сити мол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Nov 2023 13:10:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сити мол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Movembеr бербер шоу“: Актери, спортисти и поп ѕвезди ќе седнат на берберски столици за подигнување на свеста за машкото здравје https://arhiva.vistina.com.mk/movember-berber-shou-akteri-sportisti-i-pop-zvezdi-ke-sednat-na-berberski-stolitsi-za-podignuvane-na-svesta-za-mashkoto-zdravje/ Mon, 06 Nov 2023 13:09:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325622

Во организација на Фризерската секцијата - Скопје при Занаетчиската комора и Скопје Сити Мол, традиционално на 12 ноември ќе биде организирано големо „Бербер шоу“ со што ќе се одбележи движењето „Моември“. Настанот ќе трае од 12 до 17 часот. Ноември е месец посветен на машкото здравје, каде преку машкиот симбол - брадата и мустаќите се степенува важноста на здравјето кај мажите и се позачестената појава на ракот на простата и на тестисите, машкото самоубиство и депресијата. Фризерската секцијата - Скопје и Скопје Сити Мол и  оваа година се приклучува кон светското одбележување на „Моември“, каде насекаде низ светот се организираат популарни настани, кои покрај забавниот карактер имаат за цел да ја информираат и едуцираат машката популација. Моември е годишен настан, кој меѓу другото вклучува и растење на мустаќи во текот на месец ноември за да се подигне свеста за здравствените проблеми со кои се соочуваат мажите. Неопходна е промена за претставата на машкото здравје, преку различен тип активности. Треба да ги потикнеме на поголема физичка активност со што се подобрува и ментално здравје. Секој маж треба да стекне навика за редовна посета на уролог. Карциномот на простата е втора најчеста причина за смртност кај мажите низ целиот свет и доколку се детектира навреме, може да се намали бројот на смртни случаи. Затоа и организираме настан од забавен карактер, како би допреле полесно до пошироката популација на нашите сограѓани“, велат организаторите на настанот. Настанот ќе го модерира познатото актерско дуо Тино и Атанас и ќе се случува на приземјето од Скопје Сити Мол, каде на сцена ќе бидат поставени четири берберски столици. Мустаќите и брадата се симбол на движењето Моември. Па затоа, повеќе од 50-тина машки бербери од цела Македонија, вклучувајќи и неколку жени бербери ќе им ги стилизираат мустаќите и брадите на повеќе машки модели. На настанот ќе земат учество и учениците од средните стручни училишта „Димитар Влахов“ и „Шаип Јусуф“ од Скопје, кои ќе ги претстават стекнатите вештини на живи модели. Меѓу другите, на берберските столици ќе седнат и познатите актери од тв серијата „Преспав“,  Игор Ангелов и Дритон Вејсели, музичарот од позната поп група ДНК, Владимир Блажев – Панчо, националниот рекордер во пливање Мартин Стефановски и други јавни личности, со цел да се покрене свеста за машкото здравје. Членовите на Веспа клубот „Весписти Скопје“ го потврдија своето присуство на настанот, како и мотоциклистите од Христијанска мото асоцијација – CMA Macedonia. На посебна локација предвиден е засебен дел „Барбер корнер“, каде, секој заинтересиран посетител ќе може да добие бесплатна услуга, потстрижување и стилизирање на мустаќи и брада и наедно ќе може да ги испроба најновите козметички производи за нега. Настанот ќе биде заокружен со доделување на награди на сите учесници и бербери.      ]]>

„Мовембер“ – традиционално бербер шоу на фризери и бербери на град Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/movember-tradicionalno-berber-shou-na-frizeri-i-berberi-na-grad-skopje/ Tue, 08 Nov 2022 10:39:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274840

