сингл – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 10 Jul 2023 12:32:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сингл – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова се знаците кои покажуваат дека во моментов најсреќни ќе бидете сингл https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-znatsite-koi-pokazhuvaat-deka-vo-momentov-najsrekni-ke-bidete-singl/ Mon, 10 Jul 2023 13:30:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309643

Да се ​​биде во врска не е автоматски знак дека сте посреќни и има добри причини за тоа. Повеќето самци имаат тенденција да минуваат низ периоди на одење од еден состанок на друг, поврзувајќи се со неколку луѓе и надевајќи се дека ќе постигнат среќа со некого. Но, тоа е погрешно, бидејќи постојат добри причини зошто понекогаш може да биде добро да се остане соло во одредени фази од животот. 1. Врската е решение за сите ваши проблеми Ова е далеку од точно. Верувате дека една врска ќе го реши вашето незадоволство и магично ќе ги избрише сите проблеми од вашиот живот. Меѓутоа, токму спротивното од ова е она што ќе ве чека, доколку ја следите оваа логика. Незадоволството и проблемите треба да ги решите сами, пред да стапите во врска со некого. 2. Секој пат мислите дека се „вистинскиот“ партнер Ако слушнете свадбени ѕвона на првиот состанок, ова е доказ дека ве обзема стравот да бидете сами. Често се прашувате зошто сте сами, што не е во ред и само укажува дека сте ја запоставиле „менталната хигиена“. Ако вие сте тие што се „заљубуваат“ во сите, тогаш и ова е знак дека сте делумно зависни. Имате чувство дека не можете сами да функционирате, фантазирате за идеална врска и така се случуваат погрешни избори. Таквите луѓе се склони да градат бајка, но таа бајковита љубов обично е илузија. Треба да одвоите време за себе и да работите на себе. Овие луѓе имаат многу неистражени делови од себе кои им се сосема туѓи. Можеби е време да започнете со истражување. 3. Склони сте да избирате погрешни партнери Ако често избирате партнери кои навистина не одговараат на вашата личност или не се добри за вас, тогаш ова е јасен показател дека ви треба одмор од тој свет. Потребен ви е одмор додека не работите на себе и на своите вредности. Во моментот кога ќе бидете свесни колку вредите и ќе станете свесни за себе како целина, тогаш е вистинско време да барате некој кој исто така ќе го цени тоа. 4. Во моментов имате повисоки приоритети Работата, хобито или градењето кариера понекогаш може да бараат повеќе време и поголем фокус. Сосема е во ред да се опуштите некое време. Ова се сепак важни аспекти во вашиот живот. Извор: Попара]]>

„Поведи ме“ на нови љубовни бранови од „Водолија“ (лирик видео) https://arhiva.vistina.com.mk/povedi-me-na-novi-lubovni-branovi-od-vodolija-video/ Mon, 12 Jun 2023 06:38:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305802

Нешто повеќе од една година откако ја објавија нивната поп-рок песна насловена „Страст“, групата „Водолија“ има нов сингл. Овој пат, нивната нова музичка творба е „Поведи ме“ за која исто како и за претходната, најголема инспирација да ја комплетира музички, со текст и арнажман, стои потписот на лидерот на бендот, Ристо Апостолов. Довербата за графичкото обликувањена лирик видеото, повторно и припадна на академскиот уметник Натали Николовска. Првиот сингл на „Водолија“ за 2023 е во препознатливиот музички израз на Апостолов, кој овој пат претставува една ведра гитарска мелодија, инспирирана од љубовта. ]]>

Мизар од својата „Вечна празнина“ ги извлекоа звуците на нивната – „Небесна тишина“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/mizar-od-svojata-vechna-praznina-gi-izvlekoa-zvutsite-na-nivnata-nebesna-tishina-audio/ Thu, 09 Feb 2023 13:47:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288283

