ѝ можност на публиката да доживее невидена комбинација од нивните хитови. Покрај незаборавните изведби на најистакнатите музички икони на овие простори, последниот викенд од скијачката сезона на Сребрена планина ќе биде одбележан и со спектакуларни сценски ефекти, извонреден звук и атмосфера која ќе ги помести границите на LIVE индустријата. Season Closing by Music Week поставува нови стандарди во светот на музичките фестивали, а Лепа Брена и Здравко Чолиќ ветуваат дека нивните концерти ќе бидат врвот на оваа музичка сезона. Билетите за овој ВИП музичко-сценски спектакл се пуштени во продажба исклучиво со јавување на телефонскиот број +381 60 6670 318. Сите контингенти влезници се исклучително ограничени.]]>

Јелена Розга одржа спектакуларен концерт во Скопје: Визуелно-музички спектакл, преполна сала и публика што од прва до последна песна пее и танцува со ѕвездата https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-rozga-odrzha-spektakularen-kontsert-vo-skopje-vizuelno-muzichki-spektakl-prepolna-sala-i-publika-shto-od-prva-do-posledna-pesna-pee-i-tantsuva-so-zvezdata/ Sun, 11 Feb 2024 15:15:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338307

„Последниот пат кога бев во Скопје бев во салата „Борис Трајковски“ и си помислив ‘кога би имала јас концерт овде’... и ете желбата ми се оствари. Оваа љубов, оваа енергија што ги почувствував вечерва не можат да се опишат со зборови. Навистина им благодарам на сите затоа што го имав досега можеби еден од најемотивните концерти. Скопје благодарам, си поминав преубаво“, рече Јелена Розга по завршувањето на синоќешниот концерт во рамки на турнејата „Минут срца мог“. Пред преполната „Борис Трајковски“ Јелена ги отпеа своите најголеми хитови, како и оние од времето на групата Магазин каде членуваше на стартот од својата музичка кариера. Концертот беше во организација на Скајмјузик продукција, регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали, а публиката освен што имаше можност да ужива во гласот на Розга, одличните кореографии  за кои друштво на сцената и правеа 12 танчари предводени од словенечкиот кореограф Жига Сотлар, уживаше и во визуелниот спектакл за што придонесоа повеќе од 400. квадратни метри ЛЕД екрани, преку 300 светлосни тела, повеќе од 500 илјaди вати звук. Речиси секоја нумера имаше посебна кореографија, а секоја песна своја анимација и специјални ефекти, и тоа почнувајќи од ласери до пиротехника. Уникатна по обликот и големината беше и бината, а посебните писти што влегуваа во партерот понудија единствена можност оние во првите редови. Јелена на сцената се појави во неколку модни изданија, и тоа благодарение на модниот двоец Envy, а колку и значи концертот во Скопје и колку навистина се подготвуваше за овој настап доволно зборува фактот дека изгледаше сосема поразлично од концертите кои веќе ги одржа во регионот во склоп на турнејата „Минут срца мог“. Дека публиката уживаше и имаше можност да ја види Јелена Розга во сосема поразлично издание доволно зборуваат и коментарите по концертот, но и атмосферата во салата. Од првиот до последниот такт вистинско „музичко цунами“ и хорско пеење, кренати раце и насмеани лица, но и фактот дека и по речиси три часа ретко кој сакаше да си замине дома. Розга во Скопје дојде за да го оствари својот сон, а замина полна со емоции и љубов, но и ветување – Скопје се гледаме пак! До следната дружба во Скопје, турнејата продолжува низ регионот, а следни станици се Задар на 8-ми март и сараевска „Зетра“ на 2-ри ноември. Фото: Вангел Тануровски]]>

Одбројувањето до концертот на Јелена Розга во Скопје започна: „Едвај чекам да дојдам во таа за мене посебна сабота“ https://arhiva.vistina.com.mk/odbrojuvaneto-do-kontsertot-na-jelena-rozga-vo-skopje-zapochna-edvaj-chekam-da-dojdam-vo-taa-posebna-sabota/ Wed, 31 Jan 2024 12:30:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336977

