синеплекс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Mar 2023 12:32:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png синеплекс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во кино „Синеплекс“: Премиерно промовирана првата епизода на „Бистра вода“ – ентузијастички проект без денар државна помош https://arhiva.vistina.com.mk/vo-kino-sinepleks-premierno-promovirana-prvata-epizoda-bistra-voda-entuzijastichki-proekt-bez-denar-drzhavna-pomosh/ Thu, 02 Mar 2023 12:31:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291433

Вчеравечер, среда, 1 март 2023, со почеток во 20 часот во киното „Синеплекс“  се одржа светската премиера на првата епизода од најновата македонска серија „Бистра вода“. Премиерата на првата епизода е увертира во телевизиската премиера, која ќе биде оваа недела, на 5 март на ТВ „Алфа“, како и на промовирањето на првите 5 епизоди на платформата „Кинемое“. Сценарист и режисер на серијалот е Јани Бојаџи. Актерската екипа ја сочинуваат над 70 актери од Македонија, меѓу кои Мони Дамевски, Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ, Зоран Љутков, Роберт Вељановски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Владо Јовановски, Маја Љутков, Мето Јовановски, Јана Вељановска, Ирена Илиевска, Славица Манаскова, Рубенс Муратовски, Григор Јовановски и многу други. По вечерашната премиера на „Бистра вода“, потпретседатеот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски упати честитки до тимот кој работеше на првата македонска крими – драма.
Премиера на првата епизода од најновата и прва македонска крими-серија „Бистра вода“ . Честитки до целиот тим кој работеше на оваа прва македонска крими-драма. Честитки до Алфа Телевизија и режисерот Јани Бојаџи. Ова е ентузијастички проект без денар државна помош. Секоја чест!
]]>

Премиера на „Јужен ветер“ и дружба со актерите https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-juzen-veter-i-druzba-so-akterite/ Thu, 22 Nov 2018 14:25:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59347

Долгоочекуваниот српски филм „Јужен ветер“ конечно ќе игра и во Скопје. Со филмот доаѓа и актерската екипа. Запознавање и дружење со екипата е од 19:00 - 20:00 часот. Премиерното прикажување на филмот е закажано за  20:00 часот. Билетите се веќе пуштени во продажба. Во животот на Петар Мараш, припадник на белградската автомобилска мафија, нештата почнуваат да добиваат смисла. Го напушта родителскиот дом и со девојката Софија се вселува во својот нов стан. Кланот на кој припаѓа, а кој го води искусниот Цар(Бјелогрлиќ) работи добро. Работата е уиграна, пари има доволно за сите а полицијата не им прави никакви проблеми. Сето тоа се менува кога Мараш случајно ќе се замери со бруталниот нарко-клан.]]>

Приказната за Квин: „Боемска рапсодија“ во Синеплекс https://arhiva.vistina.com.mk/prikaznata-za-kvin-boemska-rapsodija-vo-sinepleks/ Mon, 29 Oct 2018 11:11:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55144

Во „Синеплекс“, на 1 ноември со почеток во 19 часот, „Боемска Рапсодија“ односно прослава на бендот, нивната музика и нивниот неверојатен пејач Фреди Меркјури, кој ги поби сите стереотипи и ја урна конвенционалноста за да стане еден од најсаканите перформери на планетата. Филмот го забележува вртоглавиот раст на популарност на бендот преку нивните препознатливи песни и револуционерен звук.]]>