Култната македонска група „Мизар“ кон крајот на минатата година го објави својот нов студиски албум „Вечна празнина“. Албумот премиерно го изведоа во декември 2022 година пред белградската публика, каде на најдобар можен начин и го претставија албумот на јавноста со фантастичен концерт во распродадениот „Дом омладине“. „Небесна тишина“ е последниот сингл од албумот, песна инспирирана од композицијата „Midnight Summer Dream“ на The Stranglers, според композиторот Горазд Чаповски, „еден од најдобрите бендови во популарната музика“. Текстуално-вокалната димензија е беспрекорно претставена со длабокиот баритон на Зоран Тортевски, пејач кој моќно и впечатливо го интегрира византиското пеење во музичкото творештво на „Мизар“. „Небесна тишина“ е последна на албумот и навистина моќно го затвора кругот, за што сведочат зборовите на критичарот Маринко Крмпотиќ (Нови лист): „За самиот крај „Мизар“ ја чува „Небесна тишина“, прекрасна песна. на смиреноста, уште едно патување во нематеријалното, астралното и етеричното.“, а неговиот професионален колега Златко Гало (mixer.hr): „Завршната „Небесна тишина“ е, како што сугерира насловот, амбиентална речиси религиски возвишена тема која ги сумира сите карактеристиките на „новиот Мизар“ и албумот“. Во текот на повеќе од четири децениската активност, единствена константа на бендот е неговиот основач Горазд Чаповски, заедно со актуелниот, совршено координиран состав кој го сочинуваат Зоран Тортевски (вокал), Пеце Китаноски (бас), Александар Ристовски Принц (електрична гитара) и Георги Божиков (тапани), „Мизар“ покажа дека неговиот креативен бунар е уште многу длабок и дека нивните материјали вреди да се чекаат. Преслушајте како звучи Мизар кога од својата „Вечна празнина“ ги исфрла звуците на нивната - „Небесна тишина“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Некогашната пејачка на љубовни маки: Ноне образложи зошто од толку мажи не може да најде ниту еден да се омажи?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogashnata-pejachka-na-lubovni-maki-none-obrazlozhi-zoshto-od-tolku-mazhi-ne-mozhe-da-najde-nitu-eden-da-se-omazhi-foto/ Thu, 02 Feb 2023 08:54:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286979

Некогаш нашата ултрапопуларна  пејачка  Ноне Неделковска повторно и се врати на работата со која го прошета светот. Затоа сега и ја нарекуваат најшетаната велешанка, откако последнива деценија воглавно ја мина надвор од дома, работејќи на прекуокеанските крузери. Егзотични дестинации, окенаска шир, прекрасни плажи, големи пристаништа... Навидум Ноне живее живот како од соништа! Особено кога ќе го видите она што некогаш распеаната „џепна венера“ редовно го споделува на социјалните мрежи од местата што имала можност да ги посети. Како на пример новите фотографии од  песочните плажи и кристално чистите води на Кајманските Острови, каде во моментов Ноне престојува. Но, нејзиниот живот  колку и да изгледа  идилично, описот на некоја од нејзините фотографии кажува дека на „малечката сирена“ не е и баш се4 така фантастично. Далеку од дома, ама и далеку од нејзиното срце оној за кого толку долго чува место, а тој - некој, никако да се вгнезди. Токму затоа Ноне, намерно или случајно-несакајќи,  јавно ги сподели своите љубовни маки: „Оваа мала госпоѓа сака врска, ама сака и да биде сингл. Сака да има врска која ќе заврши со брак, но завршува со мажи што се емотивно незрели. Обично е многу пребирлива, но секогаш успева да го избере погрешниот“ - напишала Ноне во пораката покрај фотографијата во која детално  образложи, зошто од толку мажи не може да најде ниту еден да се омажи?! Коментарите на оваа нејзина теза пристигнаа во голем број, воглавно позитивни, а нејзините „љубовни маки“ кај некои следбеници дури и измамија воздишки,  па поединци се понудија и ѝ порачаа да избере некој од нив. „Како да се сконцентрирам на морето, а баш е убаво“, „Избери ме мене, пак ќе згрешиш“, „Можеби вистинскиот е поблиску отколку што ти се чини“, „Те молам дај ми шанса“, „лесно ко два и два и ти би ме украла“... – стои во некои од коментарите од нејзинтие следбеници. И покрај понудите, на Ноне очигледно во изборот баш и не и е „лесно ко два и два“...  само така навидум изгледа! Фото: Инстаграм принтскрин/ nona.nedelkovska]]>

