синедејс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 10 Jul 2023 12:44:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png синедејс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Филмот „М“ го отвора 22. издание на меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“  во паркот МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/filmot-m-go-otvora-22-izdanie-na-megunarodniot-festival-na-evropski-film-sinedejs-vo-parkot-mkts/ Mon, 10 Jul 2023 12:44:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309655

Дистописката приказна за осумгодишниот Марко, на македонскиот режисер Вардан Тозија, филмот „М“ го отвора 22. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ на 13 јули, во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ) во 21 часот. Годинашното издание на Фестивалот на европски филм ќе трае само шест, наместо вообичаените десет дена и ќе понуди повеќе од 40 филмски наслови. Под слоганот „Муви најт“, проекциите ќе се одржуваат во паркот зад МКЦ, киното „Фросина“и џебното кино во во МКЦ и летното кино на отворено во „Кинотека“.
„Две децении „Синедејс“ го гради угледот на квалитетен меѓународен филмски фестивал, единствен домашен фестивал акредитиран од ФИАПФ, но годинава со исклучително намален буџет. Решивме Фестивалот да трае шест дена, односно онолку колку што ни дозволи чергата, ќе имаме премиерни на македонски филмови, потоа ремек-дело со филмска програма, која директно ја увезуваме од Кан, како први од сите фестивали во Европа“ изјави на денешната прес-конференција Маргарита Арсова, програмски координатор на „Синедејс“.
И годинава натпреварувачката програма на „Синедејс“ е селекција на Бернд Будер. Во фестивалската програма ќе видиме светски и македонски филмови и копродукции што „гравитираат“ во Официјална селекција, Гала програма, SEE програма, МК Shorts (кратки филмови) и Ретроспектива на филмови посветена на Дејвид Боуви како актер. Асова најави дека на годиншаното издание ќе има наслови на Вим Вендерс, Кен Лоуч, Нани Морети, Аки Каурисмаки, Франсоа Озон, Александар Сокуров, новиот филм на Горан Столевски, а има и пет премиери на македонски кратки филмови.
Поради буџетските рестрикции програмата е тесно селектирана на сметка на квантитетот за да извадиме што подобар квалитет, истакна Арсова.
Организаторот го најави мастеркласот на нашиот Митко Панов и прикажување на филмот „Сведок“, а овогодишната програма на „Синедејс“ предвидува и дополнителни два мастеркласа, на Јуре Матичич, програмски раководител на „Местни кино Домжале“ Словенија и гуруто за презентација и ‘пакување на филмови Габриеле Бруненмајер, која работи како независен консултант за Мидпоинт институтот. Отворањето и затворањето на „Синедејс“ е во знак на македонските режисерски имиња.
Филмот „М“ е дистописка приказна за осумгодишниот Марко, дете кое е затворено во границите, во заштитата на својата магична шума. Низ годините живее, незнаејќи што се случува со светот надвор. Чувано е и скриено од посесивен, строг, опседнат татко, кој секако, знаејќи дека тој е сѐ што му останало, се труди да го сочува од сознанието за тој свет. Сѐ додека еден ден љубопитноста не го натера тоа дете да излезе од границите на шумата, да истражи, да види што има зад тој забранет свет. Наоѓа едно другарче и почнува да истражува. Тоа истражување води кон одреден след на настани кои ќе го доведат во една голема авантура, вели режисерот Тозија за „М“. Филмот е сниман пред три години, но поради бројните предизвици, дури сега се случува неговата премиера. Сценариото е потпишано од Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев… Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција. Сашко Коцев, кој го толкува ликот на таткото на Марко во филмот, рече дека филмот ќе го памети по тешкиот и исцрпен кастинг кој траел доста долго, но и по неверојатната желба да ја добие улогата.
Кога го прочитав сценариото, во главата си зацртав дека мора да ја добијам улогата, кога ме поканија на кастинг. Онаа среќа, кога ќе ти јават дека си ја добил улогата, тоа не може никој да го опише со зборови. Но, не се израдував до крај, бидејќи во исто време ми потврдија уште два филма. Во истиот месец август, снимав три филма, тоа беше една актерска шизофренија. Но, овде бев многу опуштен зашто бев во една здрава режсерка рака и мислам дека овој филм ќе ја крене малку летвичката погоре во однос на тоа што понатаму ќе се случува. Ова е филм од 2 милиони евра снимен со 270 илјади евра. Како? Само Дарко Попов, Вардан Тозија и Влатко Самоилковски си го знаат тоа, а бога ми и ние. Беше напорно, тешко снимање. Тоа лето ќе го паметам по работа со деца. Во исто време се снимаше филмска серија за деца, овде бев татко на некое дете, па претходно снимав филм каде што играв татко, и си помислив, дали остарев што играм само татковци? Многу е тешко да не се спуштиш на тоа негово ниво да бидеш помеѓу, дали актерски или ментално, да не повредиш, навредиш, тоа се чисти, детски души. По тоа ќе го паметам филмот, дека таа работа беше тешка, но не значи неуспешна, рече Коцев.
Затворањето на Фестивалот е повторно со македонска премиера, филмот „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски. Mузичката програма на фестивалот „Синемјузик“  годинава го најавува концертот на скопскиот бенд Културно-уметнички работници, кој неодамна го издаде својот седми албум, потоа Педро Кастиљо и белградскиот експериментален бенд Визељ. Фото: МКЦ
]]>

