сјајни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 07 Sep 2018 11:05:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сјајни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Едноставен рецепт за густи и сјајни трепки https://arhiva.vistina.com.mk/ednostaven-recept-za-gusti-i-sjajni-trepki/ Fri, 07 Sep 2018 14:04:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46661

Во зависност од текстурата на трепките, резултатите можат да бидат видливи по две недели, а во некои случаи по еден месец. Овие домашни препарати се благотворни и за чувствителна кожа.

Регенератор од рицинусово масло

Во помало шишенце ставете масло и екстракт од ванила (три делови масло и еден екстракт) и добро измешајте. Ќе ви биде потребна и чиста четка од маскара (доколку имате стара маскара која веќе не ја користите, извадете ја четката и добро измијте ја). Ставете ја четката во регенераторот и нанесете го на трепките, од коренот кон врвот. Третманот повторувајте го два пати дневно и имајте на ум дека трепките мора да бидат чисти пред нанесување на регенераторот.  

Витамински регенератор

Капсула витамин Е исцедете на тацна и со помош на памук, маслото нанесете го на трепките, од коренот кон врвот. Третманот повторувајте го два пати дневно, најдобро наутро, пред нанесување на шминката и навечер, пред спиење. Овој витамин ќе биде одличен и за нега на чувствителната кожа околу очите.

Екстра богат регенератор од масло

Во чинија измешајте капсула витамин Е и со еднаква количина кокосово и маслиново масло. Со помош на четка од маскара или памук, добиениот регенератор нанесувајте го на трепките, два пати дневно, од коренот кон врвот.]]>