Иван Кукиќ со „Балада за една љубов“ на два фронта: Во триото на Влатко Стефановски и по стапките на н еговите родители Ленче и Горан (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ivan-kukikj-so-balada-za-edna-ljubov-na-dva-fronta-vo-trioto-na-vlatko-stefanovski-i-po-stapkite-na-n-egovite-roditeli-lenche-i-goran-video/ Tue, 06 Dec 2022 09:19:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278793

Мултиинструменталистот, член на триото на Влатко Стефановски и син на македонските фолк легенди, брачниот пар Ленче и Горан Кукиќ, младиот Иван Кукиќ го објави својот деби сингл „Балада о једној љубави“ („Балада за една љубов“) со кој ја започнува и својата пејачка соло кариера. Тој е постојан член на триото Влатко, каде свири бас гитара, како дел од младата ритам секција која беше многу пофалена на нивниот последен албум „Taftalidze Shuffle“. Иван студира музичка продукција и дизајн на звук и свири на дури 6 инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти. Покрај тоа, тој, исто така, компонира, аранжира и пее, што го прави одреден вид мултиталентиран  мултиинструменталист и врвен музичар. “Мојот живот е музика, а музиката прави чуда. Затоа ја сакам, и од кога се сеќавам, никогаш не размислував за тоа што ќе бидам во животот и дали би се занимавал со нешто друго освен со музиката. Снимањето на оваа песна беше прекрасно дружење. Сите сме задоволни и верувам дека публиката ќе го препознае тоа“, изјави младиот музичар. Иван неодамна потпиша договор со најголемата и најпозната издавачка куќа во региот - „кроација рекордс“, за која во 2023 година треба да го издаде својот прв солистички албум. На албумот ќе се најдат инструментални и вокални теми, испеани на српски/ хрватски и македонски јазик. Музиката за првиот пилот сингл „Балада за една љубов“ ја напиша Иван, текстот е на Стефан Илиќ, а обајцата заеднички се погрижиле за аранжманот на песната. Ѓорѓи Вацев и Георги Концалиев се заслужни за одличното видео во кое главниот лик е Кукиќ, а покрај Иван, во него учествуваат и Елена Донева и Љубомир Митровски. Иако е многу млад, Иван веќе свирел низ регионот, но и на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и турнеја низ Франција. Очекувањата од Иван се големи, но нема сомнеж дека ќе ги оствари со посветеноста кон музиката  и наследениот талент окој го поседува од родителите. Во продолжение погледнете го видеото за неговиот  деби сингл „Балада за една љубов“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Гоца Божиновска откри интимни моменти од нејзиниот живот и зошто долго време е „сингл“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/goca-bozinovska-otkri-intimni-momenti-od-nejziniot-zivot-i-zoshto-dolgo-vreme-e-singl-foto/ Mon, 05 Dec 2022 09:11:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278612

Приватниот живот на Гоца Божиновска отсекогаш билна дофат на јавноста, особено кога беше во врска со композиторот Раде Вучковиќ, со кој ја има ќерката Јелена, а потоа и со нејзиниот покоен сопруг Зоран Шијан, со кој ги има Мирка и Бојана. Имено, Божиновска тврди дека долго време е сингл, а сега откри зошто како и таа како и  нејзината колешка Снежана Ѓуришиќ не го  завела гинекологот. - Таа најде гинеколог, а мене најмалку ми треба гинеколог. Мене ми треба доктор за мојата глава. Некој невролог, да ми го реши проблемот во главата. Единственото нешто во што сум добра се гинеколошките работи. Тоа нешто не ми е истрошено, добро е  сочувано. Ниту одам на ботокс, ниту затегнувам нешто. Па, како да сум замрзнала. Генетиката е чудо – изјави Гоца за Скандал. На прашањето каков маж би ја освоил, Божиновска откри: - Не, жената по правило оди кај сопругот, а кога сум јас во прашање , не знам како тој би требало да биде , или само некој слепец кој нема каде. По толку години се разумив - рече Божиновска. Фото: Принтскрин/Немања Николиќ/Фејзбук]]>