„Синедејс“ објави конкурс за млади од 16 до 20 години за снимање еко-филм https://arhiva.vistina.com.mk/sinedejs-objavi-konkurs-za-mladi-od-16-do-20-godini-za-snimanje-eko-film/ Fri, 04 Jun 2021 12:06:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205735

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ објави конкурс за млади од 16 до 20 години од Скопје и Македонија, кои може да аплицираат како тимови од три до пет учесници за снимање кратки видеа на однапред зададена еко-тема. Учесниците ќе имаат задача во рок од 72 часа да направат сценарио, да снимат и да монтираат кратко видео на тема што ќе ја одберат по случаен избор, во текот на петдневниот престој во Скопје за време на фестивалот, кој ќе се одржи од 10 до 20 јули годинава. Рокот за пријавување е до 10 јуни 2021 до 16 часот, а повеќе информации се достапни на следниот линк. На учесниците ќе им бидат покриени трошоците за сместување, пат, храна и акредитација за фестивалот, а за целата екипа од најдобриот филм, ќе биде обезбедена и награда од фондот на настани во МКЦ.]]>

„Ќеиф“, филм посветен на македонската чалгија https://arhiva.vistina.com.mk/kjeif-film-posveten-na-makedonskata-chalgija/ Mon, 11 Nov 2019 11:14:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117773

Како се развивала македонската чалгија, западните влијанија и резултатот од таа синтеза, ќе може да се види во музичкиот документарец „Ќеиф (Македонска чалгиска традиција)“ кој вечерва од 21 часот премиерно ќе биде прикажан во кино „Фросина“ во рамки на фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој е во тек во МКЦ и во кино „Милениум“. По премиерата на филмот „Ќеиф“ ќе има концерт во МКЦ. Сценаристот Ристо Солунчев и режисерот Блаже Дулев за МИА велат дека почнале да истражуваат за македонската чалгија и да собираат материјал за филмот пред 15 години. Снимале и во Истанбул каде што чалгијата е сè уште жива и каде во чаршијата и денес мајстори изработуваат чалгиски инструменти. Интервјуирале 50-ина соговорници – наши и странски музичари, музиколози, историчари, ориенталисти. Солунчев и Дулев се задоволни од тоа што проектот што го почнале пред 15 години конечно резултирал со филм во кој во 90-ина минути успеале да спакуваат материјал од неколку часа, кој содржи и интервјуа со светски уметници, како Кудси Ерѓунер, Омар Фарук Текбилек, Ѓунај Челик, Симон Шахин….
„Како да најдовме мозаик кој едвај се наѕираше, а ние го исчистивме од земја. Би рекол: „Ќеиф“ е археологија на чалгијата“, вели Солунчев.
А зошто филмот го насловија „Ќеиф“? Затоа што чалгијата, велат, е духовно задоволство – во начинот на свирење, на слушање и на живеење. Заклучиле дека нашата чалгија е автентично музицирање. Велат не е турски инфилтрат како што на овие простори е прифатено турското кафе или баклавата, што било теза на покојниот Боривоје Џимревски – единствен истражувач на чалгијата во земјава, кој напишал книга и кого тие го интервуирале додека бил жив. Солунчев објаснува дека класичната музика што се создавала најпрво на дворот на Византија, а потоа и на дворот на султаните во Отоманската империја, влијаела на создавањето на нашите чалгиски состави, кои ги зеле тие класични инструменти и со нив свиреле традиционална музика.
„Дојдовме до сознание дека не само што не била насилно наметната и не е инфилтрат, туку чалгијата е, всушност, поврзана со универзалниот музички јазик кој се создавал и се синтетизирал од повеќе народи во Цариград. Таквата синтеза на еден таков култен музички јазик го направила Византија и потоа Турците се надоврзале на тој јазик и го доусовршиле. Така што, отоманската класична музика претставува последниот музички израз на таа класичност во музиката. Паралелно со западната класика, на Истокот се развивала источна класика. Нашата чалгија е некаков тип на синтеза од врската со класичните музики на Исток и домицилниот фолклор. Турски музичари што имале можност да ја свират нашата чалгија велат дека таа има неверојатна ритмика што не може да се најде во турската народна музика. Тоа е уште еден доказ за нејзината автентичност“, вели сценаристот Солунчев.
Музиколозите со кои разговарале посочиле дека чалгијата како класична ориентална музика е различна од етничката, народна музика. Аналогна е на западната класична музика која, исто така, не е национална.
„Царствата се менувале, но музиката останувала иста, таа не се укинува. Големите империи како Византиската и Отоманската не се врзуваат со етничкото, туку со универзалното цивилизациско вредно. Подоцна почнува присвојувањето – Турците целосно да ја присвојуваат Отоманската империја, а Грците – Византиската“, додава Солунчев.
Одлика на македонската чалгија е космополитскиот дух. Чалгиите во Македонија, вели тој, секогаш биле етнички мешан состав – Македонци, Роми, Турци заедно свиреле на сите веселби и разни случувања, не само на македонски, туку и на ромски, албански, турски, еврејски, влашки, грчки… Притоа инструментариумот бил ист, но не ги мешале стиловите, па репертоарот го приспособувале според тоа каде свиреле. Познати чалгаџии имал Велес. Велешанецот Ордан меѓу двете светски војни учел канун во Дамаск, зашто таму била посилна традицијата на свирење на овој инструмент отколку во Турција. Познати велешки чалгаџии биле Јован Тончев и син му, Ало Тончев. Чалгаџијата Јован Тончев свирел на роденденот на султанот Абдул Хамид Втори во Истанбул и таму, вели режисерот Дулев, наместо три-четири дена со свирачите останал еден месец. Свиреле толку добро што султанот рекол: „Дојдоа овие ѓаури од џенемија и нè научија како да свириме“. Бидејќи чалгијата, како и џезот, бара големо мајсторство – добро познавање на макамите т.е. скалата на музицирање, објаснува Дулев. Меѓу Турците во Истанбул, вели, постоел дури и „ќупурли стил“ на свирење, според Ќупурли – турското име на Велес. Според него, велешката чалгија е најблиску поврзана со цариградската музика и велешките чалгаџии најдобро ја познавале отоманската класична музика. Свиреле нејзини форми, како што се семаи и пешрефи, што кај нас се преточило во маршеви – инструментални изведби што се свиреле кога се одело по невеста. Последната велешка чалгија изумира пред 40-ина години заедно со чалгаџијата Ало Тончев. Последните чалгаџии во Скопје, пак, се Раим Баки и Уштреф Саид кои биле од познати чалгиски фамилии. Биле дел од некогашниот и укинат Чалгиски оркестар на Радио-телевизија Скопје. Чалгијата денес ја негуваат некои музички групи, како што е „Чалгии мерак“ составена од млади музичари кои, според нашите соговорници, најверно го свират стилот на македонската чалгија и имаат комплетен инструментариум.]]>

