сити радио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 22 Dec 2020 14:07:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сити радио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 City Radio со празнично диџеј издание на „Се собравме за вас“ https://arhiva.vistina.com.mk/city-radio-so-praznichno-didzej-izdanie-na-se-sobravme-za-vas/ Mon, 21 Dec 2020 13:54:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181700

По втор пат оваа година, City Radio заедно со најдобрите диџеи ќе приреди забава под мотото „Се собравме за вас“. Во сабота, 26 декември, ќе се оддржи празничното диџеј издание на „Се собравме за вас“ – Christmas Edition. Настанот ќе биде од затворен карактер, а сите љубители на добрата музика истиот ќе можат да го следат во живо на YouTube каналот на City Radio или директно на радио фреквенцијата на City Radio, 94,7 ФМ. Начинот на живот кој го наметна пандемијата, направи луѓето сè помалку да се забавуваат. Токму тоа е и причината, City Radio да организира забава, со која на посебен начин ќе се испрати  претстојната година со добра музика и празнична хармонија. Поради новите мерки и препораки за заштита од корона вирусот, предновогодишните забави се ограничени и забранети. За таа цел, најдобрите диџеи, ќе бидат задолжени да ја направат најдобрата онлајн забава. Диџеј Боби, диџеј Бранчес, диџеј Фици и диџеј Џон Антонио ќе приредат неверојатна онлајн журка за љубителите на музиката и забавата, во сабота од 20:00 до 23:00 часот. Луѓето најголем дел од времето денес го поминуваат во своите домови, па затоа организаторите на настанот преку радио етерот, на посебен и уникатен начин ќе приредат забава и ќе се потрудат да внесат посебна еуфорија и празнична магија во секој дом. Организаторите, заедно со диџеите ги повикуваат сите љубители на добрата музика, да го следат уникатното издание на „Се собравме за вас“ онлајн на Youtube каналот на City Radio и да уживаат во саботната забава исполнета со многу позитивна енергија. Официјален партнер на настанот е А1 Македонија, спонзор на настанот е VeMilk, а е под покровителство на Градскиот Трговски Центар Скопје, 3Д Проект студио и агенцијата за маркетинг и односи со јавност, Идеа Лаб. Време е домовите да ги претвориме и во ноќни клубови. City Radio со забава за целото семејство!
]]>

Цаци си оди од „Сити радио“: Најпознатата македонска радиоводителката „го паркира“ радиомикрофонот и менува професија?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/caci-si-odi-od-siti-radio-najpoznatata-makedonska-radiovoditelkata-go-parkira-radimikrofonot-i-menuva-profesija-foto/ Fri, 14 Aug 2020 06:51:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163253

Нејзиниот глас велат станал заштиттен знак на секое радио каде што работела. А работела во двете најслушани национални и скопски радија: „Антена 5“ и „Сити радио“.  Слушателите пораснаа со нејзиниот стил на водење,  кој е своевиден трејд марк, синоним за женски радиоводител во македонскиот радиоетер. Ја сакаа нејзината позитивна енергија и ведрината со која зрачи заедно со радиото во етерот, позитивниот радиски амбиент и идентитет на самото радио кој го создава, страста со која зборува пред радиомикрофонот. Боја на глас и насмевка кој со првиот кажан збор е непогрешливо препознатлива - Славица Ставревска или популарната Цаци! Затоа и како „гром од ведро небо“ одекна веста дека Цаци повеќе нема да ја слушаме на радио. Не барем на „Сити“, каде овој петок, 14-ти август во својот вообичаен термин го пие последното „Сити кафе“ со своите слушатели?!! Како и зошто - засега само Цаци знае зошто си оди од „Сити радио“, но факт е дека најпознатата македонска радиоводителка „го паркира“ радиомикрофонот и менува професија, како што во свој стил ни ја потврди веста и нејзиниот колега, уште една скопска и македонска радио легенда, Виктор Петров -Викса. Дека е тоа така, говори и Фејсбук статусот на нејзиниот радиосопатник кој со неа е што се вели, „цел живот“ кога е работата во радиото во прашање, познатиот радио Ди - Џеј зад микс пултот, Владо Деловски - ДЈ Дела: „Ми беше задоволство што во изминативе скоро 30 години ја делевме најдобрата професија за тебе и мене..ЕЈ ИМАМ НОВА ПЕСНА ЗА ВО ЕТЕР,ТОП Е,ЌЕ БИДЕ ХИТ. Денеска и е последната емисија на Сити Радио... Од радиовотителството си оди Slavica Caci Stavrevska, за мене еден од најдобрите и најпрофесионални радиоводители во македонскиот етер. Радиото секогаш ќе ме потсетува на тебе... Знам дека е тешко кога се прекинува кариера, но... Нови мориња ќе можеш да откриеш дури тогаш кога ќе стекнеш доволно храброст да го изгубиш брегот од видикот“ - напишал во емотивниот статус за работната разделба со колешката ДЈ Дела, срамежливо потврдувајќи дека Цаци сепак си оди не само од радиото, туку и од радиоводителството и ја менува професијата со некоја друга. Своевремено, пред неколку години во едно свое интервју за медиумите Цаци изјави: „Избери работа што ја сакаш и никогаш нема да мораш да работиш во животот. А, ова дефинитивно сум јас!“ Дали тоа значи дека радиоводителката се „презасити од себе си“ и професијата, па ќе се обиде да се најде себе си во новиот предизвик?  Во кој (не) ќе мора да работи? Утринава ја побаравме, но Цаци беше недостапна за одговор... од прва рака!]]>