Одбројувањето до најголемиот и најубавиот аудиовизуелен музички спектакл во месецот на виното и љубовта може да почне - затоа закружете го 10 февруари - датумот кога домашната публика ќе ужива во концертниот спектакл на една од најголемите музички ѕвезди во регионот Јелена Розга.
По неколкуте спектакуларни концерти во регионот, Скајмјузик со гордост го најавува настанот кој во рамки на турнејата „Минут срца мог“ќе се случи во арената „Борис Трајковски“! Јелена Розга, кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, на сцената во Скопје ќе ги донесе најголемите хитови од соло кариерата како што се нумерите „Бижутерија“, „Окус ментола “, „Нирвана“, „Соло играчица“ и неизбежниот „Цунами“, но и оние што од времето кога членуваше и беше дел од групата Магазин, во која и ја започна кариерата. Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудиовизуелна продукција потпишана од Скајмјузик продукција - регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали. Од Скајмјузик најавуваат дека со претстојното шоу ќе постават нови стандарди и уште еднаш ќе ги поместат границите на забавната индустрија. Спектакуларните аудиовизуелни ефекти, совршениот звук и најсовремената продукција ќе го комплетираат настапот на Јелена. Во портфолиото на Скајмјузик стојат запишани низа настани во соседството и регионот, како Белградскиот пиво фест, Music week, Music Awards Ceremony, Саборот на трубачи во Гуча... Тука не завршува оваа повеќе од успешна приказна, годинава се задолжени за комплетна организација на двата белградски концерти на Рамштајн, како и за техничката продукција на концертот на Ед Ширан...  
Едвај чекам да дојдам во Скопје, да застанам пред македонската публика бидејќи знам како изгледа секој мој настап кога пеам низ Македонија. Навистина се радувам на мојот концерт во февруари и во таа голема сала, која ми е сон одамнавели Јелена, не криејќи го задоволството што на публиката ќе ѝ приреди неверојатно уживање на кое долго работела. Концертот во Скопје што се одржува во рамки на турнејата „Минут срца мог“ следува по одличните настапи во Загреб, Белград и Нови Сад.   -Не можам да ви опишам колку се радувам и колку, заедно со мојот тим, едвај ја чекам таа посебна сабота! Скопје се гледаме наскоро! Ве сакам!, вели Розга, која деновиве интензивно работи на подготовките за најавениот спектакл и постојано е на релација Хрватска – Словенија, каде има проби со танчарите.   Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари. Постои уште една опција да се дојде до билет, а која важи за оние од другите градови ширум земјата, односно за фановите од Струмица, Радовиш и Штип. Благодарение на Евентум и ТА Нова травел, а поради големиот интерес, превозот од овие градови до Скопје и назад заедно со влезница за партерот чини 1700 денари.]]>

Вистина.ком.мк на „Music Week“ фестивал на Копаоник: Лепа Брена и Дино Мерлин направија зимата на врвот да звучи и изгледа волшебно (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vistina-kom-mk-na-music-week-festival-vo-kopaonik-lepa-brena-i-dino-merlin-napravaja-zimata-na-vrvot-da-zvuchi-i-izgleda-volshebno-foto/ Mon, 20 Mar 2023 10:31:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294088