„Синедејс“ од 9-19 ноември и филмски маратон по официјалното затворање https://arhiva.vistina.com.mk/sinedejs-od-9-19-noemvri-i-filmski-maraton-po-oficijalnoto-zatvoranje/ Fri, 03 Nov 2017 11:10:25 +0000 http://vistina.mk/?p=2608

Шведската сатирична комедија „Плоштадот“, која победи во Кан годинава, на 9 ноември во кино „Милениум“ ќе го отвори 16. Фестивал на европски филм „Синедејс“. Фестивалот официјално ќе заврши на 19-ти со играниот македонски филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски, но од наредниот ден ќе продолжи со десетдневен филмски маратон.
 Директорот на Младинскиот културен центар Златко Стевковски соопшти дека ќе бидат прикажани 135 филмови во неколку категории. Покрај 20-те наслови од гала-програмата, која има звучни режисерски имиња и остварувања наградени на престижните фестивали и кои се најпосетени на „Синедејс“, фестивалот ќе има и вкупно 14 филмови во двете натпреварувачки програми - Официјална и СинеБалкан, потоа музички документарци, шведски филмови од програмата „Земја во фокусот“, МК кратки и студентски филмови, а во придружната програма ќе се одржат седум концерти и четири работилници.
Фестивалот ќе трае до 19 ноември, кога ќе бидат соопштени наградите од натпреварувачките програми (и годинава селектирани од Бернд Будер), а од 20-ти до 29 ноември во Џебното кино на МКЦ ќе има целодневен филмски маратон со проекции во десет различни тематски целини. Организаторите најавија дека речиси од сите натпреварувачки филмови ќе има гости од филмските екипи, кои по проекциите ќе разговараат со публиката. Меѓу нив ќе биде и Семих Капланоглу - добитник на Златна мечка во 2010 во Берлин. Тој е и претседател на жирито за филмовите од официјалната конкуренција, а на „Синедејс“ премиерно во гала-програмата ќе биде прикажан неговиот последен филм  „Пченица“. Меѓу гостите од придружната програма ја издвоија светски познатата кастинг-агентка Ненси Бишоп од работилницата за скрининг-техники на снимање аудиции и филмови. И оваа година ќе има фонд за награди од по 300.000 денари за најдобриот филм во Официјалната селекција и во СинеБалкан, а ќе се доделуваат и награди за најдобра филмска критика за филмовите што се прикажуваат на фестивалот.
извор:cooltura.mk