сирење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Mar 2024 12:13:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сирење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 3 работи кои се случуваат во организмот кога ќе престанете да јадете сирење https://arhiva.vistina.com.mk/3-raboti-koi-se-sluchuvaat-vo-organizmot-koga-ke-prestanete-da-jadete-sirene/ Tue, 05 Mar 2024 12:35:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293803

За повеќето луѓе, сирењето е една од нивните омилени јадења. Но, и покрај фактот што консумирањето сирење се препорачува како дел од урамнотежена исхрана, премногу сирење може да предизвика несакани ефекти. Ако сте се запрашале што се случува во телото кога ќе престанете да јадете сирење, еве го одговорот, пренесува „Newsbeast“. 1. Подобар тен Намалувањето на вкупниот внес на млечни производи, вклучувајќи го и сирењето, може позитивно да влијае на изгледот и убавината на кожата. Имено, млечните производи се поврзани со вишокот на производство на себум, кој може да ја зголеми појавата на промени на кожата. – Истражувањата покажуваат дека млечните производи можат да го зголемат нивото на инсулин, што го зголемува производството на хормони кои произведуваат себум, а тоа може да влијае на акните – вели диететичарката Изабел Смит. – Ова не го забележувам кај сите клиенти, но многумина веруваат дека консумирањето повеќе млечни производи ги зголемува акните. 2. Главоболки и мигрени Ако страдате од мигрена, исхраната богата со сирење и други млечни производи може да биде еден од предизвикувачите. Некои сирења се богати со тирамин, аминокиселина која природно се наоѓа во растителните и животинските производи, која отсекогаш била поврзана со главоболки и мигрена. Сирењата со висока содржина на тирамин вклучуваат чедар, швајцарско сирење, пармезан, сите видови сино сирење и Камембер. 3. Слабеење Ако се обидувате да ослабете, консумирањето сирење може да ви го задржува напредокот бидејќи содржи шеќери и масти. На пример, 30 грама чедар сирење содржи 120 калории и 30 милиграми холестерол. Покрај тоа, има 190 милиграми натриум, што е осум отсто од препорачаната дневна вредност, како и 10 грама масти, што е 15 отсто од препорачаната дневна вредност. Внимавањето на тежината може да ве мотивира да се откажете од сирење на некое време. Но, тоа не значи дека треба засекогаш да се откажете од оваа храна. Доколку во овој момент не сте спремни да го исклучите сирењето од исхраната, одберете некое кое содржи помал процент на масти и полесно ќе ги изгубите вишокот килограми. извор:попара.мк]]>

Овој викенд во Бра, Италија, ќе се одржи „Cheese 2023“ – Меѓународниот фестивал посветен на сирењето https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-vikend-vo-bra-italija-ke-se-odrzhi-cheese-2023-megunarodniot-festival-posveten-na-sireneto/ Fri, 15 Sep 2023 06:57:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318121

„Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи.., организиран од мрежата на Слоу Фуд, ќе се случува овој викенд во Бра (Италија) од 15-ти до 18-ти септември годинава. Во организација на Slow Food International и Citta di Bra, со поддршка на Regione Piemonte, овогодишната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе ги собере сите мајстори за сирење, сточари, производители и експерти од целиот свет кои се среќаваат за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат, но настанот е отворен и за сите љубители на сирење: се најавуваат конференции, дегустации и работилници или вкупно 122 настани. Ова е „Cheese“ надвор од границите. Фестивал во Бра, сирење на почесна позиција Мајсторите за сирење, сточарите, производителите и експертите од целиот свет се среќаваат во Бра, Италија, на фестивалот „Cheese“, за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои сите се соочуваме, почнувајќи од климатската криза. Традицијата е воспоставена: по 23 години и 11 изданија, „Cheese“ секоја втора година, се фокусира на сирењата, а овој четиридневен настан е суштински важен за целата планета. Организаторот е Slow Food International , градот Бра со подршка на регионот Пиемонте. На меѓународниот пазар ќе бидат присутни изложувачи од 14 земји. Нашата земја на Фестивалот за сирење во Бра ќе биде претставена како ризница на гастрономски и културни традиции, како и крстопат на народи, религии и култури. Република Македонија, чие присуство е финансирано од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, ќе ги пречека посетителите со интересна програма на дегустации и активности. Елена Каровска Гошевска, програмски координатор во Слоу Фуд Македонија ќе учествува на конференцијата, Септември: време на сезонско селење на стоката. Македонија исто така ќе биде во центарот на работилницата за вкус Сезонско селење на стоката во Македонија на 17 септември а преку оваа работилница, низ кулинарското наследство на Македонија ќе се откријат боите на соживотот меѓу планините и езерата, преку производите на Президиуми, од соленото „парче млеко“ (со планинските сирења од Маврово Река) до слаткото од диви смокви и буковска пиперка, не заборавајќи ги, се разбира, типичните пијалоци во земјата. Вкус на уникатното кулинарско наследство на Македонија и осознавање преку храна, ќе биде преку работилницата за вкус „Сезонското селење на стоката во Македонија“. Станува збор за вековна традиција и нејзиното богато наследство на сирење, проткаено со историја и култура.]]>