Биди фраер со мустаќи и брада и освој вредни награди! Со доаѓањето на ноември пристигнува и највозбудливиот настан во месецот за мажите -„Мовембер“ традиционалното БЕРБЕР ШОУ НА ФРИЗЕРИТЕ БЕРБЕРИ НА ГРАД СКОПЈЕ во Скопје Сити Мол на 13.11 (недела) од 12 до 17 часот. „Момчиња, имате точно десет дена да пуштите брада и се вклучите во најмажествената битка на годината“! Секцијата на фризери - Скопје и Скопје Сити Мол ве канат масовно да се вклучите во богатата програма за одбележување на месецот на машкото здравје со многу интересни и едукативни содржини. „На пиедестал ќе ги претставиме мајстори бербери од целата земја, кои ќе се погрижат за вашиот изглед да стане уште подоминантен со добро средени мустаќи и бради . „Мовембер“ ги предизвикува најхрабрите да пуштаат брада и мустаќ, а потоа да “паднат” во рацете на најголемите занаетчии во берберската професија. На тројцата со најдобро обликувани мустаќи ќе им бидат доделени вредни награди. И тоа не е сѐ! Неделната дружба е надополнета со моторџиска изложба, а веднаш потоа и драматичниот избор на најдолг мустаќ. Забавата ќе продолжи во Play Caffe“ - порачуваат организаторите. ]]>

Ковид приказна од денес од Сити Мол https://arhiva.vistina.com.mk/kovid-prikazna-od-denes-od-siti-mol/ Thu, 19 Aug 2021 12:41:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216044

Приказна од денес од Сити Мол. На дечко му бараат сертификат за вакцинација: – Еве ти сертификат. А лична карта треба? – Не. – Па сертификатов можда е од татко ми. – Не знам јас ми рекоа само сертификати да проверувам. – Хаха, добро.А ти вакциниран си? – Не, јас не се вакцинирам! ]]>

Најголемата книжарница во Македонија ќе биде отворена со концерт на Влатко Стефановски трио https://arhiva.vistina.com.mk/najgolemata-knizarnica-vo-makedonija-kje-bide-otvorena-so-koncert-na-vlatko-stefanovski-trio/ Wed, 20 May 2020 12:42:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150677

Нова книжарница на „Литература.мк“, со површина од 500 квадратни метри, вечерва во 20 часот ќе се отвори во „Скопје сити мол“. На отворањето ќе настапи Влатко Стефановски, придружуван од неговиот син Јан на тапани и од младиот басист Иван Кукиќ, а концертот ќе може да се проследи преку Фејсбук профилот и Јутјуб каналот на „Литература.мк“. Оваа најголема книжарница на „Литература.мк“ досега, која ќе содржи и кафуле, е сместена на вториот кат на „Сити мол“. Ќе биде застапен голем избор на белетристика, книжевност за деца и стручна литература на македонски, албански, англиски, германски и француски јазик. По повод официјалното отворање на книжарницата ќе има промотивна акција со 30% попуст на сите изданија на „Арс Ламина“.]]>

„Пинк Пантерката“ Оливера Ќирковиќ ја потпишуваше својата книга во Сити Мол, карши јувелирница со дијаманти! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pink-panterkata-olivera-kjirkovikj-ja-potpishuvashe-svojata-kniga-vo-siti-mol-karshi-juvelirnica-so-dijamanti-foto/ Mon, 01 Jul 2019 08:30:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95357

Оливера Ќирковиќ, некогашната позната српска кошаркарка и најпознатиот бивш женски криминалец на Балканот, екс - членка на надалеку познатата меѓународна банда крадци „Пинк Пантер“, одново дојде во Скопје.
И овој пат, само заради потпишување на својата книга „Јас, Пинк Пантер“, која викендов се продаваше во холот на најголемиот затворен трговски центар во Скопје, „Сити Мол“.
Заинтересирани купувачи за автобиографијата на оваа необична жена како и секогаш, имаше во повеќе од доволен број, а самата Оливера седеше на својот мини штанд и своерачно им ја потпишуваше книгата на купувачите. Животот на жената „Пинк Пантер“, секако вреди да се прочита и има во домашната библиотека, ако не друго од чиста забава!
Но многу позбавно беше нешто, што малкумина го забележаа, но не и екипата на Вистина.ком.мк, како и самата авторка на ова интересно четиво белетристика. Имено, Оливера и нејзиниот штанд за продажба на книгата беа лоцирани во холот на призрмјето на молот, случајно или намерно, верувале или не, токму спроти излогот на една од најпознатите јувелирници, на која со големи букви пишува дека изложените парчиња накит се со дијаманти!
-„Знаат ли домаќините, и особено овие преку пат,  кој тоа седи и продава книги од каршија?“ -  веднаш штом и пријдовме ја запрашавме Оливера, која со широка насмевка ни одговори: „Хааа... И јас тоа го забележав, па си го поставив истото прашање веднаш штом ми кажаа каде да го поставиме штандот. Веројатно не знаат“!
-„Тогаш, ќе можеш ли да му одолееш на предизвикот?“ - беше нашето второ шеговито прашање, на кое добивме исто таков одговор: -„Ма иди бре, што е ова за мене... Ништо. Ситница. Само еден човек внатре, никакво обезбедување... Додека трепнеш- готово“ - се сме Оливера и додава: „Секако дека се шегувам, тоа веќе за мене не е предизвик, туку   минато.  Мојот живот е сега нешто сосема друго“ - заклучи писателката потпишувајќи ни го нашиот примерок на „Јас, Пинк Пантер“, печатен на Македонски јазик!
Заминавме со книгата в раце и дилемата: „Сепак, знаат ли овие со кого имаат работа?“  Зашто книгата е богатство, ама... само дијамантите се вечни!]]>

