сино – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 May 2023 07:06:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сино – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фустан кој освојува на прв поглед: Бијонсе блесна на сцената во креација на српска дизајнерка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/fustan-koj-osvojuva-na-prv-pogled-bijonse-blesna-na-stsenata-vo-kreatsija-na-srpska-dizajnerka-foto/ Wed, 31 May 2023 07:06:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304366

Бијонсе воодушеви со сценскиот изглед на концертот во Лондон облечена во фустан со потпис на српска дизајнерка. Нејзиниот изглед ги остави сите без здив, а кога ја видите ќе ви стане јасно зошто е спектакуларна… Една од најголемите светски музички ѕвезди, Бијонсе, одржа концерт во Лондон, отворајќи ја својата најнова турнеја наречена „Renaissance“. Оваа турнеја, која е и промоција на нејзиниот седми студиски албум, е долгоочекуван настан за љубителите на музиката ширум светот. Бијонсе веќе ги освои срцата на многумина од нашите простори кога синоќа се појави во Лондон на настап во фустан дизајниран од познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ. Роксанда ја сподели фотографијата на својот Инстаграм профил со голема благодарност до пејачката како и до својот тим. Бијонсе изгледаше неверојатно во кралско син фустан со необичен крој, долг шлеп и соодветни ракавици. Нејзиниот изглед беше комплетиран со масивен накит, а косата  благо свиткана и пуштена. Да се потсетиме, Бијонсе беше критикувана за наводно исмејување на Тина Тарнер, но пејачката одговори на тие обвинувања на нејзиниот настап во Париз. Од сцената кажа колку и е благодарна на Тина, посочувајќи дека немала да биде таму каде што е да не беше кралицата на рокенролот. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Оваа зима сè е сино – комбинации во бојата на годината https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-zima-se-e-sino-kombinacii-vo-bojata-na-godinata/ Tue, 17 Dec 2019 13:25:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124423

Неодамна институтот Пантон ја прогласи „класичната сина" за боја на 2020 година. Тоа ни беше почетна инспирација да ја пребаруваме актуелната улична мода низ светските метрополи и да ги селектираме оние највпечатливи изданија што ја вклучуваат класичната сина во својата комбинација. Наидовме на бројни, стилски различни верзии во кои единствено заедничко е бојата на годината. Па, според тоа веруваме дека ќе го препознаете и вашиот фаворит меѓу предлозите. Една опција е да направите спој меѓу класичната сина и друга интензивна боја (зелена, црвена, портокалова...) со што би постигнале впечатлив колоритен ефект. Друга варијанта пак е, да направите еднобојна комбинација во сино, каде ќе ставите акцент на раличните текстури, материјали и кроеви со цел да постигнете слоевитост. Уште неколку инспиративни идеи следуваат во галеријата во продолжение. извор: точка.мк]]>