Семиот по ред Music Week фестивал на Копаоник, го имаше своето второ продолжение и овој викенд во хотелот Гранд Копаоник.  Екипата на Вистина.ком.мк заедно со уште два македонски медиуми (Вечер.мк и Убавина и здравје.мк) беа специјални гости на овој градиозен музички настан на покана на организаторот кој се погрижи престојот и третманот на македонските и сите останати новинарски екипи  да биде на највисоко можно ниво, со сите удобности, можности и содржини што ги пружа и нуди ултралуксузниот хотел Гранд... Или што би рекле со јазикот на хотелиерите - за 5 ѕвездички! Првата вечер, во петокот на 17-ти март 2023 год. гостите и публиката во преполната сала уживаа во музичката ретроспектива на веројатно најголемата фолк ѕвезда на бившите ЈУ простори на сите времиња, единствената Лепа Брена. Едноставна, а сепак магична, Брена со своите постари и понови фолк хитови („Ситније Циле, ситније“, „Чачак“, „Миле воли диско“...) ги крена сите на нозе, а концертниот набој на журката само на моменти од еуфорија преоѓаше во посмирена, сентиматлно - емотивна елегија во изведбата баладите на балканската фолк кралица, како „Зрно бибера“, на пример. Речиси три часа непрекината „забава луда до максимум“ за публиката за која Брена и овој пат ја остави „душата на сцената“ и естрадна лекција за колегите како тоа го прави една вистински најблескава музичка ѕвезда. Претходно, непосредно пред почетокот на концертот балканската фолк кралица имаше блиска средба со новинрите.  На прес конференцијата таа без ограничувања и лимити отворено одговараше на сите поставени прашања. Односот кон седмата сила е само уште една потврда зошто Брена е вистинска мегаѕвезда... И тоа најголемата! На вториот фестивалски ден ( сабота, 18-ти март 2023 г.), уште една балканска ѕвезда, музичкиот волшебник Дино - Мерлин одржа концерт за паметење. Овој пат сосема поинаков и многу поразличен од оној на првата вечер на Брена. На моменти многу поконцептуален, на моменти концептот пак се прелеваше во чиста танцова поп забава, па се до чиста емоција во баладите кои следуваа. И сето тоа во зависност од изборот на песните кои середеа во неговата концертна сложувалка. Едните аранжмански видоизменети, концептуално збогатени со психоделични етно моменти и куси музички соло делници на брилијантните инструменталисти од неговиот придружен бенд на сцената и особено двата придружни вокала - Аида и Ајзела кои фантастично се надополнуваа со седефестиот вокал на пејачот, но и во сценската изведба заедно со него која се огледаше во кореографските чекори и движења, гестикулациите, мимиките... За целиот музичко-сценски перформанс на Дино Мерлин да биде збогатен со фасцинантните светлосно-ласерки ефекти на „Sky Music“ и видео илустрациите и анимациите  кои одеа на големите лед екрани за цело време на настапот, претворајќи го концептот во вистинска аудио - визуелна магија. Кога на тоа ќе му се додадат пиротехничките ефекти, ленти и конфети и во еден момент мноштвото огромни балони кои влетаа во публиката, настапот на познатиот поп пејач и композитор  на втората вечер на Music Week фестивалот на Копаоник може да се окарактеризира како вистинско аудио-визуелно волшебство за паметење. Бројната публика меѓу која имаше и многу познати личности од јавниот, културниот, естрадниот живот и бизнис секторот, меѓу кои и некои од Македонија, имаа можност да уживаат во магијата и  познатите хитови на Дино Мерлин, кој пак не го криеше задоволството што и оваа, како и минатата година е дел од овој спектакл. Во уникатниот, луксузен амбиент на хотелот Гранд Копаоник, со врвна аудио-визуелна продукција потпишана од продуцентската куќа Скај мјузик, концертното искуство на најпопуларната планина во регионот и овој викенд  беше настан за паметење. Едноставно, домаќините, Лепа Брена и Дино Мерлин направаја зимата на врвот навистина да звучи и изгледа волшебно! Благодарение на ексклузивната листа на изведувачи кои настапуваат во живо на едно место пак, идиличното мартовско скијање кое не звршува овој викенд, но и врвниот комфор, луксузните спа содржини, ненадминатото гастрономско искуство и посветената услуга на персоналот на хотелот Гранд, даваат можност за совршен зимски одмор на Копаоник, за кој дефинитивно вреди да се резервира место.   Фото: Приватна архива          ]]>

Вака Даниел Кајмакоски глуми дека сака во – „Глумим да волим“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-daniel-kajmakoski-glumi-deka-saka-vo-glumim-da-volim-video/ Wed, 30 Jun 2021 08:40:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208968