„Скопје анплагд фестивал“ https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-anplagd-festival/ Fri, 10 May 2019 13:10:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87235

Британската сензација „Ноизетс“ (The Noisettes), „Нокаут“, „Ај кју“, Тони Зен и „Фулиш грин“ се дел од програмата на првото издание на акустичниот фестивал „Скопје анплагд“ (Skopje Unplugged). Уникатниот акустичен фестивал има за цел да ја збогати културно уметничката програма на градот и да го разбуди духот на сладокусците на убавата музика отсвирена во интимна атмосфера кој ќе се оддрживо петок 17 мај во 17.05 часот во „Скопје сити мол. Бидејќи не случајно се одржува во петок со почеток во 17.05 часот, организаторите фестивaлот го најавуваат и како најголемата забава после работа на зајдисонце.

Лондонскиот бенд „Ноизетс“ за првпат доаѓаат во Скопје во акустична формација, заедно со публиката да ги испеат нивните мегасветски хитови како што се Never Forget You“, „Don’t Upset The Rhythm и многу други песни кои им обезбедија врвни места на светските топ-листи и настапи на најголемите фестивали како што се „Гластонбери“ и „Коачела“.
Програмата ја збогатуваат и едни од најактивните и најактуелните македонски изведувачи – „Фулиш грин“ и Тони Зен – кои пред публиката ќе ги претстават новите албуми и најголемите нивни хитови, како и „Ај кју“,  кои по Евровизијата и настапите во странство, по подолго време конечно ќе се претстават пред домашната публика, а тука се и „Нокаут“, кои на некој начин се пионери во анплагд-настапите низ Македонија.
Билетите за ова неповторливо искуство се веќе во продажба , а бројот на влезниците е строго ограничен поради интимната природа на настанот. Побрзајте и бидете дел од најголемата забава после работа на зајдисонце!  ]]>

Авто шоу во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/avto-shou-vo-skopje/ Wed, 08 May 2019 10:17:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86766

Од 10. до 12. мај, во надворешниот дел на Скопје Сити Мол ќе може да се погледне несекојдневна автомобилска изложба која ќе опфати олдтајмери, но ќе даде призвук и кон електричната иднина. Ова Авто шоу има за цел да послужи како своеивиден времеплов обединувајќи го минатото преку најстарите автентични олдтајмери, сегашноста -преку актуелната комерцијална понуда на автомобили и секако иднината која треба да биде електрична, особено преку ексклузивните модели на Тесла. Сите љубители на автомобилската индустрија, но и сите кои уживаат во индустрискиот дизајн, како и следбениците на технологијата ќе имаат можност да пропатуваат низ времето преку оваа изложба, а во внатрешноста на Сити Мол ќе можат да погледнат и електрични велосипеди и тротинети. Скопје е урбан град кој има потреба од едно вакво авто шоу кое за прв пат се организира после долго време и е со цел да ги собере сите вљубеници на автомобилот кој обединува технологија, дизајн и функција.]]>