Со шеснаесеткаркото македонско знаме в раце, накитен со бакшиш како невеста, српскиот пејач во Македонија седна на „посна“ гозба: После пеење и свирење, Џани мезеше патлиџани, пиперки и сирење (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/so-shesnaesetkarkoto-makedonsko-zname-v-ratse-nakiten-so-bakshish-kako-nevesta-srpskiot-pejach-vo-makedonija-sedna-na-posna-gozba-posle-peene-i-svirene-dhani-mezeshe-patlidhani-piperki-i-sirene-video/ Thu, 29 Jun 2023 08:52:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308158

Српската фолк ѕвезда, Џани, кој важи за неприскосновен крал на бакшишот, зашто покрај редовниот хонорар на своите тезги, пејачот заработува енормно големи суми бакшиш, беше во Македонија. Џани пеел на една приватна веселба, а потоа и имал свој концертен настап во еден локал. Патем, пејачот му беше специјален гостин на еден познат македонски бизнисмен, кој за цело време од пречекот до испраќањето беше негов добар домаќин. Џани и овој пат не остана покус за заработката, за што сведочат и фотографиите каде пејачот како по обичај го накитија со богат бакшиш како невеста. Овој пак не остана должен и со песната, ама и со патриотсата постапка, откако го зема македонското знаеме  в раце и тоа она вистинското со 16 кракото сонце од Кутлеш, направи вистински џумбуш. Џани е мајстор за создавање добра атмосфера, па веселбата била навистина на ниво. Концерниот настап подоцна ништо помалку добар и атрактивен, што ја воодушевило публиката... И онаа пред и онаа зад сцената. Откако се завршило познатиот скопски бизнисмен како што е редот сакал како добар домаќин до крај да се покаже и богато да го нагости пејачот  водејќи го во еден елитен угостителски локал за да му понуди врвни македонски специјалитети од месо. Арно ама,иако кафеаната нуди „од пиле млеко“ а персоналот тоа умее да го сервира како за изложба, на општо изненадување, српскиот пејач се определил строго за „посна гозба“. Имено, после сето пеење и свирење, Џани побарал да мези само патлиџани, пиперки и домашно сирење!  Се разбира со тоа секако оди и стара жолта, ама само ако останете “на по една“... До две-три, најмногу! Пивцето е колку само да ја „убие лутината“ од пиперката! До душа, некои од македонски колеги на пејачот се пошегуваа на негова сметка во стилот: „Од толкав ќар, да јадеш само Јабучар...?!“  Веројатно не знаејќи дека „скромниот“ Џани можел да замези и вечера што му душа посака, зашто сметката ја плаќа... друго чедо! И тоа сто отсто, со особено задоволство! Фото: Приватна архива]]>

Брзо, а вкусно и одлично за доручек: Едноставна пита од леб и сирење https://arhiva.vistina.com.mk/brzo-a-vkusno-i-odlichno-za-doruchek-ednostavna-pita-od-leb-i-sirene/ Mon, 12 Jun 2023 11:26:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305929

Состојки: 150 гр сирење парчиња бајат леб 2 јајца 200 мл јогурт неколку готови кори масло малку прашок за пециво Подготовка: Скршете го сирењето, додадете јајце, млеко, прашок за пециво и 20 мл масло. Изедначете сè. На масата раширете ја кората, подмачкајте ја и премачкајте ја со филот. Потопете парче леб од двете страни во подготвениот фил и ставете го на средината на корите. Преклопете ги корите околу лебот и додадете уште малку фил со сирење и преклопете ја кората околу лебот. Се реди во плех за печење. Премачкајте ја уште малку и печете во рерна на 200 степени C 30 минути. извор:курир.мк]]>

Ќе се изненадите: Што треба да се јаде половина час пред спиење, за да се слабее преку ноќ? https://arhiva.vistina.com.mk/ke-se-iznenadite-shto-treba-da-se-jade-polovina-chas-pred-spiene-za-da-se-slabee-preku-nok/ Thu, 30 Mar 2023 12:24:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295881