Даниел Кајмакоски е повторно актуелен… Само што сега пејачот „Глуми дека сака“!  Или поточно, така пее! „Зошто ме предаде ти, кажи ми, можеш ли барем на крајот да не ме лажеш, можеш ли…? Овој ѕид го дели мојот свет на два, во еден дел, ти, во другиот јас… Јас глумам дека сакам после тебе, зашто се плашам во срцето да го стопам мразот, јас лажам дека сакам, се лажам себе, кога друга со допир ќе ме разбуди од сонот, јас секогаш бегам“…  Вака некако отприлика одат стиховите кога Даниел Кајмакоски пее за тоа дека „Глуми дека сака“ (Глумим да волим), во најновата песна испена на српски јазик, која набргу по враќањето во Белград ја сними во студиото на „Скај мјузик“ за потребите на ТВ шоуто „Студио“, продуцирано од истата продукциска куќа, кое оди секоја сабота на првиот канал на националната РТС 1. Музиката ја напишал самиот, во текстот „како создаден за него“ преточен во стихови од маестралниот македонски лиричар Огнен Неделковски и извесна Данијела Илиќ, многумина на прва го препознаа она што Даниел Кајмаковски го доживува во себе по разводот со екс сопругата Кристина Димитриевска? Дали стиховите се „чиста случајност“ која се поклопила со реалноста, или наменски пишувани по негови кажувања како парче од неговата животна биографија, останува или авторот или самиот изведувач да се произјаснат. Судејќи по тоа дека Даниел Кајмакоски „тешко и ретко отвора душа“, останува една друга дилема: Дали пејачот е навистина толку многу погоден од разводот или „секое зло за добро е“,  па „вешто ја користи“ таа ситуација за „ревитализација“ на својата кариера!? Одговорот во првата следна прилика за интервју со Кајмакоски, кој „Глуми дека сака“… ама засега, само во песна, која звучи вака: ]]>

Прво доделување на регионални музички признанија https://arhiva.vistina.com.mk/prvo-dodeluvanje-na-regionalni-muzichki-priznanija/ Fri, 23 Nov 2018 12:27:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59506

Во организација и продукција на најголемата регионална продукциска куќа Скајмјузик (Skymusic), на 29 јануари во Штарк арената во Белград ќе се одржи музички спектакл каков сè уште не е виден во овој дел на Европа. Дел од церемонијата на доделувањето на првите регионални музички признанија Huawei Music Awards Ceremony (MAC) ќе бидат најголемите ѕвезди од Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во рамки на програмата која ќе трае повеќе од четири часа, на неколку поврзани бини ќе се појават повеќе од 60 познати личности од регионот. Публиката ќе ужива во спектакуларните настапи осмислени и режирани специјално за оваа прилика. Ќе бидат доделени повеќе од 20 музички признанија за најдобри изведувачи, нумери од различни жанрови, спотови, сценски настапи... На манифестацијата се очекуваат преку 200 познати личности кои ќе прошетаат по црвениот килим, а на церемонијата на доделување на музичките признанија ќе присуствуваат 15 000 посетители. Единствениот целовечерен забавно–музички настан Huawei MAC директно ќе се пренесува на телевизиските станици со национална фреквенција во земјите од регионот. Huawei MAC ќе биде продукциски и телевизиски најсложен потфат кога било изведен на нашите простори, организиран по највисоки светски продукциски стандарди. Употребата на најновите аудио и визуелни технологии, подвижни екрани и сценографии, иновативен концепт на осветлување, најсовремени трендови на концертна техничка продукција – сето она по што Скајмјузик ја зазема лидерската позиција во регионот, на церемонијата на доделувањето на музичките признанија ќе биде подигнато на највисоко ниво. Изведувачите и музичките нумери за доделувањето на Huawei MAC признанијата ги номинираат радиостаниците. Гласачите од сите земји од регионот ќе имаат можност преку интернет страницата Huawei MAC www.musicawardsceremony.com да гласаат за своите фаворити, а на Фејсбук https://m.facebook.com/music.awards.ceremony) и Инстаграм–страниците  https://www.instagram.com/music.awards.ceremony) ќе можат да ги следат најновите вести и занимливости поврзани со манифестацијата. Huawei MAC ќе биде врвот на досегашната работа на продукциската куќа Скајмјузик, која зад себе има дводецениско искуство во техничка продукција на најголемите регионални музички настани. https://www.youtube.com/watch?v=LL7NX717xTc&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0sjrfMud3zze9ZwlYFAIpBFIt1uJSFCnOkpzDQrZ-S856flXScND6-qU8]]>