Македонскиот гитарски виртуоз Дамир Пух го претстави својот „звучен неонски оган“ во – „Neon Flame“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-gitarski-virtuoz-damir-puh-go-pretstavi-svojot-zvuchen-neonski-ogan-vo-neon-flame-video/ Thu, 22 Sep 2022 12:45:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268288

Познатиот македонски гитарски виртуоз од помладата генерација Дамир Пух го објави својот нов сингл „Neon Flame“. Се работи за инструментална нумера, на која Дамир се потпишува и како продуцент и композитор, а го има изработено и миксот и мастерот на песната. „Друштво, со задоволство ви го претставувам новиот сингл Neon Flame, кој воедно е најава за мојот нов соло албум "Divergence", кој излегува на 17ти ноември“ - напиша Пух на својот Фејсбук профил. „Neon Flame“ е енергична и модерна композиција, со уникатен спој на стилови, која внесува свежина на прогресивната сцена. Со својата слоевитата ритмичка и хармонска структура, обоена со храбра експресија на електрична гитара, Neon Flame сеопфатно го отсликува времето во кое сите живееме. „Neon Flame“ е визуелизирана со видеоанимација која е изработена од артистот под псевдоним Aiplague, користејќи вештачка интелигенција и машинско учење врз зададени параметри од кои се креира сцена и движење. Сето ова резултира со анимација со моќен современ печат која придонесува за несекојдневно аудио-визуелно доживување на песната. Инаку, најавениот албум „Divergence” е продолжение на авторскиот опус на Дамир, после деби-албумот „Recollection”, издаден во 2017-та година. Освен како соло-артист Дамир е активен како продуцент и гитарски инструктор на престижната светска платформа JTC Guitar. Дамир е и основач на прогресивниот рок бенд „Station: Innermost“, со кој има издадено концептуално ЕП „Exposure“ и неколку синглови, остварено соработки со артисти како Derek Sherinian (Billy Idol, Allice Cooper, ex-Dream Theater) и настапувано како предгрупа на Deep Purple. Во продолжениње, проследете како звучи и визуелно е обоена најновата пилот тема „Neon Flame“ на Дамир Пух (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Red Hot Chili Peppers“ се враќаат на музичката сцена со нов албум и турнеја https://arhiva.vistina.com.mk/red-hot-chili-peppers-se-vrakjaat-na-muzichkata-scena-so-nov-album-i-turneja/ Sat, 05 Feb 2022 10:51:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237821

Red Hot Chili Peppers годинава се враќа на музичката сцена со нова музика. Имено, нивниот нов албум „Unlimited Love“ ќе биде објавен на 1 април и на него ќе се најдат 17 нови песни. Тоа што е интересно за овој албум е дека на него ќе свири и Џон Фрушанте, гитаристот којшто ја напушти групата во 2009 година за да се фокусира на соло проекти.
„Нашата единствена цел е да се изгубиме во музиката. Поминавме илјадници часови заедно, но и индивидуално, усовршувајќи се за да го направиме најдобриот албум што можевме“ - велат од групата.
Тие наскоро тргнуваат на светска турнеја каде ќе го претстават новиот музички материјал. Европскиот дел од турнејата започнува на 4 јуни во Севиља, Шпанија. Денес тие ја објавија песната „Black Summer“, која е првиот сингл од нивниот претстоен албум. ]]>

Зошто е подобро да останете сингл отколку да бидете во несреќна врска? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-e-podobro-da-ostanete-singl-otkolku-da-bidete-vo-nesrekjna-vrska/ Wed, 22 Dec 2021 13:15:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232270

Убаво е да се дели животот со некој, а кога го немате тоа се чувствувате тажно, изолирано и тешко. Присутни се чувството на сомнеж и самосожалување и се поставува прашањето: кога ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот? Поради ваквиот начин на размислување завршувате во лоши врски од кои најчесто излегувате повредени и поради кои губите надеж во љубовта. И тогаш доаѓате до заклучок: подобро е да бидете сами отколку во лоша врска.