Слабеењето никогаш не е лесен процес и на истиот влијаат голем број наши навики, а дури и најситната промена може да ни помогне за побрзо симнување на масните наслаги… помеѓу останатото, британските истражувачи докажале дека консумирањето на една намирниц пред спиење може да ја поттикне побрзата работа на метаболизмот. Имено, во едно истражување, научниците потврдиле дека е можно килограмите да се намалуваат додека се спие, секако, со коригирана исхрана. Тие откриле и која е таа намирница која треба да ја консумираме пола час пред спиење за да го овозможиме тоа. Станува збор за свежото кравјо сирење. Научниците утврдиле дека дури и само 30 грама свежо сирење се довони за позитивно да делува на регенерацијата на мускулите и забрзувањето на метаболизмот, а сѐ благодарение на казеинот (млечната белковина која се наоѓа во млечните произвди и во сирењето). Казеинот се вари подолго и повеќе часови им обезбедува на мускулите вредни белковини, па телото не мора за да добие енергија да посегнува по сопствените белковини, туку ќе се послужи со јаглените хидрати и мастите. извор:курир.мк]]>

Пред да го ставите сирењето во фрижидер, задолжително направете ја оваа работа https://arhiva.vistina.com.mk/pred-da-go-stavite-sireneto-vo-frizhider-zadolzhitelno-napravete-ja-ovaa-rabota/ Wed, 15 Mar 2023 13:03:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293547

Млечните производи, особено сирењето, многу брзо се расипуваат доколку не се чуваат правилно. Како да го одржите вашето сирење свежо? Пред да го ставите во фрижидер, погрижете се да направите една работа! Додека синото сирење и полутврдото сирење можат директно да влезат во пластична кеса (за замрзнување или која било друга чиста кеса), проблемот е како да се зачува младото сирење. Имено, него треба да го чувате во пластичен сад со капак. Свежото сирење по можност треба да го чувате во оригинално пакување, но добро би било да го префрлите во друг пластичен сад со капак и да ја менувате водата во која стои на неколку дена. Исто така, не заборавајте да ги чувате сирењата во фрижидер, во фиоката каде што го чувате зеленчукот. Причината зошто треба да ги чувате таму е тоа што таму температурата е ладна и стабилна, без многу промени, што е идеално за храна како сирење. За да го заштитите сирењето од мувла, користете малку масло така што ќе го намачкате сирењето, со малку маслиново или растително масло и потоа ставете го во пластичен сад со капак. Маслото секогаш можете да го избришете со хартиена крпа, а сирењето можете да го измиете и во топла вода и да уживате во неговиот вкус. Извор: Курир.мк]]>

Потпечена брокула со сирење: Брз рецепт за вкусно предјадење од 6 состојки https://arhiva.vistina.com.mk/potpechena-brokula-so-sirene-brz-retsept-za-vkusno-predjadene-od-6-sostojki/ Thu, 23 Feb 2023 11:10:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290256

Брокулата е зеленчук од семејството на зелка која е богата со диетални влакна, бројни витамини и минерали. Во 100 грама има само триесет калории, па затоа консумирањето на овој зеленчук им се препорачува на сите оние кои сакаат да ослабат. Брокулата може да се вари на пареа, да се динста, да се вари и да се пече. Можете да ја користите за да направите супи и чорби, да подготвувате стекови и пржени зеленчуци. Има навистина многу избор. Ви пренесуваме супер едноставен рецепт за печена брокула со сирење и неколку зачини. Ќе биде готов за половина час, а можете да го послужите како предјадење или прилог. Состојки: 200 гр рендано чедар сирење 2-3 помали главици брокула 1 лажичка лук во прав сол и бибер по желба растително масло по желба Подготовка: Загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови. Измијте ја брокулата и исечете ја на помали цветчиња. Ставете ја во поголем сад заедно со малку масло, сол, бибер и лук во прав. Добро измешајте сè заедно. Подготвената брокула префрлете ја во правоаголен плех. Врз брокулата посипете го ренданото сирење. Се пече во загреана рерна околу 25 минути, додека брокулата не порумени и кашкавалот не се растопи. Послужете топло како прилог или предјадење. Добар апетит!]]>

Ова нема да го најдете во пекарa: Најкрцкавата пита со шунка и сирење (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-nema-da-go-najdete-vo-pekara-najkrckavata-pita-so-shunka-i-sirenje-recept-video/ Tue, 03 May 2022 08:57:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248348

