Синоличка Трпковс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Jan 2024 07:39:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Синоличка Трпковс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денес вака изгледа Азра од култниот филм „Дом за бесење“: Македонската актерка Синоличка Трпкова оние кои оттогаш не ја виделе, можеби денес не би ја ни препознале (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/denes-vaka-izgleda-azra-od-kultniot-film-dom-za-besene-makedonskata-akterka-sinolichka-trpkova-onie-koi-ottogash-ne-ja-videle-mozhebi-denes-ne-bi-ja-ni-prepoznale-foto/ Tue, 30 Jan 2024 07:37:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336680

Нема кој не го памети или не го гледал  „Дом за бесење“ - култниот филм на режисерот Емир Кустурица  кој ја следи тешката животна приказна и љубовта меѓу двајца сиромашни Роми - Перхан и Азра, а е снимен во далечната 1988 година. Главните улоги ги играа Давор Дујмовиќ и македонската актерка Синоличка Трпкова, кои на големото платно го отсликаа значењето на несреќната љубов проследена со море од емоции. Синоличка тогаш имаше само 23 години, но нејзиниот беспрекорен талент, природната телесна убавина и сексапил не можеа да не се забележат и  игнорираат. Оттогаш мина долго време, но се чини улогата на Азра и беше и остана нејзино животно остварување, а сцената на самотетовирање со разголени гради во реката и денес се памети и прераскажува. Таа денес е угледна професорка по глума на Академијата за драмски уметности во Скопје и често се сеќава на ова култно достигнување. „Среќна сум што имав можност да бидам дел од еден исклучително голем филм што се реализираше во последен момент пред распадот на Југославија. Но, кога имаш такво искуство зад себе, тогаш тоа е и проблем затоа што во секоја наредна работа, дали актерска или наставничка, се стремиш кон нешто уште поголемо, кон некакво совршенство и си ги подигаш сопствените критериуми. Кога знаете како изгледа процесот на создавање вакво дело, секогаш сте незадоволни ако не го доживеете, гледате или барем не почувствувате малку од она што е врежано во вас како потрага по недостижното. Како магија на креативноста и создавањето и како бескомпромисност во остварувањето на она што го замислувате“ - ќе изјави Синоличка пред неколку години. „Тој филм е клучен во мојата кариера, бидејќи беше последен од ваков вид. Тој ми го промени животот засекогаш. Но, тоа беше снимено кога веќе започна распадот на Југославија и кога се случи трагедија во мојот приватен живот. Мајка ми загина во сообраќајна несреќа неколку дена по премиерата во Скопје. Бев млада, веројатно не доволно силна за да се справам со таа ситуација и да излезам надвор од границите на државата како актерка. Имав неколку можности за тоа, но не ги искористив. На пример, снимив два филма во австриска продукција, но секогаш се враќав дома по завршената работа и никогаш не добив поголема филмска шанса од 'Дом за бесење', но морам да признаам дека не се ни трудев“ – ќе каже  актерката и професорка во една изјава за српските медиуми. Синоличка во 2021 година ја промовираше и својата прва прозна книга со есеистички поттекст насловена „Никогаш не кажувам“. Поминаа повеќе од три децении од снимањето, а Трпкова денес изгледа сосема поинаку, па многумина кои оттогаш не ја виделе, можеби и не би ја препознале. Таа е мажена за својот избраник Марсел, кој е по потекло од Холандија, а оваа двојка ги доби ќерката Леона и синот Меглен. Фото: Инстаграм/trpkovas/ YouTube  принтскрин
]]>