Без оправдувања

Веќе немате потреба да се објаснувате, оправдувате или да полагате сметки некому. Сите ваши постапки почнуваат и завршуваат со вас, а тоа е одличен начин да се запознаете себе си и да видите дали носите правилни одлуки.

Уживање во односите со другите

Откако ќе поминете квалитетно време со себе, ќе почнете повеќе да го цените времето поминато со другите. Ќе станете повеќе благодарни за нештата што произлегуваат од вашите односи (со семејството, пријателите, колегите) и повеќе ќе уживате во времето поминато со нив.

Одмор од постојаното трудење

Да не се лажеме, врските бараат многу работа. Кога ќе ја додадете тежината на грижата за партнерот на сите други работи што се обидувате да ги правите во овие клучни години, функционирањето едноставно станува невозможно. Најголемата штета ќе ја претрпите вие. Кога сте вие најважната личност во вашиот живот, точно знаете кога и каде да ја насочите енергијата.

Не ви треба ничие одобрување

Во овие години почнувате да живеете сами и се „ослободувате“ од одобрувањето на родителите. Кога сте во врска, свесно или несвесно, барате одобрување од партнерот за нештата што ги правите. Иако е добро да побарате помош или совет, сепак тие одлуки се однесуваат на вас и само на вас. Потпрете се на себе и своите инстинкти - начинот на кој ги формирате одлуките во овие години ќе се одрази понатаму во вашиот живот.

Регенерација

Кога сме постојано опкружени со луѓе, во нив вложуваме многу енергија. Се обидуваме да ги усреќиме другите, да ги насмееме, да се вклопиме во средината, да реагираме на неа. Времето поминато со себе ќе ве регенерира, ќе ви донесе мир, ќе ве одмори од исцрпувачките интеракции со другите луѓе и ќе ве подготви да бидете продуктивен член на средината следниот ден. извор: Кајгана ]]>

Незнаењето како да флертуваат е главната причина зошто луѓето се сингл https://arhiva.vistina.com.mk/neznaenjeto-kako-da-flertuvaat-e-glavnata-prichina-zoshto-lugjeto-se-singl/ Mon, 15 Mar 2021 13:15:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194180

Една од главните причини зошто денес луѓето се почесто самци отколку во врска е тоа што едноставно не знаат да ја заведат другата страна, покажува новото истражување објавено во списанието „Personality and Individual Differences“. За да би можеле некого да привлечат, би требало да знаат да ги прочитаат сигналите на заинтересираност, но и да вложат време и труд, но младите не го прават тоа. Менеалос Апостолоу, автор од универзитетот во Никозија, открил дека тие исти луѓе навистина сакаат да пронајдат партнер, но не знаат како да го направат тоа, а во последната година уште еден изговор за нив е пандемијата која го зафати светот. Апостолоу претпоставува дека недостатокот на вештини на заведување и флертување, лошото препознавање на знаците на наклонетост и недостатокот на напор влијае на процентот на самци, а за да го потврди тоа, отпочнал истражување во кое учествувале 1228 мажи и жени на возраст од просечно 30 години. Од 48 проценти од учесниците кои биле сингл, 47 проценти го обвиниле незнаењето како да се заведе другата страна, а само 23 проценти велат дека уживаат во слободниот живот и дека никој не им е потребен. Повеќето исто така признале дека едноставно не знаат како да разберат или препознаат кога им се допаѓаат на некој, но и не знаат да дадат знак, а авторот за тоа ги обвинува долгите периоди кои ги поминале сами, особено во последната година поради пандемијата, пренесува „UNILAD“. Експериментот кој Менеалос го спровел, само ги потврдил неговите мислења... извор: точка.мк]]>