Сочно и неодоливо вкусно. Ви треба инспирација во кујната… барате нов рецепт? Ви предлагаме сочна пита со шунка и сирење која сигурно ќе го воодушеви вашето семејство. Подготовката не е комплицирана дури и за почетници, а вкусот е феноменален. Како и секогаш, пробајте и уверете се сами! Состојки: 10 листови средни кори 200 мл јогурт или кисело млеко 200 гр сувомеснато (шунка, сув врат, печеница…) 200 гр помеко сирење 3 јајца 1 прашок за пециво 50 мл маслиново масло Подготовка: Во сад издробете го сирењето, додајте ги јајцата, маслото и прашокот за пециво и сето малку измешајте го. Додадете го јогуртот и соединете сè. Раширете ја првата кора и премачкајте ја со масло, врз неа додајте друга кора и премачкајте со мешавината со јајца и јогурт. Направете го истото со третата, четвртата и петтата кора. На петтата кора наредете ги листовите сувомеснато. Завиткајте во ролат. Направете го истото и со другиот ролат. Се редат во подмачкана тава, па се премачкуваат со остатокот од филот. Се пече на 200 степени 45-50 минути. Исечете кога ќе се олади. Погледнете чекор по чекор инструкции за подготовка: ]]>

Оваа намирница ја јадеме често, но не е здрава – го зголемува нивото на шеќер во крвта https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-namirnica-ja-jademe-chesto-no-ne-e-zdrava-go-zgolemuva-nivoto-na-shekjer-vo-krvta/ Fri, 25 Feb 2022 13:45:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240775

Кога сакаат да ослабат, луѓето често бараат алтернативна храна која ќе ги држи сити долго време, а која нема да содржи многу калории. Диететичарката Сузи Бурел од Австралија откри дека е важно да се ужина во текот на денот, дури и кога сакате да ослабете, но дека мора да внимателно да ја бирате храната. – Клучното нешто што треба да се запамети кога се во прашање грицките е дека ви требаат помали количини кои ќе не заситат 2 до 3 часа, или до поголем оброк – вели таа. Најдобро би било да јадете некоја од овие комбинации:

Грчки јогурт со шумско овошје

Калциумот од грчкиот јогурт и антиоксидансите од бобинките се „хранлив спој од рајот“. Јогуртот има малку шеќери, го намалува нивото на гликоза во крвта, а овошјето има малку калории и многу влакна.

Печен наут

Одлична ужина која има малку калории, многу влакна и многу протеини. Сузи вели дека не ви треба голема количина за да ве засити, доволно е една шака. Енергетски плочки од јаткасти плодови Ќе ви го намалат апетитот, ќе го регулираат нивото на гликоза во крвта и ќе ве држат сити.

Сирење и крекери

– Сирењето е нутритивно богато, има многу протеини, калциум и магнезиум. Кога ќе го искомбинирате со јаглехидрати, односно крекери од житарки од цело зрно, ќе добиете урамнотежена ужина – вели диететичарката. Откри и една храна по која многумина сакаат да посегнуваат меѓу оброците, а всушност и не е така добар избор. Ова се галетите од ориз. – Тие се чисти јаглехидрати и само 10 крекери се еднакви на две кришки леб. Ако го изедете цело пакување, ќе изедете повеќе од 100 грама јаглени хидрати. Ќе ви го подигне нивото на шеќер во крвта, а потоа нагло ќе опадне подоцна. извор: Курир.мк]]>

Генијален трик за кремасти макарони со сирење: 1 состојка им дава посебна арома https://arhiva.vistina.com.mk/genijalen-trik-za-kremasti-makaroni-so-sirenje-1-sostojka-im-dava-posebna-aroma/ Tue, 18 Jan 2022 13:00:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235354

Тестенините речиси на сите им се омилени поради тоа што лесно се подготвуваат, а се многу вкусни. Најмногу се јадат макароните со сирење затоа што сите сакаат кога сирењето се развлекува кога ќе се стопи. Досега сте ги приготвувале на различни начини, но ние ви откриваме тајна како тие да бидат уште повкусни. Доколку додадете само малку сенф во макароните со сирење, ќе добиете совршен вкус. Сенфот не се чувствува претерано, но му дава посебна арома на јадењето. Во продолжение прочитајте го еден од најдобрите рецепти за макарони со сирење. Уживајте!

Состојки:

- млеко; - макарони; - тврдо сирење по избор; - малку сенф.

Подготовка:

- Во зовриено млеко сварете ги макароните, односно варете додека млекото не испари. - Додадете рендано сирење, па оставете ги макароните на шпоретот уште неколку минути. - На крај, додадете и малку сенф. - Добро соединете ги состојките и вашето јадење е готово. Пријатно јадење! Извор: точка.мк]]>